Тунис

Тунис е држава во северозападна Африка. Главен град е Тунис.

Република Тунис
الجمهوريةالتونسية
al-Jumhūriyya at-Tūnisiyya
République de Tunisie
Знаме на Тунис Coat of Arms на Тунис
Знаме Coat of Arms
Геслоحرية، نظام، عدالة (Hurriya, Nidham, 'Adala)
"Слобода, Ред, Правда"[1]
ХимнаHumat Al Hima
Местоположба на Тунис
Главен градТунис
36°50′N 10°9′E / 36.833° СГШ; 10.150° ИГД
Најголем град Тунис
Службен јазик арапски[2] (де јуре)
француски (де факто)
Демоним тунижанец
Уредување Република[2]
 •  Претседател Мохамед ен-Насер (в.д.)
 •  Премиер Јусеф Шахед
Независност
 •  од Франција 20 март 1956 
Површина
 •  Вкупна 163.610 км2 (92-ра)
 •  Вода (%) 5.0
Население
 •  проценка за 1 јули 2008 г. 10,327,800[3] (79-та)
 •  Попис 2004 9,910,872[3] 
 •  Густина 63 жит/км2 (133- та (2005))
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $82.226 милијарди[4] 
 •  По жител $7,962[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $40.348 милијарди[4] 
 •  По жител $3,907[4] 
Џиниев коеф. (2010)36.1[5]
среден
ИЧР (2013)0.721[6]
висок · 90та
Валута Туниски динар (TND)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+1)
Се вози на десно
НДД .tn
Повик. бр. 216

Етимологија

Зборот Тунис е изведен од градот Тунис, кој е престолнина на земјата. Сегашната форма на името, со латинските суфиксот-ia, произлегува од француското именување на земјата Tunisie. Ова име било додадено од страна на француските географи и историчари, како дел од нивните напори да се даде француско име на окупираните територии и протекторати. Француското име било усвоено и воведено во употреба од страна на некои европски земји, со мали модификации. Шпанскиот назив на земјата (Túnez) нема голема употреба. Сепак, во некои случаи, ова се употребува за разграничување на самиот назив на земјата од нејзиниот главен град. За потеклото на името Тунис постојат повеќе мислења. Според едно, тоа се поврзува со феникиската божица Тунит, античкиот град Тунес.

Историја

Според археолошките истражувања, територијата на денешен Тунис била населена уште од најрани времиња. На 20 километри од денешниот град Гафса била пронајдена најстарата религиозна градба на светот, стара повеќе од 40.000 години која се состои од повеќе предмети посветени на духовите и силите на природата. Во неолитскиот период на овие простори опстојувала иберско-мавританската цивилизација и капсијанската култура. Во тој период, Сахара имала далеку поплодородна и поволна клима за човечкиот развој за разлика од денес. Во тоа време Тунис бил населен од берберски племиња.

Антика

Dougga Thugga-130240
Остатоците од античкиот град Доуга.

На територијата на Тунис од страна на фенекиските населеници се развила голема трговска мрежа, главно по Средоземното море и Гибралатарскиот теснец. Една од најважните бази кои биле формирани е Картагина, основана во 814 п.н.е. Според легендата, градот бил основан од страна на кралицата Елиса, сестра на Пигмалион.

Во периодот од 6 век п.н.е. и 5 век п.н.е., Картагина започнала да се одвојува од старогрчката култура, создавајќи своја сопствена цивилизација на територијата на Северна Африка и делови од Средоземно Море. Картагина се проширила и кон север и југ каде трговијата и била основната дејност. Во почетокот на 3 век п.н.е. Картагина станала голема поморска и трговска сила која целосно ја контролирала трговијата и пловидбата во водите на Средоземното Море. Таа поседувала и територии надвор од Африка: јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров, западна Сицилија, Корзика, Сардинија и Малта.

Пунските војни, владеењето на Рим и среден век

По уништувањето на старогрчката култура од страна на Римската република, единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Медитеранот им останал Картагина. Поради ова, во 264 п.н.е. започнале т.н. Пунски војни. Првата пунска војна се водела главно во Сицилија. Војната траела до 241 п.н.е. По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. Втората пунска војна водена помеѓу 218 п.н.е. и 201 п.н.е.[7] во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач Ханибал во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на Скипион Африканецот. По Третата пунска војна, Рим целосно ја уништил Картагина во 146 п.н.е. Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во Шпанија и Грција, како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во 44 п.н.е. Јулиј Цезар одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на Октавијан Август, неколку децении покасно. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.

христијанството се појавило во Тунис и Магреб во текот на 2 век. Кога новата религија станала официјална за цела империја, голем број на луѓе кои не сакале да го прифатат христијанството биле или прогонувани или им биле одзимани имотите. На територијата на Африка, христијанството се проширило многу побргу за разлика од Европа. Како главна причина се гледа во улогата на црквата во втората половина на 3 век. Африканската црква се развивала многу брзо, па така Картагина станала во 4 век еден од поголемите духовни центри во регионот. Во текот на 429 година, вандалскиот крал Гејсерик со својата војска го преминал Гибралтарскиот теснец. По десетина години влегол во Картагина и основал кралство кое опстојувало скоро еден век. Вандалите владееле со најбогатата римска провинција. Можеби нивниот најголем проблем бил регрутирањето на војници. Во 530 година тие биле поразени од страна на византискиот император Јустинијан I, кој до 533 година успеал да ја зазеде целосно нивната територија. Најголемиот дел од вандалското население било заробено и депортирано. Голем дел од населението било вклучено во византиската војска. Сепак, Византија не успеела да ја зачува оваа територија, главно поради берберските напади.

Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон 647 година. Византија била поразена. Во 661 година бил заземен Бизерта. Во 698 година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целосно територијата на земјата. Во 800 година била основана династија Аглабида која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал Керуан. Била основана голема морска флота. Во почетокот на 10 век била основана династијата на Фатимидите. Во 921 година бил основан градот Махдиа и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во 948 година била заземена Сицилија. Во 972 година тие својата престолнина ја преместиле во Египет. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на 11 век, кога еден владетел добил од абасидскиот калиф статус на заповедник на целиот Магреб.

Османлиско владеење, француска ера, Втора Светска војна и независност

President Habib and his Romanian guests paying tribute to Tunisian national flag
Првиот претседател на Тунис, Хабиб Бургиба оддава почит на националното знаме на Тунис.

Во текот на 16 век Тунис паднал во рацете на Османлиската империја. Во следниот век Тунис станал вазалство на империјата, со огромна независност и автономија. Во 1869 година Тунис прогласил банкрот, па така настапиле европските освојувачи Франција, Италија и Велика Британија кои ја зазеле целосно економијата на земјата. Во 1881 година француската војска влегла во Тунис и за три недели ја зазел целата територија на земјата. Тунис станала фрнацуски протекторат. Во овие години во земјата биле извршени големи економски промени. Во Тунис биле изградени железнички станици, патна инфраструктура. Наспроти тоа ресурсните богатства на земјата целосно биле експлоатирани од Франција. По ова следувало создавање на првите националистички движења чија цел била добивање на независност на земјата.

Својата независност Тунис ја извојува на 20 март 1956 година. Прв претседател станува Хабиб Бургиба. Во ноември 1987 година докторите го прогласуваат Бургиба за неспособен да владее, по што, преку мирен пуч, премиерот Зин Ел Абидин Бен Али станува претседател. Тој владее со Тунис 23 години, до јануари 2011 година, кога ја напушта земјата, под притисок на јавното незадоволство од неговото владеење.

Географија

Тунис опфаќа територија од 163.610 km², што го прави најмалата држава во Магреб. На исток земјата се граничи со Либија, на запад со Алжир, на север и северозапад со Средоземно Море. Релефот на Тунис е доста различен од вообичаениот во регионот. Земјата има релативно голема крајбрежна линија (1.298 km). Третина од површината на север е зафатена од Атласките планини. Највисок врв е Џебел Шамби (1.544 m), а просечната надморска височина е околу 700 m. Пустината Сахара, која се наоѓа во јужниот дел на земјата, опфаќа околу 40% од територијата на Тунис.

Најголема река е Меџерда, која се влева во Тунискиот залив. Најважните природни ресурси се нафта, фосфати, железна руда, олово, цинк, сол и обработливо земјиште.

Клима

Климата во Тунис е под големо влијание од Средоземно Море и од пустината Сахара на југ. Ова означува да во северниот дел од земјата климата е суптропска медитеранска, а во јужниот пустинска. Карактеристилно за медитеранската клима е влажната зима и исклучителното топло лето.

Годишниот број на врнежите варира во текот на целата година, во зависност од регионот, и тоа:

  • околу 1.000 mm на север
  • околу 380 mm во централниот дел
  • околу 300 mm на југ

Летото во земјата се карактеризира со високи температури на југ, кои варираат во зависност од местото, надморската висина и близината со морето. Средните температури за целата земја се движат од 12° С во декември до 30° C во јули. Земјата се карактеризира со голем број сончеви денови (околу 3000 часа годишно). Во Тунис се можни големи температурни амплитуди, при кое во планинските подрачја во зимскиот период паѓа до 0° С, а до 50° С во текот на летото во пустинските краишта. Тунис има голем излез на Средоземното Море — брегот му е долг од 1.250 километри.

Средни температури
температура јануари февуари март април мај јуни јули август септември октомври ноември декември
минимална 8° C 8° C 9° C 11° C 14° C 18° C 21° C 22° C 20° C 17° C 12° C 9° C
максимална 16° C 17° C 19° C 21° C 26° C 30° C 34° C 34° C 30° C 26° C 21° C 17° C

Политички систем

Претседателот на Тунис се бира на секои пет години, на претседателски избори. Претседателот може да биде избиран неограничено, но под услов да има помалку од 75 години. Зин Ел-Абидин Бен Али на тоа место бил избран во 2004 година. Земјата во поновата историја имала само два претседатели: Бен Али и претходно Хабиб Бургиба (1957 - 1987). Премиери на земјата биле Бахи Ладхам, Хеди Нуир, Мохамед Мзали, Рашид Сфар и Зие Ел-Абидин Бен Али и Бен Али. Законодавната власт се состои од Долен дом, составен од 189 пратеника, и Горен Дом од 112 членови.

Денешниот устав бил прогласен во 1959 година, три години по прогласувањето на независноста на земјата. Сепак на два пати тој претрпел промени, и тоа во 1988 година, кога биле ограничени бројот на претседателските мандати, и во 2002 година кога бил одржан референдум за укинување на ограничувањето на претседателскиот мандат. РЦД е моменталната партија на власт во земјата, која владее веќе 25 години. Сепак, во поголемиот дел од тие години таа била единствената легална партија. Денеска во земјата има шест опозициски партии, кои заземаат 20% од пратеничките места во парламентот.

Надворешна политика

Tunisie President Ben Ali
Зин Ел-Абидин Бен Али

Првиот претседател на земјата, Хабиб Бургиба, во текот на Студената војна, земјата ја ставил на страната на неврзаните, одржувајќи добри односи со Европа и САД. Неговиот наследник, Зин Ел-Абидин Бен Али, исто така ги одржувал добрите односи со западните земји, и активно учествувал во соработката со арапските и африканските земји. Земјата на неколку пати ја помагала Палестина и други арапски и муслимански земји во време на криза, како на пример Либан во 2006 година, по израелската инвазија на земјата, и Индонезија по 2004 година, и настанатото катастрофално цунами. Од 1985 година, Тунис е член на Арапската лига и една од основачите на Африканската лига, со која претседавал од 1994 до 1995 година, и учествувал во основањето на Афричката унија во 2002 година. Земјата исто така се потпира и за развојот на Магрепската унија, во која членуваат уште и Алжир, Мароко, Мавританија и Либија. Развојот на оваа унија е во знак прашање ако се има во предвид недоразбирањата на Мароко и Алжир околу Западна Сахара.

Земјата се наоѓа помеѓу Алжир и Либија, и постојано настојува да одржува добри односи со своите соседи. Со Алжир земјата во 1993 година го решил граничниот спор и започнале изградба на гасовод преку Средоземно Море во Италија. Исто така, неодамна бил потпишан и договор со Алжир за развој на поморските односи помеѓу двете земји, Односите со другиот сосед се малку потешки, за разлика со Алжир. Ова најмногу се должи на одбивањето на земјата за основање на Туниско-либијска унија во 1974 година. Диплоиматските односи повторно биле нарушени кога Либија се обидела во 1976, 1977 како и во 1980 година да го заземат градот Гафса. По започнувањето на конфликтот со САД, односите повторно се затегнале во 1985 година. Тунис ја почитувал одлуката за санкции на Либија, по кое започнале и воздушни напади врз земјата. Во 2003 година кон Либија биле укинати санкциите, а по ова земјата повторно станала голем трговски партнер на Тунис. Сепак, двете земји сеуште имаат нерешени прашања околу поморската граница.

Тунис активно учествувал на Медитеранскиот форум, кој во 2005 година се одржал во неговата престолнина. Таа била првата земја која потпишала трговски договор со ЕУ. Со својот најблизок сосед од Европа, Малта, моментално преговара околу искористувањето на нафтата која се наоѓа помеѓу овие две земји.

Административна поделба

Административна поделба на Тунис

Тунис се дели на 24 вилаети:

1. Аријана
2. Беџа
3. Бен Арус
4. Бизерта
5. Габес
6. Гафса
7. Џендуба
8. Кајруан
9. Касерин
10. Кебили
11. Кеф
12. Махдија
13. Мануба
14. Меденин
15. Монастир
16. Набел
17. Сфакс
18. Сиди Бузид
19. Силијана
20. Сус
21. Татавин
22. Тозер
23. Тунис
24. Загван

Вилаетите са поделени на региони кои се нарекуваат мутамадии, кои пак се делат на општини кои се викаат шајхати[8] и имадати[9]

Најголеми градови

Бр. Град Население Вилает
1
Тунис
983.861[10]
Тунис
2
Сфакс
855.256 [11]
Сфакс
3
Сус
544.413 [12]
Сус
4
Кајруан
546.209 [13]
Кајруан
5
Етадамен [14]
422.246 [15]
Аријана
6
Габес
342.630
Габес
7
Бизерта
114.371
Бизерта
8
Аријана [14]
97.687
Аријана
9
Гафса
84.676
Гафса
10
Ел Муруџ [14]
81.986
Бен Арус

Економија

BCT - Tunis
Централна банка на Тунис

Главни стопански гранки си кои се занимава населението на Тунис се селското стопанство, занаетчиството, туризам. Главен економски центар е престолнината Тунис, каде се наоѓаат најголемиот дел од фабриките. Осве тоа, развиени гранки се и металургијата, кожарството и производството на храна.

За разлика од соседите, територијата на Тунис во поголемиот дел од е обработлива. Најплодни територии се оние покрај крајбрежјето, каде е распространета суптропската клима. Овој регион е погоден за земјоделство, но сепак во летно време често пати високите температури причинуваат големи проблеми. Основни земјоделски култури се производство на јачмен, пченица, овез, како и лимони, портокали, мандарини, потаа маслинки итн.

Демографија

Население

Во текот на својата историја, главно поради својата местоположба, со овие простори владееле најразлични цивилизации, од Фенекијците, Картагените, Старите Римјани, Вандалите, Арапите, Отоманците и Французите. Сите владетели глобално го колонизирале просторот, кое означува дека на неколку пати етнилчкиот состав на Тунис се менувал. Сепак, се смета дека Берберите се најстаро племе или народ кој што живее денес во Тунис.

Исто така, по крајот на Реконквистата и протерувањето на голем број на нехристијанско население од територијата на новосоздадената Шпанија, голем број од нив, главно Маври и Евреи, се населиле на овие простори, во текот на 14 век. Покрај тоа, од крајот на 1800-тите до Втората светска војна, Тунис бил дом на голем број на Французи и Италијанци (255.000 Европјани во 1956)[16].

Мнозинството (98%)[17] од денешното население на земјата се сметаат за Арапи или Бербери, [18] и зборуваат на арапски јазик. Сепак, постои исто така и една мала група (1%) [19] население која живее во југоисточниот дел од земјата и кои се сметаат како директни потомци на старите Бербери, кои зборуваат на берберски јазици.

Една мала европска популација (1%) се состои претежно од Французи и Италијанци, како и еврејска популација. Во 1948 година, еврејската популација броела околу 105.000, но до 2003 година во земјата останале само околу 1.500 Евреи. [20]

Според податоци од 2006 година, населението на Тунис брои 10.327.800 луѓе.

Религија

Религија во Тунис
религија пороцент
Муслимани
  
98 %
Христијани
  
1 %
Останати
  
1 %

Според уставот на Тунис, исламот е прогласена како официјален на територијата на целата земја, и се бара претседателот да биде муслиман. Сепак, во земјата се почитуваат и негуваат и останатите религии, каде според уставот се гарантира слободата на нечија религија.[21]

Мнозинството од населението во Тунис (98%) се муслимани, 1% го следат христијанството, а остатокот (1%) се придржуваат кон јудаизмот или други религии[22]. Меѓутоа, не постојат сигурни податоци за бројот на муслиманите.

Тунис има прилично голема христијанска заедница од околу 25.000 приврзаници, главно католици (20.000) и во помал степен протестанти. Јудаизмот е трета по големина религија со 1.500 членови. Една третина од еврејската популација живее во и околу главниот град. Остатокот живее на островот Џерба, каде што еврејската заедница датира од пред 2.500 години[21].

Јазик

Пишаниот арапски јазик е официјален јазик во земјата, но исто така во голема мера се користи и тунискиот арапски јазик, кој е локален народен јазик. Овој јазик се зборува во Тунис од страна на околу 11.000.000 луѓе. Овој јазик во Тунис се зборува насекаде. Многу е сличен со алжирскиот арапски и либискиот арапски јазик. Но, неговата морфологија, синтакса и речник многу се разликува од стандардниот арапски јазик. Исто така, во земјата се зборуваат и берберски јазици.[23]

Главно поради француската окупација, денеска францускиот исто така игра голема улога во културниот живот на населението, и покрај тоа што нема официјален статус. Тој е широко користен во образовните институции, печатот и бизнисот. Голем број од населението го познава односно го зборува тој јазик. Поради блискоста со Италија, во земјата се зборува и италијанскиот јазик.

Култура

Туниската култура се состои од мешавина на најразлични народи кои живееле низ историјата на овие простори, како пунска, арапска, туркс, афричка, европска и исламска култура. Самите најпознати градби сведочат за мешавината на културата на овие простори.

Музика

Туниската музика е подложена на арапската, андалуската и западната музика. Најпознат туниски жанр е малуф. Класичната арапска музика се свири со традиционалени инструменти, како дарбука и уд, или пак мезуед. Меѓу најпознатите пејачи на Тунис се Шеик Ел Африт, Мохамед Јамуси и Хабиба Мсика, а најпознати музичари се Ануар Брахем или Амина Срарфи. Во земјата е многу популарна и музиката од друѓите арапски земји, пред се од Египет, Либан и Сирија. Во последно време, голема популарност бележи и западната музика.

Спорт

Најпопуларен спорт во Тунис е фудбалот. Националниот фудбалски тим, исто така познат како "Бурмата од Картагина" го освоил во 2004 година Африканскиот куп на нации кој се одржал во Тунис. Земјата учествувала и во Купот на конфедерации во 2005 година во Германија, каде не успеале да ја минат групната фаза од натпреварувањето. Земјата на четири пати учествувала на светските првенства, во 1978, 1998, 2002 и 2006. Ниту еден пат не успеала да ја помине првата рунда.

Надворешни врски

Наводи

  1. (арапски) „Article 4“, Tunisia Constitution, 1957-07-25, конс. 2009-12-23
  2. 2,0 2,1 (арапски) „Article 1“, Tunisia Constitution, 1957-07-25, конс. 2009-12-23 Translation by the University of Bern: Tunisia is a free State, independent and sovereign; its religion is the Islam, its language is Arabic, and its form is the Republic.
  3. 3,0 3,1 „National Statistics Online“. National Statistics Institute of Tunisia. July 2008. конс. 7 јануари 2009. Unknown parameter |dateformat= ignored (помош); (арапски)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Tunisia“. International Monetary Fund. конс. 2009-04-22.
  5. „GINI index“. World Bank. конс. 19 January 2013.
  6. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014.
  7. Chris Scarre, "The Wars with Carthage," The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome (London: Penguin Books, 1995), 24-25.
  8. „Tunisia Governorates“. Statoids.com. конс. 2010-05-02.
  9. Portail de l'industrie Tunisienne, in French
  10. 3.980.500 во поширокото градско подрачје
  11. „Mongabay.com, population of Sfax“. конс. 2009-10-09.
  12. „Mongabay.com, population of Sousse“. конс. 2009-10-09.
  13. „Mongabay.com, population of Kairouan“. конс. 2009-10-09.
  14. 14,0 14,1 14,2 Part of Tunis metropolitan area
  15. „FITA, population of At Tadaman“. конс. 2009-10-09.
  16. "Contours of the world economy, 1-2030 AD: essays in macro-economic history". Angus Maddison (2007). Oxford University Press. стр. 214. ISBN 0-19-922721-7
  17. Tunisia. CIA World Factbook.
  18. Columbia Gazetteer}}
  19. Q&A: The Berbers. BBC News. March 12, 2004.
  20. The Jews of Tunisia. Jewish Virtual Library.
  21. 21,0 21,1 Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. „Report on Tunisia“. International Religious Freedom Report 2008. US State Department. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2008/108494.htm.
  22. CIA - The World Factbook -- Tunisia
  23. Gabsi, Zouhir (2003) 'An outline of the Shilha (Berber) vernacular of Douiret (Southern Tunisia)', UWS.edu.au
.tn

.tn — највисок државен домен за Тунис.

Ѓузелџе Али-паша

Ѓузелџе Али-паша (Али-паша Убавиот, умрел на 9 март 1621 година), познат и како Челеби Али-паша или Истанкојлу Али-паша – отомански државник. Тој бил капудан-паша (адмирал на Отоманската морнарица) околу 1617 година и голем везир на Отоманската Империја од 1619 до 1621 година.

Тој му бил син на Истанкојлу Ахмед-паша, отомански беглербег на Тунис.

Јудеотуниски арапски јазик

Тунизискиот арапски јазик е јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на арапски јазици. Овој јазик се зборува во Тунис од страна на околу 11 000 000 луѓе. Овој јазик во Тунис се зборува насекаде. Многу е сличен со алжирскиот арапски и либискиот арапски јазик. Но, неговата морфологија, синтакса и речник многу се разликува од стандардниот арапски јазик.

Грб на Тунис

Грбот на Тунис прикажува брод, заедно, со лав што држи меч, и вагата на правдата. Во средината се наоѓа трака со државното мото "Слобода, Ред, Правда". Над штитот се наоѓа амблемот на националното знаме на Тунис.

Демографија на Тунис

Според податоци од 2006 година, населението на Тунис 10 327 800 изнесува луѓе.

Знаме на Тунис

Знамето на Тунис е прв пат усвоено во 1831 во времето на бегот Хасан I. По тоа дошло до помали измени. Ова знаме не е користено за време на текот на колонизацијата на Франција. По стекнувањето на независноста, Тунис повторно го усвил ова знаме.

Се состои од црвена основа на која во средината се наоѓа бел круг со црвена ѕвезда и полумесечина. Ова е симбол на поврзаноста со Отоманското Царство од кое Тунис бил дел, но исто така е традиционален симбол на исламот. Исто така се смета дека овој симбол носи среќа.

Источноевропско време

Источноевропското време (EET) е назив за часовниот појас UTC+2, 2 часа пред координираното универзално време. Се користи во извесни земји во Источна Европа. За летно сметање на времето се користи источноевропското летно време (UTC+3).

Картагина

Картагина — древен град и држава во Медитеранот. Градот Картагина се наоѓал во близина на денешниот град Тунис, главен град на државата Тунис. Картагинците веројатно потекнуваат од доселени феникијци кои тука основале населено место, веројатно во 9.век п.н.е. Во својот зенит, државата се протегала долж брегот на Северна Африка, од Либија до денешно Мароко, потоа по јужниот брег на Пиринејскиот Полуостров, и по островите Сардинија, Корзика и Сицилија.

Картагинците биле големи непријатели на Римјаните и воделе серија меѓусебни војни познати како Пунски војни за превласт во Медитеранот во текот на III и II век п.н.е.

Ривалитетот завршил со конечен пораз на Картагина од Рим по тригодишна опсада на градот во 146г.п.н.е. и целосно уништување на Картагина. Градот бил систематски запален и уништен, а целокупното население (околу 50.000) биле одведени во ропство.

Малта

Малта (малтешки: Malta) е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море. Трите најголеми и населени острови се: Малта, Гоцо и Комино, додека помалите како Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Иако Малта геофизички е дел на Северна Африка (лежи на африканската континентална плоча, на југ од Сицилија, источно од Тунис и северно од Либија) ова земја геополитички се наоѓа во Јужна Европа. Малтешкиот е единствениот семитски јазик од афроазиската група на јазици кој се говори во една европска држава. Малта е членка на Комонвелтот, а од 1 мај 2004 г. членува и во Европската Унија. Како таква најмала по површина и број на население во таа организација.

Религија во Тунис

Религијата во Тунис има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Според уставот на Тунис, исламот е прогласен како официјален на територијата на целата земја, и се бара претседателот да биде муслиман. Сепак, во земјата се почитуваат и негуваат и останатите религии, каде според уставот се гарантира слободата на нечија религија.Мнозинството од населението во Тунис (98%) се муслимани, 1% го следат христијанството, а остатокот (1%) се придржуваат кон јудаизмот или други религии. Меѓутоа, не постојат сигурни податоци за бројот на муслиманите. Тунис има прилично голема христијанска заедница од околу 25.000 приврзаници, главно католици (20.000) и во помал степен протестанти. Јудаизмот е трета по големина религија со 1.500 членови. Една третина од еврејската популација живее во и околу главниот град. Остатокот живее на островот Џерба, каде што еврејската заедница датира од пред 2.500 години.

Сахара

Сахара е пустина во северна Африка, која се простира на површина од околу 9.000.000 км2, со што е најголемата сува пустина во светот. Од плоштината на африканскиот континент зазема една третина. Нејзината големина е приближно 50 пати поголема од плоштината на САД. Името Сахара, според арапскиот изговор значи пустина(арап. صحراء арапски изговор), и се смета дека постои најмалку 3.500 години таква каква што е моментално денес.

Сахара е најголемата пустина во светот, и е распространета на териториите на Мавританија, Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Чад, Нигер и Мали.

Најголем град кој е расположен на пустината Сахара е главниот град на Мавританија- Нуакшот.Пустината Сахара е едно од најсувите и најтоплите места во светот. Температурите достигнуваат и до 56 степени на сенка, а средното количество на врнежи е помалку од 7 см дожд, при што во највлажните реони може да падне дожд дури два пати неделно и потоа со години да нема ниту капка.

Многу малку животни успеваат да се справат со климата и да живеат во пустината. Такви се на пример газелата, антилопата, чакалите. Многу мал дел од Сахара зазима плодородни оази- само околу 200 000 кв. Км.

Како транспорт се користат се камилите. Најмногу се одгледуваат урми, пченка и слично.

Настанувањето на Сахара е дел од процес, којшто се предвидува дека започнал пред 8000 години кога почвата во овој регион била сѐ уште плодна. Некои од плодните региони денес се напојуват од понорници и водни базени.

Според проучувањето на сателитски снимки, направени на Сахара, некои доаѓаат до извод дека пустината постојано се зголемува или намалува. Во почетокот на 80 години јужниот крај на Сахара достигнал дури до Сахел. Но во средината на 80-те овој регион веке бил покриен со зеленило. Во последно време, постојано се прават напори за да се застане со ширењето на пустината.

Средноевропско време

Средноевропско време (англиски: Central European Time, CET) — назив за часовниот појас која е 1 час понапред од координираното универзално време. Го користат највеќетто европски и некои северноафрикански земји.

Ова време обично има средноевропско време од UTC+1. За време на летно сметање на времето, наместо ова време се користи средноевропското летно време (СЕЛВ или CEST), со поместеност од UTC+2. Моменталната времеска поместеност е UTC+.

Средноевропско летно време

Средноевропско летно време (англиски: Central European Summer Time, CEST) — назив на временско отстапување при сметање на времето во лето кое ја користи часовниот појас UTC+1, 2 понапред од координираното универзално време. Се користи при летно сметање на времето во највеќето европски земји. Во текот на зимата се користи средноевропското време (UTC+1).

Сè до 1996 г. се сметало т.н. „европско летно време“ од последниот ден недела во март до последниот ден недела во октомври. Дотогаш правилата за сметање на ова време не биле исти во сите земји.

Тиренско Море

Тиренското Море (корзикански: Mari Tirrenu, француски: Mer Tyrrhénienne, италијански: Mar Tirreno, неаполски: Mar Tirreno, сардински: Mare Tirrenu, сицилиски: Mari Tirrenu) водна површина која преставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.

Тунис (град)

Тунис (арапски: تونس, Tūnis) е главен град на истоимената држава Тунис. Има 699,700 жители (во 2003).

Тунис се наоѓа на крајот на големиот Туниски Залив, поврзан со него преку Туниското Езеро и каналот кој води до пристаништето Ла Гулет. Градот се протега долж брегот и околните ридови.

Тунис на Олимписките игри

Тунис прв пат учествувал на Олимписки игри во 1960, и оттогаш испратил свои натпреварувачи на сите изданија од Летните олимписки игри, освен на игрите во 1980 одржани во Москва, на кои се приклучил на бојкотот кој го предводеле САД. Тунис никогаш не учествувал на Зимски олимписки игри.

Туниските спортисти имаат освоено вкупно десет олимписки медали, од кои четири се на славниот атлетичар на долги патеки Мохамед Гамуди, три на пливачот на долги патеки Усама Мелули, како и два во бокс и еден во женска атлетика.

Националниот олимписки комитет на Тунис е основан во 1957 година и истата година бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет.

Туниски арапски јазик

Тунизискиот арапски јазик е јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на арапски јазици. Овој јазик се зборува во Тунис од страна на околу 11 000 000 луѓе. Овој јазик во Тунис се зборува насекаде. Многу е сличен со алжирскиот арапски и либискиот арапски јазик. Но, неговата морфологија, синтакса и речник многу се разликува од стандардниот арапски јазик.

Држави и територии во Африка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.