ISBN

Меѓународен стандарден книжен број или ISBN (од англиски: International Standard Book Number) — единствен[1][2] број на книга со кој се препознава изданието, издавачот, како и земјата каде е печатена книгата. Кодот со 9 бројки го измислил Гордон Фостер, денес професор во пензија од Тринити Колеџот во Даблин,[3] за книжарниците и колекционерите во 1966 година.[4] Кодот со 10 бројки бил изработен од Меѓународната организација за стандардизација, а во 1970 година е објавен како меѓународен стандард ISO 2108.[4] Од 1 јануари 2007 година, ИСБН бројот содржи 13 бројки, формат кој се користи и во Македонија.[5]

Меѓународен стандарден книжен број
{{{image_alt}}}
ISBN со 13 цифри претставен со линиски код
АкронимISBN
Воведена1970
Надлежен органМеѓународна агенција за ISBN
Цифри13 (порано 10)
Контролна цифратежински збир
Пример978-3-16-148410-0
Мреж. местоisbn-international.org
ISBN-опис.svg&filetimestamp=20110304063842&
Опис на линискиот код на ISBN.

Поврзано

Наводи

  1. Occasionally, publishers erroneously assign an ISBN to more than one title — the first edition of The Ultimate Alphabet and The Ultimate Alphabet Workbook have the same ISBN, 0-8050-0076-3. Conversely, books are published with several ISBNs: A German, second-language edition of Emil und die Detektive has the ISBNs 87-23-90157-8 (Denmark), 0-8219-1069-8 (United States), 91-21-15628-X (Sweden), 0-85048-548-7 (England) and 3-12-675495-3 (Germany).
  2. in some cases, books sold only as sets share ISBNs. For example the Vance Integral Edition used only 2 ISBNs for 44 books.
  3. Gordon Fosters original 1966 report can be found at Informaticsdevelopmentinstitute.net
  4. 4,0 4,1 See discussion of the history at isbn.org.
  5. See Frequently Asked Questions about the new ISBN standard from ISO

Надворешни врски

Јазично семејство

Јазично семејство е поим што се користи во лингвистиката да се означи група јазици кои се генетски поврзани и потекнуваат од еден заеднички прајазик. Името потекнува од моделот „јазично стебло“ од историската лингвистика, каде се прави метафора меѓу сродноста на јазиците и сродноста на луѓето.

Според податоците на Ethnologue од 2009 година, во светот има 6.909 живи јазици. Еден јазик се определува за „жив“ ако истиот се користи како основно средство за општење кај одредена група на луѓе. Точниот број на живите јазици во светот варира од 5.000 до 10.000, во зависност од тоа што се подразбира под дефиницијата „јазик“ и како да се класифицираат дијалектите. Покрај живите јазици, постојат голем број на мртви и исчезнати јазици.

Аголна големина

Аголна големина (привидна големина или аголен пречник) — аголна мерка која ја изразува големината на сфера или кружница како што изгледа од дадено гледиште. Во оптиката, ова се нарекува виден агол. Може да се опише и како аголот за кој окото или апаратот мора да се сврти за да може да види од едната на другата (спротивната) на привидната кружница.

Асур

Асур — рушевина од градот од последната Ашуритско кралство. Остатоците од градот се сместени на западното крајбрежје на реката Тигар, северно од придружната река Мал заб, во денешен Ирак, попрецизно во ел-Ширкет во покраина Саладин).

Градот бил населен од средината на третиот милениум п.н.е (2600–2500 п.н.е) па се до XIV од нашата ера кога Тамерлан го масакрирал населението.

Асур е исто името на главното божество во градот. Се сметал за врховен бог во Асиркиот пантеон и за заштитник на асирската држава. Во месопотамиската митологија тој бил исто што и вавилонскиот бог Мардук.

Самиот град Асур е прогласен за заштитено светско наследство од УНЕСКО, но еставено на списокот на загрозени места од светското наследство во 2003 г., поради борбите во таа област, и поради предлогот за изградба на брана, која ќе поплави дел од градот.

Бенгалски календар

Бенгалски календар (бенгалски: বঙ্গাব্দ ) — месечево-сончев календар кој се користи во областа Бенгал на Индискиот Потконтинент, како национален во Бангладеш и како месен во Индија (сојузните држави Западен Бенгал, Трипура и Асам).

Бенгалската ера се нарекува бенгали самбат (б.с. или BS) или бенгалска година (বাংলা সন бангла сон, বাংলা সাল бангла сал или бангабда). Нултата година според овој календар почнува во 593/4 г. од нашата ера според грегоријанскиот календар.

Календарот е усвоен како национален календар на Бангладеш во 1987 г., но во преработен облик. Бенгалците во Индија го користат во традиционален облик како верски календар за хиндуистичките празници.

Византија

Византија или Источно Римско Царство — продолжение на источниот дел од Римската Империја во периодот на доцната антика и средниот век, каде претежно се говорело на грчки јазик. Главниот град на империјата бил Константинопол (денешен Истанбул), првично основан како Византион. Ја преживеал поделбата и падот на Западното Римско Царство во V век и продолжил да постои уште илјада години сè до падот во рацете на отоманските Турци во 1453 под водство на Мехмед Освојувачот. За време на нејзиното постоење, империјата била најмоќната економска, културна и воена сила во Европа. Двата поима, „Византија“ и „Источното Римско Царство“, се историографски термини создадени по крајот на царството. Нејзините граѓани продолжиле да посочуваат на нивната империја како Римска Империја (старогрчки: Βασιλεία Ῥωμαίων, тр. Basileia Rhōmaiōn; латински: Imperium Romanum), или Романија (Ῥωμανία), а себе се нарекувале „Римјани“.Неколку настани од IV до VI век го одбележуваат преодниот период во кој римските империи, Источната грчка и Западната латинска империја, се поделиле. Во 285 година, царот Диоклецијан (владеел 284–305) го поделил управувањето на Римската Империја на источен и западен дел. Помеѓу 324 и 330, Константин Велики (владеел 306–337) го пренел главниот град од Рим во Византион, подоцна познат како Constantinople („Градот на Константин“) и Nova Roma („Нов Рим"). За време на владеењето на Теодосиј I (владеел 379–395), христијанството станало официјална државна религија на империјата и другите религии како римскиот политеизам биле прогонети. И конечно, за време на владеењето на Ираклиј (владеел 610–641), војската и управата на империјата биле реконструирани и грчкиот јазик бил прифатен за официјална употреба, на местото на латинскиот. Така што иако тоа го продолжило Римското Царство и ги одржало римските државни традиции, денешните историчари го одвојуваат Византион од Стариот Рим пред сè поради настроеноста кон грчката култура, а не кон латинската и воедно бил окарактеризиран од православното христијанство наместо од римскиот политеизам.Границите на империјата значително се менувале во текот на нејзиното постоење, минувајќи низ неколку циклуси на опаѓање и закрепнување. За време на владеењето на Јустинијан I (владеел 527–565), империјата го достигнала најголемото територијално проширување по повторното заземање на историското западно римско медитеранско крајбрежје, вклучувајќи ја Северна Африка, Италија и самиот Рим, кој бил задржан уште два века. За време на владеењето на Маврикиј (владеел 582–602), источната граница на империјата била проширена и северната се стабилизирала. Сепак, атентатот врз него ја предизвикал Византиско-персиската војна (602-628), која ги исцрпела ресурсите на империјата и резултирала со големи територијални загуби за време на муслиманските освојувања од VI век. Само за неколку години империјата ги загубила своите најбогати провинции, Египет и Сирија, сè до Арапскиот Полуостров.За време на Македонската династија (X и XI век), империјата повторно се проширила и ја доживеала двовековната Македонска ренесанса, која завршила со загубата на поголемиот дел од Мала Азија по поразот од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година. Оваа битка им го отворила патот на Турците за да се населат во Анадолија како нивна татковина.

Последните векови на империјата биле проследени со општ правец на опаѓање. Империјата се обидувала да закрепне во текот на XII век, но таа го примила својот смртен удар за време на Четвртата крстоносна војна, кога Константинопол бил опустошен и империјата се распаднала и поделила на конкурентни византиски грчки и латински царства. И покрај евентуалното обновување на Константинопол и повторното воспоставување на империјата во 1261 година, Византион останал само еден од неколкуте мали конкурентни држави во областа последните два века од своето постоење. Неговите преостанати територии биле последователно приложени од Отоманците во XV век. Падот на Константинопол во рацете на Отоманската Империја во 1453 значело крај за Византија.

Девица (соѕвездие)

Девица е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Virgo значи девојка - девица, а неговиот симбол е . Се наоѓа меѓу соѕвездијата Лав на запад и Вага на исток, и е второ најголемо соѕвездие на небото. Многу лесно може да се најде на небото заради неговата најсјајна ѕвезда Спица.

Еклиптика

Еклиптика — привидниот пат на Сонцето на небесната сфера, а воедно и основата за еклиптичниот координатен систем. Се однесува исто така и за рамнината на овој пат, и е копланарна и со орбитата на Земјата околу Сонцето, и со привидната орбита на Сонцето околу Земјата.

Патот на Сонцето не се забележува од површината на Земјата, а причина за тоа е Земјината ротација, движејки се со набљудувачот низ циклусот на изгрејсонце и зајдисонце, попречувајќи го привидното движење на Сонцето во однос на позадинските ѕвезди.

Епоха (астрономија)

Во астрономијата, епоха е момент од време што се користи како точка за одредување на орбитата на едно небесно тело. Обично, епоха е моментот кога е забележана ѕвездата.

Јулијанската година, која е наречена така по Јулие Цезар (100 п.н.е. — 44 н.е.), е година која содржи точно 365,25 дена. Јулијанската година 2000 започнува на 1 јануари 2000 година во точно 12:00 часот. Почетокот на јулијанската година се запишува со префиксот 'J' и суфиксот '.0', на пример: 'J2000.0' за почетокот на јулијанската година 2000.

Кали-југа

Кали-југа (деванагари: कलियुग, „доба на Кали“, „доба на пороци“), е една од четирите етапи од развојот низ кој минува светот како дел од циклусот на југите, според описите во индиските текстови. Останатите се: Сатја-југа, Трета-југа и Двапара-југа. Според Сурја Сиданта, астрономската студија која е основа на хинду и будистичкиот календар, Кали Југа започнува на полноќ (00:00) на 18 февруари 3102 п.н.е. според јулијанскиот календар или на 23 јануари 3102 п.н.е. според грегоријанскиот календар. Кали-југата традиционално се смета дека трае 432.000 години.

Лав (соѕвездие)

Лав (Leo) — едно од соѕвездијата на зодијакот. Неговиот симбол е (Unicode ♌). Се наоѓа западно од соѕвездието Рак и источно од соѕвездието Девица.

Морфолошка класификација на галаксиите

Морфолошка класификација на галаксиите — систем на поделба на галаксиите во групи зависно од нивниот изглед. Постојат неколку шеми на класификација на галаксиите во зависност од нивната морфологија, од кои најпозната е „Хабловата низа“, осмислена од американскиот астроном Едвин Хабл, а подоцна дополнета од францускиот астроном Жерар де Вокулер и американскиот астроном Алан Сендиџ.

Наклон (орбита)

Наклон (или инклинација) — аголот помеѓу појдовната рамнина и друга рамнина или оска на насока.

Национална библиотека на Австралија

Национална библиотека на Австралија (англиски: National Library of Australia, скр. NLA) — најголема референтна библиотека во Австралија, со одговорности согласно пропишаното во Законот за национална библиотека (National Library Act) и има за цел да „чува и развива национална збирка на библиотечен материјал, вклучувајќи опширна збирка на материјали што се однесуваат на Австралија и австралискиот народ.“ Во 2012-2013 г, збирката опфаќала вкупно 6.496.772 единици, како и дополнителни 15.506 метри ракописи.

Нов општ каталог

Нов општ каталог на маглини и ѕвездени јата (англиски: New General Catalogue of Nebulae and Clusters of Stars или NGC) — познат астрономски каталог на длабоконебесни објекти. Содржи 7.840 објекти, наречени NGC објекти или Дре(ј)ерови објекти (по составувачот). Ова е еден од најголемите и најопфатите каталози и ги содржи сите видови на длабоконебесни објекти

Површински сјај

Површински сјај — мерка за изразување на светлинската јачина на еден астрономски објект со стандардна големина. Општата сјајност на еден објект со голем просторен зафат како што е галаксијата, ѕвезденото јато или маглината се изразува со ваква мерка, како вкупна ѕвездена величина.

Положбен агол

Положбен агол (крат. PA, ПА) е мерка изведена при набљудувањето на визуелни двојни ѕвезди. Се дефинира како аголното отстапување на споредната ѕвезда од главната, во однос на северниот небесен пол (НСП). Се изразува во степени.При претставувањето на орбитите на визуелните двојки, линијата на положбениот агол по обичај се исцртува надолу, т.е. со северот долу. Положбениот агол се мери налево, од 0 до 359 степени.

Аголот на сопствено движење понекогаш се нарекува положбен агол.

Ваквиот агол напати важи и за пространи објекти како галаксии, каде го означува аголот помеѓу главната оска на објектот со линијата на просторниот агол.

Република Кина

„Република Кина“ е општо позната како „Тајван", или во повеќето меѓународни организации како „Кинески Тајпеј“.

Не треба да се помеша со Народна Република Кина.Република Кина (традиц. 中華民國, упр. 中华民国) — држава во источна Азија која еволуирала од еднопартиска држава со целосно меѓународно признавање во мултипартиска демократска држава со ограничено меѓународно признавање. Била една од неколкуте победнички земји во Втората светска војна и основачка членка на Обединетите Нации. Основана во 1912, Република Кина зафаќала најголем дел од континентална Кина. Во 1945, на крајот на Втората светска војна Република Кина ги додала островските групи Тајван (Формоза) и Пескадори кон својата јурисдикција. Овие островски групи, заедно со Кинмен и Мацу станале целосната територија на Република Кина по 1949 кога Куоминтанг ја загубиле Кинеската граѓанска војна од кинеската комунистичка партија и Народна Република Кина била формирана на континентална Кина. Според законот на Република Кина, тие територии се познати како Слободна Територија на Република Кина.

Советски Сојуз

Советски Сојуз, полн назив: Сојуз на Советските Социјалистички Републики или СССР (руски: Союз Советских Социалистических Республик, СССР) — поранешна уставна социјалистичка држава која се наоѓала на територијата на Евроазија и опстојувала во периодот од 1922 до 1991 година. Советскиот Сојуз претставувал државна заедница од 15 автономни републики, а Руската СФСР била главна и доминантна. Руската Советска република често пати во Западна Европа била нарекувана само како Русија или Советска Русија.

Идејата за создавањето на земјата се појавила уште во времето на Првата светска војна, кога Руската Империја се распаднала како резултат на Октомвриската револуција. По хаотичниот период, кој е познат како Руска граѓанска војна, Владимир Илич Ленин, болшевик, успеал да ја доби власта над поголемиот дел од Руската Империја. По неговата смрт, моќта на земјата отишла кај Јосиф Сталин кој преку своите методи и реформи ја спровел индустријализацијата на земјата. Во текот на своето постоење, земјата често пати водела агресивна и експанзионистичка надворешната политика чија политика водела до чести војни. По војните со Полска, Финска и балтичките земји помеѓу 1939-1940, Советскиот Сојуз во 1940 година бил нападнат од страна на Нацистичка Германија, иако двете земји претходно биле договорени околу поделбата на Полска. По четири години војна, Советскиот Сојуз се јавил како една од најголемите светски сили во светот, стопирајќи го напредокот на Германија и принудувајќи ја на капитулација. По крајот на војната, во делови од Источна Европа биле воведени комунистички режими под притисок на СССР. Освен тоа, по крајот на Втората светска војна, започнал периодот кој во историјата е познат како период на Студена војна, односно војна на политичка превласт во светот помеѓу СССР и комунистичките земји од една страна и САД и западот од друга страна. Во текот на 1980 година станало јасно дека СССР ја изгубила војната со САД, и кога во 1985 година на чело на земјата дошол Михаил Горбачов, уште еднаш било потврдено дека во земјата се потребни реформи.Земјата во текот на своето постоење била прогласена како тоталитарна држава , која спровела одредени злосторства или масакри врз своите граѓани и врз окупираните земји. Според некои извори, милиони жители биле испратени во концентрациони логори или биле убиени.Според некои историчари, земјата спровела и геноцид и етничко чистење во различни земји во Европа, особено за време и по Втората светска војна.

Проценките за бројот на жртвите за време на раководството на Сталин се проценува на околу 20 милиони луѓе.Во советскиот општествен систем, доминантна и единствена легална партија била Комунистичката партија, партија која се засновала на принципите на Марксизмот и Ленинизмот. Секретарот на партијата бил најмоќниот човек во земјата, кој имал големо влијание врз парламентот и владата.

Тајландски сончев календар

Тајландски сончев календар (тајландски: ปฏิทินสุริยคติ, мак. тр. патитин суријакати, „сончев календар“) — календар усвоен од кралот Чулалонгкорн (Рама V) in 1888 г. н.е. како сијамска (тајландска) варијанта на грегоријанскиот календар. Воведен е како замена за дотогашниот тајландски месечев календар како службен во државата, иако стариот и понатаму се употребува за верските и народните празници. Годините денес се сметаат по будистичката ера (б.е.) พุทธศักราช, พ.ศ., (путасакарат), кој е 543 години понапред од нашата ера (по Христа).

Фондација Викимедија

Фондацијата Викимедија (англиски: Wikimedia Foundation Inc.) е организацијата покровител на Википедија, Викиречник, Викицитат, Викикниги, Викиизвор, In Memoriam 9/11, Заедничка ризница, Викивидови, Викивести, и Nupedia (затворен проект). Фондацијата е непрофитна организација регистрирани по законите на Флорида, САД. Нејзиното постоење е официјално обзнането од страна на поранешниот извршен директор на Бомис и соосновач на Википедија Џими Велс на 20 јуни 2003 [1].

Локален огранок на Викимедија во Македонија е Викимедија Македонија.

Меѓународни стандардни броеви и кодови

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.