Парохија

Парохијата е најмала црковна заедница на свештени лица и на верници од Христијанска вера, населени на една определена територија, под духовно раководство на еден парохиски свештеник, односно парох. Во едно населено место можат да постојат повеќе парохии, а и повеќе места можат да сочинуваат една парохија. [1].

Наводи

  1. 104 од уставот на М П Ц - О А

Поврзано

  • Парохии на МПЦ - ОА
Велешко архијерејско намесништво

Соборен храм „Св. Пантелејмон“ - Велес

Црква „Св. Спас“ - Велес

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Велес

Црква „Св. Вознесение“ - Велес

Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Велес - нов соборен храм, во изградбаМанастир „Св. Димитрија“ - ВелесЦрква „Св. Недела“ - Велес

Црква „Св. Петка“ - Велес

Црква „Св. Никола“ - Велес

Вратничка парохија

Вратничка парохија — македонска православна парохија во Архиерејското намесништво во Тетово и е со седиште во селото Вратница. Парохијата ја опслужува свештеникот Перица Бојковски. Таа ги опфаќа селата: Вратница, Старо Село, Рогачево, Беловиште, Одри, Доброште, Глоѓи, и Јелошник..

Втора тетовска парохија

Втора тетовска парохија — македонска православна парохија во Архиерејското намесништво од Тетово со главна парохиска црква „Св. Кирил и Методиј“ во населбата Два Бреста. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Мирко Станковски (сос. 2015). Во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Џепчиште, Једоарце, Отуње, Сетоле, Непроштено и Лукојца..

Дагебил

Дагебил (германски: Dagebüll; мориншки: Doogebel; дански: Dagebøl) — општина сместена на западниот брег на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во округот Северна Фризија, во северниот дел на Германија.

Општината била создадена во 1978 година како спојување на општините Фаретофт, Јулијане-Мариен-Ког и Вајгард. Порано, Дагебил претставувал халиг, најстарите куќи биле изградени на вештачки ридови, кои делумно може да се видат и денес. Во 1704 година, областа била заштитена со морски брани.

Дебарско-кичевска епархија

Дебарско-кичевска епархија — епархија на Македонската православна црква која го опфаќа југозападниот дел на Македонија и е со седиште во градот Охрид. На чело на епархијата Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Тимотеј, кој ја носи титулата Митрополит Дебарско-кичевски и Плаошки. Ги опфаќа градовите Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Брод. Дебарско-кичевската епархија вкупно зафаќа 3565,1 км². Во нејзин состав се наоѓаат вкупно 14 општини, 5 градови, 262 села.

Манастиречка парохија

Манастиречка парохија — парохија во Бродското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква. Оваа сегашна парохија е составена од шест поранешни парохии, коишто згаснале поради отселувањето на населението од овие села (миграција село - град во 1970-тите). Парохиски свештеник e Боге Богески, роден е на 11 септември 1943 г. во село Црешнево, каде што завршил основно образование. Средно богословско образование завршил во Призрен. За ѓакон е ракоположен на 9 декември 1965 година, а за свештеник на 19 декември 1965 година од страна на Епископот г. Климент.

Поранешни парохии кои денес се во состав на манастиречката парохија: Локвичка парохија, Томино селска парохија, Коачка парохија, Бенечка парохија и Требовска парохија.

Црква „Св. Богородица“ - Горни Манастирец.

Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, изграден во периодот од 11. до 13. век, обновен 1899 година.

Црква „Св. Ѓорѓија“ - Долни Манастирец, изградена во 1920 година.

Црква „Архангел Михаил“ - Могилец, изградена во 1919 година.

Манастир „Воскресение Христово“ - Могилец, камен-темелник е осветен и поставен 5 мај 2005 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевки г. Тимотеј.

Црква „Св. Никола“ - Калуѓерец, изградена во 1920 година.

Црква „Св. Талалеј“ - Инче, изградена во 1918 година.

Милетинска парохија

Милетинската парохија е парохија која е под јурисдикција на Архиерејското намесништво од Тетово и е со седиште во подсувогорското село Милетино. Неа ја опслужува протоереј Ненад Ѓорѓески и ги опфаќа селата: Милетино, Челопек, Блаце, Теново, Стенче, Волковија и Радиовце.

Охридско архијерејско намесништво

Охридско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска архиепископија едно од петте намесништва во Дебарско-кичевската епархија.

Ова архијерејско намесништво го опфаќа градот Охрид, заедно со селата во Дебарца. На чело на Охридското архијерејско намесништво се наоѓа протојереј-ставрофор Ефтим Бетински (сост. 2016).

Преспанско-пелагониска епархија

Преспанско-пелагониска епархија — една од 12-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 1958 година и за нејзино седиште е избран градот Битола. При формирањето на МПЦ оваа епархија се нарекувала Охридско-битолска епархија. За архијереј бил избран епископот Климент, кој раководел до 1977 година . Во 1974 епархијата била преименувана во Преспанско-битолска и неа ја администрирале викарните епископи Методиј, Ангелариј и Горазд, а од 1979 митрополитот Гаврил. Во 1981 година на чело на Преспанско-битолската епархија бил поставен митрополитот Петар. Во 1994 година епархијата била преименувана во Преспанско-пелагониска со четири намесништва: Битолско, Прилепско, Ресенско и Крушевско-демирхисарско.

Епархијата има околу 300.000 верници, 600 цркви, манастири и капели, со 100 свештенослужители и 30 монаси и монахињи.

Епархијата ја поседува Митрополитската современа библиотека Св. Јован Богослов, чијшто вкупен книжен фонд се состои од над 10.000 книги. Таа, како издавачка куќа, досега има издадено најразлична богословска литература.

Во состав на Епархијата работи Хуманитарната Организација „Самарјанин“ која истовремено е иницијатор и исполнувач на идејата за проектот „Трето дете – зголемување на наталитетот“. Оваа хуманитарна организација, со благослов и под покровителство на надлежниот архијереј, организира голем број хуманитарни изложби, приредби, аукции, со цел прибирање помош за штитениците на епархијата. Нејзина исклучително значајна активност е и народната кујна.

Ресенско архијерејско намесништво

Ресенско архијерејско намесништво — едно од четирите архијерејски намесништва на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Намесништвото ги опфаќа границите на Општина Ресен и неколку битолски села. Седиштето на намесништвото е во градската црква „Св. Ѓорѓи“. Архиерејски намесник е протоереј Љупчо Атанасов (сост. 2016).

ПарохииПрва ресенска парохија;

Втора ресенска парохија;

Трета ресенска парохија;

Јанковска парохија;

Подмочанско-љубојнска парохија;

Сиричинско-раотинска парохија

Сиричинско-раотинска парохија — македонска православна парохија во Архиерејското намесништво од Тетово со седиште во селото Сиричино. Неа ја опслужува свештеникот Дарко Наумовски а опфатени се селата: Сиричино, Туденце, Копанце, Раотинце, Јанчиште, Подбреѓе и Јегуновце..

Струшко архијерејско намесништво

Струшко архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска архиепископија едно од петте намесништва во Дебарско-кичевската епархија.

Ова архијерејско намесништво го опфаќа градот Струга, заедно со селата во Струшко Поле и Дримкол. На чело на Струшкото архијерејско намесништво се наоѓа протојереј-ставрофор Илија Танаскоски (сост. 2017).

Теаречка парохија

Теаречка парохија е дел од тетовското архиерејско намесништво. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Димитрије Крстески и опфатени се селата: Теарце, Отушиште (се смета како дел на Теарце),Лешок, Слатино, Ратае, Варвара, Брезно, Жилче, Шемшево и Прељубиште. Во составот на оваа парохија е и Лешочкиот Манастир.

Тетовско архијерејско намесништво

Тетовско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во состав на Полошко-кумановската

епархија задолжено за градот Тетово и околината.

Од 1971 г. заклучно со 1996 г. година во оваа епархија се извршени 66,753 крштевки. Оваа епархија има 38 активни свештеници и неколку пензионери. Во текот на овие години се изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и задушници. Над поголем број цркви и манастири извршени се целокупни санации и реставраторски работи со што се заштитени од понатамошно пропаѓање.

Намесништвото е сместено во соборниот храм подигнат во чест на „Свети Свети Кирил и Методиј“. Има 8 парохии а нив ги опслужуваат девет свештени лица. Архијерејското намесништво Тетово брои 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и 1 крст.

Трета тетовска парохија

Третата тетовска парохија е парохија која е под јурисдикција на Архиерејското намесништво од Тетово со главна парохиска црква „Св. Богородица“ во населбата Горна Чаршија. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Томислав Јосифовски. Во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Сараќино, Долно и Горно Палчиште и Мала Речица..

Црква „Св. Архангел Михаил“ - Подбреѓе

Црквата Свети Архангел Михаил е главната селска црква во тетовското село Подбреге. Црквата е нова и осветена е на 7 октомври 2007 година. Изградена е веднаш до старата црква..

Четврта тетовска парохија

Четвртата тетовска парохија е парохија која е под јурисдикција на Архиерејското намесништво од Тетово со главна парохиска црква „Св. Никола“ во населбата Колтук. Неа ја опслужува протојереј-ставрофор Ратко Милановски. Во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Лавце, Долна Лешница и Требош како и манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" којшто се наоѓа на местноста Балтепе над Тетово..

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.