Населено место

Населено место (или населба, освен во контекст на дел од град) е општ поим во географијата, археологијата и општествените науки што означува постојано или привременo живеалиште на заединца од луѓе, без оглед на големината, населението или значајноста на местото. Така, едно населено место може да биде група од неколку објекти, или пак велеград со околни предградија. Поимот подразбира селца, села, паланки, гратчиња и градови. Населеното место како географски и општествен поим се изучува во нижите паралелки по предметот Запознавање на општеството.

Градските места имаат многу инфраструктура и згради, додека руралните имаат помалку инфраструктура, а повеќе земјоделски објекти и обележја како патишта, огради, иригација, канали, бари, паркови, мелници, велепоседнички домови, шанци, цркви и слично.[1]

Во однос на нивниот распоред, руралните населени места можат да бидат од збиен или разбиен тип.

Galichnik-View-Northern-Slope
Галичник - пример за рурално населено место

Во Република Македонија

Во денешна Република Македонија официјално постојат само два вида населени места - село и град. Во минатото во Македонија постоеле повеќе различни видови на населени места со свои називи, во зависност од големината и улогата на местото.

Поврзано

Наводи

  1. Истражна група за средновековни населени места (англиски)
ISO 3166-2

ISO 3166-2 претставува втор дел од ISO 3166 стандардот. Тоа е систем што е креиран за кодирање на имињата на административните единици на државите (ентитетите) и независните територии.

Целта на овој стандард е да втемели меѓународна серија кратенки за населените места, што би се употребувале на налепниците за пакување, на контејнерите, магацините и слично; во секоја прилика каде што краткиот алфанумерички код може да послужи за целосна идентификација на одредена локација, и тоа на соодветен и помалку двосмислен, односно нејасен начин, отколку кога би се користело целосното име на одредено населено место, односно назив на административната единица.

Постојат над 4000 различни кодови за исто толку административни единици ширум светот, според административната поделба во секој земја.

Официјалниот назив на ISO 3166-2 стандардот е "Codes for the representation of names of countries and their subdivisions -- Part 2: Country subdivision code".

ISO 3166-2 кодот се состои од два дела и е одделен со цртичка. Првиот дел е ISO 3166-1 alpha-2 кодниот елемент, додека вториот дел е алфабетски (азбучен) или нумерички и содржи еден, два или три симболи.

Барон

Барон може да се однесува на:

Барон (титула), благородничка титулаили

Дексион

Дексион или Ѓорче Петров II — скопска населба во крајниот западен дел на градот, дел од Општина Ѓорче Петров. Како населено место Дексион датира од 1963 година. Веднаш по скопскиот земјотрес, во атарот на тогашните овоштарници биле изградени германски и англиски бараки, за сместување на луѓето кои останале без дом. Оваа населба денес ги исполнува сите услови за функционирање на една населба: основно училиште, градинка, библиотека, игралиште за мал фудбал, амбуланта, геронтолошка болница, домот за палијативна нега "Сју Рајдер", пазар, и сл. Тука се наоѓа и почетната станица на автобусот број 5, а низ населбата минуваат автобусите 2, 5, 12, 32, 56, 60 и 11. Населбата е мултиетничка и е една од малкуте скопски населби во кои има турско маало.

Долно Оризари (Скопско)

Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Денес е споено со населбата Шуто Оризари, иако се води како посебно населено место.

Дојран

За други значења на поимот', видете на појаснителната страница

Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин, варијанти Дорјан, Догрјан, гр. Δοϊράνη, Дојрани) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18 000 жители. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро :

Населено место Стар Дојран (363 жители), центар на Општина Дојран во Република Македонија на местото на стариот град,Населено место Нов Дојран (1100 жители) во Република Македонија на 5 километри на север од стариот град,Населено место Дојран (Δοϊράνη) (183 жители) во Егејска Македонија на јужниот брег на Дојранското Езеро на местото на старата Дојранска железничка станица.

Неаполи-Сикјес

Неаполи-Сикјес (грчки: Δήμος Νεάπολης - Συκεών, Димос Неаполис-Сикион) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа четири населби во Солун, а административен центар е Сикјес.

Сите места во општината, освен Јуренџик, се создадени во XX век од грчки бегалци од Мала Азија.

Овче Поле

Овче Поле или Овчеполие — котлина и област во Македонија, источно (од левата страна) од реката Вардар. Во најголем дел, Овчеполието влегува во состав на општините Свети Николе и Лозово. Најголемо населено место во областа е градот Свети Николе.

Општина Богданци

Општина Богданци — општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е градот Богданци. Според пописот од 2002 година, општината имала население од 8.707 жители.

Општина Брвеница

Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е воглавно македонско и албанско.

Општина Вевчани

Општина Вевчани — општина во Република Македонија, во југозападниот дел на земјата. Карактеристично е тоа што има само едно населено место — селото Вевчани, каде е сместена општинската управа. Ова е најмалубројната општина во државата.

Општина Зрновци

Општина Зрновци — рурална општина во Источна Македонија. Центар на општината е селото Зрновци, кое е и најголемо населено место во општината со 2221 жител според пописот од 2002 година. Општина Зрновци има вкупно население од 3264 жители и има вкупна површина од 51.764.076 метри квадратни. Последен и актуелен градоначалник на Општина Зрновци е Блаже Станков. Општина Зрновци на исток се граничи со Општина Виница, на запад со Општина Чешиново-Облешево, на југ со Општина Карбинци и на север со Општина Кочани. Од главниот град на Македонија општината е оддалечена 134 километри. Општина Зрновци е воглавно земјоделска општина и е една од помалку еколошки загадените општини во Македонија.

Општина Крушево

Општина Крушево — општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Крушево.

Општина Струга

Општина Струга — општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Струга. Општината е проширена во 2004 година, кога кон старата Општина Струга се припоиле поранешните општини Делогожди, Велешта, Лабуништа и Луково.

Павлос Мелас (општина)

Павлос Мелас (грчки: Δήμος Παύλου Μελά, Димос Павлу Мела) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа три населби во Солун, а административен центар е Ставруполи, создадено во XX век од грчки бегалци од Мала Азија.

Парохија

Парохијата е најмала црковна заедница на свештени лица и на верници од Христијанска вера, населени на една определена територија, под духовно раководство на еден парохиски свештеник, односно парох. Во едно населено место можат да постојат повеќе парохии, а и повеќе места можат да сочинуваат една парохија. .

Повикувачки број

Повикувачки број (или предброј) е низа од од броеви што се избираат за да се воспостави телефонска врска помеѓу две места или две држави. Повикувачкиот број обично се однесува на реално населено место, иако во некои мрежи (пример, кај мобилните оператори) нема такво значење. Вообичаено е овој број да е различен за секоја држава, област или град, односно секој оператор на телефонска мрежа да има сопствен број или броеви.

Повикувачкиот број во Македонија е со формат:

+ 389 33 ХХХ ХХХ (за меѓународни повици)

033 ХХХ ХХХ (за меѓумесни повици)

271 ХХХ (за повици во рамки на иста повикувачка група)

07Х ХХХ ХХХ (за повици во мобилната телефонија)

0800 Х ХХ ХХ (за повици кон бесплатни телефонски броеви)

0500 Х ХХ ХХ (за повици кон телефонски броеви со посебна тарифа на чинење)Во овој случај знакот “+“ го означува излезот од земјата од која се повикува (наместо “+“ најчесто се користи “00“ или“99“), “389“ го означува повикувачкиот број за Македонија, “33“ е повикувачки број за фиксна телефонија за населените места што ѝ припаѓаат на одредена група, а во случајов тоа е Кочани.

Кога се повикува број во меѓумесната телефонија (населено место од друга група) се користи повикувачки број со формат “0ХХ“ (пример, “033“ како повикувачки број за групата на Кочани). За повикување број во истата група се користи број со формат “271 ХХХ“, каде што “271“ претставува повикувачки број за градот Кочани, во рамките на групата “033“.

Кај повикувањето број од мобилната телефонија се користи повикувачки број со формат “07Х“, при што секој мобилен оператор има своја група повикувачки броеви (пример: 070, 071, 075, 077 итн.)

Специјалните телефонски броеви (за повикување итна медицинска помош, противпожарна служба, полиција и сл.) немаат повикувачки број, туку се повикуваат директно. На пример, за итна медицинска помош - “194“, за противпожарна служба - “193“, полиција - “192“, служба за информации - “188“ итн.

Село

Ова е статија за тип на населено место. За средината (рурала), видете: Село (средина)

Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.

Тасос

Тасос или Тасо (грчки: Θάσος) — остров, округ и општина во Егејска Македонија, близу до брегот на Западна Тракија и низината на реката Места. Најголемо населено место е Боровец (грч. (Λιμένας) Θάσου, Лименас Тасу). Денес е населен со грчко население, за разлика од претходниот мешан етнички состав. Сето македонско население е прогонето во Балканските војни.

Тиквеш

За винарската фирма со тоа име, видете Тиквеш (фирма)

Тиквеш (или Тиквешија) — низина и етногеографска област која се наоѓа во централниот и јужниот дел на Македонија. Најголемото населено место е Кавадарци, а по него е Неготино.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.