Слобода (химна)

Слобода (грузиски: თავისუფლება / Tavisupleba) е националната химна на Грузија. Химната била усвоена во 2004 година, политички настан кога се усвоиле знамето и грбот на Грузија. Сите нови државни симболи биле прифатено откако во државата успешно била срушена претходната владина структура, настан познат под името Револуција на рози. Музиката на химната е базирана на грузиските опери „Абесалом и Етери“ и „Даиси“ од грузискиот композитор Закарија Палијашвили. Текстот на химната бил напишан од Давид Маграѕе.

თავისუფლება
макед. Слобода
Tavisupleba
Tavisupleba sheet music geo
Ноти и текст на химната.

национална химна на  Грузија
ТекстДавид Маграѕе
МузикаЗакарија Палијашвили/Јосеб Кечакмаѕе
Усвоена2004
Звучен извадок
Инструментална верзија.
  • снимка
  • помош

Текст

грузиски јазик[1] транслитерација македонски јазик

ჩემი ხატია სამშობლო,
სახატე მთელი ქვეყანა,
განათებული მთა-ბარი,
წილნაყარია ღმერთთანა.
თავისუფლება დღეს ჩვენი
მომავალს უმღერს დიდებას,
ცისკრის ვარსკვლავი ამოდის
ამოდის და ორ ზღვას შუა ბრწყინდება,
და დიდება თავისუფლებას,
თავისუფლებას დიდება!

Chemi khat'ia samshoblo,
Sakhat'e mteli kveq'ana,
Ganatebuli mta-bari
Ts'ilnaq'aria Ghmerttana.
Tavisupleba dghes chveni
Momavals umghers didebas,
Tsisk'ris varsk'vlavi amodis
Amodis da or zghvas shua brts'q'indeba,
Da dideba tavisuplebas,
Tavisuplebas dideba!

Мојата икона е мојата татковина,
И целиот свет е нејзина потпора,
Светли планини и долини
Се споделени со Бога.
Денес нашата слобода
Пее во чест на иднината,
Залезната ѕвезда изгрева
И свети меѓу две мориња,
Ценета нека е слободата,
Слободата нека е ценета!

Наводи

  1. Химната на страницата на Собранието на Грузија

Поврзано

Надворешни врски

Аргентина

Аргентина, офиц. Аргентинска Република (шпански: República Argentina) — држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).

Западна Германија

Западна Германија (германски: Westdeutschland) — вообичаеното име за Сојузна Република Германија или СРГ (германски: Bundesrepublik Deutschland или BRD) во периодот помеѓу нејзиното основање во мај 1949 до повторното обединување на Германија на 3 октомври 1990.

Во текот на овој период, Западна Германија сојузник на НАТО и социјалистичката Источна Германија биле поделени со внатрегерманската граница. По 1961, Западен Берлин бил физички поделен од Источен Берлин како и Источна Германија со Берлинскиот ѕид. Оваа состојба завршила кога Источна Германија била распуштена и нејзините пет покраини се приклучиле на десетте покраини на Сојузна Република Германија заедно со повторно обединетиот град-покраина Берлин. Проширената Сојузна Република Германија со шеснаесет покраини (позната и само како „Германија“) е продолжение на Сојузната Република Германија пред 1990-тите години.

Сојузната Република Германија била основана од единаесет покраини создадени во трите окупациски зони на САД, Велика Британија и Франција („Западни зони“). Градот Бон бил нејзин провизорен главен град. Четвртата окупациска зона (Источната зона или Ostzone) припаѓача на Советскиот Сојуз. Делови на оваа зона се наоѓале источно од линијата Одра-Ниса, но тие биле припоени кон Советскиот Сојуз и комунистичка Полска; преостанатиот средишен дел околу Берлин станал дел од комунистичката Германска Демократска Република (скратено ГДР; на германски Deutsche Demokratische Republik или DDR) и нејзиниот де факто главен град во Источен Берлин. Како последица на оваа состојба, Западна Германија ја имала само половината од територијата на предвоената демократска Вајмарска Република.

На почетокот на Студената војна, Германија (но и Европа) била поделена помеѓу Западниот и Источниот блок. Германија била де факто поделена на две држави и две специјални територии, Сар и поделениот Берлин. Сојузната Република Германија тврдела дека има право на ексклузивно право на цела Германија, сметајќи се себеси за демократски избрано продолжение на Германското царство. Сметале дека ГДР била нелегално создадена држава. ГДР одржувала регуларни избори, но тие биле неслободни и праведни; од гледна точка на Западна Германија, ГДР била марионетска држава на Советите и со тоа нелегитимна.

Три покраини во Западна Германија се споиле во 1952 и ја создале Баден-Виртемберг, а Сар се приклучила на Сојузната Република Германија во 1957. Покрај преостанатите десет покраини, Западен Берлин бил сметан како неофицијална де факто 11. покраина. Иако, правно не бил дел од Сојузната Република Германија, бидејќи Берлин бил под контрола на Контролниот совет на сојузниците, Западен Берлин бил политички поврзан со Западна Германија и бил директно или индиректно претставен во нејзините сојузни институции.

Врските со Источниот блок се подобриле во текот на ерата на ‘Neue Ostpolitik’ околу 1970 и Западна Германија започнала да зборува за „две германски држави во рамките на една германска нација“, но формално го одржувала еклузивното право. Ја признала ГДР како де факто влада во рамките на единствената германска нација, но која сепак била претставувана само од Западна Германија. Источна Германија, како и претходно, го признала постоењето на двете германски држави де јуре и Западна Германија како де факто и де јуре странска држава. Сојузната Република Германија и ГДР се согласиле дека ниедна од нив не може да зборува во името на другата.

Создавањето на денешната влијателна позиција на Германија била постигнато во текот на економското чудо (Wirtschaftswunder) од 1950-тите, кога Западна Германија се издигнала од огромното уништување по завршувањето на Втората светска војна и станала третата најголема економија во светот. Првиот канцелар Конрад Аденауер, кому мандатот му траел до 1963, работел на потполно сојузништво со Западот наместо неутралност. Не само што осигурил членство во НАТО, туку бил и еден од предводниците на договорите од кои се развила денешната Европска Унија. Кога Г6/Г8 била основана во 1975, не се поставувало никакво прашање дали Сојузна Република Германија треба да биде член.

Со падот на комунизмот во Централна и Источна Европа во 1989, поврзувано со рушењето на Берлинскиот ѕид, се направил голем чекор кон повторното обединување на Германија. Источна Германија гласала за самораспуштање и приклучување кон Сојузната Република во 1990. Нејзините пет повоени покраини (Länder) биле обновени заедно со обединетиот Берлин, кој ставил крај на специјалниот статус и станал град-покраина. Тие формално се приклучиле на Сојузната Република на 3 октомври 1990 со што завршила поделбата на Германија. Проширената Сојузна Република ги задржала политичката култура на Западна Германија и продолжила со постоечките членства во меѓународните организации, како и нејзиното сојузништво со Западот и поврзаноста со Европската Унија и НАТО.

Кралство Црна Гора

Кралство Црна Гора (српски: Краљевина Црнa Горa) — кралство во Југозападна Европа. Престолнината на кралството била во Цетиње.

Кралството Црна Гора е период во историјата на Црна Гора, кој траел од 1910 – 1918 година. Кралството Црна Гора настанало од Кнежевството Црна Гора и било монархија, чиј денешен наследник е Република Црна Гора. Легално, кралството било уставна монархија, а во пракса владеењето било апсолутистичко. Единствениот крал на Кралството Црна Гора бил Никола Петровиќ.

Малави

Малави, официјално Република Малави (МФА: malaβi, поранешен Њасаленд) е демократска, густо населена република во Јужна Африка. Се протега на 500 километри во правец север-југ и се граничи со Замбија на северозапад, Танзанија на север, и со Мозамбик на исток, југ и запад. Потеклото на името Малави сѐ уште е нејасно; се верува дека потекнува или од јужните племиња, или се однесува на "сјаењето на сонцето над езерото" (како на знамето).

Земјата нема излез на море, меѓутоа излегува на езерото Малави, или Њаса, трето по површина езеро во Африка, кое опфаќа околу петтина од површината на земјата и кое има 8 притоки и стотици водни текови. Ова езеро е дел од Долината на Големиот Гребен и се протега речиси на целата источна граница на државата.

Малави има површина од 118,484 км2. Се претпоставува дека има над 12 милиони жители. Главен град е Лилонгве, а други поголеми градови се Блантаир, Зомба итн. Најбројно население е Малави, но има и други племиња, како Макуа, Ломбе и др. Религијата е претставена со анимизам, тотемизам, христијанство и ислам. Службен јазик е англиски.

До 1964 година Малави бил британска колонија под името Њасаленд. Во првите триесет години со земјата владеел прозападниот и авторитарен Хејстингс Банда, а во 1994 се одржани првите повеќепартиски избори за претседател и парламент, на кој Банда бил симнат од власт.

Малави е сиромашна, воглавно земјоделска земја. Главен извозен производ е тутунот. БДП за 2004 е проценет на 600 американски долари по жител, мерено по индексот на куповна моќ.

Сан Марино

Сан Марино (италијански: San Marino) или официјално Република Сан Марино (италијански: Serenissima Repubblica di San Marino) е држава на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа. Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од околу 30.000 жители. Главениот град на државата го носи истото име, односно град Сан Марино. Сан Марино е една од најмалите независни држави во Европа и има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа.

Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.Уставот на Сан Марино е усвоен во 1600 година и е најстар устав кој е сè уште на сила. Економијата на државата воглавно зависи од туризмот. Поради малобројноста на населението, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител. Економскиот статус на Сан Марино се смета за доста стабилен, без национални задолжувања и буџетски недостатоци.

Силенд

Силенд (анг. -Principality of Sealand) е микронација која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното Море, 10 km од брегот на Велика Британија (на координатите 51°53′ 40 N°1′ 28), како и на територијалните води околу во пречник од 12 наутички милји. Силенд го завзел Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кои себеси се прогласил како Принц Рој од Силенд. Бројот на жителите ретко надминува 5, на платформата со површина од 550 m².

Силенд е веројатно светски најпознатата микронација, и иако нејзиниот суверенитет ретко се сфаќа сериозно, примерот на Силенд неретко се цитира во дебатите за меѓународното право.

Сојузни Држави на Микронезија

Ова е статија за државата во Океанија. За регионот видете регион Микронезија.Микронезија, или офиц. Сојузни Држави на Микронезија, скрат. СД Микронезија (англиски: Federated States of Micronesia) — островска држава која се наоѓа во Тихиот Океан североисточно од Папуа Нова Гвинеја. Државата е независна и е во слободен сојуз со САД. Микронезија порано била во склоп на Поверенствата на Тихоокеанските Острови под управа на САД. Во 1979 тие усвоиле устав и во 1986 независноста била прогласена. Денес, Микронезија има голема стапка невработеност, преголемо рибарство и гзначителна зависност од помошта на САД.

Холандски Антили

Холандски Антили (холандски: Nederlandse Antillen, папијаменто: Antia Hulandes) — автономна составна земја на Кралството Холандија. Оваа автономна држава била составена од две групи острови, едните составени од Аруба, Курасао и Бонер во близина на Венецуела, а другата група составена од Саба, Свети Мартин и Свети Евстахиј во близина на Свети Кристофер и Невис.

Холандските Антили почнале да се распаѓаат во 1986 година, кога Аруба излегла од федерацијата и станала посебна автономна држава во рамките на Кралството. На 10 октомври 2010 Холандските Антили целосно се распаднале и денес Кралството е составено од четири уставни држави и три јавни тела, нешто слично како специјални општини. Уставните држави се: Аруба, Курасао, Холандија и Свети Мартин, додека специјални општини се: Бонер, Саба и Свети Евстахиј кои се нарекуваат со заедничкото име Карипска Холандија.

Химна на Азија
Независни
држави
Непризнаени држави
Зависни територии
Суверени
држави
Делумно
признаени
Зависни
и др. територии
Други целини

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.