Суботица

Суботица (српски: Суботица или Subotica  слушнете , унгарски: Szabadka, хрватски: Subotica, германски: Maria-Theresiopel / Theresiopel ) е град и општина во северна Србија, во Автономната Покраина Војводина.

Се наоѓа на 46°5'55" СГШ и 19°39'47" ИГД, на 10 километри од границата со Унгарија. Суботица е најсеверниот град на Србија и втор најголем град на регионот Војводина, помал само од Нови Сад. Според пописот од 2002 неговото население е 99.471 жители од кои 35% се Унгарци. Според пописот од 2002 во градот живеат и 409 Македонци.

Општината Суботица има 147.758 жители. Градот е административен центар на Северно-Бачкиот округ. Градоначалник е Саша Вучиниќ.

Српскиот е најмногу вработен јазик во секојдневниот живот, но унгарскиот јазик исто така го користи и речиси една третина од населението во нивните дневни разговори. И двата јазика се широко користени во комерцијални и официјални ознаки [1]

Subotica
Суботица
Szabadka
Град
Општина во Суботица
Општина во Суботица
Знаме на Subotica
Знаме
Грб на Subotica
Грб
Локација во Србија

Локација во Србија
Координати: 46°06′01″N 19°39′56″E / 46.10028° СГШ; 19.66556° ИГДКоординати: 46°06′01″N 19°39′56″E / 46.10028° СГШ; 19.66556° ИГД
ДржаваСрбија
ОкругСевернобачки
Населени места19
Управа
 • ГрадоначалникЈено Маглаи
Површина
 • Земјишна1.008 км2 (0.389 ми2)
Население (2011)
 • Градскo97.910
 • Метро141.554
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски број24000
Повик. бр.(+381) 24
Рег. таб.SU
Мреж. местоwww.subotica.rs
Subotica17
Суботица - градската куќа

Наводи

  1. The Use of Hungarian and Serbian in the City of Szabadka/Subotica: An Empirical Study“.
Автомобилски регистарски таблички во Србија

Новата регистерска ознака за моторните возила во Србија, чие издавање започна на 1 јануари 2011 година, е со бела боја, обрабена со црна линија и на неа од левата страна, на сина подлога, со бели букви е испишана меѓународната ознака на Република Србија - СРБ, со црни букви е испишана ознаката на регистерското подрачје, а со црни цифри и букви, меѓу кои е втиснат знакот „-“, е испишан регистерскиот број на возилото.

Меѓу ознаката на регистерското подрачје и регистерскиот број на возилото е втиснат црвен штит на кој има бел крст меѓу четири помали штитови свртени кон вертикалната греда на крстот. Ознаката на регистерското подрачје на регистерската табличка се испишува и на кирилица под втиснатиот црвен штит.

Регистерскиот број на возилото се состои од комбинација на цифрите од „0 до 9“ на три или четири позиции и комбинации на букви на две позиции.

Димензиите на стандардните регистерски таблички за моторните возила се 520,5x112,9 милиметри.

Архангел (музичка група)

Архангел е македонска рок група основана во февруари 1989 година. Основач на групата е Ристо Вртев, првиот вокалист на групата Мизар и поранешен член на Инола Икс. Во текот на својата кариера, рок бендот има издадено четири албуми, и се смета за една од најдобрите групи во Македонија во деведесетите години на минатиот век . Архангел многу често била поврзувана со стилот на музика НСК (гермaнски: Neue Slowenische Kunst)

Војводина

Војводина е автономна покраина во рамките на Република Србија. Нејзин главен град, а воедно и најголем град во Војводина е Нови Сад. Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 официјални јазици.Војводина има околу 2000000 жители, од који најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгари (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности.

Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други

Данило Киш

Данило Киш (Суботица, 22 февруари 1935 - Париз, 16 октомври 1989), југословенски и српски писател. Данило Киш е еден од најинтересните писатели на балканските простори од втората половина на XX век, кој со своите несекојдневни прозни остварувања доживеал успех и на светската книжевна сцена. Неговите смели раскажувачки постапки колку што биле прифаќани и одобрувани, толку биле и причина за полемички однос кај дел од тогашните критичари.

Деже Костолањи

Деже Костолањи (унгарски: Kosztolányi Dezső; 29 март 1885 - 3 ноември 1936) — познат унгарски поет и раскажувач.

Ева Рас

Ева Рас (вистинско име Ева Марија Балас Стевиќ 1 јануари 1941) е српска филмска, театарска и телевизиска актерка, сликарка и писателка. По националност е унгарска Еврејка.

Звонко Богдан

Звонко Богдан (р. 5 јануари 1942 во Сомбор) е истакнат изведувач на народни тамбурашки и староградски песни од Војводина, Србија. Освен тоа што е славен пејач, тој е и композитор, сликар и џокеј, и ужива углед на боемство и отменост. Живеел во Виена за време на 1990-тите години, и се вратил во Војводина по падот на Слободан Милошевиќ. Сега живее во Суботица.

Зоолошка градина Битола

Зоолошка градина Битола — зоолошка градина во градот Битола, основана на 1 мај 1950 г. со помош на зоолошките градини од Скопје, Загреб, Белград и Суботица.

Зоолошката градина во Битола има значајно место во сферата на општественото живеење, посебно во делот на образование на населението и заштита на одредени животински видови. Уште од своето основање во 1950, зоолошката константно ги подобрува условите за животните со цел да ги исполни европските стандарди, но тие сè уште не се исполнети. Во текот на 2004 година, вработените во Зоолошката градина во Битола започнале низa активности насочени кон подобрување на условите за живот на животните, како и афирмирање на образовниот карактер на градината.

Зрењанин

Зрењанин — град во Србија, исто така и центар на општина во источниот дел на Србија во Војводина. Зрењанин е административен центар на Среднобанатскиот округ. Во 2002, населението во градот изнесувало 79,733 додека во општина Зрењанин населението изнесувало 132,051 жител. Зрењанин е најголем град во српскиот Банат, и трет најголем град во Војводина после Нови Сад и Суботица или шести град по големина во цела Србија.

Кошава

За други значења на поимот, видете Кошава (појаснување).Кошава е југоисточен ветар, кој дува кај Карпатите. Носи суво и ладно време и има големо влијание на локалната клима. Најчесто дува во текот на есента и зимата. Брзината на ветрот може да достигне брзина и до 130 km/h, иако просечната брзина се движи помеѓу 25 и 45 km/h. Забележани се и топли кошави. Ветерот може да се осети на север до Суботица, на југ до Ниш, а на запад до Шид.

Настанува кога има висок воздушен притисок над Украина, а низок на западното Средоземје. Најсилен е на влезот на Ѓердапската клисура.

Ладислав Палфи

Ладислав Палфи (роден во Суботица, 8 ноември 1924 година, умрел во Скопје, 13 февруари 2008 година) е еден од првите пијанисти кои ги поставуваат основите на професионалниот пијанизам во Македонија.

Окрузи во Србија

Округ (служб. српски: управни округ, „управен округ“) — административна единица во Србија, поделена на општини и/или градови. Уредени се со Законот за територијална организација од 1992 г. како подрачни единици на централната власт и немаат никаква самоуправа, туку раководат како претставници на владата..

Во земјата има вкупно 29 окрузи, од кои 7 се во Војводина, 8 во Шумадија и Западна Србија, 9 во Јужна и Источна Србија и 5 на Косово (кои имаат спорен статус). Градот Белград не е дел од ниеден округ, но има посебен статус сличен на окрузите. Најголемиот град во округ е негов административен центар.

Во 2000 г. протекторатската управа на УНМИК ја има изменето територијалната организација на Косово, укинувајќи ги петте окрузи и создавајќи седум нови. Самата Србија не ги признава и ги смета своите за сè уште важечки.

Повикувачки броеви во Србија

Ова е список на повикувачки броеви во Србија. Меѓународниот повикувачки број за Србија е 381.

Религија во Србија

Најголема религија во Србија е православната. Со векови во Србија биле присутни две големи религии, православие и католицизам на кои подоцна се додал и исламот. Србија е најшаренолика во религиски поглед. Така, во Војводина 25% од населението се католици или протестанти, додека Белград и Централна Србија се православни над 90%. Косово има над 90% муслимани. Најголема православна црква во Србија е Српска православна црква.

Ружица Керамичиева

Ружица Керамичиева (моминско: Михајлова; 5 октомври 1930 во Суботица) — македонски психолог и универзитетска професорка на Филозофски факултет во Скопје, која што во моментов е во пензија.

Сенко Велинов

Сенко Велинов (роден на 15 мај 1965 година во Скопје) — македонски актер, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје. Член на Народно позориште во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992), на Драмски театар (1992–1999), на Драмата на МНТ (1999–2000), директор на Драмски театар (2001–2002), од 2002 година повторно во Драмата на МНТ.

Улоги: Арган (Вообразен болен), Гилдерстен (Розенкранц и Гилдерстен се мртви мртви), Дон Жуан (Дон Жуан), Салиери (Амадеус), Троил (Троил и Кресида), А (Емигранти) и др.

Србија

Србија (српски: Србија или Srbija) — држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динарските Планини на запад, и долината на Морава - важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија. Релативно кон нејзината историја, култура и релативно мала територија, Србија е различна во нејзиниот транзиционален карактер. Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска. Истотака се граничи со Албанија преку спорниот регион Косово.

Српското население брои околу 7 милиони, од кои повеќето се православни христијани. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-централна Европа .

Населена уште од палеолитското време, територијата на денешна Србија се соочила со словенски миграции кон Југоисточна Европа во 6 век, со што се воспоставиле неколку регионални држави во раниот среден век. Српското Кралство добило признавање од Рим и Цариград во 1217 година. Државниот статус бил зголемен кога земјата била прогласена за царство, во 1346 година. До средината на 16 век, целата територија на модерна Србија била ставена под османлиска управа, понекогаш прекинувана од страна на Хабсбуршката династија, која почнала да се шири кон Централна Србија од крајот на 17 век, додека ја одржувала својата моќ во Војводина. Во раниот 19 век, Српската револуција воспоставила народна држава како прв регион кој имал уставна монархија, каде пополека ја проширила својата територија и го пионирала пресекувањето на феудализмот во Европа. По катастрофалните случувања во Првата светска војна, и здружувањето на Хабсбуршка Војводина и Срем со Србија, била основана Југославија со другите јужнословенски народи, која постоела во неколку различни формации до 1990-тите години, кога била формирана унија со Црна Гора и мирно распуштена во 2006 година. Во февруари 2008, парламентот на Косово прогласил независност од Србија, кое добило мешани одговори од страна на меѓународните заедница.

Унитарна парламентарна уставна република, Србија е членка на ООН, Совет на Европа, ЦЕРН, ОБСЕ, Партнерство за мир, Организација за црноморска економска соработка, ЦЕФТА и СТО. Од 2014 година, земјата преговара за пристапот во ЕУ со перспектива за влез во Европската унија до 2025 година. Србија страдала од демократско отстапување во последниве години, и забележала пад во извештаите на Фридом хаус од 2019 година. Од 2007 година, Србија формално се придржува кон политиката на воена неутралност. Земјата обезбедува социјална сигурност, универзална здравствена заштита и основно и средно образование без школарина на своите граѓани. Економијата е со висок среден приход со доминантност во услужниот сектор проследен по големина од страна на индустрискиот сектор и земјоделскиот сектор. Земјата е рангирана релативно високо според индексот на човековиот развој (66), индексот за социјален напредок (45), како и глобалниот индекс на мирот (54).

Тихомир Огњанов

Тихомир „Бата“ Огњанов (2 март 1927, Суботица – 2 јули 2006, Суботица) бил српски и југословенски фудбалер.

преку 1.000.000 жит.
100.000 - 1.000.000 жит.
50.000 - 100.000 жит.
20.000 - 50.000 жит.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.