1739

1739 (MDCCXXXIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1739. година од новата ера, 739. од вториот милениум, 39. од 18 век и последна од 1730-тите.

< 17 век 18 век 19 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
1739 г.  во други календари
Грегоријански календар 1739
MDCCXXXIX
Ab urbe condita 2492
Асирски календар 6489
Бахајски календар -105–-104
Бенгалски календар 1146
Берберски календар 2689
Будистички календар 2283
Бурмански календар 1101
Византиски календар 7247–7248
Еврејски календар 5499–5500
Ерменски календар 1188
ԹՎ ՌՃՁԸ
Етиопски календар 1731-1732
Игбоански календар 739–740
Ирански календар 1117–1118
Исламски календар 1151–1152
Јапонски календар Генбун 4
(4年)
Јулијански календар Грегоријански минус 11 дена
Кинески календар 戊午年月日
(4375/4435)
— до —
己未年月日
(4376/4436)
Коптски календар 1455–1456
Корејски календар 4072
Календар Мингуо 173 пред РК
民前173年
Селевкидски календар 2050–2051
Тајландски сончев календар 2282
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 1795–1796
 - Шака самват 1661–1662
 - Кали југа 4840–4841
Холоценски календар 11739
Џуче-календар нема (пред 1912)

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7247 и 7248 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6489 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5499 и 5500 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2492.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1739. година се протега во 4375 и 4376, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4435 и 4436 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2282. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1151 и 1152 исламска година.

Настани

Родени

Починале

1196

1196 (MCXCVI) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1196. година од новата ера, 196. од вториот милениум, 96. од 12 век и седма од 1190-тите.

173

173 (CLXXIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 173. година од новата ера, 173. од првиот милениум, 73. од 2 век и четвртта од 170-тите.

1800

1800 (MDCCC) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1800. година од новата ера, 800. од вториот милениум, последна од 18 век и прва од 1800-тите.

1816

1816 (MDCCCXVI) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1816. година од новата ера, 816. од вториот милениум, 16. од 19 век и седма од 1810-тите.

18 век

18 век започнува на 1 јануари 1701 г. и завршува на 31 декември 1800 г.

986

986 (CMLXXXVI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 986. година од новата ера, 986. од првиот милениум, 86. од 10 век и седма од 980-тите.

Јоаникиј III Цариградски

Јоаникиј III Цариградски — пеќски архиепископ и српски патријарх во периодот од 1739 до 1746 година и вселенски патријарх од 1761 до 1763 година.

Ана Ивановна

Ана Ивановна (руски: Анна Ивановна) била императорка на Русија во периодот од 1730 до 1740 година. Највлијателна фигура во нејзиниот дворец бил Ернст Јохан Бирон. При управувањето на Ана, Русија учествувала во Војната за полското наследство и Руско-турската војна од 1735-1739.

Барби (Германија)

Барби (германски: Barby) е град во округот Залцланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Елба, во близина на вливањето на Зале, приближно 25 километри југоисточно од Магдебург. Со административната реформа на 1 јануари 2010, поранешните општини на заедницата на општини Елба-Зале, освен Гнадау, кои се приклучи на Барби во септември 2010.

Тврдината во Барби била првпат спомената во 961 во декрет на гермаскиот крал Отон I. Од 12 век, областа на грофството Барби била наследена од соседниот Арнштајн, кој доби царска непосредност во 1497. По исчезнувањето на династијата во 1659, грофството Барби припаднало на војводството Саксо-Вајсенфелс, управуван од млада гранка од електорската саксонска династија Ветин. Кога војводата Георг Албрехт фон Саксо-Вајсенфелс умрел во 1739, Барби припаднал на Електорат Саксонија.

Ферибот Барби, ферибот кој минува низ Елба, поврзувајќи го Барби со Цербст-Валтернинбург.

Битка кај Грочка

Битката кај Грочка се одвила помеѓу Хабсбуршка Австрија и Османлиска империја од 21 јули до 22 јули 1739 година кај Грочка, во близина на Белград, Србија. Османлиите издвојувале победа, а по ова го зазеле и Белград.

Договор од Белград

Договорот од Белград бил потпишан на 18 септември 1739 година преку кој завршила Австро-турската војна (1737-1739).

Според договорот, Австрија била потиснета од Балканот. Така Белград и Шабац со цела Србија до Сава и Дунав, Влашка и дел од Босна биле повторно дадени на Османлиите. Австрија го задржала Банат но морала да ги сруши сите тврдини кои ги изградила во текот на владеењето на овие земји по Пожаревачкиот договор.

Договор од Ниш (1739)

Договорот од Белград бил потпишан на 18 септември 1739 година преку кој завршила Руско-турската војна (1736-1739). Војната претставувала обид на Русите за заземање на Крим и Азов. Хабсбуршка Австрија влегла во војната но по поразот кај Грочка биле принудени да го потпишат Белградскиот договор и да се повлечат од војната. Ова ја принудила на Русија на преговори.

Според Нишкиот договор, Русија се откажала од сите права над Крим и Молдавија.

Кеплер-29

Кеплер-29 — ѕвезда налик на Сонцето во северното соѕвездие Лебед. Сместена е на небесните координати: ректасцензија 19ч 53м &1000000000002359800000023,598с} и деклинација +47° 29′ &1000000000002841100000028,411″. Со привидна величина од 15,036, оваа ѕвезда е премногу темна за да се види со човеково око. Ѕвездата е сончеволика, и има маса, полупречник и температура како Сонцето. Моментално староста на ѕвездата не е определена поради големото растојание од 2.780 светлосни години (850 парсеци). Од 2016 година не се забележани вонсончеви планети налик на Јупитер со маси од 0,9–1,4 MJ на растојанија од 5 АЕ.

Космос-1739

Космос-1739 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Руско-турска војна (1735-1739)

Руско-турската војна (1735–1739) се одвила помеѓу Руската Империја и Османлиската Империја. Како една од најголемите причини за започнувањето на оваа војна е постојаните напади на кримските Татари во Украина во 1735 година и воениот поход на Кримското ханство во Кавказ, како и противречностите околу војната за полското наследство во 1733-1735 година.

Список на години во науката

Ова е список на страници што содржат настани од областа на науката или технологијата во извесна година.

Црква Света Катерина (Подилски реон - Киев)

Црквата Света Катерина (украински: Церква святої Катерини) е поранешна православна црква која се наоѓала во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1741 година, а разрушена во 1929 година.

Во текот на 17 век, градот Киев бил посетуван од страна на голем број на грчки трговци. Тие долго време се обидувале да основат и изградат храм во градот, и конечно тоа барање им било освоено од страна на киевските градски власти во 1738 година. Така, следната година започнала да се гради црквата и истата била завршена во 1741 година. Црквата била изградена во украински барок, а бидејќи иницијативата за нејзино барање била од страна на грчките трговци, оваа црква се нарекувала Грчка црква.

Во 1811 година избувнал голем пожар во градот, но истиот не го зафатил христијанскиот храм. Во доцниот 19 век, храмот бил обновен. По доаѓањето на советските власти, црквата била затворена, а во 1928 година во неа биле сместени комуналните администрации на градот. Следната 1929 година, куполата од црквата започнала да попушта, па властите решиле истата да ја разрушат.

Од целиот комплекс денеска има останато целата камбанерија, која била реконструирана во 1995 година. Во 1990-тите години, грчките црковни власти сакале да ја повратат сопственоста на црквата, но истото не се остварило. Денеска, во објектот се наоѓа филијала на Народната банка на Украина.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.