Трговија

Трговијата се заснова на размена на добра и/или услуги. Размените можат да се одвиваат меѓу две странки (билатерална трговија) или меѓу повеќе од две странки (мултилатерална трговија). Во својата оригинална форма, трговијата подразбирала трампа т.е. размена на добра и услуги со еднаква признаена вредност за двете странки. Денешните трговци генерално преговараат користејќи стандардизиран медиум на размена т.е. пари, и ретко кога се трампаат: како резултат, можно е да се разликува купување и заработување од продавање. Појавата на парите (а подоцна и на кредитот, банкнотите и не-физичките пари) до огромен степен го поедноставува и промовира развојот на трговијата.Трговијата се дели на внатрешна трговија и надворешна трговија.Внатрешната трговија се дели на трговија на големо и трговија на мало. Според територијата, внатрешната територија може да биде државна, регионална, општинска, локална, месна и др. Надворешната трговија претставува увоз или извоз надвор од границите на државата.

Kaufmann-1568
Трговец во Германија, 16ти век

Трговијата како тема во уметноста и во популарната култура

Трговијата и трговците се јавуваат и како тема во уметноста и во популарната култура:

  • „Трговецот“ (Mercator)- комедија на староримскиот писател Плаут.[1]
  • „Вљубениот трговец“ – книга на Гаспар де Агилар од 1616 година.[2]
  • „Трговецот од Венеција“ - драма на Шекспир.[3]
  • „Трговецот од Венеција“ - филм од 2004 година.[4]
  • „Кирајџиче, јабанџиче“ - македонска народна песна.[5]
  • „Кираџивче, меанџивче“ - македонска народна песна.[6]
  • „Кираџи млади јабанџи“ - македонска народна песна.[7]
  • Ришнанин хаџија и трговецот Лимун“ (Ришњанин хаџија и Лимун трговац) - српска ајдучка песна.[8]
  • „Бајка во супермаркетот“ (Fairy-tale in the Supermarket) - песна на британската панк-рок група „Реинкоутс“ (The Raincoats) од 1979 година.[9]

Во книжевноста, трговците вообичаено се прикажани во лошо светло. На пример, во делото „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги нарекува трговците „најлуд и најрасипан сој“ и „лажливци и крадци“, велејќи дека „ја извршуваат највалканата работа, и тоа на најподмолен начин“. Сепак, според него, сите ги сметаат трговците за „најугледни, зашто прстите им се оковани со злато“.[10]

Поврзано

  • Бизнис
  • Компаративна предност
  • Апсолутна предност
  • Трговска политика
  • Увоз
  • Извоз
  • Листа на меѓународни трговски теми
  • Јавна размена
  • Трговска блокада
  • Трговска рута
  • Трговска војна

Наводи

  1. „Белешка за писателот“, во: Т. М. Плаут, Скржавецот (Аулулариа). Скопје: Детска радост, 2013, стр. 136.
  2. „Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 588.
  3. MIT, Shakespeare (посетено на 24.1.2016)
  4. IMBd, The Merchant of Venice (2004) (посетено на 24.1.2016)
  5. Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic featuring Theodosii Spasov, Treta Majka. Avalon, 029, 2004.
  6. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 134.
  7. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 133.
  8. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 97-107.
  9. YouTube, The Raincoats - The Raincoats (full album) (посетено на 31.2017)
  10. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 61.
1203

1203 (MCCIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1203. година од новата ера, 203. од вториот милениум, 3. од 13 век и четвртта од 1200-тите.

1207

1207 (MCCVII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1207. година од новата ера, 207. од вториот милениум, 7. од 13 век и осма од 1200-тите.

1250

1250 (MCCL) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1250. година од новата ера, 250. од вториот милениум, 50. од 13 век и прва од 1250-тите.

1258

1258 (MCCLVIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1258. година од новата ера, 258. од вториот милениум, 58. од 13 век и деветта од 1250-тите.

1289

1289 (MCCLXXXIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1289. година од новата ера, 289. од вториот милениум, 89. од 13 век и последна од 1280-тите.

16 век

16 век бил век кој траел од 1 јануари 1601 до 31 декември 1700 година, според Грегоријанскиот календар.

16 век историчарите го сметаат за век во кој се појавил порастот на Западната култура. Во текот на 16 век, Шпанија и Португалија ги истражувале морињата во светот и отвориле светски трговски патишта низ целиот свет. Големи делови од Новиот свет биле претворени во шпански и португалски колонии, и додека Португалците станаа мајстори во трговијата во Азија и Африка во Индискиот Океан, Шпанија отвори трговија преку Тихиот Океан, поврзувајќи ги Америка со Азија.

Оваа ера на колонијализам го воспоставила меркантилизмот како водечки економски правец. Меркантилистичката доктрина ги поттикнала многуте војни во Европа во текот на овој период и веројатно ја поттикнала европската експанзија и империјализам ширум светот до 19 век или почетокот на 20 век.

Во Европа, Протестантската реформација задала голем удар на авторитетот на папството и Римокатоличката црква. Европската политика доминирала преку религиозни конфликти, при што темелите за Триесетгодишната војна биле поставени кон крајот на векот. Во Италија, Лука Пачоли ја објави првата книга за сметководство, а Галилео Галилеј го направил првиот термометар. Во Англија, италијанецот Алберсио Џентили ја напишал првата книга за јавното меѓународно право и го поделил секуларизмот од канонскиот закон и римокатоличката теологија.

На Блискиот Исток, Отоманското Царство продолжило да се проширува, а султанот ја освоил титулата калиф. Кина ги евакуиралае крајбрежните области, поради јапонското пиратство. Јапонија во тоа време страдала од тешка граѓанска војна. На други места во Азија, царот ја проширил моќта на Могулското Царство. Неговото владеење значително влијаело врз уметноста и културата во регионот.

4 век

4 век започнал на 1 јануари 301 год., а завршил на 31 декември 400 год.

Во рамките на Римската империја, почетокот на 4 век бил одбележан од Константин Велики, првиот римски император кој се преобратил во христијанство. Константин Велики е исто така познат по тоа што во 330 година го назначил античкиот град Византион за нов и единствен главен град на империјата, нарекувајќи го Нов Рим (подоцна во негова чест бил преименуван во Константинопол). Последниот римски император кој владеел и со источната и со западната половина на империјата бил Теодосиј I. Системот на два императори, кој првично бил поставен од Диоклецијан во претходниот век, станал редовна практика, а истокот продолжил да расте во важност како нов центар на трговија и империјална моќ. Угледот на Рим како поранешен империјален град драстично се намалил во текот на овој век. Доцна во векот, христијанството станало официјална државна религија, а старата паганска култура на империјата полека почнала да исчезнува. Во текот на овој век во империјата генерално владеел просперитет, иако честите напади на германските племиња од север претставувале сериозен проблем од 376 година па натаму. Овие рани германски инвазии го означиле почетокот на крајот на Западното Римско царство.Во Кореја започнал периодот на Трите кралства (Пекче, Когурја и Сила), кој траел приближно 300/400 – 668 година.

Џон Хол

Џон Хол (21 август 1934) — американски физичар, и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој земал една четвртина од Нобеловата награда за физика заедно со Теодор Хенш и Рој Глаубер за нивната работа во прецизната спектроскопија.

Африка

Африка е втор континент по големина во светот и по површина и по население, но и единствениот преку кој преминува екваторот и двата повратници. Африка завзема 20,3 % од вкупната површина на Земјата. Релјефот и вегетацијата на најтоплиот континент варираат од дождовни шуми и суви савани до врели пустини.

Со 30,2 милиони км2, вклучувајќи и соседни острови, тој покрива 6% од целосната површина на Земјата и 20,4% од целосната копнена површина. Со милијарда луѓе распоредни во 61 држава, таа вбројува околу 14,72% од светското население.

Континентот е обиколен од Средоземното Море на север, Суецкиот Канал и Црвеното Море долж Синајскиот Полуостров на североисток, Индискиот Океан на југоисток и Атлантскиот Океан на запад. Континентот има 54 суверени држави, вклучувајќи ги Мадагаскар, неколку групи на острови и Шарави Арапска Демократска Република, земја-членка на Африканската Унија, чија државност ја оспорува Мароко.

Научната заедница длабоко ја почитува Африка, особено централно-источниот дел на Африка, бидејќи се смета дека од неа потекнуваат луѓето и Hominidae clade (човеколиките мајмуни), како докажа истражувањето на најраните хоминиди и нивните предци, како и на оние кои датираат од пред околу седум милиони години, бклучувајќи ги Sahelanthropus tchadensis, Australopithecus africanis, A. Afarensis, Homo erectus, H. habilis , H. ergaster и најраниот Хомо сапиенс (денешен човек), кој е пронајден во Етиопија и датира од пред околу 200.000 години.

Африка поминува низ екваторот, со што вклучува повеќе климатски зони. Таа е единствениот континент кој се протега од северно-умерените до јужно-умерените зони. Очекуваната економска стапка на пораст на Африка е околу 5,0% за 2010 и 5,5% во 2011 година.

Економија

Поимот економија (на грчки Οικονομικά) потекнува од грчките зборови „оикос“ (οίκω=домаќинство) и „номос“ (νέμω=закон) и претставува општествена наука што се занимава со изучување на прераспределбата на недостатните ресурси со помош на мерливи менливи. Овие изучувања вклучуваат анализа на производство, дистрибуција, трговија и потрошувачка на добра и услуги. Економијата се смета за позитивна кога се обидува да ги објасни последиците на различните избори во даден сет претпоставки и набљудувања, и нормативна кога препорачува одредена постапка што треба да се преземе.]

Економската наука се дели на две гранки: микроекономија, што се фокусира на индивидуалните субјекти, како што се домаќинствата и претпријатијата, и макроекономија, што гледа на економијата на една држава или регион во целост, земајќи ги предвид агрегатните понуда и побарувачка за пари, капитал и стоки.

Злато

Златото е хемиски елемент во периодниот систем на елементите со симбол Au (латински aurum) и атомски број 79.

Лихтенштајн

Кнежевство Лихтенштајн (германски: Fürstentum Liechtenstein) — алпска држава во Западна Европа која се граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток.

Лихтенштајн е најмала држава каде се зборува германски јазик. Таа е уставна монархија поделена на 11 општини. Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, а најголем е Шан. Земјата има јак финансиски сектор и е често окарактеризирана како „рај за даноци“. Лихтенштајн е дел од договорот за слободна европска трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не пројавила желба да биде дел од истата.

Лондон

Лондон (англиски: London) — главен град на Англија и на Обединетото Кралство, а според некои пресметки, воедно е и најголемиот град во Обединетото Кралство и најголемата урбанизирана зона во Европска Унија. Се наоѓа на реката Темза на подрачје каде постојат неселби веќе два милениуми. Историјата на Лондон почнува уште од времето на Римското царство кога се смета дека бил основан од страна на Римјаните кои го нарекле Лондиниум. Античкото јадро на Лондон во голема мера ги има задржано своите граници. Од периодот на 19. век, името Лондон започнало да се однесува и на делот од градот кој се развивал околу јадрото.

Лондон е еден од водечките глобални градови, со развиена уметност, трговија, образование, забава, мода, финансии, здравство, медиуми, професионални услуги, истражување и развој, туризам и транспортот кои придонесуваат за неговата важност.Лондон е важно културно, економско и образовно средиште во Европа и во светот, а со него се Париз, Њујорк, Токио, се смета за еден од светските центри.

Избран е за град-домаќин на Летните Олимписки Игри во 2012 г.

Мајами

Мајами (англиски: Miami) е град вo јужната страна на американската држава Флорида. Овој град според статистиките во 2007 година, има 409 719 жители, што го прави најголем град во Флорида, по Џексонвил, и 43-ти град по број на жители во САД. Мајами е главен град за финансии, издаваштво, забава, уметност, и трговија што го прави глобален град. Форбс вели дека градот е најчистиот во цела САД во 2008 година.

Метрополитенска област

Метрополитенска област или Метро област, претставува голем населен центар, составена од голем град и неговата околина или повеќе градови со нивните околини. Метрополитенска област е релативно компактна целина која ја поврзуваат транспортни врски, трговија, снабдување, вработување и сл.

Забелешка: понекогаш се употребува скратената форма Метро без додавката „област“ (Пр: Метро Манила). Тоа не треба да се меша со Метро - јавен транспорт.

Список на 75-те најголеми Метрополитенски области со нивното население:

Забелешка: Населението на самите градови е помала од нивната метро област (понекоаш и многу пати помала. Пр: Вашингтон)

Нов Зеланд

Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) — островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Маорското име за Нов Зеланд е Аотеароа, што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.

Оружје

Оружје претставува секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества, односно за уништување и онеспособување други предмети или материјални добра поврзани со одредени луѓе или општества. Оружјето служи како за напад така и за одбрана, односно во случај на закани и заштити. Во поширока смисла, секое средство (па и психолошко) со кое некому намерно се нанесува повреда или штета се нарекува оружје.

Римско Царство

Римската држава (латински: Imperium Romanum) била создадена на Апенинскиот полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделие, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството.

Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција.

Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло се уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава.

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата, Рим бил основан во 753 година п.н.е, но според археолошките податоци порано околу 10 век п.н.е.

Чиле

Чиле (офиц. Република Чиле, шпански: República de Chile) — држава која го опфаќа централниот и јужнозападниот брег на Јужна Америка. Главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Oкeaн на запад, сo Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.