Нов Зеланд

Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) — островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Маорското име за Нов Зеланд е Аотеароа, што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.

Нов Зеланд
New Zealand / Aotearoa
Знаме на Нов Зеланд Грб на Нов Зеланд
Знаме Грб
Химни:
Местоположба на Нов Зеланд
Местоположба на Нов Зеланд
Главен градВелингтон
Најголем град Окленд
Службен јазик
Народности (2013)
Демоним Новозеланѓани
Киви (неформално)
Уредување унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Монарх Елизабета II
 •  Ген. гувернер Петси Реди
 •  Премиер Џасинда Ардерн
 •  Претседател на Врховниот суд Шан Елијас
Законодавство Парламент
(Претставнички дом)
Осамостојување од Обединетото Кралство 
 •  Одговорна власт 7 мај 1856 
 •  Доминион 26 септември 1907 
 •  Усвоен Вестминстерскиот статут 25 ноември 1947 
Површина
 •  Вкупна 268.021 км2 (75.)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  проценка за 2017 г. 5.037.740[2] (120.)
 •  Попис 2013 4,242,048 
 •  Густина 17.5 жит/км2 (203.)
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен $173.2 млј[3] (67.)
 •  По жител $36,950[3] 
БДП (номинален) проценка за 2016 г.
 •  Вкупно $169.9 млј[3] (53.)
 •  По жител $36,254[3] 
Џиниев коеф. (2014)33.0[4]
среден
ИЧР (2015) 0.915[5]
многу висок · 13.
Валута новозеландски долар ($) (NZD)
Часовен појас NZST (UTC+12)
 •  (ЛСВ) NZDT (UTC+13)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .nz
Повик. бр. +64

Етимологија

Денес не е познато дали Маорите ја нарекувале целата држава со денешното маорско име, бидејќи Северниот Остров го нарекуваат Те Ика а Мауи (Te Ika a Māui или „Рибата на Мауи“), додека Јужниот Остров го нарекуваат Те Ваи Поунаму (Te Wai Pounamu или „Водите на зелениот камен“) или со другото име Те Вака о Аораки (Te Waka o Aoraki или кану на Аораки). Сè до 20 век, Северниот Остров се нарекувал Аотеароа или во превод „земја на долгиот бел облак“, додека денес тој назив се користи кај маорите за целата држава Нов Зеланд.

Првото европско име за Нов Зеланд било Штатен Ланд (Staten Landt), име кое било дадено од холандскиот истражувач Абел Тасман кој во 1642 година бил првиот европеец кој ги посетил островите. Покасно името било променето во Нов Зеланд (Nova Zeelandia) по холандската покраина Зеланд.

Историја

Нов Зеланд е една од најскорешните големи копнени маси кои биле населени. Првите доселеници биле источните полинезијци, најверојатно во повеќе миграциски бранови пред 700 или 2000 години. Овие доселеници развиле своја култура и нација- Маори. Нацијата биле поделена на племиња и потплемиња.

Првите европски доселеници кои дошле во Нов Зеланд биле холандскиот морепловец Абел Тасман и неговиот екипаж во 1642. Покасно на островите дошол и британскиот морепловец Џејмс Кук во 1768/1771.

Покасно Нов Зеланд бил дел од Британската Империја, поточно бил дел од тихоокеанската колонија тогаш позната како Нов Јужен Велс. Во 1840 година, Нов Зеланд станал посебна колонија.

Географија и клима

Map New Zealand-mk
Топографска карта на Нов Зеланд

Нов Зеланд е составен од два големи острови, Северен Остров и Јужен Остров или Те Лка и Те Ваи поунаму, и од поголем број мали острови. Куковиот проток ги дели двата големи острови и е долг 20 км. Вкупната површина на Нов Зеланд е 268.680 км квадратни. Државата се протега 1600 км во должина и има брег од 15.134 километри.

Јужниот Остров е најголемиот остров во Нов Зеланд и највисокиот врв е Кукова Планина (Аораки) со 3754 метри. Највисока планина на Северниот Остров е Руапеху со 2797 метри.

Политички систем

Нов Зеланд е уставна монархија со парламентарна демократија. Иако нема кодифициран устав, Уставниот Акт од 1986 година ја врши улогата на устав во Нов Зеланд. Кралицата Елизабета II е на шеф на државата и е именувана како Кралица на Нов Зеланд. Претставник на кралицата во Нов Зеланд е генералниот гувернер, назначен од кралицата по совет на премиерот. Почнувајќи од 2016 г. генерален гувернер на Нов Зеланд е Петси Реди.

Административна поделба

Нов Зеланд има 12 регионални совети кои ги претставуваат локалните региони на државно ниво. Покрај овие има и 57 областни совети и 16 градски совети.

Економија

Нов Зеланд има современа, просперитетно развиена пазарна економија со бруто домашен производ (паритет на куповната моќ) проценет на околу 28.250 американски долари по жител.[6][7][8] Валутата на Нов Зеланд се вика новозеландски долар или често неформално киви долар. Се користи и на Куковите Острови, Нијуе, Токелау и на Питкернските Острови.[9] Нов Зеланд се наоѓа на петтото место според извештајот на ОН за индексот на човековиот развој за 2011 година.[10]

AucklandCBDfromRangitoto
Окланд, деловната зона сликана од островите Рангитото

Во текот на историјата сировинската индустрија имала важна позиција во стопанството на Нов Зеланд, вклучувајќи лов на фоки, китоловство, новозеландски лен, злато, каури гума и дрвени материјали за градба.[11] Со развојот на ладилниците во текот на 1880-тите години, месото и млечните производи биле извезувани во Британија, што било основа за јак економски развој на Нов Зеланд.[12] Големата побарувачка за земјоделски производи во Обединетото Кралство и САД овозможила животниот стандард на Нов Зеланд да биде повисок отколку во Австралија и Западна Европа во текот на 1950-тите и 1960-тите години.[13] Кога Обединетото Кралство ѝ пристапило на Европската заедница новозеландскиот извозен пазар се намалил,[14] што заедно со нафтената криза во 1973 година и енергетската криза во 1979 година, довело до економска депресија.[15] Животниот стандард опаднал во однос на Австралија и државите на западна Европа, а во 1982 година, личните приходи на Новозеланѓаните биле од сите развиени земји за кои групата на Светската банка изработила проценка.[16] По 1984 година, бројни влади спроведувале структурни макроекономски реформи (познати како англиски: Rogernomics и англиски: Ruthanasia) кога протекционистичкото стопанство било заменето со либерално слободно стопанство.[17][18]

Невработеноста била највисока во 1991 и 1992 година кога изнесувала над 10 %,[19] како резултат на сломот на берзата во 1987 година, но до 2007 потполно закрепнал кога невработеноста изнесувала 3,4 % (што го ставило Нов Зеланд на петтото место од дваесет и седум рангирани во склоп на истражувањето на ОЕЦД).[20] Сепак светската економска криза која уследила довела до рецесија во пет следователни квартали, што е најдолга економска депресија за 30 години [21][22], а невработеноста пораснала на 7 % во текот на 2009 година.[23] Невработеноста меѓу младите во јуни 2011 година изнесувала 17,4 %.[се бара извор]<!—мртва врска од тој датум--> Од 1970-тите до денес Нов Зеланд се соочува со проблемот на „одлив на мозоци“.[24][25] Околу четвртина од висококвалификуваните работници живеат во странство, главно во Австралија и Британија, што е најголема стапка меѓу развиените држави.[26] Сепак постои и спротивен процес „прилив на мозоци“ преку имиграцијата на стручњаци од Европа и помалку развиените држави.[27][28]

Рударство

Пред доаѓањето на Европјаните, Маорите се занимавале со вадење аргилит.[29] Нов Зеланд е богат со наоѓалишта на јаглен, сребро, руди на железо, варовник и злато. Во светски рамки е рангиран на 22. место според производството на руди на железо и 29. по производство на злато. Вкупната вредност на произведените руди на Нов Зеланд во 2006 година изнесувала 1, 5 милијарди долари (не сметајќи ги нафтата и гасот). Најважни метални руди се златото (10,62 тони), среброто (27,2 тони) и титаномагнетит на железен песок (2,15 милиони тони). Во извештајот од 2008 година, се проценува дека неискористените ресурси од само седум основни руди (вклучувајќи го златото, бакарот, железото и молибденот) се вредни околу 140 милијарди долари.[30] Рударството е една од позначајните гранки на новозеландското стопанство. Според проценките од 2010 година, околу 4.000 хектари, или 0,016 % од територијата на Нов Зеланд е покриено со рудници, главно каменоломи.[30]

Инфраструктура

Снабдувањето со енергија потекнува од нафта, гас и јаглен (69 %) и од обновливи извори енергије, првенствено хидро и геотермални електрани.[31] Сообраќајната мрежа на Нов Зеланд се состои од 93.805 км патишта вредни 23 милијарди долари,[32] и 4.128 км железнички пруги.[33] Поголемиот број градови се поврзани со автобуски линии, но доминантен вид на превоз се приватните автомобили.[34] Железницата била приватизирана во 1993 година, но повторно била вратена под закрила на државата во 2008 година.[35] Пругата се протега по цела должина на државата, но денес главно служи за товарен, а не за патнички транспорт.[36] Поголемиот број странски посетители доаѓа со авион,[се бара извор]<!—мртва врска од тој датум--> преку некој од седумте меѓународни аеродроми (врски со други држави освен Австралија и Фиџи, имаат аеродромите во Окланд и Крајстчерч). Национална авиокомпанија е Ер Нов Зеланд. Поштата на Нов Зеланд имала монопол на телекомуникациите до 1989 година кога била формирана компанијата „Телеком Нов Зеланд“ која била приватизирана во 1990 година. Телеком во своја сопственост ја има поголемиот дел од телекомуникациската инфраструктура, но е зголемена конкуренцијата.[37]

Трговија

Territorial waters - New Zealand
Ексклузивна економска зона на Нов Зеланд.

Стопанството на Нов Зеланд многу зависи од меѓународната трговија,[38] особено во областа на земјоделски производи. Извозот претставува високи 24 процените од производството,[39] заради што Нов Зеланд е осетлив на меѓународната цена на стоката и на глобалните економски рецесии. Главни извозни гранки се земјоделието, цвеќарството, риболовот, шумарството и рударството кои претставуваат околу половина од извозот.[40] Главни извозни партнери се Австралија, САД, Јапонија, Кина и Обединетото Кралство.[39] Од 7 април 2008 година, Нов Зеланд и Кина се потписници на договор за слободна трговија.[41][42] Услужниот сектор е најјака гранка во стопанството на Нов Зелан, а по него следат производството и градежништвото, а потоа земјоделието и вадењето сировини.[39] Туризмот игра важна улога во новозеландската економија, во 2010 година придонело 15 милијади долари на новозеландскиот БДП и во оваа област се вработени 9,6 % од работната снага.[43] Бројот на странски туристи во текот на 2010 година се зголемил за 3,1 %.Шаблон:Чињеница

Током 19. века вуна је била главни извозни артикал Новог Зеланда.[11] Све до 1960-их вуна је чинила трећину извоза,[11] али је од тада њена цена у сталном паду у односу на друге робе[44] и више није исплатива за многе пољопривреднике.[45] Насупрот томе млекарска индустрија је у сталном порасту, број крава је дуплиран у периоду између 1990. и 2007.[46] чиме је ова грана доспела на прво место по извозној заради.[47] Млечни производи су 2009. износили 21 % (9,1 милијарда долара) укупног робног извоза,[48] а највећа компанија на Новом Зеланду, Фонтера, контролише трећину међународне трговине млечним производима.[49] Други пољопривредни извозни производи су месо са 13,2 процента, вуна са 6,3 процента, воће са 3,5 % и риба са 3,3 процента. Број винарија је такође удвостручен,[50] што је довело до тога да вино 2007. године престигне вуну у извозу.[51]

Население, јазик и религија

New Zealand population over time - small
Растот на населението на Нов Зеланд со предвидување до 2050.

Нов Зеланд има население од 4.3 милиони жители од кои 78% се изјасниле како припадници на некои од европските етнички групи. Европејаните се познати под името Пакеха, но овој термин Маорите го користат и за сите луѓе што не се Маори. Повеќето од европејаните се од британско или ирско потекло. Покрај нив има и значителен број на луѓе со холандско, германско, хрватско и, во помала мера, македонско потекло.

Маорите се најголема етничка заедница што нема европско потекло и сочинуваат околу 14.6% од населението. 9.2% од населението се изјаснило дека има азиско потекло и 6.9% се изјасниле како припадници на некои од тихоокеански народи.

Според пописот во 2006, христијанството е доминантна религија во Нов Зеланд со околу 55.6% од вкупното население. 34.7% се изјасниле дека немаат религија и 5% се изјасниле како останати религии.

До 1987 година англискиот јазик бил единствен официјален јазик во земјата, но во 1987 година маорскиот јазик станал официјален јазик покрај англискиот. Така околу 98% од населението во Нов Зеланд може да зборува англиски, додека 4.1 од населението знае маорски јазик. Најзборуван неофицијален јазик во Нов Зеланд е самоански јазик.

Култура во Нов Зеланд

Поголемиот дел од Новозеландската култура е со британско потекло. Покрај тоа влијание, има и американско, австралиско и маорско влијание кон културата во Нов Зеланд. Исто така има и азиски и останати полинезиски влијанија. Така во Нов Зеланд се одржува голем фестивал за Кинеската Нова Година и за Дивали.

Наводи

  1. „2013 Census QuickStats about culture and identity – Ethnic groups in New Zealand“. Statistics New Zealand. конс. 29 August 2014.
  2. „Population clock“. Statistics New Zealand. конс. 14 April 2016. The population estimate shown is automatically calculated daily at 00:00 UTC and is based on data obtained from the population clock on the date shown in the citation.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „New Zealand“. International Monetary Fund. конс. 13 April 2016.
  4. „Income inequality“. Statistics New Zealand. конс. 14 June 2015.
  5. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. конс. 23 March 2017.
  6. „Report for Selected Countries and Subjects“. International Monetary Fund. октомври 2010.
  7. „GDP – per capita (PPP)“. The World Factbook, Central Intelligence Agency.
  8. „GDP per capita (current US$)“. World Bank. Архивирано од изворникот на 11. 5. 2011.
  9. „Currencies of the territories listed in the BS exchange rate lists“. Bank of Slovenia.
  10. „Human Development Index and components“ (PDF). United Nations Development Programme.
  11. 11,0 11,1 11,2 „Historical evolution and trade patterns“. An Encyclopaedia of New Zealand. 1966.
  12. Stringleman, Hugh; Peden, Robert (октомври 2009). „Sheep farming – Growth of the frozen meat trade, 1882–2001“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  13. Baker, John. (фебруар 2010). „Some Indicators of Comparative Living Standards“. from An Encyclopaedia of New Zealand. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand. Table pdf downloadable from [1]
  14. Wilson, John (март 2009). „History – The later 20th century“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  15. Nixon, Chris; Yeabsley, John (април 2010). „Overseas trade policy – Difficult times – the 1970s and early 1980s“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand. Unknown parameter |unused_data= ignored (помош);
  16. Evans, N.. Up From Down Under: After a Century of Socialism, Australia and New Zealand are Cutting Back Government and Freeing Their Economies. „National Review“ том  46 (16): 47-51.
  17. Easton, Brian (новембар 2010). „Economic history – Government and market liberalisation“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  18. Hazledine 1998.
  19. „Unemployment“. 2010 Social report.
  20. Bingham, Eugene. „The miracle of full employment“, „The New Zealand Herald“, 7. 4. 2008.
  21. New Zealand Takes a Pause in Cutting Rates“, „The New York Times“, 10. 6. 2009.
  22. New Zealand's slump longest ever“, „BBC News“, 26. 6. 2009.
  23. Bascand, Geoff (фебруар 2011). „Household Labour Force Survey: децембар 2010 quarter – Media Release“. Statistics New Zealand. Архивирано од изворникот на 29. 4. 2011.
  24. Davenport, Sally. Panic and panacea: brain drain and science and technology human capital policy. „Research Policy“ том  33 (4): 617-630. doi:10.1016/j.respol.2004.01.006. http://www.sciencedirect.com/science?_ob=ArticleURL&_udi=B6V77-4C007RT-1&_user=10&_coverDate=05%2F31%2F2004&_rdoc=6&_fmt=high&_orig=browse&_srch=doc-info(%23toc%235835%232004%23999669995%23502989%23FLA%23display%23Volume)&_cdi=5835&_sort=d&_docanchor=&_ct=9&_acct=C000050221&_version=1&_urlVersion=0&_userid=10&md5=37b8a5c81622b1687fbea5dfb51a0f38.Шаблон:Мртва веза
  25. O'Hare, Sean. „New Zealand brain-drain worst in world“, септембар 2010.
  26. Collins, Simon. „Quarter of NZ's brightest are gone“, март 2005.
  27. Winkelmann, Rainer. The labour market performance of European immigrants in New Zealand in the 1980s and 1990s. „The International Migration Review“ (The Center for Migration Studies of New York) том  33 (1): 33-58. doi:10.2307/2676011.
  28. Bain 2006, стр. 44.
  29. „Argillite quarry“. Te Ara - the Encyclopedia of New Zealand.
  30. 30,0 30,1 Cumming, Geoff. „Miners press to enter the green zone“, „The New Zealand Herald“, 6. 3. 2010..
  31. „Energy Data File 2011“ (PDF). Ministry for Economic Development. јул 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 14. 1. 2014.
  32. „Frequently Asked Questions“. New Zealand Transport Agency.
  33. „CIA – The World Factbook – New Zealand“.
  34. Humphris, Adrian (април 2010). „Public transport – Passenger trends“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  35. Atkinson, Neill (новембар 2010). „Railways – Rail transformed“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand. конс. 1.
  36. Atkinson, Neill (април 2010). „Railways – Freight transport“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  37. Budde, Paul. „New Zealand – Telecommunications – Major Players“. Budde Comm.
  38. Groser, Tim (март, 2009). „Speech to ASEAN-Australia-New Zealand Free Trade Agreement Seminars“. New Zealand Government.
  39. 39,0 39,1 39,2 „The World Factbook – New Zealand“. CIA. 15. 11. 2007.
  40. „New Zealand Economic and Financial Overview 2010: Industrial Structure and Principal Economic Sectors“. New Zealand Treasury. април 2010. Архивирано од изворникот на 23. 1. 2011.
  41. O'Sullivan, Fran. „Trade agreement just the start – Clark“, The New Zealand Herald, април 2008.
  42. China and New Zealand sign free trade deal“, „The New York Times“, април 2008.
  43. „Key Tourism Statistics“ (PDF). Ministry of Tourism. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 22. 5. 2010.
  44. Easton, Brian (март 2009). „Economy – Agricultural production“. Unknown parameter |unused_data= ignored (помош);
  45. Stringleman, Hugh; Peden, Robert (март 2009). „Sheep farming – Changes from the 20th century“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  46. Stringleman, Hugh; Scrimgeour, Frank (новембар 2009). „Dairying and dairy products – Dairying in the 2000s“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  47. Stringleman, Hugh; Scrimgeour, Frank (март 2009). „Dairying and dairy products – Dairy exports“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  48. „Global New Zealand – International Trade, Investment, and Travel Profile: Year ended јун 2009 – Key Points“. Statistics New Zealand. јун 2009.
  49. Stringleman, Hugh; Scrimgeour, Frank (март 2009). „Dairying and dairy products – Manufacturing and marketing in the 2000s“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  50. Dalley, Bronwyn (март 2009). „Wine – The wine boom, 1980s and beyond“. Te Ara – the Encyclopedia of New Zealand.
  51. Wine in New Zealand“, „The Economist“, март 2008.

Надворешни врски

Влада
Општи информации
Друго
Патување

Поврзано

.nz

.nz — семрежен највисок државен домен за Нов Зеланд. Раководен е од InternetNZ преку својата подружмница, NZ Registry Services, каде прегледите и споровите се водат и решаваат од Domain Name Commission Ltd. Регистрациите се прават преку одобрени регистратори. Во март 2011 година имало 433.183 регистириани домени со .nz.

.tk

.tk — највисок државен домен за Токелау, територија на Нов Зеланд во јужниот тих океан.

Јужен Остров

Јужен Oстров (англиски: South Island, маорски: Te Wai Pounamu) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Северниот Остров. Маорското име на островот е Te Wai Pounamu.

Во XIX век, на некои карти овој остров се нарекува Среден Остров (Middle Island) или Нов Алстер (New Ulster), а името Јужниот Остров (South Island) или Нов Линстер (New Leinster) се однесувало на денешниот Стјуартов Остров.

Јужниот Остров зафаќа површина од 151.215 км², и како таков е 12-тиот најголем остров во светот. Долж неговата западна обала се простираат Јужните Алпи; Куковата Планина е највисоката точка на островот и во земјата со 3,754 м надморска височина.

Историски, како и од неодамна, движењето за независност на Јужниот Остров се залага за финансиска и административна самоуправа на Јужниот Остров.

Австралазија на Олимписките игри

Австралазија — име на комбинираната екипа на спортисти од Австралија и Нов Зеланд кои се натпреварувале заедно на игрите во 1908 и 1912 година. Кога олимписките игри продолжиле во 1920 по Првата светска војна, двете држави испратиле одделни екипи на игрите.

Поврзано: Австралија на Олимписките игри и Нов Зеланд на Олимписките игри

Англиски јазик

Англиски јазик (самонар. English language) — западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, ЈАР, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.

Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка. Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата. Влијанието на Британската империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.

Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте службени јазици на Обединетите Нации.

Велингтон

Велингтон (англ. Wellington) е главен град на Нов Зеланд, во југозападниот дел на Северниот Остров помеѓу Куковиот Проток и планискиот венец Римутака. Градското подрачје на Велингтон е главен центар на населението на јужниот дел од Северниот Остров на Нов Зеланд и е трета најнаселена урбана зона со 389.700 жители. Регионот Велингтон има 483.200 жители.

Друмски велосипедизам

Друмски велосипедизам — велосипедски спорт кој се одржува на поплочени патишта. Терминот „друмски велосипедизам“ обично се применува за настани каде настапуваат возачи кои стартуваат истовремено и каде победник е оној, кој прв ја минува линијата на крајот на патеката (индивидуалните и екипните хронометри се друга форма на велосипедско тркање на патиштата).

Историски, земји со најдолга традиција во овој спорт и со најмногу натпреварувачи биле Белгија, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија. Меѓутоа, на спортот му се зголемува популарноста и во земји како што Австралија, Венецуела, Русија, Словачка, Јужна Африка, Нов Зеланд, Норвешка, Велика Британија, Ирска, Полска и САД.

Друмскиот велосипедизам започнал како организиран спорт во 1868. Првото светско првенство било во 1893 и велосипедизмот станал дел од модерните Олимписки игри по нивното отпочнување во Атина во 1896.

Друмскиот велосипедизам во неговата современа форма потекнува од крајот на 19 век. Спортот бил популарен во земјите од Западна Европа, Франција, Шпанија, Белгија и Италија. Некои од најраните друмски велосипедски трки во Европа станале едни од најголемите спортски настани. Овие почетни трки биле Лиеж-Бастон-Лиеж (основана 1892), Париз-Рубе (1896), Тур де Франс (1903), Милано-Сан Ремо и Џиро ди Ломбардија (1905), Џиро д’Италија (1909) и Трка околу Фландрија (1913). Тие обезбедиле шаблон за другите трки низ целиот свет. Додека спортот се ширел низ светот, овие историски трки останале најпрестижни за секој велосипедист да ги освои.

Камерун на Олимписките игри

Камерун првпат учествувале на Олимписките игри во 1964 година, и имаат испратено спортисти да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри оттогаш. Тие се повлекле од игрите во 1976 година по три денови на натпреварување, за да се придружат на африканскиот бојкот поради учеството на Нов Зеланд, кои имале спортски врски со апартхејдот во Јужна Африка. Камерун има учествувано на Зимските олимписки игри во една прилика, во 2002 година, со еден единствен учесник, Исак Менјоли.

Камерунските спортисти имаат освоено пет медали, вклучувајќи го и златниот медал во футбал на Летните олимписки игри 2000 година.

Националниот олимписки комитет на Камерун бил создаден во 1963 година.

Корејски јазик

Корејски јазик (корејски: 한국어|한국/ 조선말|조선말) е официјален јазик на Северна Кореја и Јужна Кореја. Исто така тој е еден од двата официјални јазици во Јанбијан Корејската Автономна Префектура во Народна Република Кина. Има околу 80 милиони луѓе што зборуваат Корејски со поголема група на говорители во Австралија, Нов Зеланд, Бразил, Канада, Кина, Јапонија, САД, поранешните Советски републики и во скоро време на Филипините.

Корејскиот јазик во Република Македонија се изучува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје

Кукови Острови

Куковите Острови (куковоостровски маорски: Kūki 'Āirani) се самоуправувачка држава во слободна соработка со Нов Зеланд. Вкупната површина на државата е 240 километри квадратни, но покрива 1,8 милиони километри квадратни океан.Главниот центар на населението е островот Раротонга каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Вкупниот број на населението е 14.153 жители, од кои 5.445 живеат во главниот град Аваруа. Потомци на куковоостровците има и во Нов Зеланд на Северниот Остров. Во 2006 година се изјасниле околу 58.008 Маори во Нов Зеланд како потомци од Куковите Острови. Со повеќе од 90.000 посетители, во Куковите Острови туризмот е главната гранка.

Куковите Острови на Олимписките игри

Спортистите од Куковите Острови имаат учествувано на 6 Летни олимписки игри (1988-2008), а на зимските ниту еднаш.

До 2009, спортистите од Куковите Острови немаат немаат освоено медали на Олимписките игри.

Куковите Острови се единствената од трите зависни територии во рамките на Нов Зеланд, којашто учествувала на Олимписките игри. Ниуе и Токелау сè уште немаат учествувано.

Музичка Индустриска Асоцијација на Нов Зеланд

Музичката Индустриска Асоцијација на Нов Зеланд (анг. Recording Industry Association of New Zealand) сили скратено RIANZ е непрофитна трговска асоцијација на музички продуценти и музички артисти кои продаваат синглови во Нов Зеланд.

Ниуе

Ниуе е островска држава во Океанија. Често Ниуе се нарекува како „Карпа на Пацификот“ и локалното население ја нарекува државата „карпата“. Ниуе е самоуправувачка држава во сојуз со Нов Зеланд и нема потполна независност. На чело на државата е Елизабета II како монарх на Велика Британија и англискоговорните држави. Ниуе се наоѓа на 2.400 километри од Нов Зеланд помеѓу Тонга, Самоа и Куковите Острови. Голем дел од населението се Полинезијци. Главен град на Ниуе е Алофи, има вкупна површина од 260 км² со вкупно население од 1.398 жители.

Нов Зеланд на Олимписките игри

Нов Зеланд учествува првпат на Олимписките игри со натпреварувачот Виктор Линдберг, кој се натпреварувал за Озборновиот пливачки клуб на Велика Британија која го освоила медалот во Ватерполо во 1900 година. Официјално Нов Зеланд има испратено натпреварувачи да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри од 1908 година. На првите игри во, 1908 и 1912 година, Нов Зеланд се натпреварувал заедно со Австралија во заедничка екипа позната како Австралазија. Нов Зеланд за првпат испратиле независно своја екипа на игрите во 1920.

Учеството на Нов Зеланд на игрите во 1976 било спорно, и довело до бојкот на игрите од страна на африканските земји, кои протестирале поротив апартхејдот на Јужна Африка.

Нов Зеланд исто така има учествувано на повеќето Зимски олимписки игри од 1952 година, неучествувајќи само на игрите во 1956 и 1964 година. На игрите во 1988 година екипата имала и бобсанкачи, прво натпреварување во зимски спорт кој не бил алпско скијање.

Новозеланѓанските спортисти освоиле вкупно 103 медали на Летните олимписки игри. Најуспешни биле во атлетика со вкупно 21 медал од кои 10 златни, па следи веслањето, исто така со вкупно 21 медал од кои 9 биле златни медали. Нов Зеланд има освоено само еден медал на Зимските олимписки игри, сребремниот медал на Анелис Кобергер во 1992 година и воедно бил еднствениот медал кој бил освоен од која било држава учесник од јужната полутопка.

Освоените 100 медеали од страна на Нов Зеланд го сместува Нов Зеланд на 32 место и на 27 место поред видот на медали.

Океанија

Океанија — континент кој се состои воглавно од острови во Тихиот Океан заедно со континентот Австралија. Поимот „Океанија“ прв пат е употребен во 1831 г, а денес овој поим се користи за да се означи регионот во океанскиот дел со островите, но и Австралија.Границите на Океанија се означени на неколку начини. Поголем број од дефинициите за границите ги вклучуваат Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и делови од Малајскиот Архипелаг Етнолошки, островите во Океанија се поделени на Меланезија, Микронезија и Полинезија.Океанија е заедничко име за неколку групи острови во Тихиот Океан. Тие се:

Меланезија

Микронезија

Полинезија

Нов Зеланд

Праведна употреба

Праведна употреба (англиски: fair use) е доктрина во законот за авторско право на Соединетите Американски Држави (United States copyright law), што овозможува законито нелиценцирано и ограничено користење на туѓи цитати или материјал со заштитени авторски права (copyright ©) во друго авторско дело, без предходно добиена дозвола од носителот на тоа право (авторот), со образовна цел, рецензија и сл. Во континенталниот правен круг постојат поразлични ограничувања и одстапки од авторското право.

Праведна употреба е дел од Американскиот закон за авторки права, член 107. кој дозволува употреба на заштитени материјали на автор во делот на друг автор под одредени услови без предходно издадена лиценца. Многу други држави во англосаксонскиот правен круг во своите закони имаат слични одредби кои дозволуваат употреба на заштитени материјали под посебни и специфични услови, овие термини обично се наведени во законот за заштита на авторски права (анг. Copyright legislation), но овие случаеви во законот се порестриктивни во дадени случаи одколку американската чесна употреба. Во контекст на ова постојат дефиниции кои одговараат на праведната употреба во следниве закони:

Information Society Directive (САД, директива 2001/29/EC од 22 мај 2001)

Copyright, Designs and Patents Act 1988 (Велика Британија)

New Zealand Copyright Act 1994 (Нов Зеланд)

Северен Остров

Северен Остров (англиски: North Island, маорски: Te Ika-a-Māui) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров. Островот зафаќа површина од 113.729 км² , и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.

На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.

Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.

Тасманово Море

Тасманово Море (англ. Tasman Sea) е голема водна површина помеѓу Австралија и Нов Зеланд со пречник од околу 2000 километри. Ова море е југозападен сегмент на Јужниот Пацифик. Именувано е по холандскиот истражувач Абел Тасман, првиот европеец кој ги открил Нов Зеланд и Тасманија. Британскиот исражувач Џејмс Кук подоцна, во 1770-тите детално го истражувал Тасмановото Море како дел од неговото прво патешествие.

Според Меѓународната хидрографска организација, во Тасмановото море спаѓаат водите источно од австралиските држави Нов Јужен Велс, Викторија и Тасманија. Северната држава Квинсленд се граничи со Коралното Море, а границата помеѓу Нов Јужен Велс и Квинсленд исто така е и граница помеѓу двете мориња.

Тасмановото Море има разни островски групи во неговата средина, сосема раздалечени од австралиските или новозеландските крајбрежни острови:

Лорд Хау и неговите споредни острови

Болова Пирамида.

Норфолшки Остров), во најсеверниот дел на Тасмановото Море, на границата со Коралното Море.Сите овие острови ѝ припаѓаат на Австралија.

Токелау

Токелау (токелајски: Tokelau) е територија која му припаѓа на Кралството Нов Зеланд. Се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан. Островите Токелау се составени од 3 големи атоли. Овие острови имаат своја влада надвор од она на Нов Зеланд,а од 1976 година официјалното име е Острови Токелау, но денес се сретнува и името Сојузни острови кое е постаро.

Суверени држави
Зависни и
др. територии
Flag of New Zealand.svg  Новозеландски теми
Историја
Географија
Политика
Стопанство
Култура
Поголеми градови
Други теми
Административна поделба на Нов Зеланд
Државно ниво Кралство Нов Зеланд
Државно ниво Нов Зеланд Токелау Кукови Острови Ниуе   Росова Зависност
Региони 12 неунитарни региони 4 унитарни региони Четемски Острови   Кермадек Подантарктички Острови
Територијални единици 16 градови и 57 окрузи
Белешки Некои окрузи се протегаат низ повеќе од еден регион Тука регионалните и територијалните единици се споени во едно Специјална територијална единица Места вон регионалните единици; овие, плус Четемските Острови и Соландеровите Острови, од Оддалечените острови Земји под управа на Нов Зеланд Држави во слободно здружение со Нов Зеланд Нов Зеланд се повикува на правото на оваа територија, но разрешувањето е замрзнато со Антарктичкиот договор
Полинезиски триаголник
Оддалечени и
периферни територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.