1771

1771 (MDCCLXXI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1771. година од новата ера, 771. од вториот милениум, 71. од 18 век и втора од 1770-тите.

< 17 век 18 век 19 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
1771 г.  во други календари
Грегоријански календар 1771
MDCCLXXI
Ab urbe condita 2524
Асирски календар 6521
Бахајски календар -73–-72
Бенгалски календар 1178
Берберски календар 2721
Будистички календар 2315
Бурмански календар 1133
Византиски календар 7279–7280
Еврејски календар 5531–5532
Ерменски календар 1220
ԹՎ ՌՄԻ
Етиопски календар 1763-1764
Игбоански календар 771–772
Ирански календар 1149–1150
Исламски календар 1184–1185
Јапонски календар Меива 8
(8年)
Јулијански календар Грегоријански минус 11 дена
Кинески календар 庚寅年月日
(4407/4467)
— до —
辛卯年月日
(4408/4468)
Коптски календар 1487–1488
Корејски календар 4104
Календар Мингуо 141 пред РК
民前141年
Селевкидски календар 2082–2083
Тајландски сончев календар 2314
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 1827–1828
 - Шака самват 1693–1694
 - Кали југа 4872–4873
Холоценски календар 11771
Џуче-календар нема (пред 1912)

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7279 и 7280 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6521 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5531 и 5532 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2524.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1771. година се протега во 4407 и 4408, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4467 и 4468 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2314. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1184 и 1185 исламска година.

Настани

Родени

Непознат датум

Починале

1018

1018 (MXVIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1018. година од новата ера, 18. од вториот милениум, 18. од 11 век и деветта од 1010-тите.

Волтер Скот

Волтер Скот (15 август 1771 - Даблин, 21 септември 1832) e шкотски поет и романописец, творец на модерниот историски роман.

Втора Безимена кула

Втората Безимена кула (руски:Вторая Безымянная башня) е кула која се наоѓа во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија. Кулата се наоѓа по должината на реката Москва, а на нејзината источна страна се наоѓа Првата Безимена кула.

Кулата била изградена во 1480-тите години, а во текот на 1680 година реновирена. Како и другите кули, така и оваа, во 1771 година била затворена за време на реставрацијата на Големиот Кремљски дворец.

Висината на кулата е 30,2 метра.

Гаврил IV Цариградски

Гаврил IV Цариградски — вселенски патријарх во периодот од 1780 до 1785 година. По потекло бил од Смирна од богато аристократско семејство. Тој бил епископ во Кунда а подоцна епископ во Јанина се до април 1771 година кога станал митрополит во Патра. Тој бил доследен следбеник на црковниот ред и закони.

Во 1780 година бил избран за патријарх. За време на начелствувањето го издигнал Анастасиј Париј, кој го разрешил спорот поврзан со коливата и панихидата. Во 1784 година гi објавил обредите на Света Гора..

Починал на 29 јуни 1785 година и бил погребан во истиот гроб со неговиот претходник во дворот на црквата на Арханѓелите.

Енциклопедија Британика

Енциклопедија Британика (лат. Encyclopædia Britannica) е општа енциклопедија на англиски јазик чиј издавач е Енциклопедија Британика Инц., приватна компанија. Написите во Британика се наменети за возрасни читатели и ги пишуваат околу 100 уредници, и уште над 4000 експерти-соработници. Се смета за најквалитетна академска енциклопедија.Британика е најстарата енциклопедија на англиски која сѐ уште се печати. Првпат била објавена помеѓу 1768 и 1771 во Единбург, Шкотска и набрзо пораснала и во популарност и во обем, така што третото издание во 1801 веќе имало 21 том. Нејзиното реноме ѝ овозможило да собере еминентни соработници, така што 9-тото издание (1875–1889) и 11-тото издание (1911) се сметаат за референтни по својата академска вредност и литерарен стил.Почнувајќи од 11-тото издание, Британика постепено ги скратувала и поедноставувала написите со цел да го придобие Северноамериканскиот пазар. Во 1933 Британика станала првата енциклопедија која ја усвоила политиката на континуирана ревизија, според која енциклопедијата се преиздава и секој напис се обновува според планиран временски распоред.

Карлсбург (Западна Померанија)

Карлсбург (германски: Karlsburg) — општина во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Првичното име на местото било Гнацков. Во 1771 кралот Густав III, кој владеел со Шведска Померанија, го преименувал местото во Карлсбург по првото име на тогашниот земјопоседник Карл фон Бизмарк.

Кирил Пејчиновиќ

За други значења видете на појаснителната страницаКирил Пејчиновиќ - Тетоец (1771 - 1845) — македонски просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современата македонска книжевност. Пејчиновиќ исто така се смета за дел од бугарската книжевност, иако пишувал на македонски, тетовски говор.

Космос-1771

Космос-1771 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Месјеов каталог

Месјеов каталог — каталог на астрономски објекти попишани за прв пат од францускиот астроном Шарл Месје во 1771 г. Изворниот повод за каталогот е фактот што Месје бил ловец на комети и негодувал кога ќе забележел објекти што личеле на комети, но се испоставувало дека не биле комети. Затоа составил список на овие објекти, во соработка со неговиот помошник Пјер Мешен.

Италијанскиот астроном Џовани Батиста Ходиерна објавил сличен ваков список уште во 1654 г., но истата не извршила никакво влијание и веројатно не му била позната на Месје.

Мехмед Селим-паша

Мехмед Селим-паша (1771 – 1831) — османлиски државник. Тој бил Голем везир од 14 септември 1824 до 24 октомври 1828 на султанот Махмуд II и бил неуспешен во борбите со грчките востаници. Распуштањето на Јаничарскиот корпус, и Битката кај Наварино (1827), се случиле додека тој бил на должност. Во 1828-30 тој станал управник на Румелија и во 1830-31 управник на Дамаск (Сирија). Кога граѓаните на Дамск и месниот гарнизон на јаничари се побуниле, по што Селим-паша се засолнил во Дамаскината тврдина. По опсадата која траела 40 дена му бил ветено дека може безбедно да си замине но бил убиен пред да го напушти градот.

Неофит VII Цариградски

Неофит VII Цариградски — Вселенски патријарх во два наврати во периодите од 1789 до 1794 година и од 1798 до 1801 година.

Тој по потекло бил од Смирна. Се школувал во познатото „Верско училиште“ во градот, каде бил соученик на Никодим Светогорец.Тој бил инзвореден ученик и бил против популаризацијата на верските текстови, бидејќи сметал дека ова ќе доведе до вулгаризација..

Тој бил архиѓакон во патрјаршијата и во мај 1771 година бил избран за епископ на Маронија. Во мај 1789 година го наследил Прокопиј како Вселенски патријарх. Иако го сметале за одличен патријарх, сепак, бил присилен да се повлече на 1 март 1794 година и да се повлече во Халки а подоцна на Родос, па на Патмос и Света Гора. Бил повторно избран за патријарх во 1798 година но во 1801 година се повлекол и бил протеран на Света Гора.

Додека бил патријарх го екскомуницирал професорот по филозофија Христодулус Памплекис, и го возобновил Големото училиште и биле основани голем број на училишта. Бил противник на пантеизмот и ја осудил книгата „Под постојана причесна“, чиј автор бил поранешниот митрополит Макариј Коринтски. За време на неговото начелствување и по многу дебати, преводот и објавувањето на правилата на православието биле одобрени од негова страна. Па така го издал и делото на Никодим Светогорец, „Кормило“ во , Константинопол. Со негова дозвола била отворена и патријахалната печатница и издадени правилата на Јован IV.

Софрониј II Цариградски

Софрониј II Цариградски — Вселенски патријарх по потекло од Алеп, Сирија, началствувал во периодот од 1775 до 1780 година.

Бил епископ во Ерусалим и во 1771 година бил избран за Ерусалимски патријарх како Софроиј V Ерусалимски.

Во 1775 година бил избран за Вселленски патријарх како Софрониј II Цариградски. За време на неговото начелствување, синодот во Цариград ја анатемисла коливата.

Тој бил образован и аскетски патријарх и бил особено заинтересиран за образованието и финасиите во патријаршијата. Починал на 19 октомври 1780 година и бил закопан во дворот на црквата Арханѓели.

Список на Месјеови објекти

Месјеови објекти — збир од астрономски објекти попишан од францускиот астроном Шарл Месје во неговиот „Каталог на маглини и ѕвездени јата“ (Catalogue des Nébuleuses et des Amas d'Étoiles), издаден за прв пат во 1771, а последното дополнето издание е објавено (врз основа на набљудувањата на Месје) во 1966 г.Бидејќи Месје бил заинтерсиран да пронаоѓа само комети, составил список на некометни објекти кои го збунувале при ловот на комети. Овој список, составен заедно со неговиот помошник Пјер Мешен е наречен „Месјеов каталог“. Ова е еден од најпознатите списоци н аастрономски објекти, и многу од овие небесни тела и денес се наведуваат по нивниот Месјеов број.Во првото издание биле попишани 45 објекти, а во конечното издание на самиот Месје се наведени 103 објекти. Користејќи ги прибелешките во неговиот текст, извесни други астрономи додале уште објекти и така станале 110.

Список на непризнаени држави

Овa е списoк na држав кои постојат или постоеле како фактички независни држави, но како такви не се признати од страна на поголемиот дел од другите држави или меѓународни заедници.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.