Старофранцуски јазик

Старофранцуски јазик бил романски јазик зборуван во териториите на северна Франција и делови на денешна Белгија и Швајцарија во периодот околу 1000 до 1300 година. Тогаш бил познат како Langues d'oïl или Оил јазик за да се разликува од окситанскиот јазик, локално наречен и „провансалски“ што се зборувал во јужна Франција.

Старофранцуски
Застапен восеверна Франција, делови од Белгија и Швајцарија
Изумренразвиен во средновековен француски во 14 век
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-2fro
ISO 639-3

Надворешни врски

Кретјен де Троа

Кретјен де Троа (француски: Chrétien de Troyes; роден околу 1130, а починат помеѓу 1180 и 1190) — француски поет, кој се смета за основач на книжевноста за легендата на кралот Артур на старофранцуски јазик, а со тоа и еден од првите писатели на витешки романи. Живеел и творел во дворот на Шампања, во времето на кралот Анри I Шампански и неговата жена Марија.

Негови најпознати дела се Ерек и Енида, Клиже, Ланселот или витезот од кочијата напишан истовремено со Иван или витезот со лавот и Персивал или приказната за гралот, недовршено дело. Романите на де Троа ги прикажуваат политичките и културните идеали на местото и времето во кое тој живеел. Романите главно се мешавина од некаква благородничка приказна и витешка авантура, во која љубовта и религиските идеали на крстоносните војни доминираат.

Кретјен де Троа е еден од првите книжевници на француски јазик, а начинот на структурирање на приказните го предвеснува романот, книжевен облик карактеристичен за подоцнежната француска книжевност. Делата на де Троа истовремено се едни од најдобрите од средновековната книжевност. Помеѓу сите писатели на приказни за легендата на Артур, Троа е заслужен за создавање на ликот на Ланселот.

Песна за Роланд

Песна за Роланд (француски: La Chanson de Roland) — старофранцуски еп напишан во 11 век, можеби од Тиролд, чие име се споменува во текстот. Постојат девет ракописи на делото, како англонормандски кој се чува во Бодлиевата библиотека во Оксфордскиот универзитет и се состои од 4004 стихови, и истиот се смета за најстар (1140-1170). Песна за Роланд е првото значајно дело во француската литература, како и првиот и најзначаен претставник на жанрот шансон де жест кој постоел помеѓу 11 и 15 век.

Романски јазици

Романските јазици, поретко именувани како латински, сочинуваат подгрупа на италските јазици од семејството на индоевропски јазици. Овие јазици настанале од народниот (вулгарен) латински јазик.

Романските јазици се развиле од латинскиот во периодот од шестиот до деветиот век. Денес има над 800 милиони говорници на романските јазици, воглавно во Европа и Америка, но и во останатиот дел од светот каде се зборуваат јазиците. Бидејќи е многу тешко да се одреди што е романски јазик а што романски дијалект, не е можно да се каже точниот број на романски јазици. Сепак, ако се земат во предвид стандардните јазици, тие се 25 на број. Сепак и овој број не ги опфаќа сите стандарди бидејќи има романски јазици кои се изумрени. Така, порталот за јазици Ethnologue, дава дека има 47 романски јазици.

Според податоците за 2007 година, најголем романски јазик е шпанскиот со 385 милиони говорници, а потоа следат португалскиот со 210 милиони, францускиот со 75 милиони, италијанскиот со 60 милиони и романскиот со 23 милиони. Голем број од овие јазици имаат говорници на кои јазикот не им е мајчин, особено за францускиот јазик бидејќи тој е официјален и национален во голем број африкански држави.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.