Ред на Британската Империја

Најпревосходен ред на Британската Империја (англиски: Most Excellent Order of the British Empire) — витешки ред основан на 4 јуни 1917 г. од кралот Џорџ V.[1][2] Редот вклучува пет вида на цивилни и воени одликувања.

Ster Orde van het Britse Rijk
Големиот крст на Редот на Британската Империја

Денешни одликувања

Постојат пет класи на одликувања, подредени по старешинство:

  • Витез на Големиот Крст (GBE) (Knight Grand Cross)
    или Дама на Големиот Крст (GBE) (Dame Grand Cross)
  • Витез-заповедник (KBE) (Knight Commander)
    или Дама-заповедник (DBE) (Dame Commander)
  • Заповедник (CBE) (Commander)
  • Офицер (OBE) (Officer)
  • Член (MBE) (Member)

Само двата највисоки чина сами по себе го прават човекот витез или дама (со титулите „сер“ или „леди“), и им овозможува на добитникот на чинот да ја користат пред своето име титулата „Сир“ (за мажи) или „Дама“ (за жени). Кога се доделува почесно витештво на некој што не е по националност дел од кралството на на кралицата Елизабета II, титулата не треба да ја користи пред името.

Критики

Редот е критикуван од одредени лица поради неговата поврзаност со идејата за Британска Империја. Членовите на Битлси се прогласени за членови на Редот во 1965 година. Џон Ленон по тој повод изјавил: „Многумина кои се противат на нашето влегување во Редот, чстанале членови на Редот поради своето херојство во војна - убивале луѓе... Ние го добивме нашето членство поради забавување на луѓето.“ На 25 ноември 1969 година, Џон Ленон го вратил членството во Редот, како дел од неговите мировни протсети.[3]

Меѓу останатите познати личности кои го одбиле или се откажале од членство во Редот се: Винстон Черчил, Вилијам Батлер Јејтс, Дејвид Боуви, Стивен Хокинг, и други.

Наводи

  1. No. 30250. The London Gazette (2nd supplement). 1917-08-24. London Gazette uses unsupported parameters (help)Original Order of the British Empire Statutes dated 24 Aug 1917
  2. The Monarchy Today > Queen and public > Honours > Order of the British Empire royal.gov.uk: The Official Website of the British Monarchy, Accessed 24 August 2009
  3. Brian Roylance; George Harrison, John Lennon, Paul McCartney, Ringo Starr (2000). The Beatles Anthology. Chronicle Books. стр. 183. ISBN 0811826848.

Надворешни врски

Џон Галијано

Хуан Карлос Антонио Галијано – Гуилен, Ред на Британската империја, (роден на 28 ноември 1960 година), професионално познат како Џон Галијано, е британски моден креатор кој бил главен креатор на модните куќи на француската модна куќа Живанши (од јули 1995 до октомври 1996 година) и Кристијан Диор (од октомври 1996 до март 2011 година).

Боби Чарлтон

Сер Роберт „Боби“ Чарлтон (англиски: Sir Robert "Bobby" Charlton, роден на 11 октомври 1937) — поранешен англиски фубалер, сметан за еден од најдобрите игарачи за врска на сите времиња и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој бил еден од клучните членови на Англиската репрезентација која го освоила Светското првентво во 1966, а истата година ја добик и наградата за најдобар европски фудбалер. Најголемиот дел од клубската кариера ја поминал во Манчестер Јунајтед, каде станал препознатлив по неговите напаѓачки инстинкти, одличните додавања и страшниот шут од далечина. Тој е познат и по неговите кондиција и идржливост, поради кои доминирал на теренот.

Роден во Ешингтон, Нортамберленд, Чарлтон дебитирал за првиот тим на Манчестер Јунајтед во 1956 година, а во следните две сезони обебедил постојан првотимски статус. За тоа време, тој ја преживел Минхенската авионска несреќа во 1958 година откако бил спасен од голманот Хари Грег. Откако му помогнал на Јунајтед да ја освои титулата во Првата англиска лига во 1965 година, го освои и Светското првентво во 1966 со Англија во 1966 година и уште една титула во Првата англиска лига наредната година. Во 1968 година, тој бил капитен на Манчестер Јунајтед кој го освоил Европскиот куп на шампиони, постигнувајќи два гола во финалето за да му помогне на својот тим да стане првиот англиски тим кој победил во ова натпреварување. Има постигнато повеќе голови за Англија и Манчестер Јунајтед од било кој друг играч. Чарлтон го држел рекордот за најмногу настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, но бил поминат од Рајан Гигс на 21 мај 2008 година (финалето во Лигата на шампионите). Чарлтон, исто така, го држел и рекордот за најмногу настапи во лигата (606) додека не бил поминат од Гигс на 11 март 2011 година.

Во јануари 2011 година, Боби Чарлтон бил прогласен за четвртиот најдобар играч на Манчестер Јунајтед на сите времиња од читателите на Инсајд Јунајтед и ManUtd.com, зад Рајан Гигс, Ерик Кантона и Џорџ Бест.

Во времето кога се пензионирал од Националната репрезентација во 1970 година, тој бил играчот со најмногу настапи за репрезентацијата, настапувајќи на 106 натрпевари од највисоко ниво. Тој рекорд бил надминат од Боби Мор, Питер Шилтон, а потоа и од Дејвид Бекам.

Боби Чарлтон го напуштил Манчестер Јунајтед за да стане менаџер на ФК Престон Норт Енд во сезоната 1973/1974. Во следната сезона се префрлил во играч-менаџер, но во почетокот на сезоната 1975/1976 ја оставил таа функција бидејќи неговото разбирање за играта било оскудно. Потоа работел на функцијата раководител на ФК Виган Атлетик, додека да се префрли во одборот на директори во Манчестер Јунајтед во 1984 година и останал како таков до јуни 2011 година. Тој ги поставил рекордите во голови во англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед и двата рекорда сѐ уште се недопрени 35 години по крајот на неговата играчка кариера. Во 1994 година, Чарлтон ја добил титулата „Сер“ од кралицата на Обединетото Кралство.

Сер Боби Чарлтон е член на Laureus World Sports Academy.

Брајан Меј

Брајан Харолд Меј (англиски: Brian Harold May) ЦБЕ (роден на 19 јули 1947) е англиски музичар, пејач, текстописец и астрофизичар кој постигнал светска слава како гитарист на групата Квин. Како гитарист, тој ја користи својата домашно-изработена гитара, Red Special. Албумите на Квин содржат многубројни композиции на Меј, вклучувајќи ги „Tie Your Mother Down“, „I Want It All“, „We Will Rock You“, „Fat Bottomed Girls“ и „Who Wants to Live Forever“.

Тој бил назначен за командант на највисокиот ред на Британската Империја во 2005 година за „заслуги во музичката индустрија и за неговата добротворна работа“ (ЦБЕ). Меј ја стекнал титулата доктор на науки во астрофизиката од Кралскиот колеџ во 2007 година и работи како четврти канцелар на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул. Тој живее во Сури.

Во 2005 година, според анкета на Планет Рок, Меј е изгласан за седми најдобар гитарист на сите времиња. Тој бил рангиран на 26-то место на листата на магазинот Ролинг Стоун за 100-те најдобри гитаристи на сите времиња. Во 2012 година, Меј бил рангиран како втор најдобар гитарист на сите времиња во анкета на читатели на магазинот Гитар Ворлд.

Дејвид Боуви

Дејвид Роберт Џоунс, познат како Дејвид Боуви (роден на 8 јануари 1947 - починал на 10 јануари 2016) — англиски музичар, актер, музички продуцент и аранжер. Боуви имал водечка улога пет децении во светот на поп-музиката. Боуви е широко признат како иноватор, особено за неговата работа во 70-тите, и познат по неговиот специфичен глас и интелектуалната длабочина во работата. Боуви за првпат допрел до јавноста во јули 1969 година, кога неговата песна „Space Oddity“ ја достигнал англиската топ 5 листа на синглови. По тригодишен период на експериментирање, тој повторно се појавил во 1972 година за време на гламурозната рок ера со темпераментното, андрогено второ „јас” Зиги Стардаст, предводен од хит-синглот „Starman“ и албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“. Влијанието на Боуви во тоа време, како што е опишано од биографот Дејвид Бакли, ги предизвикало основните верувања на рок-музиката на негово време и го создаде можеби најголемиот култ на поп-културата. Релатвно краткиот живот на личноста Зиги покажала само еден дел од кариера, одбележана со континуирана реинвенција, музичка иновација и впечатлива визуелна презентација.

Во 1975 година, Боуви го достигнал најголемиот успех во Америка со број еден синглот „Fame“, напишан заедно со Џон Ленон, и со хит-албумот „Young Americans“, кој го карактеризира пејачот како „пластична душа“. Музиката покажала радикална промена во стилот, и отпрвин отуѓила многу од неговите англиски приврзаници. Потоа тој ги збунил очекувањата на неговата издавачка куќа и неговата американска публика со снимањето на минималистичкиот албум „Low“ (1977 година) - првиот од трите соработувања со Брајан Ено во наредните две години. Сите три албуми од таканаречената „Berlin Trilogy“ стигнале на англиската топ 5 листа и заработиле трајни критички пофалби.

По нееднаквиот комерцијален успех во доцните 70-ти, Боуви го добил англискиот број 1 со синглот од 1980-та „Ashes to Ashes“ и моменталниот албум, „Scary Monsters (and Super Creeps)“. Тој се здружил со групата „Queen“ за изработка на број 1 хитот во Англија „Under Pressure“ од 1981 година, а потоа достигнал нов комерцијален врв во 1983 со албумот „Let`s Dance”, во кој се наоѓаат песните „Let`s Dance“, „China Girl“, and „Modern Love“. Во текот на 90-те и 2000-те, Боуви продолжил со експериментирање во музичките стилови, вклучувајќи blue-eyed soul, industrial, adult contemporary, и jungle стил. Неговиот последен снимен албум бил „Reality“ (во 2003 година), којшто бил поддржан со Reality-турнејата (2003 - 2004 година).

Биографот Дејвид Бакли изјавил за Боуви: „Неговото влијание бил уникатно во поп-културата - тој ограничи и измени повеќе животи отколку која било споредлива фигура“. Во анкетата на БиБиСи од 2002 година за 100 најдобри Британци, Боуви бил на 29-то место. За време на неговата кариера, тој продал 136 милиони примероци од неговите албуми. Во Англија му биле доделени 9 платинести сертификати за албумите, 11 златни и 8 сребрени, а во Америка 5 платинести и 7 златни сертификати. Во 2004 година се пласирал на 39-то место на листата на списанието „Ролинг Стоун“ на 100 најдобри артисти на сите времиња, и на 23-то на списокот на најдобри пејачи на сите времиња.

Чарлс Као

Чарлс Куен Као (кинески: 高錕, трскр. Гао Кун ; р. 4 ноември 1933) — хонконшки, американски и британски електротехнички инженер и физичар кој прв ја развил и започнал да ја користи влакнената оптика во телекомуникацијата. Нарекуван „кум на широкопојасноста“, „татко на влакнената оптика“ и „татко на оптичката комуникација“, Као е еден од тројцата добитници на Нобеловата награда за физика во 2009 година, единствен за „револуционерни достигања во однос на преносот на светлината низ влакна за оптичка комуникација“. Тој има повеќе државјанства: на Хонгконг, на Обединетото Кралство и на САД.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.