Монархија

Монархија (од старогрч. μονος, „еден“ и αρχειν, „владеење“) — државно уредување во кое монарх, обично едно лице, е шеф на државата.

Кај највеќето монархии, монархот има власт доживотно. Моментално постои 31 монархија во 45 земји на светот; разликата во броевите се должи на фактот што шеснаесет држави од Комонвелтот (голема државна заедница) имаат еден суверен, а пак Андора, има два странски монарха (шпански и француски).

Терминот монархија се однесува и на луѓето (особено династијата, наречена и кралско семејство) и институциите кои го сочинуваат кралскиот или царски апарат, или пак на царството со кое владее монархот. Монарсите служат како симболи на континуитет и државност. Денес, фактичката моќ на монархот се разликува од држава во држава. Кај уставните монархии, каде суверенитетот формално е во круната, но политички со 'народот' (обично изборното тело, претставувано во парламентот), монархот обично служи воглавно церемонијални функции, освен во кризни времиња. Многу монархии се вопоставени по традиција или кодифициран закон, па така монархот има мала политичка моќ; во други монархот има некаква моќ, но остварувањето на истата е ограничено од одлуката на народот или првенството; во трети пак, монархот има значајна моќ и може да ја применува без ограничувања.

Монархијата е еден од најстарите облици на управување, и води потекло од раководството на родовските поглавари. Некогаш монарсите сметале дека имаат Божје право на власт, или барем со Божја благонаклоност, владеејќи или по волја на бог(овите) или пак по тврдењето дека самите се отелотворени богови - теократија. Монарсите некаде се одредуваат и со избори (или од големо народно собрание, како германските родовски држави; или пак од мал орган, како кај Светото римско царство; или со династиско наследување; или со освојување како во Малезија и ОАЕ; или пак комбинација од начини).

World Monarchies
  Монархија во извесни поддржавни ентитети

Од 1800 наваму, најголемиот дел на монархии во светот се укинати или припоени, или пак претворени во републики; најголемиот дел од моменталните монархии се уставни. Меѓу малкуте каде владее апсолутна монархија се Бутан, Брунеи, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Свазиленд и Ватикан (папски град-држава, изборна теократија). Во Јордан и Мароко, монархот исто така има значителна моќ. Скорешните настани (2003) во Лихтенштајн се исклучок, каде на кнезот му била дадена уставна моќ да ја разреши владата.

Најстарата монархија на светот е јапонската монархија.

Видови на монархија

Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика ·

Во апсолутна монархија, монархот има апсолутна власт над секој аспект на државата, ако не и на општествениот живот воопшто, и има моќ да дава и повлекува устав; уставниот монарх е потчинет на уставот како и сите други граѓани, иако во некои случаи има извесни уставни привилегии како неприкосновеност. Современите монархии опстојуваат само во општества со технологија доволна за организација на централната власт, но не доволна за образование и брза комуникација. Стопанската структура на ваквите монархии често е концентрирано богатство, каде најголем дел од населението се земјоделски кметови; или, како кај Заливските монархии, каде социо-економската структира се темели на матерналистички модел, опсипувајќи ги граѓаните со благодети (кои се политички потчинети), а увезувајќи евтин труд од странство.

Изборната монархија уживала популарност во разни држави во северна Европа дури и до Средниот век. Кога Карло Велики бил дете, татко му бил избран за крал на Франките. Станислав бил избран крал на Полска, како и кралот на данска Фредерик I. Оваа традиција е многу стара и сѐ уште опстојува и денес во изборот Папата.

Во антиката, постоеле разни традиции на избирање на монарси со разни титули, обично со значење на крал, особено во ненаполно заседнати општества како германските родови (пред да имаат постојано кралство на територијата на некогашното Римско царство). Често имало мешаница од спротивставени принципи и интереси, со тоа што владеачката фамилија се стремела да го задржи наследувањето за себе, а нејзин соперник било благородништвото. Фактричкото наследување често зависело од одобрението на народот и/или поддршката на вооружените сили, кои можеле да го менуваат монархот. Кралевите на Македонија и Епир биле избирани од војската (избирачко тело слично на она кај демократијата бидејќи граѓаните морале да служат војска) од машките членови на кралската династија. Во Македонија оваа традиција продолжила се до распадот на царството и потпаѓањето под римска власт по Третата Македонска војна.

Највеќето денешни наследни монарси помалку или повеќе се фигури, со малку моќи, освен церемонијалните должности. Многу се и уставни монарси кои можат да го разрешат парламентот и да свикуваат избори (обично на барање на премиерот). Иако монархот технички сепак може да предлага закони, обичаите на уставната монархија не дозволуваат тоа да се случи, како што не дозволуваат да се применува моќ на начин кој се правел порано, освен воочи уставни, владини или други кризи.

Во некои древни наследни монархии, власта често била во војската, како што можеме да видиме од историјата на Тајланд и Јапонија (каде воениот поглавар, подоцна наследен, наречен Шогун, се развил во де факто монарх, номинално под царот), со (барем) номинално 'премиерска' функција (посебна од шеф на влада), која самата може да стане наследна. Во фашистичка Италија монархијата коегзистирала со фашистичката партија подолго од таквите коегзистенции во Романија или Грција. Шпанија под Франциско Франкоофицијално била монархија, иако немало омнарх на престолот; по неговата смрт, како шеф на држава, Франко бил наследен од Бурбонскиот престолонаследник Хуан Карлос I.

Постоеле и ситуации во кои диктатор се прогласил себеси за монарх на претходна република, така започнувајќи самопрогласена монархија без никакви историски врски со претходна династија. Најпознат ваков случај бил Наполеон Бонапарт, кој се прогласил за прв император (цар) на Французите откога дошол на власт како прв конзул доживотно; очигледна имитација на овој потег бил потегот на Бокаса I во многу сиромашното Централноафриканско царство. Исто така, Јуан Шикаи се крунисал за цар на краткотрајната „Кинеско царство“, неколку години по основањето на Република Кина.

На неколку наврати низ историјата, една иста личност била монарх на неколку посебни независни држави, ситуација наречена лична унија. Империјата традиционално ја владее монарх кој омже да има различни, самоназначени титули, во различните царства во нејзини рамки. Неколку поранешни колонии на Британската империја, како Австралија, Јамајка, Канада, Нов Зеланд и др., сега се независни царства (realms), кои, заедно со Обединетото Кралство, и понатаму признаваат една личност за суверен шеф на држава, со посебна титула во секоја држава (Крал/Кралица на Канада, Јамајка и тн.); овие земји, заедно со Обединетото Кралство, се членки на Комонвелтот. Во други случаи, како Англија и Шкотска, личната унија била претходница на соединувањето на државите. Често личната унија помеѓу државите завршува со целосно одвојување, како на пр. Норвешка, прво во унија со Данска, потоа со Шведска, па на крај како самостојна монархија.

Слично на ова, по 816 години во лична унија со Унгарија, Хрватска во 1918 избрала да се оддели и да влезе во кралството Југославија.

Некои републики може да се рече дека се практично монархии бидејќи имаат воведено де факто наследување за шефот на државата, обично воспоставувајќи 'династија' со тоа што синот (неформално) е назначен за наследник, без уставно да се наречат монархии. Овие држави се републики во теорија, но династички монархии во практика. 'Римската империја' на латински постоела само во територијална смисла, додека правно секогаш била република, теоретски принципатот не бил наследна монархија, па дури и Византија имала републикански одлики. Во XX век, де факто монархии постоеле во Никарагва и Хаити. Денес, формалните уставни републики како Северна Кореја (комунистичка еднопартиска држава) и Сирија се нарекуваат де факто монархии; меѓутоа, едно наследувањ од татко на син без уставен механизам е повеќе наизглед отколку вистинска де факто монархија, следното наследување може да биде одредено од вистинските одредители (мртвиот диктатор не може да диктира), а оваа наследност забележана е и кај демократските републики - но не по стриктна линија како примогенитура - и три или повеќе генерации на династии (како семејството Ганди во Индија), освен што овие владеат само кога нивната партија е на власт. Видете и семејна диктатура.

Иако во теорија монархот е суверен владетел на државата, историте настани често наметнувале покомплицирани ситуации: кога државата го губи вистинскиот суверентет, а внатрешно сѐ уште има монархиски устав, монархијата станува зависна од поголема сила, како на пр. како феудален вазал под еден сузерен, or или пак во колонијалното доба редефинирано како соучесник во индиректна власт, под врховна власт (како секоја кнежевска држава во Британска Индија). Наследувањата во таква држава зависат од одобрението на доминантната сила, која го задржува правото да симнува од престол (или заменува) нелојални владетели.

Наследување

Правилата за наследување на монархот се разликуваат од земја до земја. Кај уставните монархии овие правила се темелат на закон донесен од застапништвото, како да речеме парламент.

Изборните монархии најчесто се претвораат во наследни монархии. Кај наследниот систем, функцијата на монархот е наследна според наследен ред, обично во рамките на тоа кралско семејство, водејќи потекло од некоја династија или крвна линија. Во некои случаи владеачкото семејство се вели дека ја има власта по волја на бог(овите), што може да се види од изразот „по Божја милост“, или пак од други религиозни власти.

Наследниот ред во највеќето европски монархии во XXI век е по примогенитура, што значи дека првиот син (или дете) на монархот е престолонаследник. Моментално постојат полемики за наследните закони на некои монархии како британската, канадската или скандинавските монархии, кои бараат монархот да биде од извесна вероисповест (во Комонвелтот по Актот за престолонаследство 1701). Ова е оспорено заради кршењето на правилата на ЕУ кои забрануваат верска дисквалификација од државни функции, како и за кршење на канадскиот Канадската Повелба на права и слободи.

Историски, наследувањата во зависни држави бараат одобрение од (колонијална или друга) доминантната сила, која има право и да ги симнува (и заменува) 'нелојалните' владетели.

Титули како политички исказ

Официјалните титули и звања на еден монарх често ги рефлектираат аспирациите и аспирациите на владата и фактичките историски врски или барања на територии кои повеќе не се во јурисдикција или замреле како политички единици.

Некои титули се облислени со намера да искажат релативен чин, обично повисоки и самодадени, како во случајот на „Крал на кралевите“ и разните еквиваленти, или Типу Султан кој се прогласил за Падшах Бахадур кога ја објавил независноста на неговото муслиманско царство Худадад од могулскиот падишах, што нема друго значење освен 'по чин над падишах'. Некои титули укажуваат на уникатен возвишен чин, дури и универална надвласт, како калиф, но сепак може да има паралелни династии, на пр. огранокот од Умајадите во Кордоба додека ориенталниот калифат бил преземен од страна на Абасидите (во Багдад). Други титули пак носат протоколен чин, па така давање (како награда на лојален вазал) или прогласување (за афирмација) на повисок чин може да значи 'унапредување' без разлика на политичката реалност.

Другите елементи во полното звање може да се однесуваат ан законитоста на престолот, или директно до израз како "по Божја милост," или индиректно со посочување на озаконителна функција, како заштита на офоцијалната религија, на пр. за муслимански владетел со звањето Водач на верните. Протестантските наследници на Хенри VIII во Англија ја задржиле титулата „Бранител на верата“, првично дадена од Папата на Хенри VIII пред 'поништувачките кризи' да доведат до Англиканската шизма.

Така, Елизабета II е „по милост божја, Кралица“ на 15 од 16-те нејзини царства, каде само Папуа Нова Гвинеја не ја ставаат таа фраза во титулата. За време на транзицијата на Шпанија во уставна монархија под водство на Изабела II, нејзиното звање се променило од 'Долгиот облик', во кој стоело „по милост Божја“ и околу 20 држави, во „По божествена милост и уставот, кралица на Шпаниите“.

Кралевите и кралиците на Англија и Велика Британија ја задржале титулата Крал на Франција сѐ до унијата со Ирска, кога се формирало Обединетото Кралство во 1801, за време на Џорџ III. Кралевите и кралиците на Шпанија задржале долга листа на кралства, во која не спаѓала Шпанија сѐ до Изабела II во 1837. Во 1987 министерскиот совет го ополонмоштил Хуан Карлос I, кралот на Шпанија, да ги користи и „историските титули“, вклучувајќи ја и крстоносната титула-реликвија Крал на Ерусалим, која се пренесувала низ неколку династии, од кои ниедна немала никаква власт во тоа место.

Падот на монархиите

Монархиите можат да го доживеат својот крај на неколку начини. Тоа може да биде со револуција во која монархијата се руши со преврат; или, како во Италија, избирачкото тело решава да формира република со уставен референдум. Во некои случаи, како со Англија и Шпанија, монархијата е срушена, но потоа вратена. По абдикацијата на Наполеон I, која му ставила крај на Првото француско царство, французите ја вратиле на функција династијата Бурбони која била исфрлена во републиката во чии рамки Наполеон го создал царството. Истовремено, неговото царствување било „оживеано“ вон Франција, бидејќи за него било создадено кнежевство-„златен кафез“ на островот Елба, па така во извесна смисла and an emperor without an empire.

Зависните монархии биле укинати од нивната доминнтна сила, од причини за наполно анектирање, цепење или спојување со друга. Во Уганда, на пример, локалните родовски монархии боле укинати кога земјата станала унитарна држава.

Најскоро укината монархија е Комонвелтската монархија Маврициус во 1992. Во 1999 во Австралија се изгласало зачувување на монархијата под Елизабета II.

Земјите може себеси да се сметаат за монархии дури и без фактички монарх на празниот престол, како Шпанија од 1947 до 1975, и Унгарија од 1920 до 1946.

Личноста која се зема предвид како иден монарх во случај на реставрација на монархијата (или кој вели дека е легитимен наследник на престолот на тргнат монарх) се нарекува претендент, но поимот важи и за сопернички барател за веќе пополнет престол, како неколкуте руси кои истовремено тврделе дека се цареви.

Видете и укината монархија за листа на скоро укинати монархии.

Необични монархии

Понекогаш, составните делови на федератицни држави се монархии, иако федералната држава во целина не е; за ова се пример секој од емиратите кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати имаат свој монарх (емир). Друга уникатна ситуација е таа на Малезија, во која федералниот крал, наречен Јанг ди-Пертуан Агонг или Врховен владетел, се избира секои пет години од наследните владетели (главно султани) на девет составни држави, сите на Малајскиот полуостров.

Покрај црковната улога како Врховен понтиф ан сите Католици, Папата е екс официо апсолутен монарх на Ватикан, последниот вистински суверен Кнез на црквата. Него го одбира Колегијатот на кардинали од своите членови. (бидејќи епископите се безжени, наследство не може да постои) Покрај ова, папството понекогаш било во контрола на некои моќни италијански семејства. Затоа неколкумина папи ги имаат наследено блиски роднини.

Андора е единственото сокнежевство на светот: има два кнеза: бискупот на Ургел во Шпанија (така кнез-бискуп), и претседателот на Франција—уникатен случај каде монархот на една независна земја демократски се бира од граѓаните на друга земја, што не е ни наполна лична унија.

Од 1947, царевите на Јапонија не владееле ни како суверени, ниту како де јуре шеф на држава. Царот Хирохито му ја отстапил сувереноста на народот накратко по Втората светска војна, а јапонската монархија е обврзана од врховен закон наместо од уставотворно собрание по прописите на Уставот на Јапонија.

Монархијата како тема во уметноста и популарната култура

  • „Во кралството # 19“ (In The Kingdom # 19) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1986 година.[1]

Поврзано

Извори и надворешни врски

Наводи

  1. DISCOGS, Sonic Youth ‎– Evol (пристапено на 26.7.2019)
Австро-Унгарија

Австро-Унгарија (на германски: Österreich-Ungarn, на унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) е поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела - Цислеитанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата се до нејзиното распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата Светска војна, Австро-Унгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската империја и трета по население по Руската и Германска империја. Во составот на империјата живееле Германци, Италијанци, Унгарци, Хрвати, Украинци, Бошњаци, Словенци, Срби, Руси, Романци и.т.н.

Апсолутна монархија

Апсолутната монархија или апсолутизам е монархичка форма на управување, при што целата власт во земјата (законодавна, извршна, судска, a понекогаш и духовната власт), de facto и de jure, е фокусирана во рацете на монархот. Во апсолутната монархија, монархот ја спроведува извршната власт заедно со влада, а законодавната - со користење на различни законодавни органи (изборни или назначени). Во Апсолутна монархија нема ограничувања на власта на монархот.

Според официјалната доктрина на апсолутната монархија власта на монархот има божествено потекло и во некои земји, монархот не само световното туку весрко лице. Такви држави се нарекуваат теократски монархии - на пример, Ватикан и Саудиска Арабија.

Белизе

Белизе (англиски: Belize), или многу ретко Белисе , е независна уставна монархија во Средна Америка, која се наоѓа на копнениот дел од овој континент. На север Белизе граничи со Мексико, на југ и запад со Гватемала, а на исток излегува на Карипското Море. Вкупната површина на државата изнесува 22.960 километри квадратни и има население од 333.220 жители, според проценките за 2010 година. Иако шпанскиот и белискиот креолски јазик се зборуваат во државата, сепак англискиот е единствениот официјален јазик во Белизе, што ја прави единствена држава во копнена Средна Америка каде англискиот е официјален јазик. Должината на територијата на Белизе изнесува 290 километри, додека ширината изнесува 110 километри. Главен град на Белизе е Белмопан.

Белизе е држава со најмала густина на население во Средна Америка. Прирастот на населението на Белизе е 2.21% според проценките за 2008 и истиот е најголем во регионот и Западната Хемисфера. Белизе има значајна улога во Мезоамериканскиот биолошки коридор, бидејќи земјата има богат копнен и воден животински и растителен свет.Белизе е културолошки уникатна земја во Средна Америка бидејќи таа е единствената нација со британско културно наследство. Поради историски и општествени причини, Белизе споделува големи сличности, како со средноамериканските копнени, така и со средноамериканските островски нации. Во тој сегмент, Белизе се смета за држава со силни врски и со карипските нации и со латиноамериканските држави. Државата е член на Карипската Заедница и Средноамериканскиот Интеграциски Систем.

Бурбонци

Бурбонската династија (француски: Bourbon, шпански: Borbón) е важна европска династија, гранка од Капетинската династија. Бурбонските кралеви владееле со кралствата Навара и Франција уште од 16. век. До 18. век, членови на Бурбонската династија биле монарси и на Шпанија, Неапол, Сицилија и Парма. Шпанија и Луксембург и денес имаат Бурбонски монарси.

Бурбонските монарси владееле со Навара од 1555 и со Франција од 1589, сè до 1792 кога монархијата била отфрлена за време на Француската револуција. Потоа, повторно монархијата била обновена во 1815, и дефинитивно заменета во 1830 од Орлеанската династија.

Филип V од Шпанија бил првиот Бурбонски владетел на Шпанија од 1700 година. Оваа гранка од Бурбонската династија владее со Шпанија до денес. Нејзин претставник е Н.В. кралот Хуан Карлос I.

Данска

Данска (дански: Danmark) е држава која се наоѓа во Северна Европа. Главен град на Данска е Копенхаген. Кралството Данска е најмала држава на Скандинавскиот полуостров. Таа е член на Европската унија. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море а се состои од 13 општини (amter), една самостојна градска општина и два автономни региони – Гренланд и Фарски

острови.

Крал

Крал е машки монарх, односно шеф на држава. Женскиот монарх се нарекува кралица.

Кралство Грција

Кралство Грција (грчки: Βασίλειον τῆς Ἑλλάδος, Vasílion TIS Elládos) било основано 1832 година по Лондонска конференција предводена од страна на Големите сили (Обединетото Кралство, Франција и Руската Империја). Меѓународно земјата била призната од договорот во Цариград, каде била прогласена и обезбедена целосна независност од Отоманската империја. Независноста била означена со т.н. Грчка војна за независност. Во 1924 година била укината монархијата во земјата и прогласена Втора Грчка република. Кралството повторно било обновено во 1935 година, а траело до 1974 година кога пак била создадена Третата Грчка република, каква што е и денес.

Кралство Унгарија

Кралството Унгарија (кратка форма: Унгарија; на унгарски: Magyar Királyság) возникнува во 1000 година, кога кнежеството Унгарија, создадено во 896 било признато за кралство. Формата на управување од монархија во република била променета во 1918 и повторно во 1946 година, откако кралството се распаѓа и се формира независна Република Унгарија. Била силна земја во централна Европа, која освен Унгарија, ги содржела и Трансилванија, Хрватска-Славонија како и територија позната како „територија на војската“.

Лихтенштајн

Кнежевство Лихтенштајн (германски: Fürstentum Liechtenstein) — алпска држава во Западна Европа која се граничи со Швајцарија на запад и Австрија на исток.

Лихтенштајн е најмала држава каде се зборува германски јазик. Таа е уставна монархија поделена на 11 општини. Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, а најголем е Шан. Земјата има јак финансиски сектор и е често окарактеризирана како „рај за даноци“. Лихтенштајн е дел од договорот за слободна европска трговија и оваа држава не е дел од Европската Унија и не пројавила желба да биде дел од истата.

Малезија

Малезија е федерална уставна монархија во југоисточна Азија. Се состои од тринаесет федерални држави и три федерални територии, и зафаќа површина од 329.847 км2. Јужнокинеското Море ја дели Малезија на две области со приближна големина, Западна Малезија и Источна Малезија (Малезиски Борнео). Западна Малезија има копнена граница со Тајланд и поморски граници со Сингапур, Виетнам и Индонезија. Источна Малезија има копнена граница со Брунеј и Индонезија и поморска граница со Филипините. Главен град на Малезија е Куала Лумпур и градот е седиште на сојузната влада во Путраџаја. Според пописот од 2010 година во Малезија живееле 28,33 милиони луѓе, од кои 22,6 милиони жители живееле во западниот дел на земјата. Во Малезија се наоѓа Танџун Пија, најјужната точка на континенталниот дел Евроазија. Малезија е една од седумнаесетте земји со најголема разновидност на растителен и животински свет, со високо присуство на ендемични видови.

Кралствата на територија на денешната Малезија во XVIII век станале интересни за Британската империја. Откако малајските царства станале британски протекторат,биле основани административните единици познати како британски имот во Малаја. Во 1946 година, малајскиот дел на индокинескиот полуостров бил обединет во Малејската унија. Малаја била реорганизирана во малајската федерација во 1948 година, а на 31 август 1957 станала независна. Неколку години подоцна, на 16 септември 1963 година,на Малаја и се приклучиле Северен Борнео, Саравак и Сингапур, а државата го променила името во Малезија. Неполни две години подоцна, во 1965 година, Сингапур бил исклучен од федерацијата.Мултиетничноста и мултикултурализмот имаат големо влијание врз политиката на земјата. Исламот е дефиниран со уставот како државна религија, додека слободата на религијата е загарантирана. Системот на државната администрација е во голема мера сличен на оној во Британија, а законодавството се заснова на англосаксонското право. Предводник на државата е кралот, познат како Јанг ди-Пертанг Агонг. Тој е избран од владетелите на деветте малајски сојузни држави и неговото владеење е во период од пет години. Шеф на владата е премиерот.По стекнувањето на независноста, економските показатели на Малезија се меѓу најдобрите во Азија, со просечна годишна стапка на раст на БДП од 6,5 проценти за речиси педесет години. Економијата традиционално се потпира на природното богатство на земјата, но исто така се развиваат и науката, туризмот, трговијата и здравствениот туризам. Денес, Малезија е една од ново-индустријализираните земји со пазарна економија. Во однос на БДП, таа е на трето место во југоисточна Азија, додека во се наоѓа на 29 место. Оваа држава е еден од основачите на АСЕАН, самитот на источна Азија и организацијата за исламска соработка, исто така член на АПЕК, Комонвелтот на нациите и Движењето на неврзаните.

Монако

Монако (француски: Monaco, моначки: Múnegu) или официјално Кнежевство Монако (Principauté de Monaco; Principatu de Múnegu) е мала независна држава во Западна Европа. Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција. Од Италија Монако е оддалечен само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри и има население од 33.000 жители.

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението. Често Монако се именува како Лас Вегас на Европа.

Монако е уставна монархија и кнежевство, каде на чело на државата е кнезот Алберт II. Династијата Грималди владеела со Монако уште од 1297 и официјално независноста на Монако била призната во 1861. Иако Монако е независна држава, безбедноста на државата е во рацете на Франција.

Непал

Непал (непалски: नेपाल), офиц. Сојузна Демократска Република Непал — република на Хималаите. Се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду. Сè до 200] г. земјата била кралство.

По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија. Сепак монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај, 2008 Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.

Република

Република е облик на владеење каде шефот на државата се избира по пат на избори. Терминот потекнува од латинскиот израз res publica што во превод значи јавни работи. Иако често републиката се поистоветува со демократијата, фактот дека шефот на државата се избира на избори не мора да значи и дека во одредена република владее демократија. Имено, можно е шефот на државата да ја укине демократијата и да воведе диктатура.

Шефот на државата во републиката може да биде индивидуален орган (претседател) или колективен (претседателство). Сепак, најчесто шефот на државата е индивидуален орган.

Она што е обележје на републиките се изборноста, одговорноста и видот и обемот на надлежностите на шефот на државата. Според начинот на избор на претседателот и обемот на неговите овластувања, републиката може да се подели на: претседателска, парламентарна и собраниска.

Саудиска Арабија

Кралство Саудиска Арабија (арапски: المملكة العربية السعودية) — кралство и најголемата држава на Арапскиот Полуостров. Се граничи со Јордан на северозапад, со Ирак на север и североисток, со Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати на исток, со Оман на југоисток и со Јемен на југ. На североисток излегува на Персискиот Залив, а на запад на Црвеното Море. Главен град е Ер Ријад. На територијата на Саудиска Арабија се наоѓаат двете најсвети места на исламот, Мека и Медина.

Саудиска Арабија е апсолутна монархија, основана на 8 јануари 1926 година од страна на Саудиското кралско семејство.

Уставна монархија

Уставна монархија е државно уредување воспоставено под уставен систем којшто признава само избран или наследен монарх како глава на државата, за разлика од апсолутната монархија, каде што монархот не е ограничен со устав и е единствениот извор на политичка моќ. Процесот на влада и закон во уставната монархија вообичаено е многу поинаков од оној во апсолутната монархија. Современите уставни монархии обично се водат според концептот на „поделба на моќта“ (trias politica), каде што монархот е или глава на извршната власт или има само церемонијална или симболичка улога.

Во претставничките демократии што се уставни монархии, како Обединетото Кралство, монархот може да биде претседател на државата, но премиерот, чија моќ потекнува директно или индиректно од избори, е претседател на владата.

Иако сегашните уставни монархии воглавно се демократии (наречени уставни демократски монархии), тоа не било отсекогаш така. Постоеле монархии коишто имале устави што биле фашистички (или квази-фашистички), како што било во Италија, Јапонија и Шпанија, или со воени диктатури, како што моментално е во Тајланд.

Феудализам

Феудализмот (од латинскиот збор feudum) е општествено-економска формација во средниот век во која човечкото општество се дели на две основни антагонистички класи:

феудалци и

селани-кметови (крепосни селани).Основна карактеристика на феудализмот е сопственоста на средствата за производство во рацете на феудалецот (ја поседуваат во прв ред земјата) и непотполната сопственост над производителот - селанецот-кмет. Напоредно со сопственоста на феудалците, постои и ситна сопственост на селаните и занаетчиите над орудијата за работа (селски инвентар, занаетски алат) и над куќата и покуќнината.

Француска револуција

Француската револуција е движење што ја потресе Франција меѓу 1789–1799 и претставува период на голема политичка и општествена промена во француската политичката историја, но и на Европа во целина. Во неа, француската структура на власта, претходно апсолутна монархија со феудални привилегии за аристократијата и католичкото свештенство, претрпела радикална промена во форми инспирирани од просветителските идеали на република, граѓанство и неотуѓиви права.

Овие промени биле проследени со насилни немири, вклучувајќи и масовни егзекуции и репресија за време на таканареченото Владеење на Теророт, како и со француските револуционерни војни, кои ќе зафатат голем дел од континентална Европа, со создавање на краткотрајни француски клиентски држави (сестрински држави) и менување на европските граници.

Хабсбуршка Монархија

Хабзбуршка Монархија или Хабсбуршко Царство (германски: Habsburgermonarchie) — неофицијално име на државите и провинциите кои биле управувани од страна на австриската Хабсбуршка династија до 1780 година, а подоцна и од страна на нејзината наследничка Хабсбург-Лотаринги до 1918 година. Монархијата претставувала сложена држава составена од териториите во и надвор од Светото Римско Царство и обединета единствено пред монархот. Династичкиот главен град бил Виена, освен во периодот од 1583 до 1611 година, кога бил префрлен во Прага. Од 1804 до 1867 година, Хабзбуршката Монархија била официјално обединета како Австриско Царство додека во периодот од 1867 до 1918 година опстојувала како Австро-Унгарија.

Главата на австриската гранка на Хабсбуршката династија често бил избран како цар на Светото Римско Царство до распаѓањето на царството во 1806 година. Од 1415 година до распаѓањето на Светото Римско Царство единствено Карло VII од Баварија не бил член на Хабсбуршката династија како владетел на Австрија. Самата монархија опфаќала и делови надвор од Светото Римско Царство, и поголемиот дел од монархијата била управувана од страна на други династии. Хабзбуршката Монархија обично не ги вклучувала сите територии под власта на Хабсбуршката династија. Од друга страна и Хабсбуршката династија често била поделувана на подгранки. Најголем пример било поделбата на териториите на управување во времето на Карло V, кога била основана т.н. Хабсбуршка Шпанија.

Хабсбуршка династија

Хабсбург (множина: Хабсбурзи, Хабсбурговци; придавка: хабсбуршки) била една од владателските куќи (династии) во Европа: Хабсбурговците владееле со Австрија (како војводи од 1282-1453 г., надвојводи 1452-1804 г. и цареви 1804-1918 г.), биле кралеви на Шпанија (1516-1700 г.) и цареви на Светото Римско Царство повеќе векови до 1806 година.

Нивното име потекнува од швајцарскиот дворец Habichtsburg (“Јастребов дворец“), седиште на семејството во 12. и 13. век во местото Хабсбург. Тргнувајќи од југоисточна Германија, семесјтвото го проширило своето влијание и имотите до источните краеви на Светото Римско Царство, што приближно одговара на денешна Австрија (1278-1382). По само две-три генерации, Хабсбурговците успеале да доспеат на царскиот престол, кој со кратки прекини ќе го држат со векови (1273-1291, 1298-1308, 1438-1740. и 1745-1806).

По абдицирањето на царот Карло V, кој воедно бил и кралот Карло I Шпански (1516-1556), династијата се поделила на австриски и шпански Хабсбурговци.

Шпанските Хабсбурговци изумреле во 1700 година, што предизвикало војна за шпанското наследство, додека австриските Хабсбурговци изумреле во 1740 година, што од своја страна предизвикало војна за австриското наследство. Како една од причините за нивното исчезнување обично се наведуваат големиот број бракови меѓу членовите на самото семејство, иако вакви врски имало малку во австриската лоза. Малите сипаници, кои ги убивале младите потомци, се истакнуваат како вистинската причина. Сепак, наследничката на последниот австриски Хабсбурговец, Марија Терезија, се омажила за Франц Стефан, војводата од Лорен, па нивните наследници ја продолжиле хабсбуршката традиција во Виена, по династиското име Хабсбург-Лорен.

Светото Римско Царство исчезнало во 1806 г. кога францускиот цар Наполеон I ја реформирал власта во Германија. Знаејќи дека ќе го изгуби звањето Свет римски цар, Франц II се прогласил за наследен цар на Австрија и така станал Франц I.

Царот Франц I Австриски службено го носел овој голем назив: “Ние, Франц Први, со милоста Божја цар на Австрија; крал на Ерусалим, Унгарија, Чешка, Далмација, Хрватска, Славонија, Галиција и Лодомерија; надвојвода на Австрија; војвода на Лорен, Салцбург, Франачка, Штаерска, Корушка и Крањска; голем војвода на Краков; кнез на Трансилванија; маркгроф на Моравија; војвода на Сандомир, Мазовија, Лублин, Горна и Долна Шлеска, Аушвиц (Ошвјенќим) и Затор, Тесин и Фурланија; кнез на Бертхесгаден и Мергентхајм; кнежевски гроф на Хабсбург, Горица, Градишќе и Тирол; маркгроф на Горно и Долно Лужице и Истра“.

Австриското царство во 1867 година станало Австро-Унгарија. Хабсбурговците отстапиле од власт во 1918 година, по поразот во Првата светска војна.

Денешниот главен претставник на семејството е Ото фон Хабсбург, најстариот син на царот Карло.

Монархии
Апсолутни монархии
Полууставни монархии
Уставни монархии
Изборни монархии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.