Пиринејски Полуостров

Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпан. и пор. Península Ibérica) е сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.

Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат ни него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.

Карта на Пиринејскиот Полуостров и неговата местоположба во Европа.
Сателитска слика на Пиринејскиот Полуостров.
Географија
МестоЗападна Европа
Координати43°N 4°W / 43° СГШ; 4° ЗГД
Површина581.471,1 км2
Највисока котаМуласен
Управување
Најголема населбаАндора ла Велја
Најголема населба населбаГибралтар
Најголема населбаЛисабон
Најголема населбаМадрид
Алта Сердања (Франција)
Најголема населбаФон-Роме-Одејо-Вија
Демографија
Демонимпиринејски
Население~53 милиони
Етнички групиАндорци, Гибралтарци, Португалци, Шпанци

Држави и територии

  • Шпанија, зазема најголем дел од Иберија
  • Португалија, го зазема западниот дел
  • Андора, мала минорна државичка која се граничи со Франција и Шпанија
  • Гибралтар, британска територија која се наоѓа во најјужниот дел

Јазици

Предримски јазици

На Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици:

Историја

Во 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.

Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, се до завршувањето на Наполеонските војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелиља), територијата Гибралтар и Андора.

Поврзано

1230

1230 (MCCXXX) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1230. година од новата ера, 230. од вториот милениум, 30. од 13 век и прва од 1230-тите.

Јужна Европа

Јужна Европа во најголемиот дел дефиниции, се користи да ги означи „сите држави на југот на Европа“. Меѓутоа, концептот, во различни времиња, имал различни значења, обезбедувајќи дополнителен политички, лингвистички и културен контекст на дефиницијата во прилог на типичниот географски, фитогеографски или климатски пристап. Повеќето држави според дефиницијата на Обединетите Нации за границата на Јужна Европа се граничат со Средоземното Море. Исклучоци се Португалија, која единствена има брег на Атлантскиот Океан, Србија и Македонија, кои се без излез на море и Бугарија, која излегува на Црното Море.

Визиготско кралство

Визиготската империја е држава која постоела на територијата на денешна југозападна Франција и Пиринејскиот Полуостров во периодот од 5 век до 8 век, и се смета дека е една од германските земји наследнички на Западната Римска империја.

Империјата била создадена со населувањето на Визиготите под водство на кралот Валија во провинцијата Аквитанија, кое денеска се наоѓа во југозападна Франција. Подоцна, империјата продолжила со освојување на целиот Пиринејски Полуостров. Царството одржувало независност од Источното Римско царство односно Византија. Обидите повторно да се воспостави Римска власт во Иберија (Спанија) биле само делумно успешен и краткотрајни. До почетокот на 6 век, Галија била заземена од страна на Франките, освен тесниот крајбрежен појас на Септиманија, но вестготската контрола на Иберија била обезбедена кон крајот од овој век од страна на Свевите и Баските. Поголемиот дел од Визиготското царство било освоено по исламската инвазија на полуостровот, преку Мароко во 716 година. Слободни и христијански останале само северните делови од полуостровот. На тие простори биле создадени повеќе кралства, како Кралство Астурија, а подоцна и Кралство Арагон, Кралство Кастиља и Кралство Навара.

Визиготите и нивните рани императори биле христијани, кои го имале прифатени Аријанството. Но, откако го прифатиле Никејскиот симбол на својата религија, црквата имала огромно влијание врз секуларните работи.

Врапче камењарче

Врапчето камењарче (науч. Petronia petronia) е мала врапчевидна птица од фамилијата на врапчињата. Живее низ неплодните карпести ридови од Пиринејски Полуостров, северозападна Африка преку јужна Европа до централна Азија. Го има и во Македонија. Тоа е претежно постојан жител, но азиските птици мигрираат понајуг или се движат подолу по планините. Редок скитник е на север од својот опсег.

Географија на Португалија

Португалија е држава на западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во Југозападна Европа. Ова е најзападната земја во континентална Европа.

Гибралтар

Гибралтар (англиски: Gibraltar) — британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток. Територијата се граничи на север со Шпанија, а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот. Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и освојувања, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британија.

Името на Гибралтар потекнува од Арапското име Гиб ел Тарик што значи „Карпата од Тарик“, и се однесува на Берберскиот војсководец Тарик Ибн-Зијад, кој го предводел нападот на Умајадскиот калифат на Иберија во 711 година.

Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на ова.

Гибралтарски Проток

Гибралтарски Проток (арапски: مضيق جبل طارق, шпански: Estrecho de Gibraltar) — проток кој ги поврзува Атлантскиот Океан и Средоземното Море, a ги раздвојува Шпанија и Гибралтар во Европа од Мароко во Африка.

Името доаѓа од арапското Џебел Тарик што значи планината Тарик и се однесува на умајадскиот берберски војсководец Тарик ибн-Зијад кој го предводел арапското освојување на Шпанија во 711 г.Во најтесниот дел, ширината на морето е 13 км. Длабочината варира помеѓу 300 и 900м. Помеѓу двата континенти има постојана траектна линија.

На северната страна на протокот се Шпанија и Гибралтар, а на јужната се Мароко и Сеута, која е шпанска енклава во Северна Африка. Карпите околу протокот во антиката биле познати како „Херкулови Столбови“. Во околината има неколку мали острови за кои се води територијален спор меѓу Шпанија и Мароко.

Голема преселба на народите

Големата преселба на народите бил период на огромно преселување на луѓето кое се случувало околку 300–700 од нашата ера во Европа, означувајќи го преминот од Доцна антика во ран Среден век. Преселбата ги вклучува: Готи, Вандали, Прабугари, Алани, Фризи, Франки, меѓу другите и германски, ирански и словенски племиња. Преселбата можеби била прекината поради упаѓањето на Хуните, пренаселувањето или пак климатските промени.

Преселбите продолжуваат добро се до 1000 од наша ера, со навлегувачките бранови на Словените, Аварите, Унгарците, Некои туркиски народи, монголските инвазии, и на крај отоманските освојувања, со што драстично се менува етничкиот состава на Источна Европа.

Европа

Европа — еден од седумте светски континенти. Името Европа потекнува од асирскиот збор Ереб (заоѓање на Сонцето, запад), со кој Феничаните и Асировавилонците ги означувале териториите на запад. Подоцна тоа име се проширило за целиот западен дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија, Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро, областа Кавказ и со Црното Море на југоисток. Европа на север е обиколена со Северниот Леден Океан и други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море и со други водни патишта на југоисток. Сепак границите на Европа - концепт кој датира уште од антиката-се произволни, бидејќи самиот поим континент може да има културно или политичко значење или пак физиогеографско.

Европа е вториот најмал континент во светот според површина, опфаќајќи 10.180.000 км² или 2% од целокупната површина на Земјата или околу 6.8% од земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ Европа и низ Азија), додека Ватикан е најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка, со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.

Европа, особено Cтара Грција, е родно место на западната култура. Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI. век па натаму, особено по почетокот на колонизацијата. Помеѓу XVI. и XX. век, европски нации ги имаат контролирано Америка, најголем дел од Африка, Океанија и големи делови од Азија. Двете светски војни во најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири настанати во средината на XX. век помеѓу САД и Советскиот Сојуз. За време на студената војна, Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на запад и Варшавскиот пакт на исток. Европската интеграција доведува до создавање на Советот на Европа и Европската Унија во Западна Европа, кои се прошируваат источно по падот на Советскиот Сојуз во 1991.

Западноромански јазици

Западноромански јазици — крупна гранка на романските јазици во која спаѓаат галороманските и иберороманските јазици. Поделбата главно се заснова на употребата на „s“ за означување на множина. Категоризацијата е мошне проблематична, бидејќи оваа поткатегорија ги опфаќа шпанскиот и фрнацускиот, но не и италијанскиот јазик, иако италијанскиот има многу поголема лексичка сличност и францускиот и морфолошкака сличност со шпанскиот.

Според заеморазбирливоста, Далби набројува дузина јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, гаскоњски, провансалски, галовалонски, француски, франкопровансалски, реторомански и ладински (не е исто што и ладино). Овој начин на поделба е проблематичен, поради значително поголемата заеморазбирливост меѓу италските и ибериските (пиринејски) јазици, отколку меѓу нив и галороманските.Некои стручњаци ги вклучаваат и италодалматинските јазици (кладот западноиталски романски јазици, а други нив ги ставаат во источнороманските.

Сардинскиот јазик не спаѓа ни во источната, ни во западната гранка. Се претпоставува дека се одвоил уште пред да се случи оваа поделба.

Денес најзборувани западноромански јазици се шпанскиот (410 матични говорници), португалскиот (220 милиони матични говорници, и уште 45 милиони како втор јазик, претежно во Африка), францускиот (75 милиони матични говорници и уште 70 милиони како втор јазик, претежно во франкофонска Африка) и каталонскиот (7,2 милиони матични говорници). Шпанскиот и францускиот имаат доста говорници и во земјите каде тие јазици вообичаено не се говорат, или пак каде важат за лингва франка (на пр. францускиот во Западна Африка).

Златен орел

Златниот орел (науч. Aquila chrysaetos) е една од најголемите дневни грабливи птици. Се среќава и во Македонија.

Иберија

Иберија — назив кој се користел од страна на стара Грција за денешниот Пиринејски Полуостров. Овој термин бил користен и од страна на Херодот.

Терминот Иберија е исклучиво грчки термин, како што е Хиспанија латински термин. Да се заменуваат овие термини односно наместо едниот да се користи другиот е сосема погрешно бидејќи двата термина биле користени во различно време од историјата на Пиринејскиот Полуостров. Потеклото на терминот Иберија не е многу познато. Според едно мислење, се смета дека потекнало од народот Ибери, но во исто време не се знае дали Иберите своето име го добиле според некој друг термин или пак според територијата која навидум веќе се викала Иберија.

Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска целина се одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од античкиот свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле најмногу од економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја познавале многу добро Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината внатрешност.

За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на 1 век, кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму кои му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од нив се исчезнати.

Кадиски Залив

Кадискиот Залив (шпански: Golfo de Cádiz) — залив на Атлантскиот Океан помеѓу ’ртот Света Марија (Cabo de Santa Maria), најјужната точка на копнена Португалија и ’ртот Трафалгар (Cabo Trafalgar) на западниот крај на Гибралтарскиот Проток. Во него истекуваат речни сообраќајници Гвадалкивир и Гвадијана, како и помалите реки Одиел, Тинто и Гвадалете. Наречен е по градот Кадис кој е сместен на неговиот брег.

Заливот е сместен во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, во подрачјето 34° до 37°15' СГШ и 6° до 9°45' ЗГД.

Келтиберски јазик

Келтиберискиот јазик е јазик кој спаѓа во групата на келтските јазици и бил зборуван од страна на келтите кои живееле на Пиринејскиот Полуостров, поточно околу реките Дуеро, Тахо, Хукар и Турија. Овој јазик датира од околу II век п.н.е и бил изведен од страна на латинскиот јазик.

Клавикорд

Клавикорд е жичен музички инструмент со клавијатура, настнал во Европа. Бил во употреба од доцна ренесанса, преку барок, до класицизам. Еден е од претходниците на современиот клавир. Во минатото најмногу е користен како инструмент за вежбање и како помош при компонирање. Клавикордот произведува звук така што металните нити (тангенти) ударааат во месингани или челични жици. Инструментот го добил името по латинскиот збор клавис или клавус (clavis-clavus, клуч-шајка), и грчкиот збор хорда во значење жица.

Клавикордот е измислен во почетокот на 14 век. Бил многу популарен од 16 до 18 век, главно во германските земји, Скандинавија и Пиринејски Полуостров. Голем поборник на овој инструмент бил е Карл Филип Емануел Бах. До 1850 музичарите престанале да користат клавикорд. Денес на клавикорд свират музичари заинтересирани за стара музика, особено за музика во барок. Клавикорд повремено се појавува како инструмент во современата рок музика.

Мозарапски јазик

Мозарапскиот бил романски јазик кој се зборувал во ел-Андалуз, муслимански регион на Пиринејскиот Полуостров за време на развојот на романските јазици на тој полуостров. Јазикот потекнува од латинскиот јазик или поточно е негов дијалект но со поголеми примеси на арапски јазик. За време на неговото развивање, веќе се зборувале арапски говори на таа територија и така овој јазик потсетува на дијалект. Патем јазикот никогаш не бил сосема стандардизиран и неговото име потекнува од арапскиот назив مستعرب - musta'rab односно во превод "арабизиран".

Муласен

Муласен (шпански: Mulhacén) — највисока планина во континентална Шпанија и целиот Пиринејски Полуостров. Претставува дел од венецот Сиера Невада во системот Панибетски Кордилјери. Наречен е по гранадскиот емир Абул Хасан Али (XV в.) познат како „Мула Хасан“ (шпан. Muley Hacén) кој, според народното предание, е закопан на врвот на планината.

Ова е највисок врв во Европа вон Кавказ и Алпите. Исто така го зазема третото место по топографска истакнатост во Западна Европа (по Монблан и Етна) и 64. место во светот. Сепак, врвот не изгледа исклучително стрмен — јужното крило на планината е благо и не е тешко за искачување, а истото важи и за долгиот западен срт. Пократкиот и пострмен североисточен срт е малку потежок. Меѓутоа, северната страна на планината е многу пострмна и нуди неколку умерено стрмни патеки за искачување по снег и мраз преку зимата.Планината се искачува истиот ден поаѓајќи од селото Капилејра или Тревелез, но повообичаено е планинарите да преноќат во домот во Покејра или во засолништето во Калдера на запад. Оние што ја искачуваат планината од Травелез можат да бивакуваат крај езерцата на североисток од врвот.

Пиринеи

Пиринеи (шпански: Pirineos, француски: Pyrénées; каталонски: Pirineus; баскиски: Pirinioak) — планински венец во југозападна Европа кој образува природна граница помеѓу Шпанија и Франција и помеѓу Пиринејскиот Полуостров и остатокот од европскиот континент.

Венецот се протега во должина од околу 430 км од Бискајскиот Залив во Алантикот до Средоземното Море, во правец запад-исток. Највисок врв е Ането со 3.404 м, а вкупно има 48 врвови над 3.000 м.

Андора се наоѓа во планинскиот масив, помеѓу Франција и Шпанија.

Полуостров

Полуостров е копнена површина, опколена со вода од три страни. Полуостровот е секогаш поврзан со главното копно.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.