Чиле

Чиле (офиц. Република Чиле, шпански: República de Chile) — држава која го опфаќа централниот и јужнозападниот брег на Јужна Америка. Главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Oкeaн на запад, сo Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.

Република Чиле
República de Chile  (шпански)
Знаме на Чиле Грб на Чиле
Знаме Грб
ГеслоPor la razón o la fuerza
"Со право или моќ" (шпански)[1]
ХимнаHimno Nacional de Chile (шпански)

Местоположба на Чиле
Главен град
(и најголем)
Сантјаго
33°26′S 70°40′W / 33.433° ЈГШ; 70.667° ЗГД
Службен јазик шпански
Народности  52,7% белци, 44,1% мешани, 3,2% староседелци.[2]
Демоним Чилеанец
Уредување Репрезантативна демократија
 •  Претседател Мишел Бачелет
Независност од Шпанија 
 •  Првта владина хунта 18 септември 1810 
 •  Објавена 12 февруари 1818 
 •  Призната 25 април 1844 
 •  Моментален устав 11 септември 1980 
Површина
 •  Вкупна 756.950 км2 (38-ма)
 •  Вода (%) 1.07²
Население
 •  проценка за јуни 2009 г. 16,928,873 (60-та)
 •  Попис 2002 15,116,435 
 •  Густина 22 жит/км2 (194-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $243.044 милијарди[3] 
 •  По жител $14,510[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $169.573 милијарди[3] 
 •  По жител $10,124[3] 
Џиниев коеф. (2006)54
висок
ИЧР (2013) 0.822[4]
многу висок · 41ва
Валута Пезо (CLP)
Часовен појас н/п (UTC-4)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC-3)
НДД .cl
Повик. бр. 56

Историја

Рана историја

Територијата на денешната држава Чиле била населувана уште пред 10.000 години. Ова се должи главно поради своите плодородни долини кои се наоѓаат по бреговите на земјата.

Шпанската колонизација

Во текот на 16 век, португалецот Фернандо Магелан го открил т.н. Мегеланов проток. Во 1531 година Шпанија завладеала со Империјата на Инките во денешно Перу. Еден од конквистадорите за овој регион бил Диего де Алмагро, но тој не оставил скоро никакви остатоци од тоа време. Шпанското присуство започнало да се чувствива во времето на Педро де Валдивија (15401541). Тој успеал да основа поголем број на градови и села на јужниот дел од крајбрежјето. На 12 февруари 1541 година ја основал денешната престолнина Сантјаго де Чиле. И покрај тоа што Шпанците не откриле злато во регионот, сепак поради својата стратегиска положба земјата станала дел од Вицекралство Перу.

Независност

Така територијата на Чиле до 1810-тите била под контрола на Шпанија за да во 1818 година добие независнот. Карактеристично за Чиле е тоа што станала една од поразвиените земји во регионот со развиена морска флота и силна армија. Оваа надмоќ и дозволило на земјата да стапи во конфликт со Перу и Боливија во 1879-1883 година, да окупира Лима и да и ги одзеде крајбрежните области на Боливија. Во 1925 година бил изгласен нов устав според кој претседателот станал највлијателен во републиката.

Augusto Pinochet 1986
Аугусто Пиноче владеел со Чиле помеѓу 1973 и 1990 година.

Во 1970 година на чело на земјатазастанал Салвадор Аљенде, за да по само три години со воен удар на власт дошол генералот Аугусто Пиноче. По неговата смрт во 1990 година бил спроведен референдум по кој бил ставен крај на милитаристичкото управување на земјата.

Административна поделба

Економија

Чиле е една од најстабилните и најпросперитетните држави во Јужна Америка. Чиле е водечка латиноамериканска држава по индексот на хуманиот развој, конкурентноста, доход по жител, глобализацијата, економските слободи и малата застапеност на корупција. Во 2006 година Чиле станал држава со најголем номинален доход по жител во Латинска Америка, а во мај 2010 година станал член на Организацијата за економска соработка и развој.

Надворешна трговија

Најзначаен извозен производ на Чиле е бакарот и тој изнесува околу половина од вкупниот извоз. Покрај бакар, Чиле извезува и дрво и дрвени производи, свежа вода, морска риба и вино. Во 2001 година Чиле извезол добра и услуги во вредност од 81,71 милијарди долари, а увозот изнесувал околу 70,92 милијарди долари, па така бил остварен трговински суфицит од 10,79 милијарди долари. Најзначајни надворешни партнери за трговија на Чиле се Кина каде што во 2001 година се пласирани 22,8% од вкупниот извоз, потоа САД и Јапонија каде се пласирани по 11,1% од извозот, па Бразил и Јужна Кореја со по 5,5% и Холандија со 4,7% од извозот.

Население, јазик и религија

Bachelet y campeones de polo
Чилеанска екипа

Чиле е мешавина од различни етнички групи, главно потомци на европските доселеници.[5] [6] [7][8] Тие сочинуваат околу 52,7% и 90% од населението.[2] [9] Бранови емигранти од европските земји пристигнувале во Чиле во доцниот 19-ти век и почетокот на 20 век: Германци, Французи, Британци, Полјаци, Италијанци, Шпанци, Руси, Хрвати, Срби и други, како и помал број на имигранти од Блискиот Исток.

Што се однесува до религијата, Католиците сe 70%, додека протестантите се 15,1% од вкупното население.

Култура во Чиле

Пабло Неруда и Габриела Мистрал, добитници на Нобеловата награда за литература (1971 и 1945)

Pablo Neruda
Gabriela Mistral-01

Галерија

PuertoVaras

Јужниот дел на Чиле

Renaca4

Чиле главното пристаниште

Valdivia

Чиле

Puerto Octay

Порт Октај во јужниот дел на Чиле

Mapa administrativo de Chile

карта на Чиле

Наводи

  1. „Banknotes and Coins“. Chilean Central Bank. конс. 2007-11-11.
  2. 2,0 2,1 „Composición Étnica de las Tres Áreas Culturales del Continente Americano al Comienzo del Siglo XXI“ (PDF).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Chile“. International Monetary Fund. конс. 2009-04-22.
  4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014.
  5. SOCIAL IDENTITY Marta Fierro Social Psychologist
  6. Massive immigration of European: Argentina, Uruguay, Chile, Brazil
  7. Latinoamerica
  8. Атлас нација ISBN 86-7712-046-7
  9. „Argentina, como Chile y Uruguay, su población está formada casi exclusivamente por una población blanca e blanca mestiza procedente del sur de Europa, más del 90% E. García Zarza, 1992, 19.“ (PDF).
.cl

.cl — највисок државен домен за Чиле. Со доменот управува Универзитетот на Чиле.

2010

2010 била десеттата година од третиот милениум и 21 век и прва од 2010-тите.

Обединетите нации, оваа година ја прогласија за Меѓународна година на биодиверзитетот. Годината, исто така е прогласена и за Меѓународна година на младоста.

Американски староседелци

Американските староседелци („Индијанци“) — општ назив за народите кои се домородни на просторите од арктичка Канада и Алјаска до Огнената земја во Чиле и Аргентина, односно копното Америка, кои меѓусебно се разликуваат по јазикот, културата и физичкиот изглед. Кристофер Колумбо мислел дека стигнал во Индија и затоа луѓето со кои доаѓал во допир ги нарекувал Индијанци (шп. indios).

Повеќето се ловечко-збирни заедници. Во нивните најразвиени народи кои успеале да подигнат високоразвиени цивилизации спаѓаат народите Олмеци, Толтеци, Маите и Ацтеките од Мексико и Инките од Перу. Денес многу живеат во резервати, особено во Канада, САД и Бразил.

Анди

Андите се најдолгиот континентален планински венец во светот. Тие составуваат долг планински венец покрај западниот брег на Јужна Америка. Должината на планинскиот венец изнесува околу 7.000 километри и широк е од 200 до 700 километри. Просечната висина на планинскиот венец е околу 4.000 метри надморска височина. Највисок врв на Андите е Аконкагва со 6.962 метри надморска височина.

Самиот планински венец е поделен на неколку помали планински венци, па така често се одделуваат два големи наречени Западна Кордилера и Источна Кордилера кои се одделени од депресија. Андите се протегаат низ седум јужноамерикански држави: Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела кои се познати и како Андски држави.

Аргентина

Аргентина, офиц. Аргентинска Република (шпански: República Argentina) — држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).

Атакама

Атакама (шпански: Atacama) — пустина во Јужна Америка која се простира околу 1 000 км покрај брегот на Тихиот Океан во северните делови на Чиле. Спаѓа во таканаречените приморски пустини, кои се формираат во тропските предели на западните брегови на континентите. Делумно е песоклива, а делумно каменита пустина. Годишните количества врнежи се под 50 мм. Температурите не се многу високи и се движат околу 20°С во јануари. Растителниот и животинскиот свет се сиромашни. На брегот на морето се јавуваат големи колонии на птици.

Боливија

За останати значења на зборот „Боливија“, видете ја страницата за појаснување.Боливија (шпански: Bolivia, кечуански: Buliwya, ајмарски: Wuliwya, гварански: Volívia), или официјално Повеќенационална Држава Боливија (Estado Plurinacional de Bolivia) — независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад. Главен град на државата според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Пас. Државата има 37 службени јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

Пред европската колонизација на Америка, андскиот регион на Боливија бил дел од познатата Империја на Инките — најголема држава во претколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во 16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувала Горно Перу и била дел од Вицекралството Перу. По објавувањето на независноста во 1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на 6 август 1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.

Боливија е демократска претседателска република, каде моментален претседател е Ево Моралес. Административно, државата е поделена на девет департмани. Релјефот на државата е разновиден, па така во западните предели се наоѓаат високите Анди, а во источниот дел на земјата се наоѓаат низините на Амазонија и Гран Чако. Државата е означена како „држава во развој“, со среден Индекс на човеков развој и ниво на сиромаштија од 53%. Главни стопански гранки во државата се земјоделството, шумарството, риболовството, рударството и производството на текстил, облека, обработени материјали и рафинирана нафта. Држава е богата со природни ресурси, особено со калај и литиум.

Велигденски Остров

Велигденскиот Остров (рапанујски: Rapa Nui, шпански: Isla de Pascua) е Полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан на најјугоисточната точка на Полинезискиот Триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи (МФА: /ˈmoʊ.аɪ/), створени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.

Вилјануева де ла Серена

Вилјануева де ла Серена — град во покраината Бадахос, Екстремадура, Шпанија. Градот има население од 26.111 (2010)и е дел од поголемата градска средина со соседниот град Дон Бенито.

Основан е во XIII век под името Алдеануева де Меделјин, и градот бил важен центар за овчарите во средниот век. Овде е роден Педро де Валдивија кој го освоил Чиле за кралското семејство.

Еквадор

Еквадор официјално Република Еквадор (шпански: República del Ecuador)е демократска република во Јужна Америка. Еквадор се граничи со Колумбија на север, Перу на исток и југ и со Тихиот Океан на запад. Таа е една од двете држави во Јужна Америка што не се граничи со Бразил, другата е Чиле. Во рамките на Еквадор се вклучени и Галапагоските Острови, околу 965 км западно од територијата на Еквадор. Државата лежи на екваторот, од каде и е добиено името. Еквадор има површина од 256.371 км2 со главен град Кито, а најголем град Гвајакил.

Перу

Перу (шпански: Perú, кечуански: Piruw, ајмарски: Piruw), официјално Република Перу ( República del Perú, Piruw Suyu, Piruw Republika) е независна држава која се наоѓа во во западниот дел на Јужна Америка. Перу се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ и на запад излегува на Тихи Океан.

Територијата на Перу била татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во чиј склоп влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди.

Перу е демократска република поделена на 25 региони. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини.

Населението на Перу брои 28 милиони луѓе и е мултиетничко општество, со значаен број на староседелско население, европски доселеници, африканско население и азијци. Доминантниот јазик во државата е шпанскиот јазик, иако има голема застапеност на кечуански, ајмарски и останати староседелски јазици.

Сантјаго

Сантјаго, офиц. Сантјаго де Чиле (шпански: Santiago de Chile) — главен град на Чиле и центар на најголемата контрибуција на државата — Големо Сантјаго. Сместено е во средината на државата, на надморска височина од 520 м. Иако е административен центар, законодавната власт се наоѓа во градот Валпараисо.

Апроксимирано од две декади непреќинлив економски развој градот е престорен во еден од најмодерните центри на Јужна Америка со екстензивиран приградски развој, градот има многу шопинг центри, и импресивна вискоградбена архитектура. Градот ја има една од најмодерните Неалатина транспортна архитектура. Сантјаго е седиште на важни компании како управа на нивните регионални експозитури.

Светско првенство во фудбал 1998

Светското првенство во фудбал 1998 година кое се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година, било 16. првенство по ред. Франција била избрана за домаќин на првенството на 2 јули 1992 година, победувајќи го Мароко кој добил само 7 гласови наспроти 12 за Франција. Турнирот му припаднал на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето ја победила селекцијата на Бразил со резултат 3-0. Тоа воедно била и прва титула на светските првенства за Франција со што тие станале седма земја која триумфирала на светско првенство во фудбал и шеста нација на која тоа и успеало на домашен терен (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).

Ова било првото светско првенство на кое учествувале 32 репрезентации. Официјалната фудбалска топка со која се играло на првенството била наречена Адидас триколоре.

Светско првенство во фудбал 2010

Светското Првенство во Фудбал 2010 беше 19. издание на светското првенство на ФИФА во фудбал. Турнирот се одржа од 11 јуни до 11 јули во Јужна Африка, која го доби правото да биде домаќин на настанот во 2004. Светското првенство ќе биде кулминација на квалификациониот процес кој започна во август 2007, и броеше 204 репрезентации, од кои само 32 се квалификуваа.

Ова беше првото светско првенство во фудбал одржано во Африка, откако Јужноафриканската Република ги победи Мароко и Египет во африкански избор на домаќин. Светски првак стана репрезентацијата на Шпанија, која ја освои првата титула, а воедно и стана првата европска репрезентација, која ја освоила титулата на првенство одржано надвор од Европа.

Светско првенство во фудбал 2014

Светско првенство во фудбал 2014 (португалски: Copa do Mundo da FIFA 2014) — 20. светско фудбалско првенство кое се одржало во Бразил. Првенството започнало на 12 јуни, а финалето се одиграло на 13 јули 2014 година.

Бразил по втор пат бил домаќин на светско првенство, по Светското првенство во 1950. Бразил покрај Мексико, Италија, Франција и Германија, е петта држава која на двапати била домаќин на светското првенство.

Хрвати

Хрватите се јужнословенски народ кој претежно е населен во западниот дел на Балканскиот полуостров. Нивната бројност се движи околу 5 милиони луѓе. Најголемиот дел се населени во Хрватска, а големи хрватски заедници има и во Босна и Херцеговина (Херцеговина), Србија (Војводина), Словенија, Австрија Градиште (Бургенланд), САД, Германија, Австралија, а помала бројка на Хрвати има и во Македонија.

Хрватите зборуваат на хрватски јазик, кој е доста близок и сличен со српскиот јазик.

Чиле на Олимписките игри

Чиле првпат настапиле на Олимписките игри во 1896 година и оттогаш не учествувале на пет Летни олимписки игри.

На Зимските олимписки игри Чиле за прв пат учествувал во 1948 година.

Спортистите на земјата на Олимписките игри досега имаат освоено 13 медали, од кои 2 златни.

Националниот олимписки комитет на Чиле бил основан во 1934 година и бил признаен во 1934 година.

Чилеанско Море

Чилеанското Море е дел од Тихиот Океан, што лежи западно од копното на Чиле. Официјалната чилеанска употреба за Чилеанското Море била дефинирана на 30 мај 1974 година кога Дијарио официал де ла Република де Чиле го објавил Врховниот декрет # 346, во кој било дефинирано дека "водите што се опкружуваат или ги допираат бреговите на националната територија ќе бидат познати како Мар Чилено.

Држави и територии во Америка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.