Ferrari

Ферари S.p.A е италијански производител на автомобили со легално седиште во Амстердам, Холандија, а фактички во Маранело, Италија. Основан е од Енцо Ферари во 1929 година, како Скудериа Ферари, компанија која што спонзорирала возачи и произведувала тркачки автомобили како што е Ферари S.p.A, во 1947 година, пред да се ориентира кон производство на возила кои што се користат во сообраќајот. Во текот на својата историја, компанијата исто така е позната по своето континуирано учество на трки, особено во Формула Еден, каде што имала голем успех. Патничките автомобили на Ферари генерално се доживуваат како симбол на брзина, луксуз, богатство и престиж.

Историја

Главна статија: Историја на Ферари

Енцо Ферари кога ја формираше Скудериа Ферари, немаше намера да произведува патнички автомобили( буквално „ Ферари Сабле“, најчесто значеше „ Тимот на Ферари“. во 1928 година беше спонзор за возачи аматери кои што имаа седиште во Модерна. Ферари беше подготвен, и успешно се тркаше со различни возачи на автомобили на Алфа Ромео се до 1938 година, кога тие беа најмени од Алфа Ромео да го раководат нивниот оддел за трки. Во 1941 година, Алфа Ромео беше конфискувана од страна на фашистичката влада на Бенито Мусолини како дел од воените напори на силите на оската. Делот на Енцо Ферари беше доволно мал за да не биде погоден од оваа ситуација. Поради тоа што со договорот , му беше забрането четири година да учествува на трки, Скудерија за многу кратко стана Ауто Авио Коструциони Ферари, која што приозведуваше алати за машини и додатоци за авиони. Исто така позната како СЕФАЦ ( Скудериа Енцо Ферари Ауто Корсе), Ферари всушност навистина произведе тркачки автомобил, Типо 815, во неконкутрентен период. Тоа всушност беше првиот вистински Ферари автомобил, ( кој што за прв пат се појави во 1940 година во Миле Миглие), но за време на Втората светска војна немаше голема конкуренција. Во 1943 година фабриката ан Ферари се пресели во Маранело, каде што и остана. Фабриката беше бомбардирана од страна на Сојузниците во 1944 година, одкако заврши војната во 1946 година беше повторно изградена, вклучувајќи ја и работата за производство на патнички автомобили. Се до смртта на главниот, ова ќе остане како поголем извор за финансирање на наговите тркачки операции. Првиот Ферари патнички автомобил беше 1947 125 Ѕ, придрвижуван од 1.5 L V 12 мотор; Енцо Ферари неколебливо го создаде и продаде својот автомобил за да го финансира Скудериа Ферари. Тоа изискуваше огромни финансиски средства.

Променливиот успех на тркачките патеки кон средината на шеесетите години од минатиот век, но секогаш при врвот во конкуренција на германски Порше, неколку британски автомото компании (БРМ, Јагуар, Лотус), американски Форд и Шевролет, како и присуството на Рено Алпина, Алфа Ромео и Масерати, беше предизвик плус за Енцо Ферари. Тој во почетокот на 1969 година продаде 50% од својата компанија на Фиат, со што се здоби со средства за да се финансира изработката на нови прототипови за трките на издржливост.

Во 1988 година Енцо Ферари го надгледуваше лансирањето на Ферари Ф 40, тоа е последното ново Ферари кои што беше лансирано пред неговата смрт подоцна таа година, и тоа е веројатно и еден од најпознатите супер автомобили некогаш направен. Од 2002 до 2004 година, Ферари го претсави својот најбрз автомобил за тоа време, во чест на основачот на компанијата: Ензо Ферари. Тој првично беше понуден на лојални потрошувачи, секој од 399 направени ( минус четиристотиот кој што беше дониран на Ватикан за добротворни цели) имаше цена од 650 илјади долари. На 17 мај 2009 година во Маранело, Италија, 1957 250 Теста Роса ( ТР) беше даден на аукција, од страна на РМ Аукциите и Сотебу за 12.1 милион долари / светски рекорд во тоа време за најскапиот автомобил некогаш продаден на аукција. Тој рекорд сега е срушен од страна на Бугати Атлантик кој што беше продаден за повеке од 28 милиони долари.

Мотоспорт

За целосната листа на тркачки автомобили на Ферари, видете ја листана на тркачките автомобили на Ферари.

Од почетоците на компанијата, Ферари беше вклучен и во мотор спортот, натпреварувањето во голем број на категории вклучувајќи ја и Формула Еден и трки со своите автомобили преку својата Скудериа Ферари спортска поделба како и снабдувањето на други тимово со автомобили и мотори. 1949 ААС 815 беше првиот тркачки автомобил кој што бил дизајниран од Ензо Ферари, иако не беше обележан како модел на Ферари.

Скудериа Ферари

Главна статија: Скудериа Ферари

Скудериа Ферари има учествувано во голем број на класи во мотоспортот. и покрај тоа што моментално е вклучена само во Формула Еден. Тоа е единствениот тим кој што со континуитет се натпреварува во Светското првенство на Формула Еден уште од своето основање во 1950 година. Хозе Фроилан Гонзалез му ја донесе на тимот првата победа на Ф1 на Британските Гранд При награди. Една година подоцна Алберто Аскари го донесе Ферари на првото првенство на возачите. Ферари е најстариот тим на првенството, и истиот е најуспешен: тимот го има на скоро секоја Формула Еден. Почнувајќи од 2008 година,во евиденцијата на тимот се наоѓаат 15 титули на првенството на Светските Возачи ( 1952, 1953, 1956, 1958, 1961, 1975, 1977, 1979, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, и 2007 година) 16 титули на Светскиот конструктерси шампионат ( 1961, 1964, 1975, 1976, 1977, 1979, 1982, 1983, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2007, и 2008 година), 209 Гранд При победи, 4925.27 поени, 622 пласмани, 203 пол/позиции, и 218 најбрзи кругови во 776 Град При трки. Значајни Ферари возачи се и Хозе Фроилан Гонзалез, Тацио Нуволари, Марцин Заторски Хуан Мануел Фангио, Луиџи Чинети, Алерто Аскари, Волфганг вон Трипс, Фил Хил, Оливер Гендебиен, Мике Хавторн, Петер Колинс, Џанкарло Багети, Џон Суртес, Лоренцо Бандини, Лудовико Скарфиоти, Џаки Ицкс, Јоди Шектер, Гилес Виленеуве, Дидиер Пиори, Патрик Тамбав, Рене Арноукс, Мишел Алборето, Џерард Бергер, Нигел Мансел, Алаин Прост, Јеан Алеси, Еди Ирвине, Рубенс Баричело, Михаел Шумахер, Кими Раиконен, Фелипе Маса, и Фернандо Алонсо. На крајот на сезоната на 2006 година, тимот имаше контроверзии откако му дозволи на Марлборо да ги спонзорира, заедно со другите Ф1 тимови, дадоа верување за да ги прекинат договорите за спозорство со тутуно производителите. Беше склучен пет годишен договор и, иако овој договор не требаше да заврши се до 2011 година, во април 2008 година Марлборо се повлекоа од брендирање на Ферари.

Возачите кои што се напревруваа во 2009 година беа Фелипе Маса и бранителот на титулата Кими Раиконен. Одкако од 2010 година Фернандо Алонсо почна да се трка за Ферари по тркањето за Рено, Минарди и Мекларен, го пополни поранешното место на Кими Раиконен. Во прилог на Формула Еден, Ферари исто така вклучи автомобили во спортски трки, двата програма постојат во паралела за повеќе години. Во 1949 година, Луиџи Чинети возеше 166 М и победи за Ферари на мороспорт, 24 часа од Ле Манс. Ферари прдолжи да доминира во раните години на Светското спортско првенство кое што беше формирано во 1953 година, освојувањето на седмата титула од првата на девет години. Кога форматот на првенството се промени во 1962 година, Ферари заработи титули во бараме најмалку една класа секоја година во текот на 1965 година и потоа повторно во 1967 година. Ферари ќе освои финална титула , од 1972 година на Светското првенство пред да олучи Енцо да го прекине спортското тркање со автомобили по 1973 година и му дозволи на Скуцериа Ферари да се концентрира само на Формула Еден. За време на сезоните на Ферари на Светското првенство на спортски автомобили, тие исто така освоија повеќе победи на 24 часа на Ле Манс, со тој тим ја добиваат првата победа во 1954 година. Нова победа ќе дојде во 1958 година, која што ќе биде проследена со пет проследователни победи од 1960 до 1964 година. Северно-американскиот тим на Луиџи Чинети ( НАРТ) ќе ја донесе конечната победа на Ферари во Ле Ман во 1965 година. Иако по 1973 година Скудериа Ферати повеќе не учествуваше во спортските автомобили, тие повремено имаа различни успешни спортски автомобили. Тие го вклучуваат и ББ 512 ЛМ во 1970-тите години, 333 СП кој што го освои ИМСА ГТ шампионатот во 1990-тите години, и во моментов Ф430 ГТ2 и ГТ3 кои што ги освојуваат сите првенства во нивните класи.

Тркачки автомобили за други автомобили

Во текот на својата историја, Ферари правеше автобобили и за други учесници, кои што не се дел од тимот на Скудериа Ферари. Во 1950-тите и 60-тите години, Ферари обезбеди автомобили за Формула Еден за голем број приватни учесници и други тимови. Еден многу познат пример е тимот на Тони Вандервел, кој што го претрка Тинвал Специјал кој што беше направен пред да ги направат своите Ванвал автомобили. Тркачкиот тим на Северна Америка се пласира во финалните три рунди од сезоната во 1969 година каде што беше последна прилика некој друг тим освен Скудериа Ферари да влезе во Светското Првенство Гранд При со автомобил на Ферари. Ферари обезбеди автомобили со V8 мотори за А1 Гранд При сериите, од сезоната 2008-09. Автомобилот е дизајниран од страна на Рори Бирн и е стилизиран да личи на автомобилот од 2004 година Ферари Формула. 599 GTB Фиорано и F430 GT се користат во GT тркачките серии. Предизвикот на Ферари е да направи тркачка серија за Ферари F430. ајновиот супер автомобил на Ферари , 2006 FXX не е за пат, и поради тоа се користи само за на тркачки настани.

Сегашни модели

Првото возило на Ферари беше 125 Ѕ спортки/тркачки модел. Во 1949 година, Ферари 166 Интер, првиот чекор на компанијата на Гранд Туринг пазарот, кој што се уште го сочинува најголемиот дел од продажбата на Ферари. Неколку почетни автомобили опремени со каросерија се менувани од голем број производители како што се Пининфарина, Загато и Бертоне. Овој изглед пнатаму ќе продолжи да се сористи за повеќето Ферари автомобили од 1980-тите и 1990-тите години. V8 Ферари моделите сочинуваат повеќе од половината на вкупното производство на овој бренд. Меѓувреме, Ферари направи 2 +2 верзии на своите автомобили со средни мотори V8. Иако тие изгледаат сосема различно од нивните автомобили со две седишта, и двата модела GT4 и Мондиал беа многу слични на 308 GTB. Компанијата исто така има произведено и 2+2 автомобили со предни мотори, кои што кулминираат во моменталните 612 Скаглиети и Калифорнија. Ферари го воведе средниот мотор со 12 –цилиндричен дел со Берлинета Боксер во 1973 година. Подоцна Тестароса останува еден од најпознатите Ферари.

Супер автмобили

Најголемите напори во компанијата биле направени за пазарот на супер автомобилите. 1962 250 GTO може да се смета дека е прв во линијата на супер автомобили на Ферари, кој што се надградува на неодамнешните Ензо и FXX модели.

Концепт автомобили и промоции

Ферари произведе голем прој на концепт автомобили, како на пример Ферари Митос. Додека некои од нив биле доста радикални ( како на пример Ферари Модуло) и никогаш не биле наменети за производство, другите како Ферари Митос покажаа стилски елементи кои што подоцна се вградени во производните модели. Најновиот концепт за автомобил произведен од Ферари беше Ферари Милечили во 2010 година. Исто така се произведуваа голем број на еднократни специјални верзии на патничките автомобили на Ферари , некои од нив биле нарачани од страна на богатите сопственици. Еден таков пример е Ферари Р4/5. Програмот за специјални проекти е соработка од страна на Ферари со италијанските дизајнери на автомобили како Фиораванти, Пининфарина, и Загато за да се направат автомобили кои што ќе ги користат моделите на Ферари како структурна база. Првиот автомобил кој што е направен според овој програм е ЅР1, нарачан од страна на јапонски бизнис извршител. Вториот е Р540 Супербрзата Аперта, нарачана од американски ентузијаст.

Био–гориво и хибридни автомобили

Ферари прави хибриди. F430 Спидер , работи на етанол, и беше прикажан во 2008 година на Детроид Ауто Шоу, Ферари најави дека хибридниот автомобил ќе биде во производство до 2015 година. Во 2010 година на Женева Мотор Шоу, Ферари ја претстави хибридната верзија на нивниот предводник 599. Харечен „HY-KERS Concept“, хибридниот систем на Ферари дава повеќе од 100 коњски сили на врвот на 599 Фиорано 612 НР.

Конвенции за именување

Се до почетокот на 1980-тите години, Ферари следеше шема од три броја врз база на поместувањето на моторот. - V6 и V8 моделите ја користат целосната зафатнина( во децилитри) за првите две цифри и бројот на цилиндри како трет. Така, 206 беше 2.0 L V6 погонско возило, додека 348 користи 3.4 L V8, иако за F355, последната цифра 5 се однесува на 5 вентили по цилиндер. Пред воведувањето на 360 Модена, со цифри за V8 моделите( кој што сега го носи името исто како број) се однесува само на вкупното раселување на моторот. Аспектот на нумеручката индикација на ова име продолжи и кај тековниот V8 модел, F430. - V12 моделите го користат поместувањето ( во кубни сантиметри) на еден цилиндар. Затоа, познатиот 365 Дајтона имаше 4390 сс V12. Сепак, некои понови V12 –мотори на Ферари, како што е 599, имаат три ознаки кои што се однесуваат на вкупното моторно поместување. - Флет 12 (боксер) моделите го користат поместувањето во литри. Заради тоа ВВ 512 е пет литри со рамен 12( Берлинета Боксер, во овој случај). Сепак оригиналната Берлинета Боксер беше 365 GT4 BB, кој што беше именуван на личен начин како и моделите V12. - Хало Цар F проследен во јубилејни години, како што е и F40 и F50. Енцо го прескокна ова правило, иако името F60 беше нанесено на автомобилот на Ферари Формула еден и понекогаш е во прилог на Енцо, но тој ќе се врати во наредниот F70. - Некои модели, како на пример 1980 Мондиал и во 1984 година Тестароса не ја следат шемата на три имиња. Повеќето Ферари исто така дадоа ознаки кои што се однесуваат на нивниот стил. Генерално, следните конвенции беа користени: - М( „Модификата“), сместен на крајот на бројот на моделот, означува модифицирана верзија на својот претхпдник, а не целосна еволуција ( види F512 и 575 М Маранело). - GTB(„ Гран Турисмо Берлинета“) модели кои што се затворени Берлинетас, или купеа. - GTS („ Гран Турисмо Спајдер“) во постарите модели, се отворени Спајдерс , или кабриолети ( види 365 GTS/4); сепак, во поновите модели, овој суфикс се користи за тарга топ модели ( види Дино 246 GTS, и F355 GTS; исклучок е 348 ТЅ, што е единствена тарга која што е различно именувано). Кабрио моделите сега го користат суфиксот „ Спајдер“ ( види F355 Спидер, и 360 Спидер). - GTO(„Гран Турисмо Омологата“), ставен на крајот од бројот на моделите кој што означува изменета мерзија на својот претходник. Всушност, оние три букви означуваат модел кој што е дизајниран и подобрен за употреба на тркачките патеки, додека сеуште се модели за на улица. Само три модели ги носат овие три букви; 250 GTO во 1962 година, 288GTO во 1984 година и 599 GTO во 2010 година. Ова систем на именување може да биде збунувачки, како што некои сосема различни возила го користеа истиот вид на мотор и стил. Многу видови на ферари имаа ставено други имиња( како Дајтона) за да можат понатаму да ги идентификуваат. Многу вакви имиња всушност не се официјали фабрички имиња. Името Дајтона има троен успех за Ферари во февруари 1967 година 24 часа на Дајтона со 330 Р4. Само в 1973 година Дајтона 24 часа, 365 GTB/4 модел воден од NART( го претрка Ферари во Америка), и беше зад Порше 911. Различните Дино модели беа така именувани за синот на Ензо,Дино Ферари, и беа продавани како Динос од Ферари и се продаваа на Ферари дилери- за сите намери и цели тие се Ферари. Во средината на 1990-тите години, Ферари ја додаде буквата „F“ на почетокот на сите модели пракса која пто беше прекината по F512M F355, но повторно присвоено со F430).

Идентитет

Познатиот симбол на тимот за тркање на Ферари е Кавалино Рампанте , црн пастув на жолт штит, најчесто со буквите SF ( за Скудериа Ферари), со три зелени црти, бела и црвена ( Италијанските национални бои) на врвот. Патничките автомобили имаат правоаголна значка на капакот на моторот и, можно е и, да го имаат знакот на страните на двете предни клила , во близина на вратата. На 17 јуни 1923 година, Енцо Ферари победи на трката на патекатаСавио во Равена каде што тој ја запозна грофицата Паолина, мајка на грофот Франческо Барака, главен на италијанските воздушни сили и национален херој од Првата светска војна, оној кој што црташе коњи на неговите авиони. Грофицата го замоли Енцо да го користи овој коњ на неговите автомобили, нагласувајќи му дека тоа ќе му донесе многу среќа. Оригиналниот „коњ“ на авионот на Барака беше нацртан во црвено на бела постава во форма на облак, но Ферари избра да го направи коњот црн( како што беше нацртан во знак на жалост , откако еден пилот беше убиен во акција) и на тоа тој додаде жолта позадина , поради тоа што тоа е боја на градот Модена неговиот роден град. Ферари коњот, од самоит почеток беше значително оразличен од коњот на Барака во повече детаљи, најзабелезителен беше опашката која што во оригиналната верзија на Барака беше надолу. Мотивот за коњот е стар, може да се најде на атнтичките монети. Сличен ваков црн коњ на жолт штит е Грбот на германскиот град Штутгарт, домот на Мерцедес-Бенз и дизајнот на Порше, и двата беа главни конкуренти на Алфа и на Ферари во 1930-тите години. Порше ито така го вклучува знакот на Штутгарт во своето корпоративно лого, центриран во амблемот на покраината Вутемберг. Коњот на Штутгарт со задните нозе стои цврсто на земја, како коњот на Барака, но различно од коњот на Ферари. Фабио Таглиони го користеше Кавалино Рампанте на неговите Дукати мотори, бидејќи Таглиони беше роден во Луго ди Ромагна како Барака, и неговиот ттко исто така беше воен пилот за време на Првата светска војна( иако не е дел од ескадрилата на Барака, како што некогаш беше погрешно пријавено). Како што славата на Ферари растеше, Дукати се откажа од коњот- што е можеби резултат од приватниот договор помеѓу двете компании. Кавалино рампанте е визуелен симбол на Ферари. Кавалино магазинот го користи името, о не и логото. Сепак, другите компании користат слични логоа: Аванти, Австриска компанија која што води над 100 бензиски пумпи, го користи логото со коњ кое што е скоро идентично на она на Ферари.

Боја

Главна статија: Росо корса

Уште од 1920-тите години, италијанските тркачки автомобили на „Алфа Ромео“, „Масерати“ и подоцна Ферари и Абарт беа (и често и сè уште се) обоени во „ црвено“ (Росо Корса). Ова беше вообичаено националната боја за тркање во Италија, како што беше препорачано од страна на организациите помеѓу Двете светски војни.Се однесува на националноста на тимот кој што се натпреварува, а не на производителот или возачот на автомобилот. Во таа шема, француските автомобили како Бугати беа сини, германските како Бенз и Мерцедес бели( од 1934 година итоа така метално сребрена), и британските зелени како на пример во средината на 1960-тите години Лотус и БРМ. Интересно е дека, Ферати го освои Светското првенство во 1964 година со Џон Суртес со патпреварување на двете последни трки во Северна Америка со автомобили насликани во боите на АМерика бела и сина, како оние кои што не беа ставени од самата италијанска фабрика, туку од страна на Американскиот тркачки тим. Ова беше направено во знак на протес земајќи ги во предвид аргументите помеѓу Ферари и италијанските тркачки власти кои што се однесуваат на хомологацијата на новиот мотор на Ферари.

Корпоративни работи

Во 1963 година, Ензо Ферари беше заинтересиран за продажба на Форд Мотор Компанијата. Форд потроши милиони долари за да направи ревизија на средствата на Ферари , како и за правни преговори само за да Ферари има разговори во доцна фаза. Ако договорот помине преку Ферари нема да се дозволи да се трка на Индијанаполис 500. Како резултат на тоа, производството на Форд GT40 започна во 1964 година и автомобилот успеа да го победи Ферари за 4години во ред на 24 часа на Ле Манс, од 1966 до 1969 година. Во 1969 година, Фиат купи акции во „Ферари“ и „Ланча“, и тоа така врати назат 29% во Ферари за 800 милиони долари во 2006 година. Ферари исто така , успеа во малопродажната линија кој што лиценцира многу производи со лого на трговската марка Ферари, вклучувајќи и очила за сонце, моливи, пенкала, парфеми, колонска вода, облека, часовници, мобилни телефони, па дури и лаптоп компјутери. Ферари исто така поседува музеј, Галерија Ферари во Маранело, која што го покажува патот и тркачките автомобили и други предмети од историјата на компанијата.

Технички партнерства

Ферари има долгогодишна соработка со Шел . Тоа е техничко партнерство со Ферари и Дукати за да се тестира и снабдувањето на гориво и масло за Формула Еден , Мото GP и Светските велосипетски тимови. На пример Шел V- Power премиум бензиннот се развивал во текот на многу години на техничката соработка помеѓу Шел и Ферари. Ферари има договори за да ги снабдува моторите на Формула Еден на голем број други тимови во текот на годините, и во моментов го снабдува тимот на Скудерија Торо Росо и Саубер F1.

Историја на продажбата

Проценката на целосниот имот на Ферари и продадените коли во целата историја на компанијата изнесува околу 130 000.

Џовани Висконти (велосипедист)

Џовани Висконти (италијански: Giovanni Visconti; р. 13 јануари 1983 во Торино) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Нери Сотоли-Селе Италија-КТМ.

Венечна согласка

Венечна согласка (алвеолар) — согласка која се создава со доближување на јазикот до или близу непчениот венец (лежиштата на горните заби). Овие согласки се изговараат со врвот на јазикот (наречени врвнојазични или „апикални“) или со рамниот дел на јазикот веднаш над врвот (наречени рамнојазични или „ламинални“). Врвнојазичната венечна творба честопати погрешно се нарекува забна бидејќи врвот на јазикот се доближува или ги допира забите. Меѓутоа, местото на творба се определува според најзадната допирна точка; тука завршува усната шуплина, и претставува нејзин звучен дел што им ја дава карактеристичната боја на согласките.

Меѓународната фонетска азбука (МФА) нема посебни симболи за венечните согласки. Истиот симбол се користи за сите преднојазични места на творба што не се палатализирани (омекнати) како во македонското преднонепчено-венечно ш или кај свиена согласка. За да се избегнат забуни, кај забна согласка може да се употреби „мост“ ([s̪, t̪, n̪, l̪] и тн.) или долна црта ([s̠, t̠, n̠, l̠] и тн.) за задновенечна согласка. Гласот [s̪] се разликува од забното [θ] по тоа што едната е шушкава, а другата не е. [s̠] се разликува од задновенечното [ʃ] (ш) по тоа што е неомекнато (непалатализирано).

Простите букви [s, t, n, l] и тн. не мора строго да означуваат венечни гласови кај сите јазици. Некои јазици не ја прават таа разлика, како кога две или повеќе преднојазични места се среќаваат алофонски, а во други транскрипцијата е преопшта за да различи забни од венечни согласки. Доколку се јави потреба од означување на согласка како венечна, може да се искористи дијакритичен знак од дополнителнението на МФА : [s͇, t͇, n͇, l͇] и тн. Сепак, самите симболи честопати се нарекуваат „венечни“. Сите долунаведените примнери се венечни согласки.

Дафт Панк

Дафт Панк (англиски: Daft Punk) — е француска музичка група која изведува електронска музика, формирана во Париз. Aктивни од 1993 година, Тома Бангалтер и Ги-Мануел де Омем-Кристо, двајцата членови на групата, ги поврзале нивните електро, хаус и техно звуци со рок, фанк и диско призвуци. Тие се можеби едни од најпознатите француски уметници во светот. Една од оригиналностите на Дафт Панк e нивниот специфичен стил (носење кациги во нивните јавни настапи и музички видеа).

Доменико Поцовиво

Доменико Поцовиво (италијански: Domenico Pozzovivo; р. 30 ноември 1982 во Поликоро) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бахреин-Мерида. Неговиот многу мал раст му донеле квалитети на чист специјалист за искачување. Тој е најпознат по победата на етапата 8 на Џиро д’Италија 2012, по крајната победа на Џиро дел Трентино 2012 и е познат по неговото високо образование.

Застава 1300/1500

Застава 1300/1500 е автомобил кој се произведувал во крагуевската фабрика за автомобили „Застава“. Овој автомобил кај народот е познат како Фиатка или Тристаќ.

Италија

Италија (италијански: Italia, официјално Италијанска Република(италијански: Repubblica Italiana — држава во Европа која географски е сместена на Апенинскиот полуостров разграничена со Италијанските Алпи, опкружена со неколку острови. Се наоѓа во средината на Средоземното Море поради кое во голема мера има умерена сезонска и медитеранска клима. Земјата опфаќа површина од 301.340 км2 и има отворени копнени граници со Франција, Словенија, Австрија, Швајцарија и енклавските држави Ватикан и Сан Марино. Италија има територијална ексклава во Швајцарија (Кампионе) и морска ексклава во Туниското Море (Лампедуза и Линоза). Со околу 60 милиони жители, Италија е четвртата најнаселена земја членка на Европската Унија.

Поради својата централна географска местоположба во Јужна Европа и Медитеранот, Италија историски е дом на огромен број народи и култури. Освен различните древни народи расфрлани низ денешна Италија, најмногу доминантно се индоевропските народи кои на полуостровот му го дале името, почнувајќи од класичната ера, Феникијците и Картагинците основале колонии главно во островска Италија. Грците основале населби во таканаречената Магна Грација во јужна Италија, додека Етрурците и Келтите живееле во централна и северна Италија, соодветно. Италијанското племе познато како Латини го формирале Римското Кралство во 8 век п.н.е., кое на крајот станало република. Римската Република првично ги освоила и ги асимилирала своите соседи на полуостровот, на крајот ги проширила и освоила делови од Европа, Северна Африка и Азија. До 1 век п.н.е., Римското Царство се појавило како доминантна сила во медитеранскиот басен и станало водечки културен, политички и религиозен центар на западната цивилизација, започнувајќи го Pax Romana, период од повеќе од 200 години, во кој италијанскиот закон, технологијата, економија, уметност и литература биле развиени. Италија останала татковина на Римјаните, чие наследство може да се забележи и во глобалната дистрибуција на културата, владите, христијанството и латиницата.

Во текот на раниот среден век, Италија претрпела општествено-политички колапс и варварски инвазии, но до 11 век многубројни ривалски градови-држави и поморски републики, главно во северниот и централниот регион на Италија, доживеале голем просперитет преку трговијата и банкарството, поставувајќи ја основата за модерниот капитализам. Овие главно независни држави служеле како главни трговски центри во Европа со Азија и Блискиот Исток, често уживајќи во поголем степен на демократија од поголемите феудални монархии кои се консолидирале низ цела Европа. Сепак, дел од централна Италија била под контрола на теократската Папска држава, додека јужната Италија останла во голема мера феудална до 19 век, делумно како резултат на византиското, арапското, норманското, арагонското освојување на регионот. Ренесансата започнала во Италија и се проширила на остатокот од Европа, со што повторно се зголемил интересот за хуманизмот, науката, истражувањето и уметноста. Италијанската култура процветала и произвела познати научници, уметници. Во текот на средниот век, италијанските истражувачи откриле нови правци на Далечниот Исток и Новиот Свет, помагајќи ги Големите географски откритија. Сепак, комерцијалната и политичката моќ на Италија значително исчезнала со отворањето трговски патишта што го заобиколувале Медитеранот. Понатаму, вековите на меѓусебната борба меѓу италијанските градски држави, како што се Италијанските војни од 15 и 16 век, го оставиле регионот фрагментиран и подоцна бил освоен и понатаму поделен од европските сили, како што се Франција, Шпанија и Австрија.

До средината на 19 век, зголемувањето на италијанскиот национализам и повикот за независност од странската контрола довело до период на револуционерни политички немири. По векови на странска доминација и политичка поделба, Италија била речиси целосно обединета во 1861 година, со што Кралството Италија станало голема сила. Од крајот на 19 век до почетокот на 20 век, Италија брзо била индустријализирана, имено на север, и стекнала колонијално царство, додека југот останал во голема мера сиромашен и исклучен од индустријализацијата. И покрај тоа што била една од главните победници во Првата светска војна, Италија влегла во период на економска криза и социјални превирања, што довело до појава на фашистичка диктатура во 1922 година. Учеството во Втората светска војна на страната на Сили на Оската завршило со воен пораз, економско уништување и италијанската граѓанска војна. По ослободувањето на Италија и зголемувањето на отпорот, земјата ја укинала монархијата, формирала демократска република и доживеала економски бум, станувајќи високо развиена земја.

Денес, Италија се смета за една од најпознатите културни и економски напредни земји во светот, со нејзино осмо економско рангирање по големина во светот и трето во Еврозоната по номинален БДП. Италија има шесто најголемо светско национално богатство, трета по големина златна резерва на Цнтралната банка и многу висок животен век. Земјата има истакната улога во регионалните и глобалните економски, воени, културни и дипломатски работи. Таа е и регионална сила и голема сила, и е рангирана како осма најмоќна воена сила во светот. Италија е основач и водечка членка на Европската Унија и член на бројни меѓународни институции, вклучувајќи ги ООН, НАТО, ОЕЦД, ОБСЕ, СТО, Г-7, Г-20, Медитеранска Унија, Советот на Европа, Шенген зоната и многу други. Земјата во голема мера влијаела и придонесе за различни области, особено уметноста, музиката, литературата, филозофијата, науката и технологијата, модата, киното, кујната, спортот, како и судството, банкарството и бизнисот. Како одраз на нејзиното културно богатство, Италија е дом на најголем број објекти вклучени во списокот на светско културно наследство, и е петта најпосетена земја.

Кими Раиконен

Кими Матијас Раиконен е фински F1 возач. Роден е на 17 октомври 1979 во Еспоо, Финска. Ја започна кариерата во картинг сериите. По картингот, тој продолжи во англиските Formula Renault серии, за после неколку одлични тестирања да премине во швајцарскиот Sauber. Од 2002 до 2006 возеше во Meclaren тимот. Во 2007 премина во редовите на најтрофејниот F1 тим, Ferrari и во неговата прва сезона за тој тим ја освои својата прва титула во најпрестижното автомобилистичко натпреварување.Потпиша договор со Ferrari до крајот на 2010 со можност за продолжување.По 2010 година замина од формула 1 и кариерата ја продолжи во рели. Во формула еден се врати во 2012, возејќи за Лотус тимот со договор до крајот на 2013 година.

Во светот е познат под прекарот Iceman поради неговата ладнокрвност. Тој е исто така и најпознат Финец[се бара извор]. На листата на најплатени спортисти е на 2 место со 50 милиони долари.

Преднонепчена согласка

Преднонепчените согласки (тврдонепчени или палатали) are согласки која се создава со доближување на главнината на јазикот до тврдото непце. Кога врвот на јазикот се доближува до непцето свртен наназад, добиената согласка се нарекува свиена (ретрофлекс).

Религија во Замбија

Религијата во Замбија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е официјална религија во Замбија според уставот од 1996 година, и огромното мнозинство на населението се христијани од разни деноминации, но постојат многу други верски традиции. Традиционалните верувања лесно се вклопуваат во христијанските верувања во многу синкретички цркви во земјата. Други религии се бахајство, исламот, хиндуизмот, сикизмот и јудаизмот.

Во 2010 година, според World Christian Trends, 85,5% од населението се идентификувале како христијани, 11,2% се идентификувале со домородните религии, 1,8% како бахаи, 1,1% како муслимани, 0,2% како агностици, 0,1% како хиндуисти, а сите други групи учествувале со помалку од 0,1%.. Според пописот од 2010 година, 75,3% од Замбија биле протестанти, 20,2% биле католици, 0,5% биле муслимани, 2,0% други религии, а 1,8% немале религија.

Роберто Ферари (велосипедист)

Роберто Ферари (италијански: Roberto Ferrari; р. 9 март 1983 во Гавардо) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.Претходно, во 2011 и 2012 возел за професионалната континентална екипа Андрони Џокатоли-Сидермек..

Свиена согласка

Свиена согласка (ретрофлексна согласка) — преднојазична согласка каде јазикот може да има рамен, вдлабнат или извиен облик articulated between the венецот (алвеола) и тврдото непце. Се нарекуваат и церебрални согласки.

Во меѓународната фонетска азбука (МФА), свиените согласки се означуваат со подредно ченгелче во долниот десен дел, како кај [ʂ ʐ ʈ ɖ ɳ ɭ ɽ ɻ]. Кај гласовите со релативно предна творба (на пр. кај венечното или задновенечното подрачје наместо тврдото непце), се означуваат со подредна долна црта (подвлечено); ова означување особено важи за [s̱ ẕ], додека другите вака означени гласови како [ṉ ḻ ḏ] се однесуваат на венечно-заднонепчени наместо на свиени согласки.

Иако нема прецизни податоци, се смета дека свиените согласки се присутни во 20% од јазиците на светот..

Себастијан Фетел

Себастијан Фетел (германски: Sebastian Vettel; 3 јули 1987, Хепенхајм) е германски возач, четирикратен и светски првак во Формула 1 , кој моментално се натпреварува за Scuderia Ferrari.

Фетел е роден на 3 јули 1987 година во Хепенхајм, Германија. Во 2007 година ја започнал својата кариера во Формула 1 како тест возач на БМВ Заубер. Свое деби имал на трката за Големата награда на САД, кога настапил на местото на Роберт Кубица, кој пак бил повреден.

Во следната сезона, Фетел бил ангажиран како постојанен возач за тимот на Скудерија Торо Росо. Својата прва пол позиција ја постигнал во 2008 година како најмлад возач во историјата на Формула 1, за Големата награда на Италија во Монца, а по ова ја забележил и првата победа, воедно и прва за својот тим Торо Росо.

Во 2009 година, Фетел својата кариера ја продолжил во тимот на Ред Бул Рејсинг, а сезоната ја завршил на второто место во вкупниот поредок. Веќе следната 2010, тој станал станал најмладиот светски првак со 23 години и 134 дена. Титулата успеал успешно да ја одбрани во следните три натпреварувачки сезони (2011, 2012 и 2013), притоа своевремено соборувајќи го рекордот на најмлад двократен, трикратен и четирикратен светски првак.

Во ноември 2014 година, тимот на „Ферари“ соопштил дека потпишал договор со Фетел, со важност до 2017 година.

Сублимација

Сублимација е премин на супстанцијата директно од цврста во гасовита состојба без да помине во течна состојба. Сублимација е ендотермна состојба на премин која се јавува кога температурата и притисокот се помали од тројната точка на супстанцијата.Обратниот процес на сублимација е десублимација , каде супстанцијата преминува директно од гас во цврста состојба. Сублимацијата исто така се користи како генерички поим за да се опишат промените помеѓу цврстата и гасовитата состојба кој ја избегнуваат течната состојба без да се наведе насоката на транзицијата.

Во нормални температурни услови и притисоци повеќето хемиски соединенијаи Хемиски елементи поседуваат три различни состојби во различни температури. Во овие случаеви ,преминот од цврста во гасовита состојба бара средна течна состојба. Притисокот се однесува само на парцијалниот притисок од супстанцијата , не на вкупниот (e.g. atmospheric) притисок од целиот систен.Сите цврсти материи кои поседуваат значителен притисок на пареа на одредена температура обично се сублимираат во воздухот (пр/ воден мраз само под 0 °C). За некој супстанции како што се јаглерод и арсен,сублимацијата е многу полесна од испарувањето ,бидејќи притисокот на нивната тројна точка е многу висок, така да е тешко да се добијат како течности.

Сублимацијата бара дополнителна енергија и претставува ендотермичка промена. Сублимационата енталпија (топлина на сублимацијата) може да се пресмета како збир од фузионата енталпија и енталпијата при испарувањето.

Фарел Вилијамс

Фарел Вилијамс (англиски: Pharrell Williams; Вирџинија Бич, САД, 5 април 1973) познат како Фарел е американски изведувач, продуцент и моден дизајнер. Заедно со Чед Хуго ја сочинуваат продукцијата на групата The Neptunes. Тој исто така е главен пејач на рок групата N.E.R.D, која ја формира заедно со Хуго и со својот пријател од детството Шеј Халеј. Својот прв албум In My Mind („Во Мојот Ум“) го објавил во 2006 година. Продукциското дуо доби три Греми Награди како и десет номинации. Исто така е основач на брендовите за облека Billionaire Boys Club и Ice Cream Clothing.

Фелипе Маса

Фелипе Маса (португалски изговор: [fiˈlipi ˈmasɐ], роден на 25 април 1981) — бразилски Формула 1 возач кој моментално вози за Вилијамс. Маса ја започнал својата кариера во картинг натпреварувањата, на возраст од осум години, продолжувајќи на национални и регионални првенства цели седум години. Тој се преселил во Формула Шевролет и го освоил шампионатот. Подоцна заполнал да настапува во италијанската Формула Рено во 2000 година и ја освоил титулата заедно со Европското првенство. Маса влегол во Евро Формула 3000, освојувајќи го шампионатот.

Кариерата во Формула 1, ја започнал во Заубер пред да влезе во Скудерија Ферари како тест-возач за 2003 година. Тој се вратил во Заубер за 2004 и 2005 година, пред да се врати во Ферари, каде што освоил две трки во 2006 година, вклучувајќи го и неговото домашно Гранд При, за да стане прв бразилски возач по Аиртон Сена за да победи на Големата награда на Бразил. Маса ги освоил трите трки во 2007 година, завршувајќи четврти возач во шампионатот. Тој завршил втор на Светскиот шампионат на возачите на Формула 1 во 2008 по долгата битка за титула со Луис Хамилтон. На Големата награда за Унгарија во 2009 година, Маса бил повреден од автомобилот на Браун ГП на Рубенс Барикело. Маса бил принуден да го пропушти остатокот од сезоната, но се вратил во 2010 година. Маса доживеал пад на формата во 2011 година, постигнувајќи слаби резултати без освоени подиуми, но постојано освоени поени. Маса придонесол за Ферари во 2007 и 2008 година и бил под договор да се трка за тимот до крајот на сезоната . На 10 септември 2013 година, тој потврдил дека ќе го напушти Ферари на крајот од сезоната 2013. Маса го заменил Пастор Малдонадо заедно со Валтери Ботас на Вилијамс Гран При Инжинеринг од 2014 година.Маса објавил дека ќе се повлече од Формула 1 на крајот на сезоната 2016 година. Сепак, по ненадејното пензионирање на шампионот од Формула 1 во 2016 година, Маса се вратил во Вилијамс и потпишал едногодишен договор со партнер-дебитанот Ленс Хотел, кога Валтери Ботас го напуштил Вилијамс за да го пополни празно место во Мерцедес.

Франк Рибери

Франк Хенри Пјер Рибери ((француски), 7 април 1983 во Болуњ-сур-Мер) — француски професионален фудбалер кој настапува за бундеслигашот Баерн Минхен. Тој главно на почетокот на кариерата настапувал како крилен играч од средината на теренот, по можност на левата страна, иако игра со десната нога, и е познат по брзиот чекор, енергијата, вештините и прецизните додавања. Рибери е опишан како играч кој е брз и одличен дриблер, кој има голема контрола со топката.Откако се приклучил на Баерн, тој бил признат на светската фудбалска сцена како еден од најдобрите француски фудбалери на својата генерација. Претходниот талисман на францускиот национален тим, Зинедин Зидан, го нарекол на Рибери „Бисер на францускиот фудбал“.

Цигара

Цигарата претставува мала ролна од тенка хартија, во форма на цилиндaр, во која има завиткано прецизно исечени ливчиња тутун. Цигарата се пали на едниот крај и почнува да гори; димот се вдишува од другиот крај, кој се држи во или до устата, а понекогаш се користи и држач за цигари (чибук). Современите цигари содржат филтер и се направени од преработен тутун и други адитиви.

Поимот цигара се употребува често и се однесува на цигара која содржи тутун, но понекогаш се употребува и за цигари кои содржат други билки, како на пример каранфилче и канабис. Цигарата се разликува од пурата по тоа што е помала, направена е од преработени ливчиња тутун и е завиткана во бела хартија (иако понекогаш хартијата може да е и во друга боја). Пурите најчесто се направени од цели ливчиња тутун.

Откако прв пат влегле во широка употреба во средината на 19-иот век, размерот на употреба на цигарите постојано варира и значително се менува во текот на историјата. Додека бројот на пушачи се стабилизирал или опаѓал во развиениот свет, тој продолжува да расте кај нациите во равој.

Шпански скали

Шпанските скали се скали во Рим, поставени на стрмниот нагиб меѓу Шпанскиот плоштад на почетокот од скалите и плоштадот Тринита деи Монти со црквата Тринита деи Монти во горниот дел, по завршувањето на скалите.

Монументалните скали (точно 138 на број) биле изградени со парите од тестаментот на францускиот дипломат Стефано Гуфие (20.000 скуди) во периодот од 1723 до 1725 година. Скалите се најдолги во Европа.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.