Северозапад

Северозапад (крат. СЗ, меѓун. NW од англ. Northwest) е споредна страна на светот што се наоѓа помеѓу север и запад.[1] Таа е спротивна на југоисток.

Compass Rose Macedonian Northwest
Северозапад на компас

Поврзано

Наводи

  1. северозапад - Дигитален речник на македонскиот јазик
Белорусија

Белорусија (белоруски: Беларусь, руски: Белоруссия, Беларусь) или официјално Република Беларус (Рэспубліка Беларусь, Республика Беларусь), е независна држава во Источна Европа. Белорусија се граничи со Русија на североисток, со Украина на југ, со Полска на запад и со Литванија и Латвија на северозапад. Главен град на Белорусија е Минск, а официјални јазици во државата се белоруски и руски. Вкупната површина на Белорусија изнесува 207.600 километри квадратни каде живеат околу 9.503.807 жители според пописот од 2009 година. Над 40% од вкупната површина на земјата е прекриена со шуми, а најзначајни стопански гранки на земјата се земјоделството и производството.

Гватемала

Гватемала (шпански: Guatemala), официјално Република Гватемала (República de Guatemala) — држава во Средна Америка. На север и запад се граничи со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Вкупната површина на Гватемала е 108.890 километри квадратни каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град Гватемала и Гватемала има 23 официјални јазици. Гватемала е претседателска република. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.

Гимарас

Гимарас е островска провинција на Филипините која е сместена на Западен Висајас регионот. Главен град е Хордан. Островот се наоѓа во Панајски Залив, помеѓу Панај Островот и Негрос Островот. На северозапад се наоѓа провинцијата Илоило додека на југоисток Западен Негрос.

Гребен (округ)

Гребен (грчки: Περιφερειακή ενότητα Γρεβενών) — округ во Егејска Македонија (денес Грција). Администратицен центар е градот Гребен (Гревена). Голем дел од округот е планински, што го прави Гребен еден од најслабо населените окрузи во Грција. Создаден во 1967 г. од стариот округ Гребен-Кожани, во која што главен град бил Кожани. Се граничи со окрузите Јанина (Епир) на запад, Костур на северозапад, Кожани на север и исток, Лариса на југоисток и Трикала на југ.

Во планините спаѓаат Пинд на запад, Хасија на југозапад и југ и Црвена Гора на североисток. Најдолгата река е Бистрица која што тече низ источниот, централниот и северниот дел на округот.

Економијата на регионот се потпира на сточарство и земјоделство, екотуризам, шумска индустрија и скијачкиот центар Василица, којшто е популарна дестинација за зимските одмори.

Железник

Железник или Демир Хисар — историско-географска област во југозападниот дел на Република Македонија по горното течение на Црна Река и нејзините притоки. Областа се наоѓа на северозапад од Пелагонија. Западната граница на Железник ја образуваат планините Илинска, Бигла и Плакенска кои ја одделуваат областа од Горна Преспа на југозапад и Дебарца на северозапад. Поради богатството на овие планини со железна руда и областа го добила името Железник. Во областа се наоѓаат 45 села, со центар во градот Демир Хисар (поранешно с. Мургашево).

Каракамен

Каракамен или Кара Камен (грчки: Βέρμιο, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.

Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Ематија на југосток.

Планината се дели на два дела, северна „Негуш Планина или „Дурла“ (Турла) и јужна — „Докса“. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.

Караџица

Караџица — висока планина во Македонија што го зафаќа западниот дел од масивот Јакупица и има правец на протегање југоисток–северозапад. Спрема северозапад продолжува во Сува Планина. Западната планинска страна се одликува со стрмни и високи отсеци кои речиси вертикално се спуштаат во кањонската долина на Треска. Највисоки врвови се истоимениот врв Караџица (2.473 м), Попово (2.380 м) и Убава (2.350 м). Геолошкиот состав е претставен со варовници, поради што планината е целосно карстифицирана без површински водени текови, а со површински карстни облици, пред сè ували..

Колумбија

Колумбија (шпански: Colombia) е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.

Куба

Куба (шпански: República de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.

Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Проток до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.

Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.

Окрузи во Романија

Романија се дели на 41 округ (романски: județ, жудец) и општината Букурешт, сите со своја месна самоуправа. Највеќето се наречени по реки, а некои го носат името на значаен град во нив.

Првите окрузи во Романија водат потекло од единиците наречени цинутури во кнежевствата Влашка и Молдавија од крајот на XIV век, а можеби и порано. Од создавањето на современа Романија во 1859 г., па наваму, системот на административна поделба имал сличен карактер како департманите во Франција. Со тек на време, системот е менуван повеќепати. Пред Втората светска војна земјата имала 71 округ, а по 1968 г. — само 39. Од 1960-тите досега се користи истиот систем, со неколку измени, од кои последната е направена во 1997 г.

Според пописот од 2011 г., просечното население на окрузите изнесува 445.000 жители, при што највеќе жители има округот Јаш (772.000), а најмалку Ковасна (210.000). Просечната површина изнесува 5.809 км2, при што најголем округ е Тимиш, со (8.697 км2), а најмал е Илфов, со (1583 км2). Општината Букурешт, која има ист управен степен како окрузите, е понаселена и помала од другите, со 1.883.425 и само 228 км2.

Пинеберг (округ)

Пинеберг (германски: Pinneberg) — округ (Kreis) во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од северозапад надесно) окрузите Штајнбург и Зегеберг, градот и покраина Хамбург и покраината Долна Саксонија (округ Штаде).

Савуанско Море

Савуанско Море (италијански: Laut Sawu) — помало море на територијата на Индонезија наречено по островот Саву кој лежи на неговата јужна граница. На југ се граничи со Саву и Рај Џуа, на исток со островите Роти и Тимор (поделен на Источен Тимор и Индонезија), на север и северозапад со Флорес и Алорскиот Архипелаг, а на запад и северозапад со островот Сумба. Помеѓу овие острови на југ и запад морето преоѓа во Индискиот Океан, на север во Флореското Море, а на североисток во Бандското Море.

Достигнува длабочина до 3.500 м, а се протега 600 км од запад кон исток, и 200 км од север кон југ. Најголем град на неговите брегови е Купанг (450.000 жит.), главен град на покраината Источни Мали Сундски Острови сместен на островот Тимор.

Саудиска Арабија

Кралство Саудиска Арабија (арапски: المملكة العربية السعودية) — кралство и најголемата држава на Арапскиот Полуостров. Се граничи со Јордан на северозапад, со Ирак на север и североисток, со Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, со Оман на југоисток и со Јемен на југ. На североисток излегува на Персискиот Залив, а на запад на Црвеното Море. Главен град е Ер Ријад. На територијата на Саудиска Арабија се наоѓаат двете најсвети места на исламот, Мека и Медина.

Саудиска Арабија е апсолутна монархија, основана на 8 јануари 1926 година од страна на Саудиското кралско семејство.

Сикихор

Сикихор е островска покраина на Филипините која е сместена во Централен Висајас Регионот. Главен град е истоимениот Сикихор. Не северозапад од Сикихор се наоѓа островот Кебу и Негрос, на североисток е покраината Бохол и на југ низ Бохолско Море е Минданао.

Сињак

Сињак или Снежник (грчки: Άσκιο, Аскио) — планински венец во северозападниот дел на Кожанскиот округ и источниот дел на Костурскиот округ во Егејска Македонија. Највисок врв е Сињак со 2.111 м. Северниот дел е шумовит. Се протега од селото Клисура на северозапад до Сахинлар на југоисток, во должина од околу 30 км. Најблиски други планини се Нередска Планина на северозапад, Црвена Гора на југ и Каракамен на североисток. Реките по западните и јужните падини на планината планината извираат се влеваат во Бистрица, а оние на североисток завршуваат во Островското Езеро.

Судан

Судан е држава лоцирана во Североисточна Африка. Главен град е Картум. Се граничи со Египет на север, со Еритреја и Етиопија на исток, со Јужен Судан на југ, со Кенија и Уганда на југоисток, со ДР Конго и Централноафриканската Република на југозапад, со Чад на запад и со Либија на северозапад. На североисток Судан излегува на Црвеното Море.

Торгелов

Торгелов (германски: Torgelow) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на реката Икер, 12 километри јужно од Икерминде и 41 километар северозапад од Шчеќин. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Торгелов-Фердинандсхоф.

Чешка

Чешката Република (ЧР; чешки: Česká republika, ČR) или скратено Чешка (чешки: Česko) или многу ретко Чехија — земја без излез на море, која се наоѓа во Централна Европа. Републиката граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. Прага (чешки: Praha), е голема туристичка атракција, главен град на Чешка и нејзин најнаселен град. Чешка се состои од три историски области: Чешка (Čechy, наречена и „Бохемија“), Моравија (Morava) и Шлеска (Slezsko), ова тројство е присутно и на државниот грб. Членка е на НАТО, а од 1 мај 2004 и на Европската Унија.

Чесите немаат постигнато консензус за официјалниот назив на нивната држава - предлогот за скратување на нејзиното име во Чешка, или Чехија од страна на министерството за надворешни работи во 1993 не е прифатено од пошироката јавност, и останува нејзиното официјално име — Чешка Република.

Чикаго

Чикаго (англиски: Chicago) — голем град во сојузната држава Илиноис, САД и метрополитенска област која го вклучува градот и околните области. Градот Чикаго е најголемиот град на средниот исток на САД и третиот најнаселен град во САД, со околу 2,9 милиони жители. Метрополитенската област на Чикаго, понекогаш неформално именувана како Чикаголенд, има население од 9,4 милиони жители во Илиноис, Висконсин и Индијана, правејќи го третиот најголем во Соединетите Држави. Чикаго се наоѓа на југозападниот брег на езерото Мичиген и е транспортен, индустриски, политички, финансиски, медицински и високообразовен центар. Чикаго е неформално наречен и „Вториот Град“, „Ветровитиот Град“, „Градот на Големите Рамења“, „Чи-Сити“ и „Чи-Таун“. Се наоѓа во Среден Запад во САД.

Чикаго бил основан во 1833 како град кој ги поврзува Големите езера со системот на реката Мисисипи. Наскоро тој станал транспортниот центар на стариот северозапад со главни водни врски, канали и од 1855 со железница. Од 1890 тој бил еден од десетте највлијателни светски градовиПо малку збунува ова со бројот на жителите бидејќи околу 3 милиони жители има само областа Cook County која се смета за централна област на градот, меѓутоа има уште неколку други области кои се надоврзани и кои исто така припаѓаат кон градот давајќи една бројка над 10 милиони жители од кои негде околу 35% припаѓа на луѓе од бела раса исклучувајќи ги тие од Шпанско или Латинско потекло на кои припаѓа околу 25%(најмногу од нив се од соседно Мексико). Од преостанатите околу 35% отпаѓаат на црната раса и останатите се жители од сите краеви на светот меѓу кои има голем број на Италијанци, Полјаци, Бугари, Срби и Грци, Македонци, како и припадници на жолтата раса.

Интересно е и да се напомене дека има специфична клима која изобилува со ветар во текот на целата година и е еден од најветровитите градови во светот. А прекарот "ветровитиот град" не доаѓа поради климата туку поради честото менување на страната на чикашките политичари.

Шмалкалден-Мајнинген

Шмалкалден-Мајнинген (германски: Schmalkalden-Meiningen) е округ (Kreis) во западниот дел на Тирингија, Германија. Се граничи со (од северозапад во надесно) окрузите Вартбург, Гота, Илм, слободниот град Зул, округот Хилдбургхаузен, баварскиот округ Рен-Грабфелд и округот Фулда во Хесен.

Главни
Споредни
Главни ветри

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.