Странична согласка

Странична согласка (латерална) е согласка каде воздухот при творбата тече по страните на јазикот, кој не му дава да оди по средината.

Најчесто врвот на јазикот се допира до горните заби (вид. забна согласка) или горното непце (венец) веднаш зад нив (вид. венечна согласка). Најзастапени странични согласки се приближните кои припаѓаат на класата на течни согласки, иако во некои делови од светот често се среќаваат струјни и слеани согласки од овој вид.

Уснените струјни согласки [f v] честопати (можеби и најчесто) имаат страничен воздушен тек, бидејќи усната го попречува текот по средината, но сепак не се сметаат за странични поради тоа што ниеден јазик не прави разлика помеѓу тие можности. Избувните согласки никогаш не се странични, а истата разлика е бесмислена кај носните согласки и согласките што се создаваат во грлото.

Во македонскиот јазик странични се гласовите л и љ.

Странична согласка
◌ˡ
МФА-бр.426

 
Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Список на странични согласки

Приближни

Струјни

Слеани

  • безвучна венечна странична слеана согласка[tɬ] (навахо)
  • исфрлена венечна странична слеана согласка [tɬʼ] ( навахо)
  • звучна венечна странична слеана согласка [dɮ]
  • безвучна преднонепчена странична слеана согласка [cʎ̥] (или [c]) (хаѕа)
  • исфрлена преднонепчена странична слеана согласка [cʎ̥ʼ] (или [cʼ]) (дахало, хаѕа)
  • звучна заднонепчена странична слеана согласка [ɡʟ̝] (лагху)
  • безвучна заднонепчена странична слеана согласка [kʟ̝̊] (или [k]) (арчински, и лагху)
  • исфрлена заднонепчена странична слеана согласка [kʟ̝̊ʼ] (или [kʼ]) (арчински, гǀви, зулу)

Едноударни

  • венечна странична едноударна согласка [ɺ] (вајуански)
  • свиена странична едноударна согласка [ɺ̢] (или []) (паштунски, иваидја)
  • преднонепчена странична едноударна согласка [ʎ̯] (иваидја)

Исфрлени

  • венечна странична исфрлена струјна согласка [ɬ’] (адигејски)
  • венечна странична исфрлена слеана согласка [tɬ’]
  • преднонепчена странична исфрлена слеана согласка [cʎ̥ʼ]
  • заднонепчена странична исфрлена слеана согласка [kʟ̝̊ʼ]

Чкрапави

  • забните странични чкрапави согласки [ǁ̪], [ᶢǁ̪], [ᵑǁ̪], и тн. (!кунг)
  • венечните странични чкрапави согласки [ǁ], [ᶢǁ], [ᵑǁ], и тн. (којсански и банту)

Поврзано

Наводи

  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 0-631-19814-8.
Табела на белодробни согласки по МФАLoudspeaker.svg аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ kʟ̝̊
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.