Сефарди

Сефардите се Евреи, потомци на прогонетите од Шпанија за време на Шпанската инквизиција, воглавно во 1492 година. Тие масовно се раселиле низ Европа, главно на териториите под османлиска власт, вклучително и во Македонија. Сефардите, воглавно живееле во градовите Солун, Скопје, Битола, Штип, Кратово и притоа формирале добро организирани еврејски општини. За време на Втората светска војна, околу 7 000 Евреи, односно Сефарди од Македонија биле депортирани во концентрациониот логор Треблинка, каде биле задушени во гасните комори.

Сефардски Евреи
יהדות ספרד (Јахадут Сфарад)
Вкупен број
Сефардски Евреи
2,200,000
до 16% од светското еврејско население
Подрачја со значајно население
 Израел1.4 милиони
 Франција300,000–400,000
 САД200,000–300,000
 Аргентина50,000
 Турција26,000
 Мароко6,000
 Грција6,000
 Обединето Кралство8,000
 Тунис2,000
 Босна и Херцеговина2,000
Вероисповед
Јудаизам
Јудеопортугалски јазик

Јудеопортугалски јазик — исчезнат еврејски јазик кој бил користен од португалските Евреи во Португалија.

Борис Пастернак

Борис Леонидович Пастернак (10 февруари 1890, Москва - 30 мај 1960, Переделкино, Русија), е руски поет и белетрист од еврејско потекло, добитник на Нобеловата награда за литература во 1958 година за инзвонредните дострели во современата лирска поезија и на полето на великата руска епска традиција. Тој бил принуден да се откаже од наградата иако првобитно ја прифати; потоа стана жртва на политичка кампања во која романот „Доктор Живаго“ му беше забранет во СССР. Син е на уметникот Леонид Пастернак и на пијанистката Роза Кауфман.

Ева Грин

Ева Грин (родена на 6 јули 1980 во Париз) — француска глумица и модел.

Грин е ќерка на актерката Марлен Жобер и ја започнала својата кариера во театарот пред да го направи своето деби во филмот Сонувачи на Бернардо Бертолучи (2003). Таа добила меѓународно признание за нејзината улога како Сибила, кралица на Ерусалим во историскиот еп на Ридли Скот, Небесно кралство (2005). Следната година, таа ја играла Бондовата девојка Веспер Линд во филмот за Џејмс Бонд, Казино Ројал (2006) и ја добила наградата BAFTA Rising Star Award.

Оттогаш Грин играла во бројни филмови, вклучувајќи ги и Cracks (2009), Womb (2010) и Perfect Sense (2011). Во 2014 година, таа ја глумела Артемизија I во продолжението на филмот 300, Подемот на царството, и Ава Лорд продолжението на филмот Sin City. Грин е позната и по „Темни сенки“ (2012), Miss Peregrine's Home for Peculiar Children (2016) и Dumbo (2019).

Еврејска заедница во Република Македонија

Еврејска заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) — еврејска заедница во Македонија, која брои околу 250 членови, од кои најголем дел се Сефарди.

Заедницата е една од петте верски заедници кои се влезени во Уставот на Македонија.

Историја на Евреите во Грција

Евреите биле присутни во Грција уште од 4 век п.н.е. Најстарата и најкарактеристична еврејска група што ја населила Грција се Романиотите, исто така познати како „грчки Евреи“. Сепак, терминот „грчки Евреи“ претежно се користи за секое лице од еврејско потекло или вера што живее или потекнува од современиот регион на Грција.

Настрана од Романиотите, посебно еврејско население кое историски живеело во заедници низ цела Грција и во соседните области со големо грчко население, Грција имала голема популација на еврејски Сефарди и земјата била историски центар на сефардскиот живот, главно во градот Солун, Македонија, кој бил познат како „Мајка на Израел“. Грчките Евреи одиграле важна улога во раниот развој на христијанството и биле извор на образование и трговија за Византија и во текот на периодот на Отоманска Грција, додека не пострадале од катастрофата во Холокаустот откако Грција била освоена и окупирана од Силите на Оската, и покрај напорите на Грците да ги заштитат. По завршувањето на холокаустот, голем процент од преживеаните заедници емигрирале во Израел или во САД.

Еврејската заедница во Грција изнесува околу 8.000 луѓе, концентрирани главно во Атина, Солун, Лариса, Волос, Халкис, Јанина, Кавала и Родос. Грчките Евреи денес во голема мера „живеат рамо до рамо во хармонија“ со христијанските Грци, продолжувајќи да соработуваат со другите Грци и Еврее ширум светот борејќи се против секаков пораст на антисемитизмот во Грција. Еврејската заедница на Грција вложува големи напори за основање на музеј за Холокауст во земјата. Делегација и претседателот на еврејската заедница на Грција се состанале во ноември 2016 година со грчки политичари и побарале поддршка за нивното барање да се вратат архивите на заедницата на Еврејската заедница во Солун од Москва.

Историја на Евреите во Србија

Историјата на еврејската заедница во денешна Србија е околу две илјади години и започнала пред доаѓањето на Србите. Евреите прво пристигнале во регионот за време на римското владеење на овие простори. Еврејските заедници на Балканот останале мали до крајот на 15 век, кога Евреите побегнале од шпанските и португалските инквизиции, наоѓајќи засолниште во областите под власта на Отоманското Царство, вклучувајќи ја и Србија.

Заедницата својот врв го достигнала пред Втората светска војна кога во земјата живееле од 33.000 евреи (од кои речиси 90% живееле во Белград и Војводина). Околу две третини од српските Евреи загинале во Холокаустот, бидејќи биле особено нападнати додека Хитлер се обидел да ги казни и етничките Срби и Евреи за германскиот пораз во Првата светска војна. По војната, голем дел од преостанатото еврејско српско население е емигрирало, главно во Израел. Во пописот во 2011 година само 787 луѓе се изјасниле како евреи. Денес, Белградската синагога и онаа во Суботица, се синагоги во служба, додека синагогата во Нови Сад е претворена во културен уметнички простор. Самото име на градот Суботица има свое еврејско име - „Шабат“/„Субота“ на српскохрватски јазик.

Мадрид

Мадрид (шпански: Madrid, шпански изговор: [maðɾið], разговорно: [maðɾi]) е главен и најголем град во Шпанија. Градот е населен со околу 3,3 милиони (од декември 2009); целото население во градскиот дел (урбаниот дел и предградијата) е пресметано дека е 6.386.932 жители.

Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Голем Лондон и Берлин и неговата градска област е трета најнаселена во Европската унија, по Париз и Лондон. Градот се простира на 698 км2.Градот се наоѓа на реката Мансанарес во центарот и на земјата и општината на Мадрид (која го опфаќа градот Мадрид, со своите издвоени и проширени предградија и села); оваа општина се граничи со автономни заедници на Кастилја и Леон и Кастилја-Ла Манча. Освен главен град на Шпанија, седиште на владата и престолнина на шпанскиот монарх, Мадрид исто така е и политички центар на Шпанија. Моментален градоначалник е Алберто Руиз-Гаљардон од народната партија. Тој е на функција од 2003 година, кога го напуштил Претседателството на автономната заедница на Мадрид и се кандидирал да го замени заминувањето на градоначалникот Хозе Марија Алварез дел Мансано, кој исто така е од народната партија. На последните локални избори од 2007 година, Руиз Гаљардон го зголеми мнозинството на народната партија во Градскиот совет на 34 места од вкупно 57, земајќи 55,5% од гласовите и победи во сите освен во два региони.

Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпански компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми (Telefónica, Repsol-YPF, Banco Santander). Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.

Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски населби и улици. Во неговите обележја се вклучени огромната Кралската палата на Мадрид; Театро Реал (Кралскиот театар), со негова обнова во 1850 во оперска куќа; паркот Буен Ретиро, основан во 1631; величествената зграда на Националната библиотека од 19 век (основана во 1712), содржи некои од шпанските историски архиви, археолошки музеј и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Мусео Насионал Сентро де Арте Реина Софија, музеј на современа уметност, и музејот Тисен-Борнемиса, сместен во реновираната Палата Виљаремоса.

Мармара (остров)

Остров Мармара (турски: Marmara Adası; грчки: Προκόννησος) — турски остров во Мраморно Море. Со површина од 117,8 км2, тој е најголемиот остров во Мраморното Море и е втор по големина остров во Турција по Имброс. Островот се наоѓа на Мармара област во провинцијата Баликесир. Превозот до островот е возможен од Истанбул со брод и ферибот, како и со моторни чамци од Текирдаг и Ердек. Познат по своите вина и риба, Мармара и Авса нудат прекрасни крајбрежја. Островот Мармара е полн со историски богатства кои ја зголемуваат својата атрактивност.

Мордехај Вануну

Мордехај Вануну (хебрејски: מרדכי ואנונו; роден на 14 октомври 1954) е поранешен израелски нуклеарен техничар кој, повикувајќи се на неговото спротивставување на оружје за масовно уништување, открил детали за нуклеарната програма на Израел пред британскиот печат во 1986 година. Тој подоцна бил вовлечен во Италија од страна на агент на Мосад, каде што бил дрогиран и киднапиран од страна на израелските разузнавачки агенти. Тој бил пренесен во Израел и на крајот осуден во судскиот процес кој се одржал зад затворени врати.

Вануну поминал 18 години во затвор, вклучувајќи и повеќе од 11 години во самица. Бил ослободен во 2004 година под услов да не го напушта Израел, да не се доближува до странските амбасади ниту пак да контактира со странски новинари. Од тогаш тој бил уапсен на неколку пати за прекршување на овие ограничувања, поради давање интервјуа за странски новинари. Тој изјавил дека претрпел "суров и варварски третман" во рацете на израелските власти додека бил затворен и сугерирал дека неговиот третман би бил поинаков доколку тој бил Евреин (Вануну е христијанин кој го примил христијанството од јудаизмот).

Во 2007 година, Вануну бил осуден на шест месеци затвор поради кршење на условите при неговото условно ослободување. Во одговор на ова, Amnesty International издал соопштение за медиумите на 2 јули 2007 година, во кое навело дека "Организацијата смета дека Мордехај Вануну е затвореник на совеста и повикала за негова итно и безусловно ослободување". Во мај 2010 година, Вануну бил уапсен и осуден до три месеци во затвор под сомнение дека тој се состанал со странски државјани.

Од страна на Израел Вануну се третира како предавник.

Турција

Турција (турски: Türkiye) или официјално Република Турција ( Türkiye Cumhuriyeti ) е независна држава во Евроазија која се протега полуостровот Мала Азија и на дел од Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Турција е една од шесте независни турски држави во светот. Турција граничи со осум држави и излегува на четири мориња. На северозапад граничи со Бугарија, на запад со Грција, на североисток со Грузија, на исток со Ерменија, Азербејџан и Иран и со Ирак и Сирија на југ. На север од државата се наоѓа Црното Море, на запад е Егејското Море, на северозапад е Мраморното Море, додека на југ е Средоземното Море. Мраморното Море, заедно со протоците Босфор и Дарданели ја сочинуваат природната граница меѓу европското и азиското турско копно.Истанбул е најголемиот град во земјата, додека главен град Анкара кој се наоѓа во централниот дел на Анадолија. Околу 70 до 80 отсто од граѓаните на земјата се идентификуваат како Турци. Курдите се најголемо малцинство. Големината на курдското население е предмет на расправа со проценки од 12 на 25 проценти од населението.

Во разни периоди во својата историја, регионот бил населен со различни цивилизации, вклучувајќи ги Асирците, Грците, Тракијците, Фригијците, Урартијците и Ерменците. Хеленизацијата започнала во ерата на Александар Велики и продолжила во времето на Византија. Селџуците започнале да мигрираат во областа во 11 век, а нивната победа над Византијците во битката кај Манцикерт во 1071 година го симболизира почетокот и темелот на Турција на овие простори. Селџучкото Царство владеел со Анадолија до монголската инвазија во 1243 година, кога се распаднала на мали турски кнежевства. Почнувајќи од крајот на 13 век, Османлиите започнале да ги обединуваат овие турски кнежевства. Откако Мехмед II го освоил Цариград во 1453 година, османлиската експанзија продолжила под Селим I. За време на владеењето на Сулејман Величествениот, Отоманското Царство опфаќало голем дел од Југоисточна Европа, Западна Азија и Северна Африка, станувајќи светска силаВо следните векови државата влегла во период на опаѓање со постепено губење на териториите и војните. Во обид да ги консолидира слабеењето на социјалните и политичките основи на царството, Махмуд започнал период на модернизација во почетокот на 19 век, носејќи реформи во сите области на државата, вклучувајќи ја и војската и бирократијата заедно со еманципацијата на сите граѓаниВо 1913 година, државниот удар успешно ја ставил земјата под контрола на Трите паши. За време на Првата светска војна, отоманската влада извршила геноциди против ерменските, асирските и понтиските грчки субјекти. По војната, конгломерацијата на територии и народи што порано го сочинувале царството била поделена на неколку нови држави. Турската војна за независност, иницирана од Мустафа Кемал Ататурк против окупацијата на сојузничките сили, резултирала со укинување на монархијата во 1922 година и основање на Република Турција во 1923 година, со Ататурк како прв претседател. Ататурк донел бројни реформи, од кои многу од нив инкорпорирале различни аспекти на западната мисла, филозофија и обичаи во новата форма на турската влада. Курдско-турскиот конфликт, вооружен конфликт меѓу Република Турција и курдските бунтовници, е активен уште од 1984 година пред се на југоисточниот дел на земјата. Различни курдски групи бараат одвојување од Турција за да создадат независен Курдистан или да имаат автономија и поголеми политички и културни права за Курдите во Турција.

Поради турската местоположба како крстопат меѓу Азија и Европа, Турција има голема геостратешна важност. Доминантна религија во Турција е Исламот, со мали христијански и јудејски заедници. Официјален јазик во Тирција е турскиот јазик, кој е најдоминантен јазик во државата, но околу 18% од населението зборува и курдски и фдазаки.Турција е демократска, секуларна, унитарна уставна република, со големо античко културно наследство. Турција е член на голем број меѓународни организации што ја прави западноориентирана држава. Турција е членка на ООН, рана членка на НАТО, ММФ и Светската банка, како и основач на ОЕЦД, ОБСЕ, БСЕЦ, ОИК и Г-20. Откако станала една од првите членки на Советот на Европа во 1949 година, Турција станала асоцијативна членка на ЕЕЗ во 1963 година, се приклучила на Царинската унија на ЕУ во 1995 година и започнала преговори за пристап во Европската Унија во 2005 година, кои ефикасно биле запрени од ЕУ во 2017 година поради „патот на Турција кон автократското владеење“. Турската економија и дипломатските иницијативи довеле до нејзино признавање како регионална сила, додека нејзината местоположба и дала геополитичко и стратешко значење низ историјата. Турција е секуларна, унитарна, поранешна парламентарна република која го усвоила претседателскиот систем со референдум во 2017 година. Новиот систем стапил на сила со претседателските избори во 2018 година. Сегашната администрација на Турција предводена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган од АКП донела мерки за зголемување на влијанието на исламот и ги поткопала политиките на Кемалистите и слободата на печатот.

Шабат

Шабат (хебрејски: שַׁבָּת, „одмор, прекин“) или Шабос, Шабес (јидиш: שאבּעס) — седми ден во еврејската недела посветен на одмор, со кој се памети создавањето на светот за шест дена и спасението на Евреите од ропство во Египет, како и исчекување на времето на Месијата. Според прописите, на Шабат верниците мораат строго да се воздржуваат од секакви работни активности и да се дадат на одмор и раазонода за да се уважи денот. Според преданијата, Шабат води потекло од самиот еврејски народ како неговата прва најсвета општествена установа, но други стручњаци предлагаат поинакво потекло. Различните гранки на јудаизмот имаат разни прилагодувања на Шабат, а истиот на различен начин се почитува и кај останатите аврамски и други религии.

Од Шабат потекнува името на денот сабота во македонскиот јазик, иако православните и највеќето други христијани ја сметаат неделата како ден за одмор. Поради истоветното потекло на поимот, за Шабат често се користи придавката „саботен“ (на пр. саботнни свеќи, саботна песна и тн.) Ова е единствениот ден во неделата со име од несловенско потекло.

Според законите (халаха), Шабат се празнува од неколку минути пред зајдисонце во петок, па сè до појавувањето на три ѕвезди во сабота навечер. Празникот се пречекува палење на свеќи и кажување на благослов. Се јадат три празнични оброци: навечер, наутро и доцна попладне. Вечерата почнува со кидуш (посветување) и други благослови што се кажуваат над две векни леб (хала). Завршува следната вечер со благослов „авдала“. Ова е весел празник, каде луѓето се ослободени од секодјевниот труд и задачи. Како таков, тој дава можност за размислување за духовното во животот и проведување време со семејството.

Штип

Штип — град во источниот дел на Република Македонија, распространет по долината на реката Брегалница. Според пописот на населението од 2002 година, градот имал 40.016 (43.625 со Ново Село) жители и претставува најголемиот град во Источна Македонија и 7-ми град по големина во Македонија. Штип е седиште на Штипската Општина и центар на Источно-планскиот Регион. Штип е еден од најстарите градови во Македонија. Во 2008 година, Свети Никола бил прогласен за заштитник на градот.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.