Римска брокула

Римска брокула (римски карфиол) — прехранбен цвет на дивата зелка (Brassica oleracea) и сорта на карфиолот. Во историските документи за прв пат се среќава во XVI век во Италија како broccolo romanesco

Римска брокула
Brassica romanesco.jpg&filetimestamp=20111121032231&
Римската брокула со својот карактеристичен самосличен облик
Виддива зелка (Brassica oleracea)
Сортна групаБотритис

Опис

Римската брокула личи на карфиол, но по боја е светлозелена, а соцветието има самосличен карактер, со разгранети творни ткива кои образуваат логаритамска сипрала. Во овој смисол обликот приближно образува природен фрактал. Секоја пупка се состои од низа помали пупки, кои исто така образуваат логаритамски спирали. Оваа шема продолжува неколку пати, во сè помал размер. Фракталот е приближен биедејќи шемата завршува кога доаѓа до достатно мал размер.

Зеленчукот е богат со витамин Ц, витамин К, прехранбени влакна и каротеноиди.

Приготвување и вкус

Како и обичната брокула, римската брокула треба да се готви само делумно, бидејќи во спротивно добива непријатна текстура. По состав е покревка од карфиолот, што значи дека е погодна за туршии и конзумирање во сирова состојба. Во споредба со обичната брокула и карфиолот, римската брокула има помек вкус, составот ѝ покремаст, по арома потсетува на ореви, а по вкус нагорчува помалку од нив.

Надворешни врски

Самосличност

Самосличност — појава во математиката при која извесни објекти се точно или приближно слични на еден нивен дел (т.е. целината има ист облик како еден или повеќе нејзини делови). Многу објекти во вистинскиот свет, од брегови до растенија се статистички самослични: нивните делови имаат исти статистички својства при многу размери. Самосличноста е типично својство на фракталите.

Размерната постојаност (инваријантност) е точен вид на самосличност каде при секое увеличување на објектот, добиваме помало делче што е слично на целината. Ваков пример е Коховата снегулка која е симетрична и размерно постојана - можеме бесконечно да ја увеличуваме за три пати без да се измени нејзиниот облик.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.