Соломон

Соломон (хебрејски: שְׁלֹמֹה) бил последниот од трите цареви на Израелско-јудејското царство, коешто го наследил од својот татко Давид.[1] Соломон е всушност, според Библијата, вториот син на Давид и Витсавеја.

Во Библијата, пророкот Натан му соопштува на Давид дека е Божја желба неговиот прв роден син да умре како казна за убиството на Уриј Хитита. По еднонеделниот пост и молитва, Давид ја добил веста дека неговиот син е мртов и дека е роден нов син, Соломон.

Со своето царство тој управува во средината на 10 век пр.н.е. Името Соломон (Шломо) значи „мирољубив“, а доаѓа од хебрејскиот збор „Шеломох“ (арапски: „Сулејман“). Името коe му било дадено на Соломон од бог е (што значи „од Бога љубен“) па така некои истражувачи сметаат дека е Соломон „кралско име“, кое му е доделено пред самата смрт или пред доаѓањето на престол на самиот Соломон. Името на Соломон се поврзува со периодот на владеење на мирот во Израел за време на неговото владеење. Во времето на Соломон, Древен Израел станува една од најголемата воена сила, при што ги присоединува соседните области од долината на Еуфрат до границите на Египет. Државата, создадена од него, се распаѓа малку по неговата смрт.

Голем дел од гледиштата за Соломон се од Библијата, при што малку подоцна се заклучува дека некои од книгите во Библијатасе токму на („Еклисиаст“ и „Песна на песните“). Во Библијата, Соломон е опишан како голем мудрец, богатство и моќ, но во исто време е обвинуван за толерантноста кон многубројните жени, кои јудаизмот го примале вера.

За време на неговото владеење, Израел доживеал голем економски подем. Со Египет и Арабија постоеле копнени односи а со Шпанија, Јужна Индија и некои области од Африка- морски. Соломон управувал со Ерусалим и бил првиот цар, кој решил да се изгради храм во градот.[1] Соломон е бил човек кој се карактеризирал по своите мудри изреки. Така, од многу земји од целиот свет доаѓале многу народ се со цел да ги слушнат изреките на Соломон. Тоа го сторила кралицата Македа од Шиба, каде Соломон ја прекрстил и ја насочил кон верата на Богот Абрахамов. Соломоновите мисли се содржаат во народните поговорки и преданија иако не е можно според многу истражувачи на еден човек да му се препишат толку многу мудрости.

За слабеењето и пропаста на Соломонското царство бил крив, според многумина и самиот Соломон, кој започнал да се вовлекува самиот себе си во големите облици на идололоклонствата кој биле спротивни од верските закони. Така, со овој акт, пророкот на Соломон му предвидел дека неговото царство ќе се распадне на два дела (Израел и Јудеја) и дека неговиот син, Ровоам, ќе ги исплати сите негови гревови кои ги направил во текот на своето владеење. Соломон умира после четириесет годишно владеење и бил закопан во Ерусалим.

Соломон исто така се појавува и во Коранот, но под името Сулејман.

Соломон
שְׁלֹמֹה
Крал на Израел
[[File:
King Solomon hebrew.jpg&filetimestamp=20071121154959&
|frameless|alt=]]
Владеење971 - 931 п.н.е.
ПретходникДавид
НаследникРовоам
ПридружникНамах,
ДецаРовоам
ДинастијаДавидова лоза
ТаткоДавид
МајкаBathsheba

Соломон како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Мајката го проколнала Соломон“ (Соломуна проклела мати) - српска народна приказна.[2] [3]
  • „Соломоновата песна“ - книга на американската писателка Тони Морисон.[4]
  • „Глас Соломона“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[5]

Поврзано

Соломон
Давидова лоза
Помлада гранка на Јудиното племе
Претходник
Давид
Цар на Израелско-јудејското царство
971 п.н.е. – 931 п.н.е.
Наследник
Ровоам
во Јудеја
Наследник
Јеровоам I
во Израел

Наводи

  1. 1,0 1,1 Barton, George A.. „Temple of Solomon“. Jewish Encyclopedia: 98–101. New York, NY.: Funk & Wagnalls. ДИП:10.1038/2151043a0(посет. 15 мај 2007 г)
  2. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
  3. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 226-227.
  4. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.
  5. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 14.
10 век п.н.е.

10 век пред нашата ера (п.н.е.) започнал на 1 јануари 1000 год. п.н.е., а завршил на 31 декември 901 год. п.н.е.

На Блискиот исток, овој период следи по колапсот на доцното бронзено доба, а со него почнува раното железно доба. Грчкиот мрачен век кој почнал во 1200 година п.н.е. продолжил. Нео-асирското царство било основано кон крајот на 10 век п.н.е. Индија се наоѓала во железно доба, а ведскиот период сѐ уште траел. Во Кина на власт била династијата Џоу. Бронзеното доба во Европа продолжило со Културата на полињата со урни (градење на некрополи со урни на рамно поле без надземна конструкција). Десеттиот век пред нашата ера во Јапонија се нарекува Џомон период, за време на кој таа била сѐ уште била населена од заедници на ловци–собирачи.

12 години роб

12 години роб (англиски: 12 Years a Slave) — британско-американски историски филм од 2013 година, во режија на Стив Меквин, според сценариото на Џон Ридли, засновано врз истоимената книга на Соломон Нордап од 1853 година. Главните улоги ги играат: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Гарет Дилахант, Мајкл Кенет Вилијамс, Брет Пит, итн. Филмот опишува вистински настани: Соломон Нордап, роден како слободен човек во државата Њујорк, во 1841 година бил грабнат во Вашингтон и продаден како роб, по што поминал 12 години во ропство, работејќи на плантажите во Луизијана. Филмот освоил три награди „Оскар“ (за најдобар филм, најдобра споредна улога и најдобро адаптирано сценарио) при што за првпат во историјата оваа награда ја освоил афроамерикански режисер. Исто така, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар филм и две награди на БАФТА (за најдобар филм и најдобар глумец). Првото научно издание на мемоарот на Нортап, издадено во 1968 од страна на Су Икин и Џозеф Логсдон, внимателно ги опишува и верифицира настаните во мемоарот за кои се смета дека се точни и прецизни.

1959

1959 (MCMLIX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1959. година од новата ера, 959. од вториот милениум, 59. од 20 век и последна од 1950-тите.

Ѕид на плачот

Ѕидот на плачот или Западниот ѕид (хеб. הכותל המערבי) претставува ѕид од времето на Вториот храм на Соломон во Ерусалим. Овој храм бил најсветото место во јудаизмот.

Јудејско Кралство

Кралство Јудеја (хебрејски: מַמלְכת יְהוּדָה) — поранешно кралство кое се наоѓало на територијата на денешен Израел и Палестина, со главен град Ерусалим. Оваа кралство било создадено од страна на три еврејски племиња: Јуда, Шимун и Венјамин. Кралство пропаднало со поделба на Северноизраелско и Јужноизраелско Кралство. Оваа држава била продолжение на кралството на Давид и Соломон, чиј прв крал бил Робоам, син на Соломон.

Втор ерусалимски храм

Вториот ерусалимски храм се нарекува реконструкцијата на Храмот на Соломон кој бил разрушен од страна на вавилонскиот цар Навуходонозор II во 586 година п.н.е..

Вториот храм бил изграден во текот на 515 година п.н.е., по враќањето на евреите од Вавилон и бил повторно разрушен од страна на римскиот император Тит во 70 година. Во текот на овој период храмот бил најзначајно место на јудаизмот каде се удржувале сите нивни ритуали.

Во 19 година Ирод Велики го дал почетокот за изградба на храмот и од овде Вториот храм исто така се нарекува и Храмот на Ирод.

Давид

Давид (хебрејски: דוד драг, љубен) по Светото Писмо бил вториот цар (крал) на Израелско-јудејското царство. Според преданието, Давид бил наследник на првиот цар, Саул и владеел од 1005 година п.н.е. до 965 година п.н.е. Неговиот наследник е Соломон, неговиот син. Давид е познат како голем писател, музичар и пејач.

Според преданието, Бог го избрал Давид и му дал ветување дека неговата лоза никогаш нема да биде уништена. Евреите сметаат дека Месијата кој се очекува да се роди треба да биде потомник на Давид. Според христијаните Исус Христос бил директен потомок на Давид. Владеењето на Давид или неговото постоење се уште не може да се докаже, односно времето, траењето, неговиот живот. Најстарите пишани документи датираат од 9 век п.н.е. од таканаречениот натпис Тел Дана.

За христијанството, јудаизмот и исламот културното предание за царот Давид има големо значење.

Евреи

Зборот Евреин се користи за различни намени, но најчесто се однесува на следбеник на еврејската религија, дете на еврејска мајка, или некој со еврејско потекло кој е поврзан со еврејската култура или народност.

Повеќето Евреи се сметаат себеси за народ, припадници на нација, која потекнува од античките Израелити и од оние кои ја прифатиле нивната религија на различни места и во различни времиња. Изразот „Евреин“ настанал кога древното Израелско кралство било поделено на северното Кралство Израел и јужното Кралство Јудеја. Израелитите (кои подоцна ќе бидат уништени од Асирците) биле припадниците на северното кралство, додека Евреите (оние кои преживеале) биле припадниците на јужното кралство. Со текот на времето, зборот Евреин повеќе се однесувал на оние со Еврејска вера, одошто на оние кои буквално потекнуваат од Јудеја. Модерната употреба на зборот Евреин се однесува и на оние кои активно го практикуваат јудаизмот, и на оние Евреи, кои иако не го практикуваат јудаизмот како религија, сѐ уште се идентификуваат себеси како Евреи поради традицијата на нивните еврејски семејства, како и поради лична културна идентификација.

Ерусалим

Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם (audio) ; арапски:القُدس القُدس (audio) ел-Кудс, арамејски: ܐܘܪܫܠܡ, ’Ūrišlem, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) — древен град на Блискиот Исток и најважен град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 804,355 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот..

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km², во Стариот Град, на Ридот на храмовите се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН, а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина. По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД.

Ерусалимски храм

Ерусалимскиот храм, според Библијата, бил изграден се со цел во него да биде поставен Ковчегот на заветот.

Ладислав I (Унгарија)

Ладислав I , исто така Свети Ладислав или Свети Ладислас (унгарски: I or Szent László; хрватски: Ladislav I.; словачки: Svätý Ladislav I ; полски: Władysław I Święty; околу 1040 - 29 јули 1095) бил крал на Унгарија од 1077 и крал на Хрватска од 1091 година. Тој бил втор син на кралот Бела I од Унгарија. По смртта на Бела во 1063 година, Ладислав и неговиот постар брат Геза го признале својот братучед Соломон како законски крал во замена за поранешниот војвода на нивниот татко, кој вклучувал една третина од царството. Тие соработувале со Соломон за следната деценија. Најпопуларната легенда на Ладислав, која ја раскажува својата борба со "Куман" ( турски номадски марадер), кој бил киднапиран од унгарска девојка, е поврзан со овој период. Односот на браќата со Соломон се влошил во раните 1070-ти, и тие се побуниле против него. Геза бил прогласен за цар во 1074 година, но Соломон ја одржувал контролата врз западните делови на неговото царство. За време на владеењето на Геза, Ладислав бил највлијателниот советник на неговиот брат.

Геза умрел во 1077 година, а неговите поддржувачи го направиле крал Ладислав. Соломон му се спротивставил на Ладислав со помош на кралот Хенри IV од Германија . Ладислав ги поддржал противниците на Хенри IV за време на контроверзноста на инвестициите . Во 1081 година, Соломон го отфрлил и признал владеењето на Ладислав, но тој се запрашал да ја поврати кралската круна, а Ладислав го затворил. Ладислав ги канионизирал првите унгарски светители (вклучувајќи ги и неговите далечни роднини, кралот Стефан I и војводата Емерик ) во 1085 година. Соломон го ослободил за време на церемонијата на канонизација.

По серијата граѓански војни, главен фокус на Ладислав било враќањето на јавната безбедност. Тој вовел строги закони, казнувајќи ги оние што ги прекршиле имотните права со смрт или осакатување. Тој ја окупирал речиси цела Хрватска во 1091 година, што го означува почетокот на периодот на проширување за средновековното Кралство Унгарија. Победите на Ладислаус врз Печенејците и Куманите ја осигуруваа безбедноста на источните граници на неговото кралство околу 150 години. Неговиот однос со Светата Столица се влоши во последните години од неговото владеење, бидејќи папите тврделе дека Хрватска е нивниот феуд, но Ладислав ги негирал нивните тврдења.

Ладислав бил канонизиран на 27 јуни 1192 од страна на папата Целестин III. Легендите го прикажуваат како побожен витез-крал, „инкарнација на доцно-средновековниот унгарски идеал за витештво“. Тој е популарен светец во Унгарија и соседните народи, каде што му се посветени многу цркви.

Песна над песните

Песната над песните (или на хебрејски שיר השירים, односно Shir ha-Shirim), е книга од Библијата—Танахот или Стариот завет— еден од петте свитоци. Позната е и под името „Песната на Соломон“ па дури и како „Црковни химни“, второво како резултат на анлискиот скратен вулгата превод Canticum Canticorum, односно „Песна над песните“ на латински. Позната е како Аисма во Септуагинтата, што е, пак, скратено од ῏Αισμα ᾀσμάτων, Aisma aismatôn или "Песна над песните" на грчки.Песната над песните долго време се претставува како алегорична презентација на односот меѓу Бог и Израил како младоженец и невеста.

Сепак, главните ликови во песната се една жена и еден маж, а самиот текст на песната алудира на една врска која започнува со додворување и завршува со консумација. Ова е една од најкратките книги во Библијата, содржејќи само 117 стихови. Според ашкенашката традиција, истата се чита на Сабатот што паѓа во меѓу-периодот на Пасхата (деновите меѓу првите и последните денови од Пасхата што, всушност, и не се целосни празници). Во заедницата на Сефардите се рецитира секој петок навечер.

Светско првенство во атлетика 2011 – Жени 200 метри

200 метри за жени на Светско првенство во атлетика 2011 се одржаа на стадионот Тегу на 1 и 2 септември.

Свитокот на храмот

Свитокот на храмот (хебрејски: מגילת המקדש

) е еден од најдолгите свитоци пронајдени кај Мртвото Море. Меѓу откритијата кај Кумран товој свиток е назначен: 11QСвиток на храмота(11Q19[11QTa]). Свитокот опишува еврејски храм, кој никогаш не бил изграден, заедно со детални прописи за жртвување како и практики во храмот. Овој документ е напишан во форма на откровение од Бог на Мојсеј, а со цел да се покаже дека овој храм е посоодветен, и дека Мојсеевите инструкции биле или заборавени или игнорирани кога Соломон го изградил Првиот Храм. Со други зборови, во умот на писателот на овој свиток: „Соломон всушност требало да го изгради Првиот Храм, како што е опишано тука во Свитокот на храмот“.

Синагога

Синагога или авра — еврејски молитвен дом. Зборот означува собрание (од грчки: συναγογε синагоге - хебрејски: Beit Knesset (בית כנסת).

Главната улога на синагогите е заедничка молитва, и покрај тоа што е поврзана и со приватни или лични молитви.

Кога станува збор за уметност и архитектурата на синагогите, Евреите својот живот го прилагодувале надвор од храмот. Тоа е своевидно отстапување од колективната религија, од најрано време, спрема индивидуалната религија на синагогата, којашто би можела да биде проширена во сите земји и сите заедници.

Сѐ до модерно време, синагогата е седиште на еврејското искуство. Со либералните тенденции, настапиле разни иновации во синагогите.

За разлика од христијанската црква, на пример, синагогата не е храм, бидејќи според јудаизмот има еден единствен храм – денес непостоечкиот Соломонов храм.

Синагогата е место каде што верниците се собират на секој свет ден. Богослужба во строга смисла не се спроведува, но се исполнуваат ритуали, се произнесуваат молитви, се читаат проповеди. Богослужбата е можна само во храмот на Соломон.

Интересна е местоположбата на синагогите, бидејќи според талмудските верувања, во саботниот ден (којшто е неработен) е дозволено човек да измине 800 стапки. Во врска со тоа, во минатото синагоги се граделе онаму каде што во близина има компактно еврејско население.

Архитектурата на синагогата варира според местото и државата во којашто е градена. Една од најзабележителните градби се наоѓа во Шпанија.

Соломонов храм

Соломоновиот храм (хебр. בית המקדש), исто така познат и како Првиот храм, е според Танах, првиот еврејски храм во Ерусалим. Самиот храм ја изразува најголемата фокусна точка на јудаизмот. Храмот бил завршен во текот на 10 век п.н.е. и подоцна бил разрушен од страна на вавилонците во 586 п.н.е. Потоа, храмот повторно бил изграден кој денес е познат како Вториот храм.

Сулејманова џамија

Сулејмановата џамија (турски: Süleymaniye Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.