Сее

Сее е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 52.2 km2, и население од 7,467 жители (2004) и густина на население од 144 km2.

Concello de Cee
Амблем на Concello de Cee

Амблем
Прекар(и): Cee
Location of Cee within Galicia

Location of Cee within Galicia
Parroquias6
Површина
 • Вкупна52,2 км2 (202 ми2)
Население (2005)
 • Вкупно7.467
 • Густина144,16/км2 (37,340/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CET (UTC+2)
Мреж. местоhttp://www.finisterrae.com/concello/cee.htm
Брашно

Брашното, кое е состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб.

Најчесто брашното се произведува од пченица, па зборот „брашно“ без означување на видот подразбира пченично брашно. Освен од пченица, се изработува и од пченка, ‘рж, јачмен, овес, наут, костен, просо, ориз и др. Тоа се прави и од незрнести култури - соја, компир, хелда, тапиока, кикирики, бадем и сл. Грубо мелените плодови се нарекуваат гриз (понекогаш и крупица).

Пченичното брашно е едно од најважните намирници во европската и американската култура и важна состојка во многу видови на леб и тесто.

Пченичното брашно содржи белковина наречена глутен, која му дава на тестото еластична структура.

Земјени знаци

Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Земјените знаци се сметаат за знаци со приземна енергија. Земјата е цврст елемент, материја што може да се фати, за разлика од огнот, воздухот или водата. Земјата е отпорна на огнот, воздухот не ја придвижува, но затоа водата може да ја натопи.

Сите земјени знаци ги ценат нештата со смисла, го ценат видливото, материјалното, она што може да се допре, да се види, да се чуе или да се вкуси.

Земјените знаци се асоцијација и на сите манифестации на земјата: поле или нива (Бикот), плажа или брег (Девицата), и планина или карпи (Јарецот). Тие стојат цврсто на земја, практични се и конструктивни.

Ицамна

Ицамна бил основач на мајанската култура. Тој го научил народот да сее пченка и какао, како и да пишува, создаде календар и да ја изучува медицината.

Кумановска каза

Кумановската каза била каза во Македонија во состав на Отоманската Империја, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 век. Била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает.

Марија II

Мери II (англиски: Mary II; 30 април 1662 во Лондон - 28 декември 1694 Лондон) — кралица на Англија од 1689 до 1694 година.

Мајски конгрес

Мајскиот конгрес е конгрес на Реформско-демократското крило на Организацијата и е одржан во текот на мај 1908 година во Банско.

Медеја

Медеја (грчки: Μήδεια) е жена од старогрчката митологија. Таа била ќерка на кралот Ејет од Колхида, внука на Кирка, правнука на богот на сонцето Хелиос, а подоцна сопруга на јунакот Јасон, со кого имала две деца. Во драмата на Еврипид Медеја, Јасон ја остава Медеја кога Креонт, кралот на Коринт му ја нуди својата ќерка за жена. Трагедијата зборува за тоа како Медеја се осветила на својот сопруг за предавството. Талентот за правење магии го добила од божицата Хеката.

Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ — меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја година во Битола, Македонија, кој е организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Никола Груевски

Никола Груевски (р. 31 август 1970, Скопје) — македонски политичар. Тој бил министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.

Во ноември 2018 година избегал во Унгарија каде што има побарано политички азил од тамошните власти откако требал да одлежи 2-годишна затворска казна во Македонија.

Редосеалка

Редосеалка — земјоделска машина која се користи за сеење во изорани редови и леи како и за садење и пресадување садници во земја. Се користи за садење на груткасти и репкасти растенија (пр. компир), главчести (чешнести) растенија (пр. лале), семиња (зелка, целер, тутун, ориз) и садници на млади дрвја. Редосеалката е специјално дизајнирана и е опремена со цилиндри за производство на бразди, еден или повеќе (конусни или цилиндрични) полначи (комори) во кои стојат и од кои се испуштаат и посејуваат семенските материјали, како и со тркала, кои може да се од рапаво железо за дополнително да ја разронат земјата и затрупаат семето. Се прикачува и е влечена од трактор. Постојат повеќе видови на редосеалки во зависност од семето кое што се сее: редосеалка за жито - пченица и јачмен, редосеалка за ориз, редосеалка за пченка, редосеалка за ситни семиња итн. Употребата на редосеалката е многу важна и значајна бидејќи го намалува времето потребно за сеење зрна и садење на садници, во споредба со рачното сеење и пресадување, со што се овозможува повеќе време за берба. Исто така ја намалува употребата на рачна енергија, со што овозможува сеење на многу поголеми површини наеднаш и за пократко време.

Сеидба

Сеидба е процес на сеење и садење семиња, на простор или објект кој има за цел да се засади повеќе врсти билни семиња.

Словачка азбука

Словачката азбука (abeceda) е писмо што се користи за пишување на словачкиот јазик. Азбуката е базирана врз латиницата, со одредени модифицирања на буквите за приспособување кон словачкиот фонетски систем. Азбуката е многу слична со чешката азбука, има 40 букви плус 3 двографи. Карактеристична а буквата Ŕ, но и карактеристично е тоа што се обележува и должината на гласовите па поради тоа се сметаат и како посебни букви. Азбуката е официјална на територија на Република Словачка.

Список на мајански богови и натприродни суштества

Ова е листа на мајански богови. Листата е воглавно преземена од книгите од Чалам Балам, лакандонската етнографија и Попол Вух.

Забелешка: Во листата ќе забележите повеќе богови за едно нешто, како на пример има повеќе богови на небото. Тоа е така бидејќи тие припаѓаат на различни мајански народи, не се сите заеднички богови. Покрај заедничките, секоја мајанска етничка група имала свои специфични богови, иако посветеноста е иста кај сите.

Тахитски јазик

Тахитскиот (Reo Mā`ohi или Reo Tahiti) е полинезиски јазик, дел од групата на тахитски јазици. Тахитскиот воглавно се зборува на Друштвените Острови во Француска Полинезија. Јазикот е еден од поголемите и позначајни полинезиски јазици и лингва франка за Француска Полинезија.

Фонетика и фонологија на македонскиот јазик

Во оваа статија се работи за фонолошкиот систем на стандардниот (т.е. литературен) македонски јазик кој се темели на прилепско-битолскиот дијалект. За другите дијалекти, видете Дијалекти на македонскиот јазик. Македонскиот јазик има пет самогласки, една полусамогласка, три течни согласки, три носни, три пара струјни, два пара слеани, неспарена безвучна струјна согласка, девет пара звучни и безвучни согласки и четири пара избувни согласки.

Халид бин Абдулазиз

Халид бин Абдулазиз ел- Сауд (арапски: خالد بن عبد العزيز آل سعود, Khālid ibn ‘Abd al ‘Azīz Āl Su‘ūd; 13 февруари 1913 – 13 јуни 1982) — крал на Саудиска Арабија од 1975 до 1982 г. и четврти владетел на земјата. Периодот на неговото владеење сее одликува со стопански развој на земјата поради зголемените приходи од нафтата и значајните настани на Блискиот Исток.

Цармариново

Цармариново или Црно Мариново (грчки: Μαρίνα, Марина; до 1926 година: Σερμαρίνοβο, Сермариново, Σερμορίνοβο, Сермориново; книжевно: Σερμορίνοβον, Сермориновон) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Чешка азбука

Чешката азбука е писмо што го користи чешкиот јазик, базирана е врз латиничната азбука но со видни модифицирања и додавања на букви за задоволување на потребите на чешкиот фонетски систем. Азбуката е официјална на територијата на Чешка и има 42 букви. Карактеристична буква за чешкиот јазик е буквата Ř и означувањето на должината на самогласките. Азбуката и јазикот се слични со словачкиот јазик и со словачката азбука.

’Рж

’Рж (науч. Secale cereale) — мошне распространето тревно растение што се одгледува како житарка за исхрана кај луѓето и како фуражна култура за домашните животни. Член е на групата на пченични растенија и е во блиско сродство со јачменот и пченицата. Зрната се користат за правење на брашно, ’ржен леб, ’ржено пиво, извесни видови на виски и вотка, но и како фуражна култура. Зрната се консумираат цели или зарамнети и суви, во облик на снегулки.

Ла Коруња

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.