Countdown to Extinction

Countdown to Extinction е петтиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден е во 1992 година и воедно е најпродаваниот албум на бендот со преку 2 милиони продадени примероци во САД. Од овој излегле едни од најпознатите песни на Мегадет, а тоа се сингловите „Symphony of Destruction“, „Sweating Bullets“ и „Skin o' My Teeth“. Помеѓу останатите нумери, видео записи биле направени и за песните „Foreclosure of a Dream“ и „High Speed Dirt“.

Endgame

Endgame е дванаесеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Бил издаден на 9 септември 2009, во дистрибуција на Роудранер Рекордс. Метал заедницата го смета за еден од ретките вистински треш остварувања на 21. век.

Megadeth

Megadeth (се чита: Мегадет) е треш метал музичка група од САД. Предводена е од основачот, фронтмен, гитарист и текстописец - Дејв Мастејн. Формирана е во 1983 година, по неговото напуштање на Metallica. Бендот досега има издадено 14 студиски албуми, шест албуми од живи настапи и три компилации со најголеми хитови.Како пионери на американското треш метал движење, се имаат стекнато со светска слава во осумдесеттите години на минатиот век, но беа пропратени со чести смени на поставата главно поради проблеми со прекумерно користење на дрогa и алкохол. Откако се стабилизираа со поставата, Megadeth издадоа низа на платинести и златни тиражи, вклучувајќи го Rust in Peace, два пати номиниран за Греми, белег на треш сцената, а потоа следува двојниот платинест тираж на Countdown to Extinction во 1992. Прават привремен прекин со работа во 2002 поради Мастејновата тешка повреда на левата рака, но по интензивна терапија Мастејн повторно го формира бендот во 2004 и го издаваат The System Has Failed, а во 2007 следи United Abominations. Иако како група постојат речиси 30 години, нивните последни два албуми Endgame и Thirteen со нивната брзина и моќност се доказ дека бендот се уште има што да им понуди на своите верни фанови.

Rust in Peace

Rust in Peace е четвртиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth, издаден во 1990 год. На овој албум дебитирала новата постава на Megadeth, која се задржала најдолго време ако се земат во предвид честите смени во бендот. Марти Фридмен е новиот гитарист, додека на тапани се појавува Ник Менза. Интересно е што оваа плоча е првата и последна соработка помеѓу Megadeth и Мајк Клинк, а воедно Клинк е и единствениот продуцент дотогаш, кој успеал да го заврши проектот докрај без притоа да биде отпуштен. Овој бил третиот нивни албум издаден од продукциската куќа Капитол Рекордс.

The System Has Failed

The System Has Failed е десеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден бил во септември 2004 и воедно е последниот албум издаден под продуцентската куќа Сануктари Рекордс. Ова бил првиот од трите албуми на кои не настапил долгогодишниот басист Дејвид Елефсон. Во овој период бендот немал постојан состав, па така албумот го снимил само Мастејн во соработка со тројца сесиски музичари. Еден од тие музичари бил и поранешниот член Крис Поланд.

Thirteen

Thirteen е тринесеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Бил издаден на 1 ноември 2011. Дејв Мастејн се решил за ова име поради чудната поврзаност на бројот 13 со неговиот живот. За првпат по 10 години пауза, во бендот се вратил басистот Дејвид Елефсон, откако ги расчистил сите недоразбирања со Мастејн.

United Abominations

United Abominations е единаесеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Во него комплетната постава е сменета, а непроменет останал само основачот Дејв Мастејн. Издаден е во 2007, и ова е првиот од трите албуми издадени под покровителство на Капитол Рекордс.

Алкохол

Во општа употреба, зборот алкохол (од Арапски al-khwl الكحول, или al-ghawl الغول) најчесто се однесува на етанол, познат и како зрнест алкохол (направен од житни растенија), или, пак, на било кој пијалак кој содржи етанол (види алкохолен пијалак). Последица на ова значење е терминот алкохолизам (зависност од алкохол). Другите форми на алкохол најчесто се именуваат со појаснувачка придавка, на пример изопропил алкохол, или со суфиксот -ол, како во изопропанол.

Античка Македонија

Античка Македонија или само Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област, односно Тесалија. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шуми и езера и со рудни богатства.

Ајватово

Ајватово (грчки: Λητή, Лити) — село во Егејска Македонија, Грција во непосредна близина на градот Солун на само 12 километри северно од центарот. Селото се наоѓа во Лагадинско Поле на 10 километри западно од Лагадина крај главниот пат што води од Солун за Сер. Сместено е на падините на ниската планина Даутбал, на надморска височина од 150 метри со атар чие пространство зафаќа 19 км². Иако не е големо, Ајватово има статус на полуградска населба. Главното занимање на жителите е земјоделството и основни земјоделски производи се жито и тутун. За потеклото на името се претпоставува дека има турски корени. Името на ова село е многу слично со името на скопското село Ајватовци.

Дервенски папирус

Дервенски папирус — древен папирус, пронајден во 1962 г. во некрополата на древномакедонскиот град Лете на месноста Дервени, каj селата Ајватово и Лагиново, Солунско, Егејска Македонија. Се смета за најстариот зачуван ракопис во цела Европа и датира од времето на кралот Филип II Македонски.

Егејска Македонија

Егејска Македонија (уште и Беломорска или Приморска Македонија) — дел од регионот Македонија, денес во состав на Република Грција. Претставува најголем регион во денешна Република Грција според површина и втор регион според број на население. Грците овој дел го нарекуваат едноставно Македонија (грчки: Μακεδονία), бидејќи сметаат дека тоа е единствениот ентитет кој има право да го носи името Македонија. Ова е една од причините за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија.

Лагиново

Лагиново или Лајна (грчки: Λαγυνά, Лагина, до 1949 Λαϊνά, Лајна) — село во Општина Лагадина во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Пиринска Македонија

Пиринска Македонија — дел од регионот Македонија кој се простира во југозападниот дел на Република Бугарија, совпаѓајќи се со територијата на Благоевградската област и подрачјето околу селото Бараково, кое денес е во општина Кочериново, Ќустендилска област. Зафаќа површина од околу 6.798 км2 (10,18% од географска Македонија).

Треш метал

Треш метал е подгранка на хеви метал музиката, еден екстремен подвид кој се одликува со неговата брзина и агресивност. Потеклото на треш металот главно датира од крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, кога неколку музички групи почнале да го обработуваат звукот на Новиот бран на британскиот хеви метал (со тоа правејќи нов вид на музика и развивајќи се во друга насока од панк рокот). Овој вид на метал (треш) е многу поагресивен од неговиот роднина спид металот.

Филип II Македонски

Филип II Македонски (382 п.н.е. - октомври 336 п.н.е.) — крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава.

Чеч

Чеч или Чечко (понекогаш Чечлак) — историско-географска област поделена помеѓу Пиринска и Егејска Македонија во денешна Бугарија и Грција. Опфаќа околу 60 села, чие население е речиси целосно сочинето од Македонци-муслимани (Помаци), од кои мал дел се со турска национална свест. Соседното христијанско население ги нарекува Чеченци, Чечлии или Чешлии, додека пак македонската наука постручно ги нарекува Чечки Помаци. Се користи и името Гаџели, особено во врска со доспатските села.

На други јазици