Панама

Панама (шпански: Panamá) или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија, на север се наоѓа Карипското Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама, додека официјален јазик е шпанскиот јазик.

Од европските истражувачи, Панама е посетена за прв пат во 16 век кога станала дел од Шпанското Кралство. Во 1821 година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела која се нарекувала Гран Колумбија. Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија. Сепак, со помош на САД, во 1903 година Панама станала независна држава. Значаен момент во историјата на Панама е изградбата на Панамскиот канал, кој бил изграден со помош на САД во периодот од 1904 и 1914 година. Со договорот, Панама ја презела целата контрола врз каналот кон крајот на 20 век.[3]

Панамскиот канал, денес, е значаен сегмент во панамската економија и истиот има најголем удел во БДП на државата. Панама е трета или четврта најголема економија во Средна Америка[4] и е најбрзорастечка економија во регионот.[5][6] Спроед Индексот на човеков развој, Панама во 2010 година била рангирана како четврта земја во Латинска Америка и 54 земја во светот.[7] Панама е дом на најголемата прашума во Западната Хемисфера, со исклучок на Амазон, и таа е дом на голем број тропски растенија, животни и птици, каде некои се и ендемични.[8]

Република Панама
República de Panamá  (шпански)
Знаме на Панама Грб на Панама
Знаме Грб
ГеслоPro Mundi Beneficio  (латински)
„За придобивката на светот“
ХимнаХимна на Панама
Местоположба на Панама
Главен градПанама
8°58′N 79°32′W / 8.967° СГШ; 79.533° ЗГД
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански јазик
Народности  58,1% Местици
14% Мулати
6,7% староседелци
8,6% Европејци
5,5% Азијци
7,1% останати (2000)
Демоним Панамец
Уредување уставна демократија
 •  Претседател Рикардо Мартинели
 •  Заменик претседател Хуан Карлос Варела
Независност
 •  од Шпанија 28 ноември 1821 
 •  од Колумбија 3 ноември 1903 
Површина
 •  Вкупна 75.517 км2 (118-та)
 •  Вода (%) 2.9
Население
 •  Попис мај 2010 3,405,813 
 •  Густина 44.5 жит/км2 (156-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $38.604 милијарди[1] (93-та)
 •  По жител $11,788[1] (69-та)
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $24.711 милијарди[1] (89-та)
 •  По жител $7,133[1] (65-та)
Џиниев коеф. (2002)46.5
висок
ИЧР (2013) 0.765[2]
висок · 65та
Валута Балбоа (PAB, USD)
Часовен појас (UTC-5)
Се вози на десно
НДД .pa
Повик. бр. +507

Етимологија

Името на Панама е добиено од името на градот Панама. Името на градот почнало да се користи за целиот регион на Панамскиот Провлак за време на Вицекралството Перу и Нова Гранада. Ова име кое се користело на регионално ниво станало официјален назив за Панама со Актот за отцепување на Панама од Колумбија. Зборот „Панама“ е најверојатно од староседелско потекло, најверојатно од јазикот на народот Куева.[9] За значењето на зборот се дале многу предлози, но општоприфатено толкување е „изобилство од риба и пеперутки“.[10] Некои историчари тврдат дека името се однесува за локален вид дрво наречено панама (Sterculia apetala), кое е доста често во регионот.

Историја

Географија и клима

Panamamap-en
Карта на Панама.

Панама е држава која се наоѓа на копнениот дел од Средна Америка. На север државата излегува на Карипското Море, на југ излегува на Тихиот Океан, на запад се граничи со Костарика, а на исток се граничи со јужноамериканската држава Колумбија. Местоположбата на Панама е многу добра поради излезот на двете мориња и географската близина со двата континента, Средна Америка и Јужна Америка, кои Панама ги поврзува. Вкупната површина на Панама е 75.517 квадратни километри, државата има население од 3.405.813 жители (2010), а главен град е Панама.

Главна географска карактеристика која е од големо економско значење за државата е Панамскиот канал, кој од 2000 година Панама има целосна контрола над него. Каналот ги поврзува Атлантскиот Океан со Тихиот Океан. Сепак, доминантна географска карактеристика се централните планини и врвови. Голем дел од планините не се продолжен венец од северноамериканските планини, а само мал дел од истите се продолжеток на јужноамериканките Анди. Планините се од вулканско потекло. Највисока точка во државата е Волкан Бару кој е висок 3,475 метри надморска височина. Панама е дом на разновиден животински и растителен свет и во неа може да се најдат и северноамериканска и јужноамериканска флора и фауна. Панама има тропска клима. Температурите се високи и има мала разлика меѓу сезоните.

Политички систем

Ricardo Martinelli
Претседателот на Панама, Рикардо Мартинели.

Панама е претседателска парламентарна демократска република, каде претседателот е на чело на државата, владата и политичкиот систем. Извршаната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е под ингеренции и на владата и на Националното собрание на Панама. Судската власт во државата е независна.

Националните избори во државата се задолжителни за лица со над 18 години. Изборите за законодавната и извршната власт се одвиваат на секои пет години. Членовите на судската власт се назначени од шефот на државата. Националното собрание на Панама е составено од пратеници кои се избираат на избори, каде има фиксни изборни единици и има присуство и на помали политички партии. Најскорешни избори во Панама се претседателските избори кои се одржале на 3 мај 2009 година и на тие избори Рикардо Мартинели бил избран за претседател на Панама.

Економија

Според податоците на CIA, Панама има невработеност од 7%. Според Индексот на човековиот развој, Панама се наоѓа на 60 место (2008). Во последните години, Панама доживува економски бум со пораст на БДП, кој бил проценет на 10,4% во периодот 2006–2008. Економијата на Панама е една од најбрзо растечните економии во Латинска Америка. Латинскиот бизнис хроника предвидува дека Панама до 2014 година ќе биде најбрзорастечка економија во Латинска Америка и ќе биде на исто рамниште со Бразил.[11]

Административна поделба

Панама е поделена на 9 покраини (provincias) и три истостепени домородни области или „комарки“ (comarcas indígenas, често само comarcas). Постојат уште две комарки во сотав на покраините што се сметаат за рамносилни на општини (corregimientos).[12]

Покраини

Покраини и области во Панама
Карта на покраините и областите во Панама
Покраина Админ. центар Знаме
Бокас дел Торо Бокас дел Торо Bandera de la Provincia de Bocas del Toro.svg
Верагвас Сантјаго де Верагвас Bandera de la Provincia de Veraguas.svg
Дариен Ла Палма
Ерера Читре Bandera de la Provincia de Herrera.svg
Кокле Пенономе Bandera de la Provincia de Coclé.svg
Колон Колон Bandera de la Provincia de Colón.svg
Лос Сантос Лас Таблас Bandera no oficial de la Provincia de Los Santos (Baseball).svg
Панама Панама Bandera de Ciudad de Panamá.svg
Чирики Давид Bandera de la Provincia de Chiriquí.svg

Области

Област Админ. центар Знаме
Ембера-Воунан Унион Чоко -
Куна Јала Ел Порвенир Bandera de la Comarca Guna Yala.svg
Нѓобе-Бугле Љано Тугри Bandera de la Comarca Ngäbe-Buglé.svg

Потпокраини

Област Покраина
Куна де Варганди Санта Марија ла Антигва дел Дариен
Куна де Мадуганди Панама

Демографија

Christ Church by the Sea in 2003
Црква во Кристобал.
Kuna Woman sewing
Кунска жена како плете.
Религија

Власта во Панама кога прави попис не води статистика за верската определеност на граѓаните. Сепак, различни веродостојни извори тврдат дека околу 75 до 85% од населението се следбеници на Римокатоличката црква и околу 15 до 25% од населението се следбеници на Евангелистичката црква. Бахајската заедница е проценета на 2% или околу 60.000 жители[13] со вклучено 10% гвајмиско население.[14] Мормонското движење тврди дека има 40.000 следбеници во Панама[15] Покрај овие, во Панама има и мали верски заедници како што се Адвентистите, Јеховините Сведоци, Англикани, Евреи и Муслимани, кои имаат по околу 10.000 следбеници.

Население

Панама, според пописот од 2010, има население од 3.405.813 жители.[16] Според податоците на CIA, 70% од населението се местици, местици од карипскиот регион 14%, староседелци 6% и белци 10%. Строседелското население на Панама вклучува седум народи: Ембера, Воунан, Нгобе Бугле (Гвајми), Куна, Насо и Брибри. Повеќе од половина од населението живее во главниот град.[17] По бројот на населението, Панама е најмала држава од сите држави каде се зборува шпански јазик.

Образование

Во 2000 година, било проценето дека 91.9% од населението на Панама е писмено.[18] Образованието во Панама е задолжително за дека од 6 до 15 години. Во последните години запишувањето на училиште, особено на високото образование, се зголемило. Во минатото во Панама образованието било овозможено од свештениците, а од 1903 година, државата вовела државна просвета и институции.

Култура

Културата на Панама е под силно влијание на европската. Шпанските колонизатори во Панама донеле европска музика, уметност и културни вредности. Така, европската култура полека се измешала со староседелската култура и културата на имигрантите и тоа произвело хибридна богата културна традиција. Така на пример, шпанскиот танц „тамборито“ е збогатен со староседелски ритми, теми и движења.[19] Локалниот фолклор може добро да се воочи преку разните фестивали, танци и паради кои се пренесувале од колено на колено.

Панама како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Панама“ (Panama) - песна на американската рок-група „Ван Хејлен“ (Van Halen) од 1984 година.[20]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Panama“. International Monetary Fund. конс. 2010-04-21.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014.
  3. „CIA - The World Factbook“. Cia.gov. конс. 2010-12-23.
  4. „CIA – The World Factbook – Field Listing – GDP (official exchange rate)“. CIA. конс. 2010-01-12. And: „CIA – The World Factbook – Country Comparison – National product“. CIA. конс. 2010-01-12. See also: IMF.org
  5. „Annual % Growth – Final Consumption Expenditure, Etc. statistics – countries compared“. NationMaster. конс. 2010-06-26.
  6. „Final Consumption Expenditure, Etc. constant 2000 us$ (per capita) (most recent) by country“. Nationmaster.com. конс. 2010-06-26.
  7. UNDP Human Development Report 2010. „Table 1: Human development index 2010 and its components“ (PDF). UNDP. конс. 6 ноември 2010. pp. 144
  8. Country profile: Panama“, „BBC News“, 30 јуни 2010.
  9. Página 7
  10. Visitpanama.com
  11. Merit Designs (October 7, 2009). „Latin Business Chronicle“. Latin Business Chronicle. конс. June 26, 2010.
  12. Во 2010 г. е предложено двете комарки да се претворат во десетта покраина 10, но ова сè уште не е спроведено.
  13. „Panama“. WCC > Member churches > Regions > Latin America > Panama. World Council of Churches. January 1, 2006. конс. July 1, 2008.
  14. International Community, Bahá'í. In Panama, some Guaymis blaze a new path. „One Country“ том  1994 (October–December). http://info.bahai.org/article-1-8-1-18.html.
  15. Panama. LDS Newsroom. Retrieved December 13, 2008
  16. INEC. National Census 2010. censos2010.gob.pa
  17. „Corredor Transístmico Panamá -Colón“. конс. August 5, 2010.
  18. Central Intelligence Agency. Cia.gov. Retrieved on November 27, 2011.
  19. „The online almanac of Panama culture with travel links“. Panama Culture. конс. December 23, 2010.
  20. YouTube, Van Halen 1984 (пристапено на 26.10.2017)

Поврзано

Надворешни врски

.pa

.pa — семрежен највисок државен домен за Панама, раководн од NIC-Panama.

идејќи „PA“ е поштенскиот код за американската држава Пенсилванија, имало повремено користење со тоа значење, но ова не се проширило.

10 јули

10 јули е 191-иот ден во годината според григоријанскиот календар

(192-и во престапна година).

Остануваат 174 денови до крајот на годината.

Шаблон:Јули 2019

1903

1903 (MCMIII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1903. година од новата ера, 903. од вториот милениум, 3. од 20 век и четвртта од 1900-тите.

Грб на Панама

Грбот на Панама е официјалниот грб на оваа средноамериканска држава. Грбот на Панама, заедно со знамето, биле официјално усвоени како симболи на државата на 4 јуни 1904 година.

Знаме на Панама

Знамето на Панама е официјалното знаме на државата кое е создадено од страна на Марија Оса де Амадор на 1 ноември 1903.. Знамето на Панама се прославува на 5 ноември, еден ден после Денот на независноста.

Знамето е составено од четири еднакви квадрати, два во бела боја, долниот лев во сина боја и горниот десен во црвена боја. Во горниот лев и долниот десен квадрат се наоѓаат две ѕвезди во сина и црвена боја. Белата боја симболизира мир, додека сината и црвената боја ги симболизираат најголемите политички партии во Панама во тоа време. Црвената боја ја симболизира либералната партија, додека сината конзервативната партија. Првиот предлог за знаме на Панама е од 1823 година кое се состоело од 7 хоризонтални ленти во црвена и жолта боја. Во горниот лев агол имало син квадрат на кој имало приказ на две златни поврзани сонца што го претставувале Панамскиот канал (линијата) и Северна Америка и Јужна Америка (сонцата). Ова се однесувало на географската позиција на Панама како конектор на двата континента, додека боите биле инспирирани од шпанското и колумбиското знаме, додека линиите од американското.

Колумбија

Колумбија (шпански: Colombia) е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.

Костарика

Костарика (шпански: Costa Rica) или официјално Република Костарика (República de Costa Rica) — држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хозе.

Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година. Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход. Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка. Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.

Панама (град)

Панама (шпански: Siudad de Panama) е главен и најголем град на Република Панама. Градот има население од 813.097, додека метрополитенската област има 1.206.792. Градот се наоѓа на Пацификот влезот на Панамскиот канал, на 8 ° 58'N 79 ° 32'W. Панама е политички и административен центар на земјата.

Панама на Олимписките игри

Панама првпат настапилa на Олимписките игри во 1928 година и со кратки паузи учествувала на поголемиот број натпреварувања.

Панама на Зимските олимписките игри немаат никогаш настапено. Панамските спортисти на Олимписките игри имаат освоено 3 медали од кои еден златен.

Националниот олимписки комитет на Панама бил основан во 1934 година и бил признаен во 1947 година.

Панамски Залив

Панамскиот Залив (шпански: Golfo de Panamá) — залив во Тихиот Океан, близу до јужниот брег на Панама. Има максимална широчина од 250 километри, максимална длабочина од 220 метри и големина од 2.400 квадратни километри. Панамскиот Канал го поврзува Панамскиот Залив со Карипското Море и Атлантскиот Океан. Панамскиот главен град Панама е главен урбан центар на брегот на заливот.

Самиот залив исто така содржи неколку мали заливи, Панама Беј на север, Заливот Парита на запад и Заливот Сан Мигел на исток. Во заливот има неколку острови, а на брегот има неколку важни пристаништа, како Панама, Ла Палма и Читре. Архипелагот Островите Перл е група од над двеста острови, сместени на исток од заливот.

Најголемата панамска река, Туира тече на југ во заливот Сан Мигел.

Панамски Канал

Панамски Канал — вештачки канал што се наоѓа во најјужниот дел на Панама и ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан, а ги разделува Северна и Јужна Америка. Градењето на каналот бил еден од најголемите и најтешки инженерски проекти во историјата. Неговото прокопување имало огромно влијание врз морепловството помеѓу двата океана, скратувајќи ја долгата и опасна рута.

Панамскиот Канал е со должина од 81,6 км, длабок е 12,5 м и широк 150 м.

Градењето на каналот отпочнало во 1879 година од стана на Франција. Во 1903 година е потпишан договор помеѓу Панама и САД за користење на каналот од стана на САД и тоа овозможило каналот да биде завршен во 1914 година.

За изградбата на каналот се потрошени вкупно 390 милиони долари, кои денес имаат вредност на 400 милијарди долари. Во текот на градењето на каналот вкупно 5609 работници го загубиле својот живот.

Од неговото отвoрање во 1920 година, каналот претставува голем успех, и продолжува да биде главен фактор во меѓународниот бродски транспорт. Секоја година низ каналот поминуваат околу 14.000 брода, носејќи повеќе од 205 милиони тони товар. До 2002 година, низ каналот вкупно поминале околу 800.000 брода. Најнормално поминување низ каналот од страна на товарен брод трае околу девет часа.

По Втората светска војна, односите помеѓу САД и Панама се заладени. Расте незадоволството кај народот на Панама што тие немаат право на бенефициите од каналот. Тоа води до преговори помеѓу двете држави и во 1977 година е потпишан договор помеѓу САД и Панама за постепено враќање на суверинитетот на каналот од САД на Панама. Целосна контрола врз каналот, Панама воспоставува на 31 декември 1999 година.

Светско првенство во фудбал 2018

Светско првенство во фудбал 2018 — било 21-во Светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кој ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Русија, почнувајќи на 14 јуни и завршувајќи со финалето на 15 јули 2018.

Ова бил прв турнир кој се одржал во Русија, и во Источна Европа воопшто, но исто така било и прво светско првенство кое се одржало на два континента. Русија, исто така, станала најголемата земја географски, која ќе биде домаќин на едно светско првенство. На турнирот се натпреварувале 32 репрезентации, вклучувајќи го и домаќинот. Вкупно 64-тите натпревари, биле одиграни на 12 локации во 11 градови.

Финалето на Светското првенство се одржало на 15 јули во Москва на стадионот Лужники, а во него играле репрезентациите на Франција и Хрватска. Франција победила со резултат 4-2 и вторпат станала светски шампион.

Северна Америка

Северна Америка е третиот најголем континент по површина по Азија и Африка и четвртиот по население. Граничи на север со Северниот Леден Океан, на исток со северниот Атлантски Океан, на југ со Карипско Море, и на запад со северниот Тихи Океан. Има површина од 24,230,000 квадратни километри (9,355,000 квадратни милји). Во 2001 нејзиното население било околу 454,225,000 жители. Може географски да се определели преку одделување на Јужна Америка од суперконтинентот Америка. И Северна и Јужна Америка се наречени така по Америго Веспучи, кој бил прв Европеец кој открил дека Америка не е источна Индија, туку претходно неоткриен Нов свет.

Иако Канада, САД, и Мексико географски се наоѓаат во Северна Америка, во Европа често се смета дека Северна Америка ги вклучува Канада и САД, но не и Мексико или било која од државите на Централна Америка, што може да предизвика конфузија. Во Латинска Америка, Америка се смета за еден континент и затоа Северна Америка е само потконтинент составен од Канада, САД и Мексико.

Северна Америка го зафаќа северниот дел на земјената маса нарекувана Нов свет, Западна Хемисфера или едноставно Америка. Северна Америка се поврзува со Јужна Америка единствено преку Панама и Панамскиот Канал. Според некои, Северна Америка започнува не од Панама, туку од преминот Техуантепек, со меѓурегионот наречен Централна Америка. Меѓутоа, најчесто се смета дека Централна Америка е дел од Северна Америка, бидејќи е премногу мала за да биде посебен континент.

Список на држави во светот

Ова е Список на државите во светот. Во светот постојат 193 признати независни држави, од кои 192 се членки на Обединетите нации (сите држави освен Ватикан). Во Европа постојат 44 независни држави, во Азија 47, во Африка 53, во Америка 35 и во Океанија 14. покрај независните држави, во светот постојат уште 70 зависни и спорни територии, како и еден протекторат на Обединетите нации.

Напомена: Овој список ги вклучува само меѓународно признатите држави. За целосната листа со непризнатите држави и зависни територии видете Список на држави и територии во светот.

Средна Америка

Средна Америка е централниот географски регион на Америка. По варијабилна дефиниција, регионот се простира на јужниот дел од континентот Северна Америка.

Франциско Пизаро

Франциско Пизаро (шпански: Francisco Pizarro González, 1st Marqués de los Atabillos) бил шпански конквистадор, освојувач на империјата на Инките и основач на Лима, денешниот главен град на Перу. Роден е во Трухило во Шпанија. Во 1502 година заминува кон новите земји со цел да си ја проба среќата. Некое време живее на островот Hispaniola (денешен Хаити и Доминиканската Република) потоа се приклучува на колонијата Дариен во Панама. Околу 1520 година во Панама пристигнале гласини за некоја земја на југот која била богата со злато и сребро. Во 1522 година била пратена првата експедиција на југ кон инките, а неа ја предводел Паскуал де Андагоља. Оваа земја го заитересирала Пизаро кој формирал своја експедизција и отпловил кој југ.

Фудбалска репрезентација на Панама

Фудбалска репрезентација на Панама (шпански: Selección de fútbol de Panama) е претставник на Панама во меѓународниот фудбал. Тимот е контролиран од страна на управното тело за фудбал во Панама, Панамската фудбалска федерација, којa е член на КОНКАКАФ и регионалната УНКАФ. Панама за прв пат во нејзината историја се квалификувала за Светското првенство 2018 година во Русија.

Панама стигнала многу близу до четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 година. Во нивниот последен натпревар, кој бил против фудбалската репрезентација на САД, тие воделе со 2-1 и по 90 минути игра. и биле подготвени да стигнат до плејоф квалификациите за Светското првенство во 2014 година, но примиле два гола во дополнителното време и биле елиминирани, со тоа што Мексико го зезело местото во плејофот наместо Панама.Панама завршила како второпласирана во 2005 година на КОНКАКАФ Голден Купот и во 2013 година на истото натпреварување. Панама, исто така, се натпреварувала во субрегионалното Првенството на Централна Америка што го освоила во 2009 година.

Држави и територии во Америка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.