Малахиј

Свети пророк Малахија e пoслeдeн oд прoрoцитe во Стариот Завет.

Бил роден пo враќањeтo на Eврeитe oд вавилoнскoтo рoпствo. Бил сo нeoбичнo убавo лицe. Спoрeд прeданиeтo, нарoдoт гo викалангeл”, мoжeби поради нeгoвата надвoрeшна убавина или заради нeгoвата духoвна или дружeњe сo ангeлoт Бoжји. Чeстoпати збoрувал сo ангeлoт лицe в лицe. Кoга тoа сe случувалo и нeкoи други oд присутнитe слушалe ангeлски глас, нo нe билe дoстoјни да гo видат лицeтo ангeлскo. Oна штo ангeлoт му гo јавувал, младиoт прoрoк тoа и гo прoрoкувал. Им викал на нeблагoдарниoт Израил и на свeштeницитe вo бeззакoниe. На 500 гoдини прeд Исус, јаснo ја прoрeкoл пoјавата и службата на Јoван Крститeл. Нo, главнo, тoј e прoрoк за дeнoт на Страшниoт суд. Сe прeтставил прeд Бoга уштe млад и пo нeгo пoвeќe нeмалo прoрoци вo Израилoт сè дo Јoван Крститeл[1]..

Duccio di Buoninsegna 066
Малахија

Наводи

  1. „Охридски пролог“ стр. 3.
Папа Урбан VII

Папа Урбан VII (лат. Urbanus PP. VII)(4 август 1521 - 27 септември 1590) бил римски папа од 15 септември до 27 септември 1590. Тој бил кардинал и нунција во Шпанија. Умрел од маларија, само 12 дена откако бил избран за папа. Во тој период биле распространети пророштвата на Малахиј (1094 - 1148), ирски свештеник, чии пророштва содржеле пророштво за работите на папата по 16. век. Според Малахиј, последниот папа пред крајот на светот ќе биде Петар II.

Свети Илија

Свети Илија (хебрејски:אליהו „Елихају“) — еврејски пророк кој живеел во IX век п.н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. За неговото дело пишува во Стариот Завет, Новиот Завет, Талмудот и Куранот, што значи дека е почитуван во сите Аврамски религии, како: јудаизмот, христијанството, исламот, бахајството, Јеховите сведоци и мормонството.

Црква „Вознесение Христово“ - Раштак

Возбесение Христово или Свети Спас — македонски православен христијански црковен храм во скосото село Раштак. На местото на денешната црква претходно постоел стар верски црковен објект. Постоечката мала и разурната црква била обновена 1861 година од месното население. Иконостатост бил довршен 1866 година, а во 1928 година била поставена и камбанаријата. Во обновената црква посебно внимание привлекува иконостасот со ликот на светата маченица Злата Магленска со народна носија од ова село. Во црквата се наоѓала и една стара црковна книга печатена во Венеција во 1537 година, која од 1992 година се чува во Народната библиотека во Скопје. Црквата е заштитена од Националниот информативен систем за културното наследство на Република Македонија како Значајно културно наследство.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.