1926

1926 (MCMXXVI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1926. година од новата ера, 926. од вториот милениум, 26. од 20 век и седма од 1920-тите.

< XIX век XX век XXI век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
1926 г.  во други календари
Грегоријански календар 1926
MCMXXVI
Ab urbe condita 2679
Асирски календар 6676
Бахајски календар 82–83
Бенгалски календар 1333
Берберски календар 2876
Будистички календар 2470
Бурмански календар 1288
Византиски календар 7434–7435
Еврејски календар 5686–5687
Ерменски календар 1375
ԹՎ ՌՅՀԵ
Етиопски календар 1918-1919
Игбоански календар 926–927
Ирански календар 1304–1305
Исламски календар 1344–1345
Јапонски календар Таишо 15Период Шова 1
(元年)
Јулијански календар Грегоријански минус 13 дена
Кинески календар 乙丑年月日
(4562/4622)
— до —
丙寅年月日
(4563/4623)
Коптски календар 1642–1643
Корејски календар 4259
Календар Мингуо Република Кина 15
民國15年
Селевкидски календар 2237–2238
Тајландски сончев календар 2469
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 1982–1983
 - Шака самват 1848–1849
 - Кали југа 5027–5028
Француски револуционерен календар CXXXIVCXXXV
134–135
Холоценски календар 11926
Џуче-календар 15

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7434 и 7435 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6676 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5686 и 5687 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2679.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1926. година се протега во 4562 и 4563, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4622 и 4623 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2469. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1344 и 1345 исламска година.

Настани

Родени

Починале

Видете исто:

Бен Рој Мотелсон

Бен Рој Мотелсон (англиски: Ben Roy Mottelson 9 јули 1926) е американско-дански нуклеарен физичар. Бил награден со Нобеловата награда за физика за неговата работа на несферичната геометрија на атомските јадра.

Велика Британија на Олимписките игри

Обединетото Кралство за прв пат учествувала на Летните олимписки игри во 1896 година кои се одржале во Атина. Од тогаш, Обединетото Кралство нема пропуштено ниту еден мундијал, и на секој мундијал има освојувано медал.

На Зимските олимписки игри, за прв пат настапила во 1926 година, кои се одржале во Шамони.

Државата на два пати била организатор односно домакин на ова натпреварување и тоа:

1908 во Лондон

1948 во ЛондонИсто така, во Лондон ќе се одржат и Летните олимписки игри во 2012 година.

Олимписките спортисти на сите досегашни натпреварувања, заклучно со 2009 година освоиле вкупно 736 медали, од кој 715 на летните и 21 на зимските олимписки игри.

Олимпискиот комитет на Обединетото Кралство (англиски: British Olympic Association) бил основан во 1905 година од страна на МОК.

Гоно Манчев

Гоно Христов Манчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, подоцна се приклонува на конзервативното-централистичко крило и станал струмички војвода на ВМРО (Автономистичка).

Доналд Глејзер

Доналд Глејзер (21 септември 1926 – 28 февруари 2013) — американски физичар, невробиолог и добитник на Нобелова награда за физика во 1960 г. за својот изум, вид на Вилсонова комора која се користи во субатомска честична физика.

Жан Батист Перен

Жан Батист Перен (француски: Jean Baptiste Perrin, 30 септември 1870 – 17 април 1942) — француски физичар кој во своите студии за Брауново движење на минијатурните честички изолирани во течност го верификувал објаснувањето на Алберт Ајнштајн за овој феномен и со тоа ја потврдил атомистичката природа материјата (седиментациона рамнотежа). За ова постигнување тој добил Нобелова награда за физика во 1926.

Зимски олимписки игри

Зимските олимписки игри се повеќедневни спортски натпревари во зимски спортови на снег и мраз, пандан на летните олимписки игри.

Првите зимски олимписки игри се одржани во Шамони од 25 јануари до 5 февруари 1924 година. Баронот Пјер де Кубертен, основачот на летните олимписки игри, бил против зимските олимписки игри. Тој спречил игрите во Шамони да се наречат олимписки. Поради тоа го добиле името „Меѓународна недела на зимските спортови“. Во почетокот државата-организатор на летните игри имала право да го одредува домаќинот на зимските игри, под услов истиот да може да ги организира.

Кога бил основан МОК, еден од предвидените спортови бил и лизгање на мраз, а првото натпреварување од тој тип било одржано на игрите во 1908 година, во Лондон. Во 1924 година, во Шамони, Франција под покровителство на МОК, а во склоп со 8-мите олимписки игри, била одржана „Меѓународна недела на зимските спортови“, а следната 1925 година, МОК одлучил да создаде зимски олимписки игри кои ќе се одржуваат независно од летните олимписки игри. На собранието на МОК во 1926 година, било одлучено спортската манифестација одржана во 1924 година, да се смета за прва зимска олимпијада.

До 1992 година, и летните и зимските олимписки игри се одржувани во исти години, а потоа МОК одлучил да ги „раздели“. Поради тоа следните зимски олимписки игри, во 1994 година, во Лилехамер, биле одржани две години после претходните.

Капела на Свети Никола (Киев)

Капелата на Свети Никола (украински: Каплиця святого Миколая ) е поранешен верски објект кој се наоѓал во Киев, Украина.

Капелата била изградена во периодот од 1865 година до 1867 година, а била разрушена во 1926 година од страна на болшевиците.

Капелата се наоѓала пред влезот на Николаевскиот мост.

За изградбата на капелата за прв пат започнало да се размислува во 1861 година. Во 1865 година бил одобрен планот од страна на рускиот цар Александар II.

Космос-1926

Космос-1926 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Крсте Петков Мисирков

Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926) — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Крсто Љондев

Крсто Љондев (роден во Неокази, Леринско - починал во 1926 во Битола) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и реонски лерински војвода на Македонската револуционерна организација.

Куба на Олимписките игри

Куба првпат настапилa на Олимписките игри во 1900 година и учествувала на поголемиот дел од натпреварите.

Куба на Зимските олимписките игри никогаш нема настапувано. Кубанските спортисти на Олимписките игри имаат освоено 208 медали од кои 72 златни.

Националниот олимписки комитет на Куба бил основан во 1926 година и бил признаен во 1954 година.

Ли Џенгдао

Ли Џенгдао (кинески: 李政道, пинјин: Lǐ Zhèngdào) или Цунг-Дао Ли англиски: Tsung-Dao Lee или T. D. Lee; р. 24 ноември 1926) — кинески физичар роден во Америка познат по неговата работа во истражувањето на нарушувањето на парноста, Лиовиот модел, честичната физика, физиката на релативистичките тешки јони, нетополошките солитони, солитонски ѕвезди и др.Тој е почесен проесор на универзитетот „Колумбија“, каде што предавал од 1953 година па се до 2012 година кога се пензионирал.

Во 1957 година, Ли на возраст од 30 години, ја освоил Нобеловата награда за физика заедно со Џенинг Јанг. за нивнта работа на законот за нарушувањето на парноста при слабото заемодејство која била експериментално потврдена од страна на Ву Ѓенсјунг.

Ли бил најмладиот нобеловец по Втората светска војна се додека Малала Јусафзај не добила Нобелова награда во 2014. Тој е четвртиот најмлад нобеловец во историјата по Вилијам Лоренс Брег кој ја освоил Нобеловата награда на 25 години заедно со неговиот татко Вилијам Хенри Брег, Вернер Хајзенберг кој наградата ја добил исто така на 30 години и Малала Јусазај. Ли и Јанг се првите кинези кои освоиле Нобелова награда, а бидејќи тој станал натурализиран американец во 1962 година тој е воедно и најмладиот американец кој ја освоил Нобеловата награда.

Масатоши Кошиба

Масатоши Кошиба (јапонски: 小柴 昌俊 19 септември 1926) — јапонски физичар. Кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 2002 година.

Мелетиј IV Цариградски

Мелетиј IV Цариградски (21 септември 1871 – 28 јули 1935) — александриски патријарх со епископско име Мелетиј II од 1926 до 1935 година.Тој бил митрополит во Грчката православна црква во Атина (1918–20), по што бил избран за Вселенски патријарх под името Мелетиј IV од 1921 до 1923. Тој служел како алексанрсики патријарх од 1926 до 1935 година.

Тој бил единствениот православен хиерарх во историјата да служи последователно како највисоко црковно лице во три автокефални цркви.

Познат подржувач на грчкиот премиер Елефтериос Венизелос, тој служел како епископ на Кипар, се до моментот кога бил избран за архиепископ атински по повлекувањето од престолот на Константин I Грчки, заменувајќи го архиепископот Теоклет I, познат ројалист. Две години подоцна, Константин се вратил на престолот и архиепископот Мелетиј бил расчинет, а претходниот архиепископ Теоклет I бил повторно поставен за архиепископ. Во 1921 година тој бил избран за Вселенски патријарх. Тој се повлекол по поразот на грчката армија во грчко турски војни.

Неколку години подоцна бил избран за Папа и патријарх на Александрија. Починал во 1935 година.

Саудиска Арабија

Кралство Саудиска Арабија (арапски: المملكة العربية السعودية) — кралство и најголемата држава на Арапскиот Полуостров. Се граничи со Јордан на северозапад, со Ирак на север и североисток, со Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, со Оман на југоисток и со Јемен на југ. На североисток излегува на Персискиот Залив, а на запад на Црвеното Море. Главен град е Ер Ријад. На територијата на Саудиска Арабија се наоѓаат двете најсвети места на исламот, Мека и Медина.

Саудиска Арабија е апсолутна монархија, основана на 8 јануари 1926 година од страна на Саудиското кралско семејство.

Хенри Веј Кендал

Хенри Веј Кендал (англиски: Henry Way Kendall 9 декември 1926 – 15 февруари 1999) — американски честичен физичар кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1990 година заедно со Џером Ајзек Фридман и Ричард Едвард Тејлор „за нивните пионерски истражувања поврзани со нееластичното расејување на електроните од протонитеи сврзаните неутрони, кои се од основна важност за развојот на кварковиот модел во честичната физика.“

Хејке Камерлинг Онес

Хејке Камерлинг Онес (холандски: Heike Kamerlingh Onnes 21 септември 1853 – 21 февруари 1926) бил холандски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика. Го експолатирал Хемпсон-Линдевиот циклус за да истражува како се однесуваат материјалите при температура од речеси апсолутна нула и подоцна за прв пат во течен хелиум. Неговото призводство на екстремни криогени температури го довело до откривање на суперспроводливоста во 1911, за одредени материјали, електричниот отпор нагло исчезнува при многу ниски темтератури.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.