132

132 (CXXXII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 132. година од новата ера, 132. од првиот милениум, 32. од 2 век и трета од 130-тите.

< 1 век 2 век 3 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
132 г.  во други календари
Грегоријански календар 132
CXXXII
Ab urbe condita 885
Асирски календар 4882
Бахајски календар -1712–-1711
Бенгалски календар -461
Берберски календар 1082
Будистички календар 676
Бурмански календар -506
Византиски календар 5640–5641
Еврејски календар 3892–3893
Ерменски календар
Етиопски календар 124-125
Ирански календар 490 п.с. – 489 п.с.
Исламски календар 505 пред хиџра – 504 пред хиџра
Јулијански календар 132    CXXXII
Кинески календар 辛未年月日
(2768/2828)
— до —
壬申年月日
(2769/2829)
Коптски календар -152–-151
Корејски календар 2465
Календар Мингуо 1780 пред РК
民前1780年
Селевкидски календар 443–444
Тајландски сончев календар 675
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 188–189
 - Шака самват 54–55
 - Кали југа 3233–3234
Холоценски календар 10132
Џуче-календар нема (пред 1912)

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5640 и 5641 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4882 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3892 и 3893 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 885.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 132. година се протега во 2768 и 2769, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2828 и 2829 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 675. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 505 и 504 година пред хиџра.

Настани

Родени

Починале

1132

1132 (MCXXXII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1132. година од новата ера, 132. од вториот милениум, 32. од 12 век и трета од 1130-тите.

1132 п.н.е.

1132 п.н.е. била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1132. година пред новата ера, 132. од вториот милениум п.н.е., 32. од 12 век п.н.е. и трета од 1130-тите п.н.е.

132 п.н.е.

132 п.н.е. била година според јулијанскиот календар. Тоа била 132. година пред новата ера, 132. од првиот милениум п.н.е., 32. од 2 век п.н.е. и трета од 130-тите п.н.е.

1780

1780 (MDCCLXXX) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1780. година од новата ера, 780. од вториот милениум, 80. од 18 век и прва од 1780-тите.

1975

1975 (MCMLXXV) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1975. година од новата ера, 975. од вториот милениум, 75. од 20 век и шеста од 1970-тите.

2043

2043 (MMXLIII) ќе биде година според грегоријанскиот календар. Тоа ќе биде 2043. година од новата ера, 43. од третиот милениум, 43. од 21 век и четвртта од 2040-тите.

2 век

2 век започнал на 1 јануари 101 година, а завршил на 31 декември 200 година. Се смета за дел од класичната антика.

На почетокот од овој век, Римското царство го достигнало своето најголемо територијално проширување за време на владеењето на царот Трајан, но по неговата смрт тоа започнало полека да пропаѓа. Ова бил век на проспоритет на империјата, а најпознат е по владеењето на Петте добри императори. За време на владеењето на царот Адријан, Евреите биле протерани од Ерусалим по Востанието на Бар Кохба. Последната четвртина од векот го означила крајот на периодот на мир и просперитет, познат како Pax romana, со смртта на царот Марко Аврелиј, последениот од Петте добри императори и доаѓањето на власт на царот Комод.

Иако во текот на првата половина од овој век Хан династијата во Кина цврсто се држела на власт и го проширила своето царско влијание во Централна Азија, во втората половина од векот владеела широко распространета корупција и избувнало Востанието на жолтите турбани. Овие превирања постепено довеле до конечниот пад на династијата во 220 година.

HR 7484

HR 7484 (V1143 Лебед) — систем од двојна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со човеково око при добри временски услови, притоа имајќи привидна величина од 5,89. Засновано на годишната промена на паралаксата од 24,71, се наоѓа на растојание од 132 светлосни години. Системот е приближува со хелиоцентрична радијална брзина од −14 km/s.Мерењата на радијалната брзина при Доминионската астрономска опсерваторија во Викторија,Британска Колумбија, Канада во 1919 година довело од страна на Вилијам Едмунд Харпер дека HR 7484 е двојнолиниска спектроскопска двојна ѕвезда. Станува збор за одвоена еклиптична двојна ѕвезда, што пак значи дека орбиталната рамнина е подредена близу до линијата на набљудување од Земјата, предизвикувајќи компонентите да се затемнуваат двапати во орбитата. Системот минува низ апсидално движење, со чекор поголем од оној предвиден од општата релативност. Двете компоненти се обични ѕвезди од типот F на главната низа со слични физички својства.Ѕвездата вообичаено има привидна величина од 5,89, но на секои 7,64 денови (7 денови, 15 часа и 22 минути) нејзината сјајност се намалува на величина од 6,37, приближно две третини од сјајноста. Пет дена и 17 часа по секоја првична еклипса, има и второ затемнување кога сјајноста опаѓа до величина 6,06, околу 85% од нормалната сјајност. Секое затемнување трае по 220 минути. Двете затемнувања се делумни.

Дански Проток

Дански Проток или Гренландски Проток (дан. Danmarksstrædet, исл. Grænlandssund) — океански проток помеѓу Гренланд (на северозапад) и Исланд (на југоисток). Југоисточно од протокот се наоѓа норвешкиот остров Јан Мајен.

Пеотокот гоповрзува Гренландското Море (продолжение на Северниот Леден Океан) со Ирмингеровото Море (дел од Атлантскиот Океан). Долг е 480, а широк 289 км во најтесниот дел помеѓу ‘ртот Стромнес на полуостровот Хорнстрандир (северозападен Исланд) и ‘ртот Тупиније на Блосвиловото Крајбрежје во Источен Гренланд). Меѓутоа според Меѓународната хидрографска организација (МХО), официјалната граница помеѓу Северниот Леден и Северниот Атлантски Океан се протега од Стромнес до ‘ртот нансен, кој се наоѓа 132 км југозападно од ‘ртот Тунипије. Растојанието од Стромнес до ‘ртот Нансен изнесува 336 км.

Во најдлабокиот дел на теснецот, гренландско-исландската стрмнина се спушта по дното на морето, каде длабочината изнесува 191 метри. Студената источногренландска струја и со себе носи санти во Северниот Алтантски Океан. Ова подрачје има големо значење за стопанскиот риболов.

Во Втората светска војна се одиграла Битката во Данскиот Проток на 24 мај 1941 г. Германскиот брод „Бизмарк“ го потопил британскиот крстосувач „Худ“, кој експлодирал и ги одзел животите на целата 1418-члена посада со исклучок на тројца. Истиот судир му нанел и тешки оштетувања на британскиот брод „Принцот од Велс“. „Бизмарк“ успеал да навлезе во Атлантикот, но поради претрпените штети не можел да си ја исполни задачата - да ги уништи британските конвои.

Ехиме (префектура)

Ехиме (јапонски:愛媛県; Ehime-ken) е префектура на северозападниот дел на островот Шикоку. Главен град е Мацујама.

Космос-132

Космос-132 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Маргинени

Маргинени (романски: Mărgineni) е општина во округот Бакау во Романија, во која живеат 8.132 жители.

Септември

Септември или гроздобер е деветиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од четирите кои имаат 30 дена. На 22-от ден од месецот септември е „есенска рамнодневница“.

Список на природни броеви

Ова е список на природни броеви до најголемата практична бројка.

Треска

Треска — река во Македонија, десна притока на Вардар. Нејзината вкупна должина изнесува 132 км, а сливното подрачје зафаќа 2.350 км2. Друго име на оваа река е Голема Река, Велика Река или само Велика.

Изворите на Треска се Еловечка Река, на источната страна на планината Стогово и Беличка Река од северните падини на Илинска Планина. Текот на Треска започнува кај селото Другово, Кичевско, кајшто се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ Поречието — Велика Река. Треска се нарекува од селото Здуње кон Скопје. По течението од Здуње до Скопската Котлина, во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен кањон во кој се наоѓа вештачкото езеро Козјак, формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро Матка создадено со браната подигната во 1937 г. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.

Кај Матка се наоѓаат и два манастири: Св. Андреја и Св. Никола Шишевски изградени во XIV век.

Хирошима (префектура)

Хирошима (јапонски:広島県; Hiroshima-ken) е префектура во Јапонија која се наоѓа во регионот Чугоку на островот Хоншу. Главен град е Хирошима.

Шимане (префектура)

Шимане (јапонски:島根県; Shimane-ken) е префектура во Јапонија која се наоѓа во регионот Чугоку на островот Хоншу. Главен град е Мацуе.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.