Никарагва

Никарагва (шпански: Nicaragua); офиц. Република Никарагва (República de Nicaragua) — најголемата држава во Средна Америка со вкупна површина од 130.373 км². Никарагва се граничи со Хондурас на север и со Костарика на југ. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Државата поседува уникатен растителен и животински свет, кој е богат со голем број на ендемски видови. Главен град на државата е Манагва, каде живее една четвртина од вкупното население и е втор најголем град во Средна Америка. Никарагва има население од 5.891.199 жители и официјален јазик во државата е шпанскиот јазик.

Република Никарагва
República de Nicaragua
Знаме на Никарагва Грб на Никарагва
Знаме Грб
ГеслоEn Dios Confiamos
"Во Господ веруваме"
ХимнаSalve a ti, Nicaragua (шпански)
Слава на тебе, Никарагва

Местоположба на Никарагва
Главен градМанагва
12°9′N 86°16′W / 12.150° СГШ; 86.267° ЗГД
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански
Народности  69% мешани
17% белци
5% староседелци
9% црнци
Демоним Никарагванец
Уредување претседателска република
 •  Претседател Даниел Ортега
 •  Заменик претседател Хаиме Моралес Каразо
Независност од Шпанија 
 •  Објавена 15 септември 1821 
 •  Призната 25 јули 1850 
 •  Револуција 19 јули 1979 
Површина
 •  Вкупна 130,373 км2 (97-ма)
 •  Вода (%) 7.14
Население
 •  проценка за јули 2009 г. 5.891.199 (110-та)
 •  Попис 2005 5.148.098 
 •  Густина 42 жит/км2 (133-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $16.709 милијарди[1] 
 •  По жител $2.698[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $6.365 милијарди[1] 
 •  По жител $1.028[1] 
Џиниев коеф. (2007)40.1
среден
ИЧР (2013) 0.614[2]
среден · 132ра
Валута Кордоба (NIO)
Часовен појас (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .ni
Повик. бр. 505

Етимологија

Точното потекло и значење на зборот „Никарагва“ не е познато. Сепак има неколку теории и предлози како на пример дека наводно шпанските колонисти го создале терминот по името на водачот Никарао и со додавање на зборот вода (agua). Покрај таа теорија, се верува дека терминот значи и „опколено од вода“ на некој од локалните јазици. Сепак двете теории се однесуваат околните мориња и езера.

Историја

Географија и клима

Un-nicaragua
Карта на Никарагва.

Никарагва е држава во Средна Америка, во копнениот дел. На север државата се граничи со Хондурас, а на југ се граничи со Костарика. На запад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на Никарагва е 130.967 km². Главен град на државата е Манагва. Според пописот од 2005 година, државата имала 5,666,301 жители.

Околу една петтина од вкупната територија на државата има статус на заштитена област, вклучувајќи ги националните паркови, природните резервати и билошките резервати. Геофизички, државата е опколена од Карипското плато, океанско-тектонското плато и Кокосовото плато. Во државата има голем број вулкани бидејќи државата се наоѓа во средноамериканскиот вулкански појас.

Никарагва има три различни географски региони: тихоокеанските низини, кои се плодни долини, планинскиот регион и атлантските низини. Низините покрај Карипското Море се широки околу 60 милји.

Политички систем

Никарагва е демократска република со претседателски повеќепартиски систем на управување. На чело на државата, а воедно и на владата, е претседателот на Никарагва. Извршната власт во државата е во рацете на владата на Никарагва. Законодавната власт во Никарагва е поделена меѓу владата и Националното собрание на Никарагва. Според законите и уставот, сусдската власт е независна.

Во периодот меѓу 2007 и 2009 година, главните политички партии во државата отвориле разговори за тоа да се премине од претседателски кон парламентарен систем. Политичките партии како причина го навеле јасното разграничување на ингеренциите меѓу премиерот и претседателот. Сепак, времето покажало дека ова било обид да се пронајде легален начин како сегашниот претседател Ортега да остане на власт по завршувањето на неговиот мандат во јануари 2012.

Војска

Воените сили на Никарагва се состојат од различни воени формации. Никарагва има армија, морнарица и воздухопловни сили. Во државата има околу 14.000 активен ангажиран персонал, бројка која е слична со никарагванската армија за време на револуцијата. Иако армијата имала сурова воена историја, дел од силите кои биле познати како Национална гарда, станале интегриран дел од денешната Национална полиција на Никарагва. Всушност полицијата станала жандармерија, но ретко се етикетира како таква. Служењето војска во Никарагва е задолжително за лица со наполнето 17 години. Според податоците од 2006 година, воениот биџет бил околу 0.7% од буџетот на државата.

Административна поделба


Никарагва е унитарна република. За административни цели, државата е поделена на 15 департмани и два самоуправни региони, засновани на шпанскиот модел. Департманите понатака се поделени на 153 општини. Двата автономни региони биле познати како Северноатлантски Автономен Регион (Región Autónoma Atlántico Norte) и Јужноатлантски Автономен Регион (Región Autónoma Atlántico Sur). Пред да се стекнат со автономија, тие го сочинувале департманот Зелаја.[3]

 Департман Гл. град
1 Flag of Boaco.svg Боако Боако
2 Flag of Jinotepe.gif Каразо Хинотепе
3 Bandera de Chinandega.png Чинандега Чинандега
4 Flag of Juigalpa.svg Чонталес Хуигалпа
5 Flag of Esteli.svg Естели Естели
6 Flag of Granada, Nicaragua.svg Гранада Гранада
7 Flag of Jinotega.gif Хинотега Хинотега
8 Flag of Leon, Nicaragua.svg Леон Леон
9 Flag of Madriz.svg Мадриз   Сомото
 Департман Гл. град
10 Flag of Managua.svg Манагва   Манагва
11 Flag of Masaya.svg Масаја Масаја
12 Flag of Matagalpa.gif Матегалпа Матегалпа
13 Flag of Nueva Segovia.svg Нуева Сеговија Окотал
14 Flag of Rivas.svg Ривас Ривас
15 Flag of San Carlos, Nicaragua.svg Рио Сан Хуан Сан Карлос
16 Bandera Atlàntic Nord.png Северноатлантски Автономен Регион Билви
17 Bandera Atlàntic Sur.png Јужноатлантски Автономен Регион Блуфилдс

Економија

Економијата на Никарагва е главно фокусирана на земјоделскиот сектор. Како и да е, државата е најслабо развиена во Средна Америка и е најсиромашна во Америка по номиналниот БДП. Во 2010 година, економскиот раст на Никарагва бил околу 4.5%, кој се должел на зголемениот извоз и развојот на туризмот.[4] Според проценките од 2011 година, никарагванската економија забележала пораст од околу 5%.[5] Од економска гледна точка, Никарагва е особено ценета по извозот и производството на банани, телешко месо, тутун и високо ценетиот рум.

Демографија

Kathedrale Leon 2
Леонската катедрала е главна катедрала во Леон и е дел од Светското културно наследство.
BluefieldsSign
Тројазичен знак во Никарагва, на англиски, шпански и мискито.
Население

Според податоците на CIA, Никарагва има население од 5,891,190 жители. Од вкупната бројка, 69% се местици, 17% се белци, 5% се староседелци, 9% се црнци. Околу 84% од населението е урбано. Според проценките во 2009 година, животниот век во Никарагва е 71.5 години.[6] Според стапката на морталитет, Никарагва е на 91 место.[7] Најнаселен град во државата е главниот град Манагва, кој има население од околу 1.8 милиони жители (2005 г.)

Религија

Религијата има голема улога во никарагванската култура. Слободата на религиска определба која била дадена во 1939 година и религиската толеранција се почитувани како од уставот, така и власта. Никарагва нема официјална религија. Најголемата религија во државата е Христијанството, поточно Римокатоличката црква. Сепак, во последните декади се забележал пад на следбениците на Римокатоличката црква, но се забележал пораст на следбениците на Евангелистичката, Протестантската и Мормонската црква. Исто така, во државата постојат и Маравската и Англиканската црква. Римокатолицизмот во Никарагва бил воведен во 16 век од шпанските конкистадор. Останатите христијански цркви во Никарагва биле донесени во 19 век, но се стекнале со поголеми групи следбеници за време на 20 век. Поради имиграцијата, во државата се забележува и одредена група на Будисти.[8]

  • Христијани - 4,967,820
  • Без Религија - 723,750
  • Народна Религија - 81,060
  • Други - 5,790
Верници во Никарава
Христијани
  
85,80 %
Без Религија
  
12,50 %
Народна Религија
  
1,40 %
Други
  
0,10 %
Јазик

Официјален јазик во Никарагва е шпанскиот јазик, поточно во државата се зборува Никарагвански шпански дијалект. Никарагванскиот дијалект подлегнал на голем број влијанија од локалните староседелски јазици, како што се наватлски јазик. мангвески јазик и мајанските јазици.[9] Никарагванскиот акцент потекнува од андалузискиот говор од 16 век, и поради одредената изолација на земјата, дијалектот не подлегнал на големи измени.

Покрај карипското крајбрежје живее население со африканско потекло и тие зборуваат на англиски креолски јазик, кој им е мајчин јазик, а шпанскиот го зборуваат како втор јазик. Покрај тоа, староседелското американско население сè уште зборува на еден од староседелските јазици, како што се јазиците мисикито, сумо, рама и гарифуна.[10]

Шпанскиот јазик во државата е задолжителен во образованието. Англискиот јазик се изучува во средно образование и се стреми да стане втор јазик во државата. Никарагва била дом на три изумрени јазици, од кои едниот никогаш не бил класифициран. Никарагванскиот знаковен јазик во лингвистиката важи за еден од најмладите јазици во светот.[11]

Култура

Nicaragua Mestizaje
Жена во местичка облека. Мешавина од локалната облека и шпанското влијание.

Културата во Никарагва има развиен фолклор, музика и религиски традиции. Никарагванската култура имала и има силно влијание од европската култура, но истата била збогатена и од староседелската американска култура. Глобално гледано, никарагванската култура е поделена на неколку културни региони. Тихоокеанското крајбрежје има високо развиен фолклор, музика и религиска традиција, која била под директно влијание на европската. Регионот бил колонизиран од Шпанците и поради тоа овој регион споделува сличност со останатите поранешни шпански колонии во Средна и Јужна Америка. Староседелското население кое со векови живее во овој регион полека било асимилиано во денешното население наречено местици. Карипското крајбрежје било во минатото британски протекторат. Англискиот јазик во овој регион е сè уште доминантен и истиот се зборува секојдневно заедно со шпанскиот и староседелските јазици. Оваа култура е слична со културата на Карипските Острови кои биле под британска управам како што се Јамајка, Белизе или Кајманските Острови. За разлика од западниот брег, локалното староседелско население на истокот ги задржал својот идентитет и култура.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Nicaragua“. International Monetary Fund. конс. 2009-10-01.
  2. United Nations Development Programme (2013). „Table 1: Human Development index and its components“ (PDF). Human Development Report 2013 The Rise of the South: Human Progress in a Diverse World. New York: United Nations. конс. 2011-07-16.
  3. Background and socio-economic context“ (PDF), стр. 9 (посет. 9 мај 2007 г).
  4. http://www.indexmundi.com/g/g.aspx?c=nu&v=66 IndexMundi Real GDP Growth Rate Chart
  5. http://en.centralamericadata.com/en/article/data/Nicaraguan_Economy_Grows_by_5 Nicaraguan Economy Grows by 5 Percent
  6. Life expetancy at birth, CIA World Factbook
  7. Total fertility rate, CIA World Factbook
  8. Con Todo el Poder de la Informmación – El Nuevo Diario –Managua, Nicaragua. Archivo.elnuevodiario.com.ni. Retrieved on 2011-04-29.
  9. Americans—History, Indigenous Socieites, Colonial Period, Independence, Modern Era
  10. Languages of Nicaragua“, „Ethnologue“ (посет. 9 мај 2007 г).
  11. „Nicaragua“. Indiana.edu. 1999-10-24. конс. 2010-06-26.

Поврзано

Надворешни врски

Влада
Општо
Патување
.ni

.ni — државен код на главен интернет домен за Никарагва.

Поради политички причини, .ni повремено се користи за веб портали од Северна Ирска, наместо официјалниот .uk домен за Обединетото Кралство.

1967

1967 (MCMLXVII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1967. година од новата ера, 967. од вториот милениум, 67. од 20 век и осма од 1960-тите.

1984

1984 (MCMLXXXIV) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1984. година од новата ера, 984. од вториот милениум, 84. од 20 век и петта од 1980-тите.

Јужна Осетија

Република Јужна Осетија (осетски: Республикæ Хуссар Ирыстон; руски: Республика Южная Осетия) е самопрогласена република, формално припаѓа на Грузија. Нејзината независност е призната само од Русија и Никарагва и Венецуела.

Грузија на секаков начин се противи да ја признае автономијата на овој регион и да го вметне во официјалните документи називот "Јужна Осетија". Грузиските власти го користат називот "Самачабло" (по фамилијата на кнез Мачабели, кој го управувал тој регион во Средновековието), воведено во употреба од Звијад Гамсахурдија. Во последно време грузиските власти Јужна Осетија ја нарекуваат "Цхинвалски регион" (по името на главниот град Цхинвали). Во административната употреба на поштата цела Јужна Осетија формално влегува во составот на грузиската област Внатрешна Картли.

Апхазија

Апхазија (апхаски: Аҧсны/Aпсни, грузиски:Aпхазети) е де факто независна република во состав на Грузија. Независноста на Апхазија е призната од Венецуела, Русија, Никарагва и Науру. Во контекст на тоа не се признаваат за легитимни никакви органи на власта и држаните дејствија на областа. Големиот дел од населението има руско државјанство. Главен град на Апхазија е Сухуми.

Грб на Никарагва

Грбот на Никарагва е усвоен на 21 август 1823 (како грб на Централна Америка), ама по неколкуте измени конечно е претставен во 1971 година. Триаголниокот на грбот ја претставува еднаквоста, виножитото го симболизира мирот, "gorro frigio" претставува слобода, а петте вулкани братството и единството на петте земји на Централна Америка.

Знаме на Никарагва

Знамето на Никарагва е официјалното знаме на државата усвоено на 27 август 1971 година. Знамето е базирано на знамето на Федералната Република на Средна Америка. Знамето се состои од три еднакви хоризонтални ленти во сина, бела и сина боја каде на белата лента во средината на знамето се наоѓа државниот грб.

Костарика

Костарика (шпански: Costa Rica) или официјално Република Костарика (República de Costa Rica) — држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хозе.

Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година. Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход. Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка. Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.

Манагва

Манагва (шпански: Managua) е главен град на Никарагва. Градот има околу 1.817.096 жители. Манагва се наоѓа северозападниот брег на езерото Манагва, во истоимениот департман. Во градот има и европски заедници на Каталонци, Германци и Французи.

Никарагва на Олимписките игри

Никарагва првпат настапилa на Олимписките игри во 1968 година и учествувала на сите натпреварувања освен на Олимписките игри во 1988 година.

Никарагва на Зимските олимписките игри никогаш не учествувала. Спортистите на Олимписките игри немаат освоено ниту еден медал.

Националниот олимписки комитет на Никарагва бил основан во 1959 година и бил признаен во истата година.

Пура

Пура (од шпан. puro) е цврсто смотан сноп од сушен и ферментиран тутун, чиј крај се пали, така што чадот би можел да се вовлекува од пушачот преку устата во неговите дробови. Многу пушачи на пури волекуваат само малку, а најголемиот дел го испафкуваат.

Тутун за пури се одгледува во големи количества во Бразил, Камерун, Куба, Доминиканската Република, Хондурас, Индонезија, Мексико, Никарагва и САД. Насекаде се смета дека пурите произведени во Куба се најдобрите, благодарение на уникатните карактеристики на регионот Вуелта Абахо, во покраината Пинар дел Рио западно на островот, каде микроклимата овозможува одгледување на убедливо најдобриот тутун, како и на вештината на кубанските изработувачи на пури.

Список на марки на пури

Ова е листа на марки на пури во некои земји во светот. Можно е и две или повеќе марки да го носат истото име, споменатата е оригинална (на пр. Монтекристо е ставен под Куба, иако постојат две други марки со исто име од Доминиканската Република и Мексико).

Средна Америка

Средна Америка е централниот географски регион на Америка. По варијабилна дефиниција, регионот се простира на јужниот дел од континентот Северна Америка.

Фонсека (залив)

Залив Фонсека (шпански: Голфо де Фонсека) дел од Тихиот Океан е залив во Средна Америка, кој граничи со Ел Салвадор, Хондурас и Никарагва.

Хондурас

Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) — држава во копнена Северна Америка. На север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.

Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белизе. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека официјален јазик е шпанскиот јазик.

Држави и територии во Америка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.