Сицилиски јазик

Сицилискиот (изворно: lu sicilianu или siculu; италијански: lingua siciliana) е јазик од романското семејство. Се говори на островот Сицилија и помалите околни острови, во јужна Калабрија (каде се нарекува јужнокалабриски), во јужните делови на Апулија, Саленто (каде се нарекува салентски) и во Кампанија, каде се нарекува чилентски (Gordon, 2005). „Етнолог“ го опишува сицилијанскиот како „достатно различен од литературниот италијански за да се смета за посебен јазик“ (Gordon).

Сицилиски
Sicilianu
Застапен воСицилија, Калабрија (средна и јужна), Кампанија (Чиленто), Апулија (Саленто, Лече), Малта
Говорници6,8 милиони  (2010)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2scn
ISO 639-3scn
Linguasphere51-AAA-re & -rf (mainland 51-AAA-rc & -rd)
{{{mapalt}}}

Говорници

Денес јазикот го говорат највеќето жители на Сицилија, како и иселеништвото низ светот, особено во САД, Канада, Австралија и Аргентина. ВО последните две до три децении, голем број на сицилијанци се преселиле во индустриските подрачја во северна Италија и остатокот од Европската Унија, особено во Германија.

Сицилискиот нема службен статус никаде, па дури ни во Сицилија и нема установа што го регулира. Најблиску до надлежност за јазикот е Центарот за сицилиски филолошки и лингвистички изучувања (Centro di studi filologici e linguistici siciliani) во Палермо, кој го истражува јазикот и објавува лингвистички дела уште од неговото основање во 1951 г.[1]

Автономниот регионален парламент на Сицилија има донесено законски уредби за изучување на сицилискиот јазик во сите училишта, но реализацијата досега е мошне бавна (Cipolla, 2004).

Јазикот официјално се признава во општинските статути на сицилиските градови како Калтаџироне[2] и Грамикеле,[3] каде се прогласува „неотуѓивата историска и културна вредност на сицилискиот јазик“. Предвидена е и заштита и промовирање на јазикот согласно Европската повелба за регионални и малцински јазици (ECRML), но италијанскиот парламент досега не го има потврдено предлог-законот.[4]

Во разните сицилиски заедници во САД и Канада (особено во Монтреал), јазикот е зачуван и се изучува во семејството и преку културни и фолкорни друштва и црковни организации, а постојат и друштвени групи на интернет.[5][6][7]

Име на јазикот

Името на јазикот доаѓа од најголемиот древен староседелски народ на Сицилија наречен Сикули, кој живеел на островот пред доаѓањето на Грците во VIII век п.н.е..

Дијалекти

Како и другите јазици, сицилискиот има свои дијалекти, што припаѓаат на следниве наречја (Gordon и Bonner 2001):

  • западно - во Палермо, Трапани, среднозападно Агриџенто)
  • централно - во средниот дел на Сицилија, што опфаќа извесни делови од покраините Калтанисета, Месина, Ена, Палермо и Агриџенто)
  • југоисточно - во покраината Рагуза и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
  • енско (Ennese) - во покраината Ена
  • источно - во подрачјето на Катанија (втор град по големина на Сицилија) и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
  • месинско (во покраината Месина)
  • липарско или еолско - на Липарските (Еолски) Острови)
  • пантелериско (на островот Пантелерија)
  • јужно- и среднокалабриско (Calabrese) - јужниот и среден дел на Калабрија, вклучувајќи ги покраините Реџо Калабрија, Вибо Валентија, Катанѕаро иа најголемиот дел од Кротоне)
  • јужноапулско (Pugliese или Salentino) - полуостровскиот дел на Апулија)
  • чилентско (Cilentano) - во подрачјето на Чиленто во Кампанија)

Поврзано

Наводи

  1. Centro di studi filologici e linguistici siciliani (CSFLS)
  2. Gazzetta Ufficiale della Regione Siciliana: Statuto del Comune di Caltagirone
  3. Gazzetta Ufficiale della Regione Siciliana: Statuto del Comune di Grammichele
  4. Карди, Валерија. Италија се приближува до ратификувањето на Еверопската повелба за регионални и малцински јазици - Eurolang, 12 декември 2007 (англиски)
  5. http://dir.groups.yahoo.com/group/sicilianamericanclub/message/766
  6. http://www.everyculture.com/multi/Pa-Sp/Sicilian-Americans.html
  7. http://nsaf.net/

Надворешни врски

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на сицилиски јазик
Западноиталски јазици

Западноиталски јазици (нарчени и „итало-западни“) — најголема подгрупа на романските јазик. Оваа група се состои од две подгрупи: итало-далматски јазици и западноромански јазици.

Италодалматските заедно со италијански јазик, неаполски јазик, сицилиски јазик, истриотски јазик, јудео-италијански јазик и исчезнатиот далматски јазик.

Западноромански јазици:Пиринејски мозарапски јазици со: арагонски јазик и мозарапски јазик

Галоиберски јазици:

Галоромански јазици:

Окситанско-романски јазици заедно со каталонски јазик и со окситански јазик.

Галоиталски јазици заедно со пиемонтски јазик, лигурски јазик, западен ломбардски јазик, источен ломбардски јазик, емилијанскоромањолски јазик и венециски јазик.

Реторомански јазик заедно со реторомански јазик и фурлански јазик.

Оилски јазик (вклучувајќи го и француски јазик) и останати помали јазици од Франција.

Ибероромански јазик:

Западноиберски јазици: шпански јазик, португалски јазик, галициски јазик, ладино, леонски јазик итн.

Источни иберски јазици : каталонски јазик

Роберт Де Ниро

Оваа статија е за актерот. За неговиот татко, види Роберт Де Ниро Сениор.

Роберт Де Ниро Јуниор (роден на 17 август 1943 година) е американски актер, режисер и продуцент. Се смета дека е еден од најдобрите актери на својата генерација. Неговата прва поголема филмска улога беше во филмот Полека Удирај Го Тапанот, во 1973 година. Во 1974 година, го играше младиот Вито Корлеоне во Кум 2, за којашто улога доби награда за најдобар спореден актер.

Неговата долгогодишна соработка со Мартин Скорсезе започна во 1973 година со филмот Злобни Улици, а Де Ниро доби награда за најдобар актер за улогата на Џејк ЛаМота во филмот од 1980 година, Разгневениот Бик. Исто така тој беше именуван за награда за своите улоги во филмовите на Скорсезе, Таксист (1976 год.) и ‘Рт на Стравот (1991 год.). Исто така, беше именуван за својата глума во филмовите: Ловец на Елени на режисерот Мајкл Чимино од (1978 год.) и Будење на Пени Маршал (1990 год.).

Доби четири номинации за наградара Златен Глобус за најдобар актер во мјузикл или комедија: Њујорк, Њујорк (1977), Пред Полноќ (1988), Анализирај го Ова (1999) и Запознај ги Родителите (2000).

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.