Род (биологија)

Во биологијата, род (лат. genus, мн. genera) е ниж таксономски ранг со кој се класификуваат живите и изумрени организми.

ЖивотДоменЦарствоКоленоКласаРедСемејствоРодВид

Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Определувањето на членовите на родовите е работа на таксономите. Стандардите за родовите не се строго утврдени и затоа постојат разни класификации кај разни стручњаци. Во хиерархијата на биономната класификација, родот е над видот и под фамилијата.

Напатствија

Бидејќи не постојат строго утврдени правила за опишувањето на родовите, таксономите немаат јасни напатствија за тоа што може да припаѓа на еден род, а што на друг. Ова не значи дека таксономите не се согласуваат за тоа што е „добар“ род. На пример, биологот Гил дава некои приближни правила што се доста ефикасни.[1] Според овие правила, едне род треба да исполни три услови за да биде описно корисен:

  1. монофилија – сите потомци на еден таксон се групираат заедно;
  2. разумен степен на компактност – родот не треба да се проширува без потреба; и
  3. посебност – во однос на еволутивно релевантните критериуми, како на пр. екологијата, морфологијата или биогеографијата. Треба да се има на ум дека ДНК-низите се последица од, а не услов за раздвојување на еволутивните лози, освен во случаи кога непосредно му попречуваат на протокот на гени (на пр. понаследни пречки).

Поврзано

Наводи

  1. Gill, F. B., B. Slikas, and F. H. Sheldon. “Phylogeny of titmice (Paridae): II. Species relationships based on sequences of the mitochondrial cytochrome-b gene.” Auk 122(1): 121-143, 2005. (Google Scholar)

Надворешни врски

  • Nomenclator Zoologicus - индекс на називите на сите родови и подродови во зоолошката номенклатура од 1758 до 2004 г. (англиски)
Подрод (биологија)

Во биологијата, подродоот е таксономски ранг веднаш под родот.

Во зоологијата, подродот (т.е. називот) може да се користи независно или во склоп на видниот назив - во заграда понеѓу родот и видот: на пример тигрестото каури од Индо-пацификот, Cypraea (Cypraea) tigris Linnaeus, што му припаѓа на подродот Cypraea од родот Cypraea. Меѓутоа вклучувањето на подродот при наведување на видот не е задолжително, па ниту вообичаено.

Род (појаснување)

Поимот род во може да се однесува на повеќе различни нешта:

Род (математика) — својство според кое се класификуваат математичките објекти

Род (бог) — источнословенски бог на создавањето и потеклото

Род (војска) — вид на поделба во војската според оружјето, улогата и начинот на борба

Род (граматика) — граматичка категорија што означува половост

Род (социологија) — збир карактеристики/стереотипи опшествено прифатени за еден пол (мажественост и женственост)

Принос од жетва или берба

Род (биологија) — таксономски ранг на организми во биологијата

Роднини во целина

Род (етнологија) — клан, племенска група

Род (единица) („прачка“) — традиционална британска единица за должина

Чурулинци

Чурулинците (науч. Burhinidae) се фамилија на птици што живеат низ тропските и умерените подрачја во светот. Иако спаѓаат во редот на дождосвирните (цапачи по бари и плитаци), највеќето видови поретпочитаат пустински или полупустински (степски) живеалишта.

Во Македонија е присутен само еден вид — чурулинот, наречен кулик или евроазиски чурулин (Burhinus oedicnemus).Имаат средна до крупна телесна градба со силен црн или жолт клун, големи жолти очи и перје што ги претопува во околината.

Претежно се активни ноќе, кога се огласуваат со гласно завивање.Се хранат главно со инсекти и други без’рбетници. Поголемите видови јадат и гуштери и помали цицачи.Речиси сите видови се непреселнички, со исклучок на чурулинот, кој лете сели во умерениот европски дел од ареалот, а а зимата ја минува во Африка.

Таксономски рангови
Магноред
Домен/Натцарство Натколено/Надоддел Наткласа Надред Натсемејство Надвид
Царство Колено/Оддел Класа Легија Ред Семејство Племе Род Вид
Потцарство Потколено Поткласа Кохорт Подред Потсемејство Потплеме Подрод Подвид
Инфрацарство/Огранок Инфраколено Инфракласа Инфраред Сојуз Инфравид
Микроколено Парвокласа Парворед

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.