Португалски креолски јазици

Поругалските креолски јазици — креолски јазици коишто го користат португалскиот како основен јазик.

Потекло

Образување на јазиците

Португалското прекуморско истражување во периодот на Големите географски откритија довело Португалската Империја да воспостави трговски пунктови, утврдувања и колонии во Африка, Азија и Америка. Контактот на португалскиот јазик со домородните јазици овозможило создавање на пиџински јазици, коишто започнале да се користат како лингва франка во подрачјата со португалско влијание. Со тек на време, многу од овие пиџински јазици биле прифатени од страна на локалното население и со тоа станале стабилни креолски јазици. Овие креолски јазици се или биле зборувано главно од страна на потомците на Португалците, домородните народи и понекогаш некои други народи кои ја населувале територијата на колониите на Португалската Империја.

Како што обично се случува со најголемиот број креолски јазици, лексиката на овие креолски јазици потекнува од нивните прајазици, а во најголема мера од португалскиот; додека граматиката на секој креолски јазик е главно оригинална и се одликува со мали и незначителни сличности со синтаксата на португалскиот или на супстратскиот јазик.

До неодамна, креолските јазици биле сметани за „изопачени“ дијалекти на португалскиот коишто не заслужуваат да им се обрнува внимание. Како последица на тоа, има мал број на материјали со детали за нивното образување. Почнувајќи од 20. век, зголеменото проучување на креолските јазици од страна на јазичарите довело до унапредување на неколку теории. Според моногенетската теорија на пиџинските јазици, пиџинскиот јазик наречен „западноафрикански пиџински португалски“ се претпоставува дека бил зборуван во периодот од 15. до 18. век во утврдувањата основани од страна на Португалците на брегот на Западна Африка. Ваквата варијанта била почетна точка за сите пиџински и креолски јазици. Ова до некаде објаснува зошто португалската лексика се среќава во многу креолски јазици, но уште поважно го објаснува и присуството на бројните граматички сличности меѓу таквите јазици. Пример е предлогот na, со значење „во“ и/или „на“, којшто веројатно потекнува од португалското na, со значење „во“ и употреба пред именки во еднина од женски род.

Потекло на името

Португалскиот збор за „креолски“ е crioulo, којшто потекнува од глаголот criar (со значење „крева“, „подига“), и суфиксот -oulo, чиешто потекло е дискутабилно. Првобитно, поимот се употребувал за да се разлкуваат припадниците на етничките групи, кои биле родени и израснати во колониите, од оние кои биле родени во својата татковина. Така, поимот во Африка често се користел за разликување на лицата кои биле родени локални и целосно или делумно биле од португалско потекло од оние родени во Португалија; во Бразил, пак, поимот се користел и за разликување на црнците од африканско потекло родени локално од оние кои биле донесени од Африка како робови.

Со тек на време, сепак, ваквата родова смисла се изгубила и зборот crioulo или изведените зборови од него станале имиња на некои горногвинејски заедници и нивните јазици: Гвинеобисајците и нивниот горногвинејски креолски, Зелено'рќаните и нивниот зелено'ртски креолски, коишто денес силно придонесуваат кон намалување на важноста на официјалниот стандарден португалски во овие две земји.

Классификација

Африка
  • горногвинејски креолски (Upper Guinea Creole):
    • зелено'ртски креолски (кабувердијану, криолу; Kabuverdianu) — Зелено'ртска Република, 926.000 говорници;
    • гвинејски креолски (креолски јазик на Гвинеја-Бисао, криол; Kriol, Kiriol; crioulo da Guiné, Guinea-Bissau Creole) — Гвинеја-Бисао, Сенегал; 160.000 говорници (Ј1), 600.000 говорници (Ј2);
  • долногвинејски креолски (Гвинејски Залив; Gulf of Guinea)):
    • анголар (Angolar, Ngola, N’góla) — Сао Томе; 9.000 говорници;
    • анобонски (фа-дамбо; Annobonese, Fá d’Ambô) — Екваторијална Гвинеја (остров Анобон); 2.500 говорници;
    • принсипенски (Principense, Lunguyê) — Принсипе; околу 4.500 говорници;
    • форо (сан-томанско наречје; Forro, Sãotomense) — Сао Томе; 130.000 говорници;
  • анголско-португалски пиџин (Pequeno Português, Simple Portuguese) — пиџин на Африканците во Ангола;
  • мозамбичко-португалски пиџин — пиџин на Африканците во Мозамбик.
Индија
  • индо-португалски креолски (Indo-Portuguese Creole) — јазик на индо-португалските христијански метиси во поранешните португалски колонии на брегот на Индија;
    • нортеиро (Norteiro) — северно наречје;
      • дамански дијалект (Daman Indo-Portuguese, Língua da Casa) — Даман; околу 2.000 говорници;
      • дијалект диу (Diu Indo-Portuguese; língua dos velhos) — Диу; неколку стотини говорници;
      • кристи (Kristi, Korlai Creole Portuguese, Korlai Portuguese, No Ling) — во селото Корлаи (сојузна држава Махараштра);
    • кералско наречје
      • вајпимски дијалект — остров Вајпим на бреговите на Керала;
    • короманделско наречје — до 19. век;
    • бенгалско-португалско наречје — до почетокот на 20. век;
  • шри-ланканско португалско-креолски (Sri Lanka Indo-Portuguese, Ceylonese Portuguese Creole, Sri Lanka Portuguese Creole) — граѓани и ќафири во Шри Ланка; около 3.500 говорници;
  • кшерденски; 3.000 говорници.
Кина (Sino-Portuguese Creoles)
  • макајски (макајски португалско-креолски јазик; Macaense, Macaista Chapado, Patuá Macanese, Macau Creole) — неколку стотини говорници во Макао и дијаспората.
Малајски архипелаг
  • малајско-португалски креолски (Malayo-Portuguese Creole);
    • малакско наречје (папија-кристанг; Papiá Kristang, Cristão, Português de Malaca, Malaccan Creole Portuguese) — Малака и Сингапур; 5.500 говорници; единствен сочуван и денес;
    • мардејско наречје (Mardijker) — Мардејци (потомци на индиските робови) во Џакарта; до 19. век;
    • папија-тугу (тугу; Papiá Tugu) — селото Тугу северно од Џакарта; потомци на португалските патешественици од 17. век; изумрел во 1978 година;
    • тернатско наречје (тернатењо, португис; Portugis, Ternateño) — Молукски острови (Амбон и Тернате) и северен Сулавеси; изумрел во 1950-тите години;
    • тиморско наречје (бидау; Timor Pidgin, Bidau Creole Portuguese, Timor Creole Portuguese) — Источен Тимор (регион Бидау); до 1960-тите години.
Индокина

Во Индокина се зборувале неколку одамна изумрени креолски јазици:

  • тајландско-португалски креолски — Тајланд (во Кудиџин и Консепсион);
  • бурманско-португалски креолски — Мјанмар (во Бајинг).
Америка

Во Америка португалскиот послужил како еден од основните лексички извори (заедно со шпанскиот) за папјаменто и имал значаен придонес во образувањето на сарамаканскиот јазик.

Освен тоа, португалскиот се јавува како извор на граматичката структура на мешаниот јазик купопја (кафундо), кој како таен јазик го користат 12 лица во селото Кафундо во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Како чинители на лексиката на овој јазик послужиле банту-јазиците, а пред сè умбунду (Ангола).

Поврзано

Литература

  • Ibero-Asian Creoles. Comparative Perspectives. Edited by Hugo C. Cardoso, Alan N. Baxter and Mário Pinharanda Nunes. [Creole Language Library, 46]. Amsterdam — Philadelphia: John Benjamins Publishing Company, 2012. xi, 375 pp. ISBN 978 90 272 5269 2 / ISBN 978 90 272 7320 8.

Надворешни врски

Истриотски јазик

Истриотски е романски јазик кој се зборува во Хрватска, поточно на полуостровот Истра.

Говорниците на овој јазик не го нарекуваат јазикот истриотски, туку го нарекуваат со шест посебни називи, обично според градот каде се зборува јазикот. Денес има околу 1.000 говорници.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.