Средна самогласка

Средна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за средната самогласка е тоа што јазикот се става на половината (средината) помеѓу положбата на отворената и затворената самогласка. Единствената средна самогласка со свој симбол во Меѓународната фонетска азбука (МФА) е средната самогласка од среден ред [ə], чиј симбол се користи и за гласот наречен „шва“.

Оваа самогласка е присутна во македонскиот јазик како „темен глас“ во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).[1]

Табела на самогласки по МФА
Предни Речиси​предни Средни Речиси​задни Задни
Затворени
Blank vowel trapezoid.svg
iy
ɨʉ
ɯu
ɪʏ
ɪ̈ʊ̈
ʊ
eø
ɘɵ
ɤo
ø̞
ɤ̞
ɛœ
ɜɞ
ʌɔ
æ
ɐ
aɶ
ä
ɑɒ
Речиси затворени
Полузатворени
Средни
Полуотворени
Речиси отворени
Отворени
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена

Помош за МФА • легенда • табела • Loudspeaker.svg табела со звуци • погл.

Поврзано

Наводи

  1. Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X издание). Скопје: Просветно дело. стр. 61.
Полузатворена задна заоблена самогласка

Полузатворената задна заоблена самогласка (или полувисока задна заоблена самогласка) е вид на самогласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨o⟩.

И покрај истоветниот изглед со македонската буква, овој глас не се јавува во македонскиот гласовен систем. Македонската буква „о“ ја претставува полуотворената задна заоблена самогласка ⟨ɔ⟩,

Полузатворена предна незаоблена самогласка

Полузатворената предна незаоблена самогласка (полувисока предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка во голем број на јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи гласот со is ⟨e⟩.

И покрај истоветниот изглед со македонската буква, овој глас не се јавува во македонскиот гласовен систем. Македонската буква „е“ ја претставува полуотворената предна незаоблена самогласка ⟨ɛ⟩,

Полузатворена самогласка

Полузатворена самогласка е вид на самогласка што се среќава во некои јазици. Својствено за полуозатворената самогласка е тоа што јазикот се става на две третини помеѓу затворена и средна самогласка.

Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве полузатворени самогласки:

полузатворена предна незаоблена самогласка [e]

полузатворена предна заоблена самогласка [ø]

полузатворена незаоблена самогласка од среден ред [ɘ]

полузатворена заоблена самогласка од среден ред [ɵ]

полузатворена задна незаоблена самогласка [ɤ]

полузатворена задна заоблена самогласка [o]

Полуотворена задна заоблена самогласка

Полуотворена задна заоблена самогласка (среднониска задна заоблена самогласка) е вид на самогласка што се среќава во разни јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи гласот со симболот ⟨ɔ⟩ (наречен „свртено с“ или „отворено о“. Се нарекува отворено бидејќи ги има особините на гласот претставен со ⟨o⟩ (полузатворената задна заоблена самогласка), но е поотворен од него.

Во македонскиот јазик овој глас е претставен со буквата о, што може да предизвика недоразбирање бидејќи е истоветен со гореспоменатата согласка ⟨o⟩, која не се јавува во македонскиот гласовен систем.

Полуотворена задна незаоблена самогласка

Полуотворена задна незаоблена самогласка или ниско-средна задна незаоблена самогласка — вид самогласен глас застапен во низа јазици. Акустички претставува полуотворена задно-средишна незаоблена самогласка. Симболот во меѓународната фонетска азбука кој го претставува гласот ⟨ʌ⟩. При препис на англискиот јазик, овој симбол често се користи за речиси отворената самогласка од среден ред, а во преписот на данскиот, за (донекаде средоредната) отворена задна заоблена самогласка.

Полуотворена предна заоблена самогласка

Полуотворената предна заоблена самогласка (полуниска предна заоблена самогласка) е вид на самогласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја означува со симболот ⟨œ⟩. Овој знак постои и како лигатурата œ (спој од буквите o и e) во извесни јазици. Треба да се напомене дека малата верзија на истата лигатура (⟨ɶ⟩) се користи за друг глас: отворената предна заоблена самогласка.

Полуотворена предна незаоблена самогласка

Полуотворената предна незаоблена самогласка (среднониска предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка присутна во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɛ⟩ („ракописно Е“ или „ипсилон“).

Во македонскиот јазик овој глас е претставен со буквата е, што може да предизвика забуна бидејќи е истоветен со МФА-симболот ⟨e⟩ што ја означува полузатворената предна незаоблена согласка, која не се јавува во македонскиот гласовен систем.

Полуотворена самогласка

Полуотворена самогласка е вид на самогласка што се среќава во некои јазици. Својствено за полуотворената самогласка е тоа што јазикот се става на две третини помеѓу отворена и средна самогласка. Во македонскиот јазик полуотворени гласови се е и о.

Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве полуотворени самогласки:

полуотворена задна незаоблена самогласка [ɛ] (мак. е)

полуотворена предна заоблена самогласка [œ]

полуотворена незаоблена самогласка од преден ред [ɜ]

полуотворена заоблена самогласка од преден ред [ɞ]

полуотворена задна незаоблена самогласка [ʌ]

полуотворена задна заоблена самогласка [ɔ] (мак. о)

Самогласка од среден ред

Самогласка од среден ред (или централна самогласка) е вид на самогласен глас присутен во извесни јазици. Карактеристично за овој глас е тоа што јазикот се става на половина пат помеѓу положбата за предна самогласка и задна самогласка. Во македонскиот јазик, единствената самогласка од среден ред е а, и тоа во неакцентирана крајна положба, како во „ќерка“.

Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), самогласки од среден ред се:

затворена незаоблена самогласка од среден ред [ɨ]

затворена заоблена самогласка од среден ред [ʉ]

полузатворена незаоблена самогласка од среден ред [ɘ]

полузатворена заоблена самогласка од среден ред [ɵ]

средна самогласка од среден ред [ə]

полуотворена незаоблена самогласка од среден ред [ɜ]

полуотворена заоблена самогласка од среден ред [ɞ]

речиси отворена самогласка од среден ред [ɐ] (мак. завршно неакцентирано а)

отворена предна незаоблена самогласка [a] (неофицијална, но најчеста)Напати се среќаваат и наменски симболи ᵻ, ᵿ (ɪ, ʊ) за речиси затворена незаоблена самогласка од среден ред.

Средна самогласка од среден ред

Средната самогласка од среден ред (наречена и темен глас или шва) е вид на самогласка присутна во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ə⟩ (свртено мало е). Истиот симбол важи како за незаоблената, така и за заоблената варијанта на гласот.

Во македонскиот јазик самогласката се нарекува „темен глас“ се бележи со апостроф (’) и се среќава во поретки зборови, архаизми или дијалектизми како „к’смет“, „Д’мбени“ и сл. Нема самостојна функција во јазикот. Во последниот случај, апострофот се вметнува кога претставката завршува на самогласка.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.