1916

1916 (MCMXVI) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1916. година од новата ера, 916. од вториот милениум, 16. од 20 век и седма од 1910-тите.

< XIX век XX век XXI век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
1916 г.  во други календари
Грегоријански календар 1916
MCMXVI
Ab urbe condita 2669
Асирски календар 6666
Бахајски календар 72–73
Бенгалски календар 1323
Берберски календар 2866
Будистички календар 2460
Бурмански календар 1278
Византиски календар 7424–7425
Еврејски календар 5676–5677
Ерменски календар 1365
ԹՎ ՌՅԿԵ
Етиопски календар 1908-1909
Игбоански календар 916–917
Ирански календар 1294–1295
Исламски календар 1334–1335
Јапонски календар Таишо 5
(5年)
Јулијански календар Грегоријански минус 13 дена
Кинески календар 乙卯年月日
(4552/4612)
— до —
丙辰年月日
(4553/4613)
Коптски календар 1632–1633
Корејски календар 4249
Календар Мингуо Република Кина 5
民國5年
Селевкидски календар 2227–2228
Тајландски сончев календар 2459
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 1972–1973
 - Шака самват 1838–1839
 - Кали југа 5017–5018
Француски револуционерен календар CXXIVCXXV
124–125
Холоценски календар 11916
Џуче-календар 5

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7424 и 7425 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6666 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5676 и 5677 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2669.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1916. година се протега во 4552 и 4553, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4612 и 4613 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2459. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1334 и 1335 исламска година.

Настани

јануари

  • 27 јануари - Во Берлин е формирана социјалистичка револуционерна организација „Сојуз на спартаковците“, на чие чело се наоѓаа Роза Луксембург и Карл Либкнехт.

декември

Родени

Починале

Видете исто:

59 Лебед

59 Лебед — повеќекратен ѕвезден систем во северното соѕвездиеЛебед, на растојание од околу 1.300 светлосни години од Земјата. Може да се забележи со човековото око како сино-бела ѕвезда со привидна величина од 4,74.Примарната компонента а воедно и најсјајниот член на овој систем, со ознака 59 Лебед Aa, е брзовртежна Be-ѕвезда од спектрален тип B1.5 Vnne. Станува зор за добро изучувана ѕвезда благодарение на изразените сектрални промени кои се набљудувани уште во далечната 1916 година, и две краткофазни слоести ѕвезди забележани во 1973 и 1974–5 година. Всушност станува збор за потврдена спектроскопска двојна ѕвездасо високотемпературен придружник подџуџе од спектрален тип O со орбитален период од 28 дена. Џуџето ја загрева блиската страна на кружниот гасовит диск во орбита околу примарната ѕвезда.Во орбита околу примарниот пар е 59 Лебед Ab, со привидна величина од 7,64 и спектрален тип A3V, сместена на аголно растојание од 0.200″. И четврта компонетна со привидна величина 9,8 џиновска ѕвезда со спектрална класификација A8III на растојание од 20.2″ долж положбен агол од 352°, од 2008 година. Петиот придружник е со привидна величина 11,7 на растојание од 26.7″ и положбен агол од 141°. Податоците добиени од Гаја укажуваат дека придружниците на 20.2″ и 26.7″ имаат соодветни вредности 382 пс и 366 пс и се движат во приближно истата насока како и примарната тројка.

Австро-Унгарија

Австро-Унгарија (на германски: Österreich-Ungarn, на унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) е поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела - Цислеитанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата се до нејзиното распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата Светска војна, Австро-Унгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската империја и трета по население по Руската и Германска империја. Во составот на империјата живееле Германци, Италијанци, Унгарци, Хрвати, Украинци, Бошњаци, Словенци, Срби, Руси, Романци и.т.н.

Александар Прохоров

Александар Прохоров, (руски: Алекса́ндр Миха́йлович Про́хоров; 11 јули 1916 – 8 јануари 2002) — советски физичар познат по првичното истражување на ласерите и масерите за што ја поделил Нобеловата награда за физика во 1964 година со Чарлс Хард Таунс и Николај Басов.

Виталиј Гинзбург

Виталиј Гинзбург — член на Кралското друштво (руски: Вита́лий Ла́заревич Ги́нзбург, 4 октомври 1916 – 8 ноември 2009) бил советски и руски теориски физичар, астрофизичар, добитник на Нобелова награда за физика, член на Советската и Руската академија на науките и еден од татковците на советската водородна бомба. Тој бил наследникот на Игор Там како раководител на одделот за теориска физика при Лебедевиот физички институт на Руската академија на науките, и истакнат атеист.

Германија на Олимписките игри

Германија за прв пат учествувала на Летните олимписки игри во 1896 година кои се одржале во Атина, и од тогаш пропуштила само четири Олимписки игри, и тоа во 1920, 1924, 1948, и 1980 година.

Спортистите на Германија, заклучно со 2009 година освоиле 500 олимписки златни медали, според кое се наоѓаат на второто место според вечната ранг-листа на освојувачи на медали на Олимписките игри. Вкупно има освоено 1588 медали. Германија требала да биде домакин на Летните олимписки игри во 1916 и Летните олимписки игри во 1940 година, но поради светските војни, тие не се одржале. По Првата светска војна, Германија била исклучена од натпреварувањата во 1920, 1924 и по Втората светска војна во 1948 година. По Втората светска војна Германија била поделена на Источна Германија и Западна Германија. И двете одвоени држави пропуштиле по едно првенство.

Германија на летните и зимските Олимписки игри заедно, заклучно со 2009 има освоено 1.588 медали (518 златни), (529 сребрени) и (541 бронзени).

Источноевропско време

Источноевропското време (EET) е назив за часовниот појас UTC+2, 2 часа пред координираното универзално време. Се користи во извесни земји во Источна Европа. За летно сметање на времето се користи источноевропското летно време (UTC+3).

Космос-1916

Космос-1916 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Летни олимписки игри 1916

Летните олимписки игри коишто требале да се одржат во 1916 година не се одржале поради Првата светска војна. Но и покрај нивното неодржување, игрите се сметаат како да се одржале, па нумерички се 6-те Летни олимписки игри. Игрите требало да се одржат во Берлин. Други кандидати за одржување на игрите биле Александрија и Будимпешта, но при изборот биле поразени.

На игрите се планирале и нови „зимски“ спортови како брзо лизгање, хокеј на мраз и нордиско скијање, а се планирало да остане и дотогаш одржуваниот зимски спорт уметничко лизгање.

Игрите требало да бидат свечено отворени на Германскиот стадион кој бил граден од 1912 до 1913 година специјално за одржување на Олимписките игри.

Во 1931 година Берлин, победувајќи ја Барселона, повторно ја добил организацијата на Летните олимписки игри во 1936, кои се одржале.

Летно сметање на времето

Летно сметање на времето или летно време — договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Макс Волф

Макс Волф (германски: Max Wolf), полно име: Максимилијан Франц Јозеф Корнелиус Волф (Maximilian Franz Joseph Cornelius Wolf; Хајделберг, 21 јуни 1863 - 3 октомври 1932) — германски астроном и пионер во полето на астрофотографијата. Тој бил претседател на катедрата за астрономија на Хајделбершкиот универзитет и директор на опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул од 1902 до 1932 година.

Мингуо-календар

Календар на Република Кина (трад. кинески: 民國紀元; упр. 民国纪元; пинјин: Mínguó Jìyuán) — метод за одбројување на годините кои се користи во Тајван и останатите острови под контрола на Република Кина. Се користел во копнена Кина од 1912 до создавањето на Народна Република Кина во 1949 г.

Следејќи ја традицијата на употреба на името на владетелот за име на ерата и годината на владеење, официјалните документи на РК го користат системот ((кинески))за одбројување на годините, календар во кој првата година била 1912, годината кога се создала Република Кина. На пример, 2014 е „103-та година на Републиката“. Месеците и деновите се бројат според Грегоријанскиот календар.

За да се одреди годината во календарот на РК се одзема 1911 од Грегоријанскиот календар. На пример: 2019 - 1911 = 108-ма година на Републиката.

Орце Николов

Јордан „Орце“ Николов (Скопје, 7 јануари 1916 - 4 јануари 1942) — македонски комунист, еден од организаторите на работничкото движење во Скопје и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Стеван Наумов - Стив, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски - Карпош и Кузман Јосифовски - Питу).

Прва светска војна

Прва светска војна, исто така позната и како Големата војна и Војна на нациите — глобална војна со потекло од Европа која траела од 28 јули 1914 до 11 ноември 1918 година. Повеќе од 70 милиони воени лица, вклучувајќи ги и 60 милиони Европејци, биле мобилизирани во една од најголемите војни во историјата. Повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили загинале како резултат на војната (вклучувајќи ги и жртвите на голем број геноциди). Оваа војна била една од најсмртоносните конфликти во историјата, и го отворила патот за големи политички промени, вклучително и револуциите во многу од вклучените земји. Нерешените ривалства што сѐ уште постоеле на крајот од конфликтот придонеле за почетокот на Втората светска војна само дваесет и една година подоцна.

Војната ги вовлекла сите светски економски големи сили,, собрани во две спротивставени сојузи: Сојузници (врз основа на тројната Антанта помеѓу Руско Царство, Трета Француска Република и Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска) наспроти Централните сили на Германско Царство и Австро-Унгарија. Иако Италија била членка на Тројната алијанса заедно со Германија и Австро-Унгарија, таа не им се придружила на Централните сили, бидејќи Австро-Унгарија презела офанзивата против условите на сојузот. Овие сојузи биле реорганизирани и проширени како што повеќе земји влегле во војната: Италија, Јапонија и САД се приклучиле кон сојузниците, додека Отоманското Царство и Царство Бугарија се приклучиле кон Централните сили.

Како причина за војната бил атентатот на надвојводата Франц Фердинанд од Австрија, наследник на тронот на Австро-Унгарија, од југословенскиот националист Гаврило Принцип во Сараево на 28 јуни 1914 година. Ова предизвикало дипломатска криза кога Австро-Унгарија дала ултиматум за Кралство Србија, по кое заплетканите меѓународни сојузи формирани во текот на претходните децении биле повторно активирани. За неколку недели големите сили веќе биле вклучени во војната, а конфликтот наскоро се проширил низ целиот свет.Русија била првата која на 24 и 25 јули започнала делумна мобилизација на своите армии, а кога на 28 јули Австро-Унгарија објавила војна против Србија, Русија објавила општа мобилизација на 30 јули. Германија упатила ултиматум на Русија за демобилизација, и кога тоа било одбиено, таа и објавила војна на Русија на 1 август. Русија го повикала својот сојузник од тројната Антанта, Франција, да отвори втор фронт на запад по отварањето на Источниот фронт. Во текот на четириесет години претходно во 1870 година, Француско-пруската војна довела до крај на Второто Француско Царство и Франција ги отстапила провинциите Елзас-Лотарингија на Германија. Поради тој пораз и решеноста да се повлече од Елзас-Лотарингија, Франција ја прифатила молбата на Русија за помош, па Франција започнала со целосна мобилизација на 1 август и на 3 август Германија објавила војна против Франција. Границата меѓу Франција и Германија била силно зацврстена на двете страни, па така, според Шлифеновиот план, Германија потоа ја нападнала неутралната Белгија и Луксембург пред да се пресели кон Франција од север, предизвукувајќи го Обединетото Кралство да објави војна против Германија на 4 август поради прекршувањето на белгиската неутралност. Германскиот марш во Париз завршил во битката кај Марна, место кое станало познато како Западен фронт каде се водека т.н. битка на исцрпување, со лансирана линија која се променила малку до 1917 година. На Источниот фронт, руската војска водела успешен кампања против Австро-Унгарците, но Германците ја прекинале инвазијата на Источна Прусија во битките на Таненберг и Мазурските езера. Во ноември 1914 година, Отоманското Царство се приклучило на Централните сили, отворајќи фронтови на Кавказ, Месопотамија и Синај. Во 1915 година, Италија им се приклучи на Сојузниците и Бугарија се приклучи на Централните сили; Романија им се придружи на сојузниците во 1916 година, како и во САД во 1917 година.

Руската влада се распаднала во март 1917 година, а револуцијата во ноември проследена со натамошен воен пораз ги довело Русите да се усогласат со Централните сили преку Договорот од Брест-Литовск, кој им дал на Германија значајна победа. По неверојатната германска офанзива долж Западниот фронт во пролетта 1918 година, сојузниците се обединиле и спровеле серија успешни акции. На 4 ноември 1918 година, Австро-Унгарија се согласила со примирје, а Германија, која имала проблеми со револуционерите, се согласила на примирје на 11 ноември 1918 година, завршувајќи ја војната со победа за сојузниците.

Список на астероиди (1–1000)

Ова е делумен список на астероиди подредени според број, почнувајќи од 1 до 1000. Главниот список ќе го најдете на Список на астероиди.

Содржина: 001... 101... 201... 301... 401... 501... 601... 701... 801... 901...

Хенрик Шенќевич

Хенрик Адам Александар Пиус Шенќевич (полски: Henryk Adam Aleksander Pius Sienkiewicz) (5 мај 1846 – 15 ноември 1916) бил полски новинар и романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1905 година. Бил еден од најпопуларните полски писатели на преминот од 19 кон 20 век. Негово најпознато дело е романот „Кво вадис“ (Quo Vadis) од 1895 година, во кој се опишува ширењето на христијанството во Рим, како и палењето на Рим од страна на Нерон, за што ги обвинил христијаните.

Црква Света Троица (Соломенски реон - Киев)

Црквата Света Троица (украински: Свято-Троїцька церква) е поранешен православен манастир кој се наоѓал во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1916 година, а била разрушена во 1930 година.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.