Шпанци

Шпанците (на шпански: Españoles) се европска нација и етничка група, која потекнува од Шпанија, држава сместена на Пиринејскиот полуостров, во југо-западна Европа. Шпанската националност во суштина се состои и од регионални националности, поради комплексната историја на Шпанија. Шпанија, во нејзините сегашни граници, била формирана од голем број на претходнички кралства во доцниот 15 век, како резултат на реосвојувањето и војната на Кастилијанците.

Официјалниот јазик на Шпанија е шпанскиот јазик (español или castellano), со тоа што книжевниот шпански е базиран на средновековните дијалекти на Кастилијанците од централна Шпанија. Со исклучок на баскискиот, јазици кои се домородни на Шпанија спаѓаат во категоријата на романски јазици.

Според пописот од 2010, денеска во Шпанија има околу 41,242,592 Шпанци.[1] Население со шпанско потекло денеска постои скоро насекаде низ светот, поради многувековните окупации и колонии кои Шпанија ги имала во текот на владеењето низ историјата. Денеска во Америка (јужна и северна) околу 60.1% од населението има шпанско потекло.[2] Во останатиот дел од светот процентот на шпанско население е околу 3%.

Flag of Spain
Национално знаме на Шпанија и на сите Шпанци.

Шпанците како тема во уметноста и во популарната култура

Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ ги опишува Шпанците како повеќе семејни луѓе отколку како друштвени, т.е. повеќе ги сакаат своите рондини отколку пријателите.[3] Исто така, според Дучиќ, Шпанците се многу љубоморни и најсвирепи луѓе во љубовта.[4] Тој Шпанките ги опишува како добри мајки,[5] но жените од Андалузија ги опишува како „само телесност и ништо друго“, додека жените од Кастилја се „мистици“.[6]

Една песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година се вика „Шпанец кој пешачи“ (Walking Spanish).[7]

Види исто така

Наводи

  1. www.diariocritico.com Spanish population 2010
  2. Spanish residents in the world
  3. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 194.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111.
  5. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 157.
  6. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 148.
  7. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
Југ (САД)

Јужните Американски држави - или попознати како Американски Југ (англиски: South), или едноставно „Југ“, се составени од југоисточните и југоцентралните држави на САД. Поради уникатното културно и историско наследство, вклучувајќи го и она на Индијанците (домородните Американци), раните европски населби на Шпанци, Англичани, Французи, Шкоти, Ирци и Германци, доведување на стотици илјади Африканци како робови, присуството на голем број на Афроамериканци во населението, поддршката за работа на робовите, како и последиците од падот на Конфедерацијата во Граѓанската војна, Југот развил свои обичаи, литература, музички стилови и разни кулинарски специјалитети, кои влијаеле на традиционалната американска култура.

Алонсо де Охеда

Алонсо де Охеда (шпански: Alonso de Ojeda; роден меѓу 1466 и 1468 година во Куенка, умрел 1515 година во Санто Доминго) бил шпански морепловец и конквистадор. Ги истражувал подрачјата на Гвајана, Венецуела, Тринидад и Тобаго, Курасао, Аруба и Колумбија. Бил првиот Европјанец кој стапнал на тлото на Гвајана, Колумбија и подрачјето околу заливот Маракаибо (денес Венецуела), а нему му се припишува и етимологијата на името Венецуела, која ја истражувал двапати.

Алфонсо VIII

Алфонсо VIII (11 ноември 1155, Сорија - 5 октомври, 1214) бил крал на Кастиља од 1158 година до неговата смрт, како и крал на Толедо.. Тој најмногу е познат по големата улога која ја одиграл во времето на Реконквистата, и пропаѓањето на Алмохадската династија.

По неговиот пораз во битката кај Аларкос, тој ја предводел христијанската коалиција предводена од Кралство Кастиља, Кралство Арагон, Кралство Португалија и Кралство Навара во големата победа над муслиманите во битката кај Лас Навас де Толуз во 1212 година, настан кој го означил почетокот на протерувањето на муслиманите од Пиринејскиот Полуостров.

Астана (велосипедска екипа)

Оваа статија е за велосипедската екипа. За главниот град на Казахстан порано наречен Астана, видете Нур-Султан. За други значења видете Астана (појаснување).Астана Про Тим (кратенка според UCI: AST) — професионална друмска велосипедска екипа спонзорирана од Самрук-Казина, група на државни претпријатија од Казахстан и именувана по нејзиниот главен град Астана, денес наречен Нур-Султан. Астана станала UCI World Tour екипа при самото основање на екипата во 2007 година. По големиот допинг скандал во кој бил вклучен казахстанскиот возач Александар Винокуров било променето раководството на екипата за сезоната 2008. Тогаш екипата била предводена од Јохан Брујнел, поранешен менаџер на екипата УС Постал/Дискавери Ченл. Иако Астана под водството на Брујнел била многу успешна, во составот биле вклучени победникот на Гранд Тур Алберто Контадор, како и Андреас Кледен, екипата се соочила со финансиски колапс во мај 2009 година. Битката за контрола на екипата поврзана со враќањето на Винокуров за Вуелта а Еспања 2009 предизвикала Брујнел и најмалку четиринаесет возачи да заминат кон крајот на сезоната 2009, најмногу кон Тим РадиоШек. Само четири шпански возачи, вклучувајќи го Контадор и најголем дел Казахстанци останале во екипата за 2010 година. Сите четворица Шпанци ја напуштиле екипата во 2011 година и се приклучиле на Саксо Банк-СанГард.

Гарбиње Мугуруса

Гарбиње Мугуруса Бланко (шпански: Garbiñe Muguruza Blanco, р. Каракас, 8 октомври 1993) — венецуелско-шпанска професионална тенисерка која ја претставува Шпанија на тениските натпревари. На 23 мај 2016 година, според ВТА, рангирана е на 4 место во поединечна и 29 место во парови.

Мугуруса е победничка на Ролан Гарос 2016 во поединечна конкуренција. Освоила еден ВТА туринир, а била и финалистка на Вимблдон 2015.

Курасао

Курасао (холандски: Curaçao, папименто: Kòrsou) е остров во јужниот дел на Карипското Море, во близина на венецуелскиот брег. Островот Курасао, заедно со малиот ненаселен остров Мал Курасао, ја сочинуваат Земјата Курасао која е уставна држава во рамките на Кралството Холандија. Главен град на Курасао е Вилемстад.

Курасао е најголем и најнаселен остров од трите острови на поранешните Холандски Антили, често наречени острови ABC. Вкупната површина на Курасао изнесува 444 километри квадратни, каде живеат околу 141.766 жители. До распадот на Холандските Антили, островот бил познат под името Островска Територија Курасао.

Луис Леон Санчес

Луис Леон Санчес Гил (шпански: Luis León Sánchez Gil; р. 24 ноември 1983 во Мула) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана. Поголеми достигнувања на Санчес се победите на етапните трки Париз-Ница 2009 и Тур Даун Андер 2005, како и еднодневната трка Класика де Сан Себастијан во 2010 и 2012. Исто така има 4 етапни победи на Тур де Франс и е четирикратен шпански хронометарски првак. Тој е специјалист за хронометри и во последниве години ги подобрил неговите вештини за искачување.

Онтарио

Онтарио (Англиски/француски: Ontario) е покраина во Канада и економски најразвиена и најнаселена од покраините во земјата.

Површина: 891.190 km²Жители: 11.420.000Главен град: Торонто (англиски/француски: Toronto)

Папа Александар VI

Папа Александар VI (лат. Alexander PP. VI)(1 јануари 1431 - 18 август 1503) бил римски папа од 11 август 1492 до 18 август 1503. Тој е најконтроверзниот секуларен папа во периодот на ренесансата. Бил внук на првиот шпански папа Алфонсо ди Борџија.

Папа Каликст III

Папа Каликст III (лат. Callistus PP. III)(31 декември 1378 - 6 август 1458) бил римски папа од 8 април 1455 до 6 август 1458. Кога неаполскиот крал Алфонс I го признал Мартин V за папа, тој станал епископ на Валенсија. Извршил ревизија на судењето на Јованка Орлеанка. На повторното судење, првата одлука била поништена и Јованка Орлеанка била прогласена за невина. Кога станал папа, со сите сили го подржал регентот на Унгарија Јаноша Хуњади, организирајќи крстоносен поход против Османлиите. Во 1456, ги поразил Османлиите кај Белград. По смртта на Алфонсо V Арагонски, одбил на престолот да го постави својот незаконски син.

Педро Беругете

Педро Беругете (шпан. Pedro Berruguete, ~ 1450 – 1504) бил шпански сликар, чија уметност се смета дека припаѓа на преодниот стил помеѓу готскиот и ренесансниот. Беругете е роден во Паредес де Нава, Шпанија. Како млад човек, во 1480 отишол во Италија и работел на дворот на Федериго да Монтефелтро во Урбино. Се вратил во Шпанија во 1482 и сликал низ неколку градови како Севиља, Толедо и Авила. Син му Алонсо Беругете станал најважниот вајар во ренесансна Шпанија.

Пиринејски Полуостров

Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпан. и пор. Península Ibérica) е сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.

Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат ни него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.

Планински пласман на Вуелта а Еспања

Планински пласман на Вуелта а Еспања — второстепен пласман на велосипедската трка Вуелта а Еспања. На овој пласман, бодови се доделуваат на велосипедистите кои први ќе поминат преку планинските врвови. Пласманот бил основан во 1935 година, кога бил освоен од Италијанецот Едоардо Молинар и до 2005 година, предводникот во планинскиот пласман ја носел зелената маичка. Во 2006 година, станала портокалова, а во 2010 година станала бела со сини точки.

Шпанецот Хосе Луис Лагија го освоил овој пласман рекордни пет пати, вклучувајќи три последователни победи. Други велосипедисти кои го освоиле овој пласман три последователни пати се Антонио Суарез, Антонио Кармани, Хулио Хименез, Хосе Марија Хименез, сите Шпанци. Севкупно, Шпанците го имаат освоено овој пласман 47 од 68 пати.

Во 2010 година, Давид Монкутје размислувал за повлекување, но останал и настапил на трката, освојувајќи го неговиот трет последователен планински пласман. Во 2011 година, станал првиот возач кој го освојувал овој пласман четири последователни години.

Религија во Шпанија

Римокатоличкото христијанство е најголема религија во Шпанија. Според една студија од јули 2009 година спроведена од страна на шпанскиот Центар за социолошки истражувања, околу 76% од Шпанците се приврзаници на католизмот, 2% на друга вера, и околу 20% не се идентификуваат со религијата. Повеќето Шпанци не учествуваат редовно во религиозни литургии. Оваа студија покажува дека Шпанците не се сепак религиозна нација, бидејќи 58% од вкупниот број на население многу ретко или никогаш не одат во црквата, 17% одат во црква неколку пати годишно, 9% барем еднаш во еден месец и 15% секоја недела или повеќе пати неделно Големо мнозинство од младите Шпанци, вклучувајќи ги и оние кои себеси се идентификуваат како католици, ја игнорираат црквата и нејзините совети за прашања како што се на пример поврзани со предбрачен секс, сексуална ориентација или контрацепција. Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005

59% од шпанските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".

21% одговориле дека "веруваат во некоја друга надприродна сила".

18% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".

Сулејман Величествениот

Сулејман I (османски турски: سلطان سليمان اول‎, Sultān Suleimān-i evvel или قانونى سلطان سليمان‎‎, Kānūnī Sultān Suleimān, турски: I. Süleyman (Turkish pronunciation: [sylejˈmɑn]) — десетиот султан на Отоманската империја со која управувал во периодот од 1520 до 1566 г. и со тоа најдолго се задржал на престолот од сите султани. Во европската традиција е познат како Сулејман Величествениот а во источната како Законодавецот (турски: Kanuni; арапски: القانونى‎, al‐Qānūnī) главно поради воведување на реформи во законодавниот систем на земјата. Освен законодавни, тој спровел и административни, воени, судски, даночни и образовни реформи. Во текот на неговото владеење империјата се протегала од Будимпешта на Дунав до Асуан и реката Нил, заедно со реките Еуфрат и Тигар до Грузија и Гибралтар.

Сулејман бил истакнат поет а исто така и голем заштитник на културата, литературата и архитектонскиот развој. Тој зборувал пет јазици: отомански, арапски, чагатаи, персиски и српски јазик.

Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците на изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Рокселана - Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.

Трка околу Баскија 2018

Трка околу Баскија 2018 — 58. издание на велосипедската етапна Трка околу Баскија, која се одржала помеѓу 2 и 7 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.Трката била освоена од словенечки возач прв пат, откако Примож Роглич (Лото НЛ-Џамбо) бил најпостојан возач на трката. Покрај победата на поединечниот хронометар, Роглич завршил втор на три други етапи, зацементирајќи ја зелената маичка за бодовниот пласман, заедно со чапела и жолтата маичка за генералниот пласман; Роглич ја освоил трката со над една минута пред најблискиот соперник, возачот на Мовистар Тим, Микел Ланда. Ланда и третопласираниот Јон Изагире (Бахреин-Мерида), се поместиле на подиумот на претпоследната етапа на трката, откако биле дел од шестчлено бегство.

Другите пласмани на трката биле освоени од Шпанци, Карлос Верона (планинскиот, за Мичелтон-Скот), и Енрик Мас (млад возач, за Квик-Степ Флорс по победата на завршната етапа од бегство), додека Мовистар Тим го освоил екипниот пласман, бидејќи Наиро Кинтана исто така завршил помеѓу најдобрите пет.

Хиспано

Хиспано е термин кој значи „шпанско потекло“. Како што жител на некогашната римска Хиспанија се нарекувал Хиспано, така и еден Шпанец денес би бил Хиспано.

Се употребува на ист начин и како префиксите англо-, франко-, австро- и други, што означува дека е некој со потекло од таа земја.

Чиле

Чиле (офиц. Република Чиле, шпански: República de Chile) — држава која го опфаќа централниот и јужнозападниот брег на Јужна Америка. Главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Oкeaн на запад, сo Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.

Шпанија

Кралство Шпанија или само Шпанија (шпански и галициски: Reino de España или España; каталонски: Regne d'Espanya; баскиски: Espainiako Erresuma) — земја во југозападна Европа. Го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелиља на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземноморската страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велес и Алхукемас, и малиот остров Перехил.

Главен град на Шпанија е Мадрид. Површина на земјата е 505 992 км² а број на население според проценките во 2011 година изнесува 47 190 493 жители.

Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт ја има владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.