1818

1818 (MDCCCXVIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1818. година од новата ера, 818. од вториот милениум, 18. од 19 век и деветта од 1810-тите.

< XVIII век XIX век XX век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
1818 г.  во други календари
Грегоријански календар 1818
MDCCCXVIII
Ab urbe condita 2571
Асирски календар 6568
Бахајски календар -26–-25
Бенгалски календар 1225
Берберски календар 2768
Будистички календар 2362
Бурмански календар 1180
Византиски календар 7326–7327
Еврејски календар 5578–5579
Ерменски календар 1267
ԹՎ ՌՄԿԷ
Етиопски календар 1810-1811
Игбоански календар 818–819
Ирански календар 1196–1197
Исламски календар 1233–1234
Јапонски календар Бунка 15Бунсеи 1
(元年)
Јулијански календар Грегоријански минус 12 дена
Кинески календар 丁丑年月日
(4454/4514)
— до —
戊寅年月日
(4455/4515)
Коптски календар 1534–1535
Корејски календар 4151
Календар Мингуо 94 пред РК
民前94年
Селевкидски календар 2129–2130
Тајландски сончев календар 2361
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 1874–1875
 - Шака самват 1740–1741
 - Кали југа 4919–4920
Француски револуционерен календар XXVIXXVII
26–27
Холоценски календар 11818
Џуче-календар нема (пред 1912)

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7326 и 7327 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6568 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5578 и 5579 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2571.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1818. година се протега во 4454 и 4455, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4514 и 4515 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2361. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1233 и 1234 исламска година.

Настани

Без датум

Родени

Починале

1896

1896 (MDCCCXCVI) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1896. година од новата ера, 896. од вториот милениум, 96. од 19 век и седма од 1890-тите.

Александар II (Русија)

Александар ІІ Николаевич (руски: Александр II Николаевич ) бил император на Русија и кнез на Финска (1855 — 1881 г.) од династијата Романов-Холштаинн-Готорп. Александар ІІ е многу попознат по либералните реформи кои ги наложил во руското општевство. По 1866 година врз него биле извршени дури осум атентати од кој последниот бил успешен.

Григориј V Цариградски

Григориј V Цариградски — Вселенски патријарх во три наврати од 1797 до 1798 година, од 1806 до 1808 и од 1818 до 1821 година. Тој имал голема улога во обновата на црквата „Свети Ѓорѓи“-Истабул, која била оштетена од пожар во 1738 година. Во периодот на избувнувањето на Грчката војна за независност, како етнарх на православниот Милет Григориј V бил обвинет од султанот Махмуд II за неспособност да го сузбие грчкото востание, иако ги осудил грчките востанички дејства за да ги заштити христијаните во Константинопол од репресалиите на турците. Угнетувањата започнале за време на светата недела во 1821 година, откако грчките побуненици постинале успех во борбите со отоманските војски на Пелопонез.

Тој бил изнесен од црквата „Свети Ѓорѓи“-Истабул на 22 април 1821 година, Велигден, веднаш по прославувањето на Велигденската литургија, и обесен (во патријахалната одежда) и висел два дена на портата на патријаршијата по наредба на султанот по што следел масакар на христијанското население во Константинопол.

Во негово сеќавање, портата на Св. Петар, во еден период главна порта на патријаршијата, била заварена во 1821 година и останала заварена до денес.

Иван Тургенев

Иван Сергеевич Тургенев (Орел, 28 октомври 1818 – Париз, 22 август 1883) — руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршиле големо влијание врз новелистиката. Најзначајните дела му се романите „Благородничко гнездо“, „Рудин“, „Татковци и деца“ и „Спроти новите дни“ и драмата „Еден месец на село“.

Шаблон:Иван Сергеевич Тургенев

Карл Маркс

Карл Маркс (германски: Karl Marx; Трир, 5 мај 1818 - Лондон, 14 март 1883) — германски филозоф, политички економист и револуционер. Еден е од најистакнатите претставници на Меѓународното здружение на работниците (попознато како Прва интернационала) и е втемелувач на марксизмот. За најважно негово дело сме смета обемната тритомна расправа „Капиталот“.

Роден е во граѓанско семејство, кое во периодот на неговото раѓање од јудаизам преминува во христијанство. Неговиот татко бил адвокат, човек восхитен од идеалите на Француската револуција, со длабоки либерални чувства, во чиј дух го воспитувал и својот син.

Кирил VI Цариградски

Кирил VI Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 1813 до 1818 година.

Космос-1818

Космос-1818 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Махмуд Недим-паша

Махмуд Недим-паша (~ 1818 – 14 мај 1883) — османлиски државник грузиска народнсот. Татко му Мехмед Неџиб-паша бил валија на Багдадскиот вилает.

Бил на неколку пониски државни функции во Високата порта, па потоа станал министер за надворешни работи, валија на Дамаскиот и Ајдинскиот (измирски) вилает, министер за трговија, па потоа и валија на Триполскиот вилает. Освен тоа, бил успешен и како министер за правда и министер за морнарицата во 1869 г., па потоа два наврата и голем везир (премиер), од 1871 до 1872 и 1875 до 1876 г.

Бил многу близок со султанот Абдул Азис, но и под големо влијание на рускиот амбасадор, генералот Николај Игнатјев пред Руско-турската војна. Поради оваа „послушност“ кон Русите го добил прекарод „Недимов“.

Се смета дека бил неуспешен како голем везир по сите основи, и дека е одговорен за издавањето на указот со кој се укинуваат каматите на паричните средства во земјата. Служел и како министер за внатрешни работи од 1879 до 1882 г.

Партенија Зографски

Партенија Зографски (Галичник, 1818 - Цариград, денешен Истанбул на 7 февруари 1876) бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија и прв македонски митрополит.

Споменик Минин и Пожарски

Споменикот посветен на Димитриј Пожарски и Кузма Минин (руски: Памятник Минину и Пожарскому) претставува бронзена статуа која се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва, Русија, во дворот на црквата Свети Василиј. Споменикот е посветен на принцот Димитриј Пожарски и Кузма Минин, како резултат на протерувањето на полските војски од Московскиот кремљ во текот на 17 век.

Споменикот бил подигнат за време на 200-годишнината од ослободувањето на Москва. Како главни скулптури биле избрани Иван Мартос во 1808 година. Но, веднаш по овој избор започнала инвазијата на Наполеон Бонапарт, и самиот споменик не бил откриен до 1818 година. Во почетокот постоела дилема дали статуата да биде поставена во Нижни Новгород или во Москва. Сепак, императорот Александар I се решил да биде поставен пред црквата Свети Василиј на Црвениот плоштад.

По заземањето на власта од страна на Болшевиците, комунистите започнале со расчистување на Црвениот плоштад. Голем број на објекти биле разрушени. Во врска со споменикот, се водела дилема дали и тој да биде срушен. Сепак, во 1936 година било решено статуата да не се сруши, туку да биде преместена поблиску до соборниот храм, каде се наоѓа и денес.

Чиле

Чиле (офиц. Република Чиле, шпански: República de Chile) — држава која го опфаќа централниот и јужнозападниот брег на Јужна Америка. Главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Oкeaн на запад, сo Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.