1018

1018 (MXVIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1018. година од новата ера, 18. од вториот милениум, 18. од 11 век и деветта од 1010-тите.

< X век XI век XII век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
1018 г.  во други календари
Грегоријански календар 1018
MXVIII
Ab urbe condita 1771
Асирски календар 5768
Бахајски календар -826–-825
Бенгалски календар 425
Берберски календар 1968
Будистички календар 1562
Бурмански календар 380
Византиски календар 6526–6527
Еврејски календар 4778–4779
Ерменски календар 467
ԹՎ ՆԿԷ
Етиопски календар 1010-1011
Игбоански календар 18–19
Ирански календар 396–397
Исламски календар 408–409
Јулијански календар 1018    MXVIII
Кинески календар 丁巳年月日
(3654/3714)
— до —
戊午年月日
(3655/3715)
Коптски календар 734–735
Корејски календар 3351
Календар Мингуо 894 пред РК
民前894年
Селевкидски календар 1329–1330
Тајландски сончев календар 1561
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 1074–1075
 - Шака самват 940–941
 - Кали југа 4119–4120
Холоценски календар 11018
Џуче-календар нема (пред 1912)

Други календари

Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6526 и 6527 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5768 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4778 и 4779 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1771.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1018. година се протега во 3654 и 3655, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3714 и 3715 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1561. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 408 и 409 исламска година.

Настани

Родени

Починале

1018 п.н.е.

1018 п.н.е. била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1018. година пред новата ера, 18. од вториот милениум п.н.е., 18. од 11 век п.н.е. и деветта од 1010-тите п.н.е.

1609

1609 (MDCIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1609. година од новата ера, 609. од вториот милениум, 9. од 17 век и последна од 1600-тите.

1610

1610 (MDCX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1610. година од новата ера, 610. од вториот милениум, 10. од 17 век и прва од 1610-тите.

79 Лебед

79 Лебед — двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед со просечна привидна величина од 5,695.

Јован Дебарски

Јован Дебарски бил охридски патријарх (последниот во времето на Самуиловото Царство), архиепископ и книжевен деец. Управувал во периодот од 1018 до 1037 година. Потекнувал од дебарско. Се претпоставува дека бил еден од иницијаторите за изградба на Бигорскиот манастир во 1020 година. По негово барање византиски дела се преведувале на старословенски јазик, како, на пр., Житијата за св. Антониј Велики и за св. Панкратиј Тавроменински.

Ампер

Амперот (симб. A; крат. амп, amp) е основна SI-единица за електрична струја (величински симб. I, i) Наречена е по францускиот физичар Андре Мари Ампер (1775–1836), основоположник на електродинамиката.

Практично изразено, амперот е мерата во која електричниот набој што минува низ некоја точка во електрично коло по единица време со 6,241 × 1018 електрони, или еден кулон во секунда што сочинува еден ампер.

Космос-1018

Космос-1018 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Космос-1153

Космос-1153 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Космос-1605

Космос-1605 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Космос-2142

Космос-2142 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Космос-627

Космос-627 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Космос-689

Космос-689 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Космос-985

Космос-985 е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.

Кракра

Кракра — бугарски благородник и војсководец во Самуиловата држава, командант на Перник и околните краеви. Двапати успешно ги одбил нападите на Византијците (1004, 1016). По смртта на Јован Владислав (1018), во Сир му се предал на Царот Василиј II, заедно со архонтите на 35 тврдини и ја добил титулата патрикиј.

Неодиум

Неодиум (Nd, лат. neodymium) е лантаноид. Името го добил од грчките зборови neos и didymos кои со споен назив се нарекуваат „нови близнаци“.

Неодиум е застапен во земјината кора во количини од 38 ppm (англ. parts per million). Најважни минерали на неодиум се:

монацит (Ce,La,Th,Nd,Y,Pr)PO4 и

(Ce,La,Nd,Y,Pr)CO3F

Папа Виктор II

Папа Виктор II (лат. Victor PP. II)(околу 1018 - 28 јули 1057) бил римски папа од 17 април 1055 до 28 јули 1057. Бил племеник на Хенрих III. Едно време бил регент на Баварија, а откако бил избран за папа и по смртта на Хенрих, бил регент на целата империја при владеењето на Хенрих IV. Сакал да биде погребан во Германија, но бил погребан во Равена.

Прво бугарско царство

Првото бугарско царство или Дунавска Бугарија (нарекувано уште Прва бугарска држава) е ханство, а од крунисувањето на Симеон I Велики за цар, и царство, на Прабугарите и Словените, кое постоело на Балканскиот Полуостров и неговите гранични делови од Југоисточна Европа од 681 до 1018 година. Нејзин основач е хан Аспарух, којшто по распаѓањето на Стара Велика Бугарија доведува дел од прабугарските племиња во денешна Бесарабија и Добруџа, ги подчинува месните словенски племиња и ја принудува Византија да му плаќа данок во 681 година. Во прво време, главниот град е во Онг'ла, понатака се востановува во Плиска, а кон крајот на 9 век во Велики Преслав.

Најголемото територијално проширување Првата бугарска држава го достигнува во IX век, кога кон првоначалните територии по Долен Дунав се присоединети области во Тракија и Македонија, делови од денешните Албанија, Србија и Романија, а исто така и дел од северното црноморие (до река Днепар). Во текот на истиот период настапува централизација на државното управување, таа е придружена со процес на асимилација и консолидирање на разнородните етнички групи од населението во современата бугарска народност, чијшто јазик се развива врз основата на словенскиот. Во текот на 864-866 година, за време на Борис I, христијанството станува државна религија, што води до значителни промени во културниот живот на државата и така наречениот Златен век на цар Симеон. Кај истиот владетел Бугарите праваат продолжителни, но безуспешни обиди да завладеат со главниот град на Византија Константинопол.

Византиско-бугарските војни, заедно со инвазиите на Унгарците (Маѓарите), Печенезите и Русите, водат до ослабување на бугарската држава и паѓање на главниот град Преслав под византиска власт во 971 година.

Список на бугарски владетели

Ова е список на владетелите на сите бугарски држави од најраните записи во Именикот на бугарските ханови до 1946 година кога отфрлена е монархијата во последната бугарска држава. Постоењето на митските владетели, како и периодот на нивното владеење не се научно востановени и во главно годините кај нив се преземени од Именикот на бугарските ханови, каде за Авитохол се вели дека владеел 300, а за Ирник 150 години. Во белешките е опишана промената на титулата кај одредени владетели како и дискутабилното потекло на други. Неколку помали владетели не се внесени во списокот.

Цар

Цар (бугарски: цар, руски: царь, украински: цар, хрватски: car, српски: цар/car, во научната транслитерација car) и повремено спелуван како csar или Tzar на англиски е термин со потекло од латинскиот термин Cæsar (цезар или кајзер) значи Император во европската средновековна смисла на зборот, т.е., владетел кој тврди дека го има истиот ранг како Римскиот император, со одобрение на друг император или врховен еклезијастички претставник (Папата или Екуменскиот Патријарх).

Пред да ја прифатат римските императори титулата Цезар или Кајзер, зборот “Кајзер/Kaisar", бил името што му е дадено на третиот крал од Медејците (денешните Курди), Кијаксар, 625-585 п.н.е. Од древни времиња, во курдскиот јазик, името Кијаксар имало различни значења и изговори, вклучувајќи го името Кеј-Касро, кое се користи од Курдите како име за личност. Тоа буквално значи „крал“, кој е автократ.

Наспроти соодветниот латински збор "imperator", византискиот грчки термин basileus беше користен различно во зависност од тековниот политички контекст или од историскиот или библискиот контекст. Во историјата на грчкиот јазик, зборот басилеус/василевс оригинално значеше нешто како „моќник“ (potentate = суверен, монарх) и постепено се доближи до значењето на зборот „крал“ во Хеленистичкиот период, па се користеше за да означи „император“ во почетокот на Римската Империја. Како последица на тоа, византиските извори продолжија да ги нарекуваат древните кралеви со "basileus", дури и во случаевите кога тој збор почна да значи „император“, зашто се однесуваше на современите монарси (додека не беше применет на западните европски кралеви, чија титула беше транслитерирана од латинското "rex" како ῥήξ, или на другите монарси чии именувања беа како архон/ ἄρχων "лидер", "главешина").

Повремено зборот се користи за да означи други, нехристијански, врховни владетели. Во Русија и Бугарија, империјалните придружни значења (т.е. конотации) во 19-тиот век добил значење еквивалентно на зборот крал.

Оваа титула на врховен владетел се користела во следните европски земји:

Бугарија во 913–1018, во 1185–1422 и во периодот 1908–1946

Србија во 1346–1371

Русија во 1547-1721 (заменета во 1721 со император, но остана во општа употреба се до 1917).Симеон Сакскобурготски, последниот Цар на Бугарија, е единствениот жив човек кој ја има словенската титула Цар.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.