Месец

Месец е единица на време, која има приближно времетраење колку свртувањето на Месечината околу Сонцето.

Во годината има 12 месеци: јануари, февруари, март, април, мај, јуни, јули, август, септември, октомври, ноември и декември, кои имаат свои соодветни изворни македонски имиња.

Поврзано

KIC 9832227

KIC 9832227 — систем од контактна двојна ѕвеззда во соѕвездието Лебед, на растојание од 1.940 ± 30 светлосни години. Се смета и за затемнувачка двојна ѕвезда со орбитален период околу 11 часа. Во 2017 година, беше предвидено дека системот ќе се спои во 2022,2 (± 0,6 година), создавајќи сјајна црвена нова (LRN) со привидна величина 2. Новата ќе може да се набљудува со голо око во период од еден месец. Спојувањето на двете ѕвездени јадра се предвидува дека ќе создаде нова, пожешка, помасивна ѕвезда на главната низа. Сепак, преразгледувањето на податоците во септември 2018 година откриле грешка во предвидувањата со што се утврдило дека нема да има спојување.Периодот на промени кај KIC 9832227 се забележува како станува се покус од 2013 година, што довело до предвидување за спојување во 2022 година. Во септември 2018 година, беше објавено дека првичното предвидување било засновано на погрешни податоци со изместување од 12 часа во една од податочните низи. ова покажувало дека периодот всушност се зголемувал до 2008 година. Причината за промената во периодот останува непозната, но се помала е веројатноста дека системот ќе се спои во предвиденото време.

Јануари

Јануари или Коложег е првиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според Јулијанскиот календар, месецот јануари почнува од 14 ден на Грегоријанскиот календар.

Април

Април или Тревен е четвртиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од четирите кои имаат 30 дена.

Асирски календар

Асирскиот календар е месечев календар што почнува од 4750 г. п.н.е., кога бил изграден првиот храм во Ашур. Новата година почнува со првите знаци на пролетта и се празнува како таква до денес.

Бенгалски календар

Бенгалски календар (бенгалски: বঙ্গাব্দ ) — месечево-сончев календар кој се користи во областа Бенгал на Индискиот Потконтинент, како национален во Бангладеш и како месен во Индија (сојузните држави Западен Бенгал, Трипура и Асам).

Бенгалската ера се нарекува бенгали самбат (б.с. или BS) или бенгалска година (বাংলা সন бангла сон, বাংলা সাল бангла сал или бангабда). Нултата година според овој календар почнува во 593/4 г. од нашата ера според грегоријанскиот календар.

Календарот е усвоен како национален календар на Бангладеш во 1987 г., но во преработен облик. Бенгалците во Индија го користат во традиционален облик како верски календар за хиндуистичките празници.

Будистички календар

Будистички календар – календар кој се користи во континентална Југоисточна Азија (Камбоџа, Лаос, Тајланд, Мјанмар), но исто така и на Шри Ланка, во неколку различни облици. Тој е месечево-сончев календар, со месеци со по 29 и 30 дена наизменично. Во правилни интервали се вметнуваат престапен ден и 30-дневен месец. Сите облици, освен модерниот, се засноваат на оригиналната Сурја сидханта од 3 век (што влијаело и на разни хиндуистички календари).

Со месечево-сончев интеркалацион систем генерално се додаваат седум дополнителни месеци (адхикамаса) на секои 19 години и 11 дополнителни денови (адхикавара) на секои 57 години, но ова е само приближен опис на конкретни пресметки. Просечната година има 365,25875 денови сметајќи од махајуга од 4.320.000, или поедноставно речено (после делење со 5400), 800 години имаат 292.207 дена. Таквата година е малку подолга од денешната ѕвездена година и значително подолга од денешната тропска година. Хиндуистичката верзија додава (или одзема) дополнителни месеци и денови штом тоа го покажат астрономските формули, додека верзиите од југоисточна Азија го одлагаат таквото додавање. Тајландско-лаоско-камбоџанската верзија не дозволува додатен ден во годините со додатен месец, додека бурманско-шриланкската верзија, напротив, дозволува додатен ден само во годините со додатен месец. Тоа значи дека постојат четири вида на месечево-сончеви години, од 354, 355, 384 и 385 дена.

Имињата на месеците главно се на санскрит:

чајтра, вајшакха, џјештха, ашадха, шраван, бхадрапада,

ашвина, картика, маргаширша, пауша, магха, пхалгуна.Старите називи на месеците на бурмански јазик се:

тагу, касон, најон, васо, вагаунг, тавтхалин,

тадингјут, тарзаунгмон, натдав, пјадхо, табодве, табаунг.Обичните години почнуваат во пролет, имаат месеци со наизменични 29 и 30 дена. Додатен ден му се додава на џјештха/најон, што го продолжува на 30 дена. Додатен месец се добива со удвојување на ашадха/васо. Секој месец има растечка половина од 15 дена (т.е. од млада до полна Месечина) и опаѓачка половина од 14 или 15 дена.

Касон, најон, првиот и вториот васо имаат по 30 дена, па се нарекуваат „четири еднакви последователни месеци“ во годините со додатен месец.

Нумерираните години коинцидираат со ѕвездената година која содржи 12 зодијакзодијачки знаци (раси), така што може да почне на кој било ден од 6 чајтра/тагу до 5 вајшакха/касон, што значи дека остатокот од месецот ќе биде во соседната година. Тоа значи дека во некоја нумерирана година може да недостасуваат некои денови од месецот, додека во соседната има иста низа датуми на својот почеток и крај.

Биле користени (или и сега се користат) четири ери:

анчансакарат (од 10 март 690 пр.н.е./691. пр.н.е.), ретко се користи

будасакарат (будистичка ера, 11 март 545. пр.н.е.. Вообичаена била разликата од 544 години со христијанскиот календар, но во Тајланд сега е 543 години, почнувајќи од април 1940 година, од кога тајландскиот сончев календар почнува на 1 јануари.

махасакарат (17 март 78), што е исто како и сака ера во Индија, користена во Тајланд до средината на 13 век, стандардна во Камбоџа

чуласакарат (22 март 638), усвоена во Тајланд во средината на 13 век, стандардна во Мјанмар.Сите години се бројат како поминати (довршени, за разлика од јулијанските и грегоријанските кои се тековни), што значи дека почнуваат 0 година, а не со 1 година, бидејќи годината сè уште не истекла во текот на таа „прва“ година. Наведените епохални датуми се однесуваат само на 0 година – денешните денови на влез на Сонцето во првиот раси (почеток на ѕвездената година) се подоцни по грегоријанскиот календар заради прецесијата на еквиноксот. Пресметките не почнуваат со нула на почетокот на ерата – наместо тоа на сите пресметки мора да им се додаде надомест од извесен број цели и делови на денот, во траење од повеќе од една година. Со тоа се објаснуваат привидните недоследности во будасакарат.

Васил К’нчов

Васил Иванов К‘нчов (26 јули 1862 – 6 февруари 1902) — научник, географ, историчар и политичар од Бугарија, автор на многубројни географски истражувања на Македонија. Сомисленик на Прогресивно-либералната партија, во период од еден месец бил министер за образование и наука во првата влада на Стојан Данев (1902). Член е на Бугарската академиja на науките.

Тој бил типичен претставник на бугарската пропаганда во Македонија. Учител е по хемиja во Солунската машка гимназиja (1888-1891), директор е на егзархиски училишта во серско (1891-1892), директор е и на Солунската гимназиja (1892-1893), главен училишен егзархиски инспектор во Македониja (1894-1897). Автор е на научниот труд Македонија. Етнографија и статистика.

Еврејски календар

Еврејски календар (הַלּוּחַ הָעִבְרִי, ха'луах ха'иври) — месечево-сончев календар кој денес се користи претежно за еврејски верски обреди. Со помош на календарот се определуваат датумите за еврејските празници и соодветното јавно читање на делови од Тората за годишен помен параша (датумите со кои се одбележува смртта на роднина), како и дневни читања на псалми, како и други верски употреби. Во Израел, се користи за верски намени, ја одредува временската рамка во земјоделието и е официјален календар за обавување на граганските должности, иако се почесто истиот се заменува со грегоријанскиот календар.

Денешниот еврејски календар е производ од развојот на истиот, вклучувајќи го тука и вавилонското влијание. Сè до танаjскиот период (од 10 до 220 година) календарот користел нова полумесечина, со дополнителен месец кој нормално се додавал на секои две или три години за да се изврши исправка на разликата меѓу дванаесетте месечински месеци и сончевиот календар. Кога требеало да се додаде месецот се одлучувало според набљудувањето на земјоделските настани. За време на аморајскиот период (од 200 до 500 година) а воедно и во гаонскиот период, бил заменет со систем кој користел математички правила кои се користат до денес . Овие принципи и правила биле целосно кодифицирани од страна на Мојсеј Мајмонид во т.н. Мишне Тора од XII век. Мајмонидовата работа исто така го го заменила броењето на годините од уништувањето на Храмот со современо создадената ера Anno Mundi.

Еврејската месечева година е за 11 денови покуса од сончевиот циклус и го користи 19-годишниот метонски циклус за да се доведе во еднаквост со сончевиот циклус, со додавањето на интеркалационен месец на секои две до три години, односно 7 пати во период од 19 години. Дури и со ваквата интеркалација, просечниот еврејски календар е подолг за 6 минути и 2525/57 секунди од моменталната сончева година, па така на секои 224 години, еврејскиот календар ќе доцни ден пред моменталната сончева, и на секои 231 година ќе доцни еден ден зад грегоријанскиот календар.

Ерата која се користи од средновековието е Anno Mundi епоха (што преведено од латински означува „во годината од светот“ и на еврејски: לבריאת העולם, „од создавањето на светот“). Како што е случајот со Anno Domini (A.D. или AD), кратенката за Anno Mundi е (A.M. или AM) при што ерата се запишува пред годината иако ова не се запазува секогаш. AM 5774 започнала на зајдисонце 4 септември 2013 година и завршила на 24 септември 2014 година. AM 5775 започнала на зајдисонце 24 септември 2014 година и завршува на зајдисонце 13 септември 2015 година. AM 5776 започнува на зајдисонце 13 септември 2015 година и завршува на зајдисонце на 2 октомври 2016.

Ерменски календар

Ерменски календар или староерменски календар — традиционален календар во Ерменија кој се користи и денес во Ерменската апостолска и Ерменската католичка црква.

Календар се заснова на неменливата година од 365 дена. Поради тоа, со време почнал постепено да се разидува со сончевиот и јулијанскиот календар, претекнувајќи го јулијанскиот за една година на секоја 1.461 календарски година. Затоа, првиот целосен циклус е исполнет во ерменската година 1461 (грегоријанска 2010/2011 г.).

Ерменската година 1 започнала на 11 јули 552 г. од јулијанскиот календар, а ерменската година 1462 започнала на 11 јули 2012 г. од истиот, што се совпаѓа со 24 јули 2012 г. од грегоријанскиот календар.

Календарот аналитички се преставува со древното и христијанското име на денот во седмицата, името на денот во месецот, датумот, месецот и годината по 552 г. како и верските празници.

Ерменскиот календар е поделен на 12 месеци од по 30 дена, и уште пет престапни дена наречени авелјац („излишни“).

Годините обично се претставуваат со ерменски бројки (кои се букви од ерменската азбука), пред кои стои скратеницата ԹՎ (тв, скрат. од т’вин) со значење „во годината“. На пример, 1455 г. се преставува како ԹՎ ՌՆԾԵ.

Исламски календар

Исламски календар или муслимански календар (арапски: التقويم الهجري; персиски: تقویم هجری قمری ‎ турски: Hicri Takvim; уште се нарекува и хиџрански календар) — месечев календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.

Календарот е месечев, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи месечевата година има 11 дена помалку од соларната, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна соларна година, т.е. според грегоријанскиот календар.

Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан.

Кинески календар

Кинескиот календар е лунисоларен календар кој се користи во Кина, а со неколку модификации и некои други земји на Далечниот Исток. Во денешна Кина, грегоријанскиот календар се повеќето користи за секојдневните активности, но кинескиот сѐ уште се користи за одбележување на традиционалните кинески празници, како кинеската Нова Година (т.е. пролетен фестивал), фестивалот Дуан Ву и Фестивалот во средината на есента, како и во астрологијата, за да се избере поволен датум за свадба или отворање на зграда. Бидејќи секој календарски месец го следи Месечевиот циклус, можно е да се одреди месечевото мени (на пример, секој 15-ти е полна месечина).

Во Кина, традиционалниот календар е познат како "Земјоделски календар" (поедноставен кинески: 农历, pinjin: nónglì) и грегоријански како "обичен" или "општ" календар (公历, gōnglì). Кинескиот календар исто така се нарекува "Џин календар" (阴历, yīnlì) поради неговите лунарни аспекти, а чистиот соларен Грегоријански календар потоа се нарекува "Јанг Календар" (阳历, yánglì). Кинескиот календар е исто така наречен "стариот календар" (jìulì), откако грегоријанскиот бил усвоен како "нов календар" (xīnlì). На крајот, календарот се нарекува "Сја календар" по династијата Сja по повод дека во тоа време од годината започнал вториот млад месец по зимската краткоденица (како што е и денес).

Кинеската година во периодот од 28 јануари 2017 - 15 февруари 2018 година е (Небесно дрво) оган.

Март

Март или Цутар е третиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите март е шести месец по ред.

Мај

Мај или Косар е петтиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите, мај е осми месец.

Во Јапонија се зборува за т.н. “мајско боледување“, односно боледување кое е типично за учениците и работниците кои почнуваат да чувствуваат замор од учењето и работата. Причината за таквата истоштеност е јапонскиот обичај учебната и работната година да започнува на 1 април.

Ноември

Шаблон:Ноември 2019

Ноември или Студен е единаесеттиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од четирите кои имаат 30 дена.

Октомври

Шаблон:Октомври 2019

Октомври или Листопад е десеттиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.

Римски календар

Римски календар — календарот кој го користеле римското кралство и република. Календарот е вклучен во Јулијанскиот календар воспоставен со реформите на диктаторот Јулиј Цезар и царот Октавијан Август кон крајот на 1-от век п.н.е. и како дел од секој систем датиран според броењето на месеците' календи, нони, и иди според римските начини на броење. Вообичаено е карактеристичен за Коптскиот календар во Египет, кој продолжил да ги користи месеците од стариот календар, Византискиот календар на подоцнежното Источно Римско Царство, кој вообичаено ги датирал римските месеци со поедноставното броење на Старогрчкиот календар, и Грегоријанскиот календар, кој го унапредил јулијанскиот систем за да се приближи што поблиску до сончевата година и е основата за моменталниот меѓународен стандард.

Римските дати се бројат нанапред до следните три главни денови: првиот во месецот (календи), ден пред средината на месецот (иди), и осум дена—девет, броејќи пред ова (нони). Првичниот календар се состоел од 10 месеци и започнувал на пролет со месецот март, зимата пак немала определен број на денови. Овие месеци траат 38, 8 дневни недели, (т.е., „девет“) дневни недели завршувале со верски обрреди на јавните пазаришта. Зимата е период кој се искористил за создавање на јануари и февруари. Според митовите првите кралеви Ромул и Нума се сметаат за воспоставувањето на првиот непоместлив календар, кои има потекло од месечевите набљудувања. Особено, календите, ноните и идите потекнуваат од забележувањето на првата четвртина, полумесечината и полната месечина. Календарот бил малку покус сончевата година, и имал потреба од постојано прескокнување за да се одржуваат верски фестивали и други активности во нивните соодветни годишни времиња. Од празноверни приочини, ваквите прескокнувања се случувале во текот на месецот февруари, иако тој не се сметал за последен месец во годината.

По воспоставувањето на Римската Република, годините започнале да се датираат според конзулствата и контролата над прескокнувањето била доделена на врвниот свештеник, кои ја злоупотребувале својата моќ за продолжување на годините кога на власт биле нивните политички сојузници и ги скусувале кога на власт биле нивните противници. Победувајќи во неговата војна со Помпеј, Цезар ја искористилм својата моќ како римски врвен свештеник да ја воведе календарската реформа во 46 п.н.е., со што третата година на неговото конзулство траела 446 дена. За да се одбегне мешањето во римските верски обреди, со реформата овие дополнителнин денови биле додадени кон краевите на месеците и не се поклопувал со ноните или пак идите, дури и во месеците кои имале 31 ден. Јулијанскиот календар требал да има еден прескочен ден на 24 февруари секоја четврта година но по Цезаровото убиство, свештениците погрешно го јкористеле прескочниот ден на секои три години. За да го врати во ред календарот, Октавијан Август морал да спречи додавање на прескочни денови во следните декади. Овој преиначен календар бил малку подолг од сончевата година, датумот на Велигден се поместувал многу од мартската рамнодневница па Папата Григориј XIII ја наредил реформата на календарот во XVI век.

Селевкидски календар

Селевкидски календар — систем за броење на годините кој се користел во Селевкидското Царство и други земји меѓу старите македонски цивилизации. Понекогаш се нарекува „владеењето на Селевкидите,“ или пак годината на Александар. Оваа ера започнува со повторното освојување на Вавилон од Селевк I Победникот во 312/11 година п.н.е по неговото протерување во птоломејскиот Египет, ден кој се сметал од страна на Селевк и неговиот двор за почеток на Селевкидското Царство. Според еврејската традиција, ова сметеање на времето започнало од шестата година од владеењето на Александар III Македонски. Воведувањето на новата ера е споменато во еден од Вавилонските летописи, летописот за дијадосите.Селевкидските години се користеле на два различни начини:

Домородното население го користело вавилонскиот календар, во кој новата година е на 1 Нисану (3 април 311 година п.н.е), па так во овој ситем првата година од селевкидката ера се совпаѓа со април 311 година п.н.е и март 310 година п.н.е. овде можат да се споменат и Евреите, кој го нарекувале Ера на договори. Се користел во историската книга на Евреите, сега девтероканонската 1 Макавејци, во 6:20, 7:1, 9:3, 10:1, и т.н.Македонскиот двор го прифатил вавилонскиот календар (именувајќи ги со македонски имиња месеците) но новата година биле преместена во есен. Во овој систем 1 година е периодот од есента 312 година п.н.е до крајот на летото 311 година п.н.е. До седмиот век од новата ера/ со век по слевкидскиот календар, западните сириски христијани годината ја сметале од 1 октомври до 30 септември. Евреите пак, секој почеток на селевкидската година го поврзувале си месечевиот месец Тишари.Овие разлики на почетоците на годините заначело дека истите се разликувале. Според примерот на Бикерман:

На пример, обновувањето на храмот во Ерусалим од страна на Јуда Макавејски, било околу 15 декември 164 година п.н.е, настанот пак бил во 148 година според еврејските и вавилонските пресметки, но за македноскиот двор настанот бил во 149 година.Селевкидската ера се користела до крајот на 6-тиот век од новата ера, како на пример во записите на Зебедите во Сирија, од 24 Горпиај 823 гоодина (24 септември, 512 година), а и во записите на Јован Ефешки. Сириските летописци продолжиле да го користат се до Михаил Сириецот во 1100 година/ 1400 година според селевкидскиот календар. Најден е на написите на надгробните спменици на Источната црква во Средна Азија кои се од 14 век од новата ера.Еврејско-вавилонскиот календар кој се користел од јеменските Евреи до современиот период, продолжил да се користи и при определени ритуали до ден денешен.

Септември

Септември или гроздобер е деветиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од четирите кои имаат 30 дена. На 22-от ден од месецот септември е „есенска рамнодневница“.

Февруари

Февруари или сечко е вториот месец во годината според грегоријанскиот календар. Тој е месецот со најмалку денови според овој календар, со 28 дена во редовните години и 29 дена во престапните години.

Февруари е третиот месец од зимата во северната хемисфера. Во јужната хемисфера, февруари е сезонски еквивалентен во северната хемисфера (кој што е трет месец од летото).

Хронологија

Хронологија (од старогрчки: χρόνος, „време“ и -λογία, „наука“) или времеслед — начинот на подредување на настани по временски редослед.

Хронологијата е наука која се занимава со сместување на настаните во времето. Хронологијата може да биде споредбена - таа која се бави со сместување на одреден настан во однос на друг, со кој е поврзан или апсолутна - сместување на настани во точно одредени датуми во хронолошка ера. Распоредот на настани со точно одредени датуми од најран до најдоцен или обратно исто така може да се класифицира како хронологија.

Клучни концепти
Мерење и
стандарди
Часовници
Хронологија / историја /
археологија / геологија
Религија и митологија
Философија
Физика
Биологија / психологија /
социологија / економија /
сметководство / раководење
Поврзани теми

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.