Срт

Срт (гребен или било)[1] — геолошки облик кој се состои од низа планини или ридови што образуваат издолжена непрекината грпка.

Tsubakurodake from Otenshodake 2002-8-22
Планинско било во Јапонија.

Видови сртови

Постојат неколку вида сртови:

  • разгранет срт — типичен за расцепкан висорамнински терен, одливните долини оставаат меѓупоставени сртови. Овие се во голема мера најзастапените сртови. Овие сртови обично претставуваат карпи малку поотпорни на ерозија, но не секогаш; овие често остануваат поради пукнатини каде се образувани долините или други произволни случувања. Овој вид срт е донекаде произволен во насоченост, честопати менувајќи го правецот.
  • стратиграфски срт — на места како во Гребенско-долински Апалачи long, се образуваа долги, па дури и прави сртови бидејќи се преостанати неразјадени рабови на поотпорни надолни слоеви кои се странично набрани. Слични сртови се образувани на места како Црните Ридови, каде сртовите образуваат концентрични кругови околу магматско јадро. Овие сртови понекогаш се нарекуваат „слојни ребра“.
  • океански ширечки гребен — кај подрачјата на тектонско ширење низ светот, како во Средноатлантскиот Гребен, вулканската активност од која настануваат новите граници меѓу плочите образува вулкански сртови во подрачјето на ширење. Изостатичното налегнување и ерозијата постепено ја намалува висината, оддалечувајќи се од подрачјето.
  • кратерски срт — ударите на крупни метеорити создаваат големи ударни кратери ограничени од округли сртови.
  • кратерски/калдерски срт — големите вулкани честопати зад себе оставаат средишен кратер/калдера ограничен од округли сртови.
  • раседен срт — раседите често образуваат косини. Понекогаш горните делови на косините не создаваат висорамнини, туку се навалуваат наназад, така што рабовите на косините сочинуваат сртови.
  • дински срт — на подрачје со големоразмерни дини, извесни дини се претвораат во песочнио сртови.
  • морени и осари — ледничките дејства оставаат сртови во облик на морени и осари. Поимот „арета“ означува тенок карпест срт образуван со ледничко разјадување.
  • вулкански подледнички срт — многу подледнички вулкани предизвикуваат сртовидни образби кога лавата избива низ дебел ледник или ледена покривка.
  • попречен срт — срт кој се протегнал долж расед, попречувајќи или пренасочувајќи ги водотеците. Ваквиот срт образува долина складна со насоченоста на раседот што го создал.

Поврзано

Наводи

  1. „било“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Литература

Љуботен (планински врв)

Љуботен е планински врв висок 2498 метри, прв на главното било и срт на Шар Планина.

Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара.

Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети - тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен... Ова доволно зборува за него.

Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта.

На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар во Македонија и пошироко, кој популарно е наречен Козја Карпа.

Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река, итн.

Под самиот врв, се наоѓа и туристички објект - тоа е планинарскиот дом „Љуботен“. Од овој дом, искачувањето до самиот врв трае околу 1,5 часа. Треба да се спомене дека овој дом, освен за до врвот Љуботен, е стартна точка и кон неколку други врвови (пред се Ливадица), како и кон Ливадичкото езеро. Воедно, врвот Љуботен е и прва контролна точка на планинарската Западната македонска трансверзала - Љуботен-Охрид.

Под самиот врв, има и неколку бачила.

Голема Враца

Голема Враца е планинскиот врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.582 метри. Се наоѓа на јужниот дел на нејзиното главно било, односно срт по кој се протега македонско-косовската граница.

Грнчарица (Демир Хисар)

Грнчарица е археолошки локалитет во Демир Хисар . Локалитетот претставува утврдување - рефугиум од доцноантичко време. Се наоѓа на висок планински срт што се надвиснува над долината на Црна Река, оддалечен 1,5 km источно од градот, каде има зарамнето плато на кое се наоѓаат остатоци од одбранбен ѕид. На површината се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и множество кршен камен.

Дабовја (Зашле)

Дабовја е археолошки локалитет во демирхисарското село Зашле. Локалитетот претставува населба и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа на планинскиот срт помеѓу доловите Малински и Ралја, во горниот крај на нива на локален жител, каде се гледаат остатоци од топена железна руда, фрагменти од питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал (кршен камен).

Езерски Врв (Шара)

Езерски Врв — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Висок е 2.580 метри. Се наоѓа на главното било во почетниот дел на протегањето на главниот срт на Шар Планина, при што претставува шести врв, а често воопштено се смета како трет поглавен врв на Шар Планина од нејизното протегање од североисток по кое се протега и самата граница помеѓу Македонија и Косово чија линија минува на овој врв. Сместен е на гребенот наречен Езерско заедно со соседниот врв Езерска Чука на север-северо/исток, при што претсавува негова крајна точка/кота на југ-југозапад. Претставува карпест врв чија цела површина е покриена со сипар-камењар од големи кршени камења и карпи, од кои некои се многу климави и се клатат, поради што неговото искачување и стоење на него се доста тешки и опасни. Наречен е со името Езерски бидејќи од двете страни на неговите подножја се наоѓаат по две леднички езера и тоа Доброшките односно Горното и Долното Доброшко Езеро на македонската источна страна стран и убавото и длабоко Големо Јажинско Езеро и Мало Јажинско Езеро, додека и малку понастрана кон Езерска Чука се наоѓа и езерото Црн Вир на косовската западна страна. Езерски Врв претставува и јазолна точка од која на запад продолжува главното било и срт на Шар Планина со врвовите Чаушица, Пескови, Бистрица, додека веднаш од него кон југ се разгранува седлото Чаушички Срт кој го спојува со Доброшки Врв. Искачувањето на врвот води преку патека која од селото Јелошник се искачува на Доброшки Врв па од него преку Чаушички Срт стигнува до Езерски Врв. Во самото подножје веднаш до Долното Доброшко Езеро се кампува првата вечер на планинарската Западна македонска трансферзала, по што веднаш утрото на вториот ден се започнува со искачување на Езерски Врв.

Караникола

Караникола (познат и како: Караниколица) е планински врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.409 метри. Врвот се наоѓа северозападно од градот Тетово, на границата со Косово на координатите 42°05' северна географска широчина и 20°49' источна географска должина.. Неговата местоположба се наоѓа токму на средишниот дел на главниот срт на протегање на Шар Планина, речиси на половината на неговото протегање недалеку од местото каде го менува правецот на протегање од северозапад кон југ, а на неговото јужно подножје на македонска страна се наоѓаат преубавото Караниколичко Езеро и Мал Ѓол.

Кобилица (планински врв)

Кобилица е врв на Шар Планина. Висок е 2528 метри и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот.

Куќиногледски Врв

Куќинагледски Врв — планински врв на главното било во почетниот дел на протегањето на главниот срт на Шар Планина. Неговата височина изнесува 2.452 метри надморска височина.

Се наоѓа и претствува завршна точка-кота на југ-југоазападната страна на гребенот Пирибег, поради што со неговото име често на некои топографски карти се именува и самиот врв Пирибег, додека врвот над месноста Куќина Глед е запишан како Равша. Именуван е според месноста која се нарекува Куќина Глед и се наоѓа веднаш по него и од која извира реката Габровница. Претставува четврти врв по правецот на протегање на главното било и срт на Шар Планина кој од него натаму малку го менува својот правец кон запад.

Ливадица (врв)

Ливадица е планинскиот врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.497 метри. Ливадица е вториот врв на главниот срт на протегање на Шар Планина, сместен на главното планинско било и срт помеѓу Љуботен и Пирибег. Веднаш непосредно под врвот на север се наоѓа познатото ледничко Ливадичко Езеро. Се издигнува над селото Вратница и до самиот врв е покриен и обраснат со трева, при што на него нема каменести делови (сипари) како на соседниот врв Љуботен, заради што најверојатно поради ливадскиот изглед на планинското било до самиот врв со бујна трева, го добил и името Ливадица. Истото го запишал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, каде опишувајќи ја Шар Планина запишал: Ливадица — како што покажува и самото име, таа е покриена со густа трева и бујни пасишта, како ливада.

Мал Турчин

Мал Турчин или само Турчин е планинскиот врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија.

Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.702 метри, со што тој претставува трет највисок врв на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина на огранката која што се одделува од главното било и срт од врвот Трапезница над изворите на реката Пена протегајќи се по нејзината десна страна сè до излезот во Полог кај Тетово. На истиот срт, веднаш непосредно на само 1 километар (887 м. права воздушна линија) на север од Мал Турчин се наоѓа Титов Врв, највисокиот врв на Шар Планина. До врвот може да се пристапи преку доброобележаните патеки кои од Попова Шапка водат за Титов Врв преку Церипашина и Бакардан или преку Вакуфска патека. Многу тешко и опасно е искачувањето од страната на изворите на реката Пена и гребенот Крива Шија, каде што теренот е многу стрмен и карпест со ситен растресит сипар.

Пескови

Пескови — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина изнесува 2.651 метар. Се наоѓа на главниот срт на протегање и североисточното било на Шар Планина, односно баш Шара. Пескови претставува гребен на главниот срт на Шар Планина помеѓу Езерски Врв на исток и Бистрица (Гужбаба) или Елема на запад. Има речиси напореднички правец на протегање запад-исток-североисток со повеќе издадени точки коти со надморска височина која се движи од 2.607, 2.603, па најиздадената 2.651 метар која и го претставува самиот врв Пескови, 2.647, 2.633, 2.616, 2.644, 2.608 и 2.609 метри надморска височина. Пескови претставува изразито каменест гребен со многу големи раздробени камени блокови и маси, како и помали камења, поради што има сиво-жолта песоклива боја, заради што најверојатно го добил и името Пескови.

Пирибег

Пирибег (или често именуван и како Куќиногледски Врв) е планински врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.524 метри.

Планински венец

Планински венец (верига) — географско подрачје што се состои од геолошки поврзани планини. Склоп од венци што припаѓаат на извесно подрачје се нарекува планински систем.

Венците обично се испрекинати со предгорја или превои и долини што се протегаат од една позначајна планина до друга. Поединечните планини во рамките на еден венец не мора да имаат иста геолошки состав или петрологија. Тие можат да бидат мешавина од рразни орогени изрази и терени, како на пр. навлаки, поткренати блокови, наборни планини и вулкани, со што се добиваат различни видови карпи.

Рисер-Ларсеново Море

Рисер-Ларсеново Море (англиски: Riiser-Larsen Sea) — рабно море на Јужниот Океан над Источниот Антарктик и јужно од Индискиот Океан. Се протега од Астридскиот Срт на запад до Гунерусовиот Срт и гребенот Кајнанмару на исток.

Се граничи со Лазаревото Море на запад и Космонаутското Море на исток, опфаќајќи го просторот помеѓу 14° и 30° ИГД. Северната граница ја исцртува 65. јужен напоредник.

Јужно од ова подрачје се сместени бреговите на Принцезата Астрида и Принцезата Рагнхилда во рамките на Земјата на Кралицата Мод. Во западниот дел се протега Лазаревиот Леден Гребен, а источно се ледените пристаништа Ерскин и Годел, како и поранешната белгиска станица „Крал Бодуен“.

Рудни Планини

Рудните Планини (германски: Erzgebirge, чешки: Krušné hory) — планини во Средна Европа ко ија образуваат природната граница помеѓу покраината Саксонија во Германија и областа Чешка во Чешката Република веќе многу векови. Денес, границата помеѓу Германија и Чешка води малку посеверно од главниот срт на планинскиот масив. Највисоки врвови се Клиновец (германски:Кајлберг), кој се издига на 1.244 метри надморска височина и Фихтелберг на 1.215 метри.

Областа одиграла важна улога во поставувањето на раната модерна трансформација на рударството и металургијата од занаетчиство до голема индустрија, процес кој му претходел и ја овозможил подоцнежната индустриска револуција.

Стогово

Стогово — висока планина во западниот дел на Македонија која се протега делумно во меридијански правец север - југ, односно северозапад - југоисток. Заедно со планината Караорман, зафаќаат површина од 522 км2.

Церипашина

Церипашина — планински врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.525 метри. Со името Церипашина Планина на топографските карти (и повеќе во минатото) се именува крајниот дел на планинската огранка на Шар Планина која се одвојува од главниот срт на протегање и на која се наоѓаат највисоките шарски врвови Титов Врв, Бакардан и Мал Турчин, а чиј краен дел е токму Церипашина Планина која ги опфаќа Син Врв и самиот врв Церипашина.

Непосредно до врвот води жичарница крај која води истоимената ски-патека на која што се одржува познатиот Шарпланински куп во скијање. Во непосредна близина на Церипашина Планина се највисоките шарски врвови: Титов Врв, Мал Турчин и Бакардан. На источните падини на Церипашина е сместен скијачкиот и туристички центар Попова Шапка.

Шар Планина

Шар Планина или скратено Шара (албански: Bjeshkët e Sharrit или Sharrа, латински: Mont Skardus) — еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на земјата, на границите со Косово и Албанија.

Шкртец

Шкртец — високопланински превој на планината Кораб во западна Македонија. Превојот Шкртец е висок 2.020 метри надморска височина и ги поврзува средишниот и јужниот дел на планината Кораб. Се наоѓа на главниот срт на протегање на планината Кораб, а по него води и македонско-албанската државна граница. Ги поврзува врвот Шупла Стена на север и Плоча на југ.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.