Ладино

Јудеошпанскиот (גֿודיאו-איספאנייול dʒuˈðeo espaˈɲol; шпански: judeoespañol xuˈðeo.espaˈɲol), познат како ладино,[1]а често именуван како јудезмо и слично, е романски јазик кој се развил од старошпанскиот јазик. Јазикот, како дел и од еврејските јазици, е под силно влијание на хебрејскиот и арамејскиот, но и од арапскиот. Јазикот денес се смета за загрозен. Повеќето од говорниците се постари лица, и најголем дел емигрирале во Израел, каде децата учат на хебрејски.

Ова е матичниот јазик на македонските Евреи, но денес во Македонија јазикот го зборуваат помалку од 200 лица (погл. Историја на Евреите во Македонија).

Јудејско-шпански јазик
Ладино
איספאנייול Espanyol
גֿודיאו-איספאנייול Djudeo-espanyol
לאדינו Ladino
Изговор[dʒuˈðeo espaˈɲol]
Застапен воИзраел, Турција, САД, Франција, Грција, Бразил, Обединето Кралство, Мароко, Бугарија, Италија, Канада, Мексико, Аргентина, Уругвај, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Белгија, Ел Салвадор, Холандија, Венецуела, Египет, Алжир, Гватемала, Шпанија, Куба, Чиле, Романија, Суринам, Јамајка и Колумбија
Говорницимеѓу 100,000 и 200,000. Скорешните проценки ја даваат бројката од 96,000.  (2010)
72,000 во Израел, 8,000 во Турција, 3,500 во САД, 2,500 во Франција, 1,300 во Грција, по околу 1,000 во Бразил, Обединетото Кралстви и Мароко, меѓу 500 и 1,000 во Бугарија, Италија, Канада и Мексико, и под 500 во останатите држави.
Јазично семејство
индоевропско
Дијалекти
хакетија
источен
Статус
Регулативен органAutoridad Nasionala del Ladino во Израел
Јазични кодови
ISO 639-2lad
ISO 639-3lad
Linguasphere51-AAB-ba ... 51-AAB-bd
{{{mapalt}}}

Наводи

  1. Alfassa, Shelomo (December 1999). „Ladinokomunita“. Foundation for the Advancement of Sephardic Studies and Culture. конс. 4 February 2010.

Литература

  • Barton, Thomas Immanuel (Toivi Cook) (2010) Judezmo Expressions. USA ISBN 978-89-00-35754-7
  • Barton, Thomas Immanuel (Toivi Cook) (2008) Judezmo (Judeo-Castilian) Dictionary. USA ISBN 978-1-890035-73-0
  • Bunis, David M. (1999) Judezmo: an introduction to the language of the Sephardic Jews of the Ottoman Empire. Jerusalem ISBN 965-493-024-4
  • Габинский, Марк А. (1992) Сефардский (еврейской-испанский) язык (M. A. Gabinsky. Sephardic (Judeo-Spanish) language, in Russian). Chişinău: Ştiinţa
  • Hemsi, Alberto (1995) Cancionero Sefardí; edited and with an introduction by Edwin Seroussi (Yuval Music Series; 4.) Jerusaelem: The Jewish Music Research Centre, the Hebrew University of Jerusalem
  • Kohen, Elli; Kohen-Gordon, Dahlia (2000) Ladino-English, English-Ladino: concise encyclopedic dictionary. New York: Hippocrene Books
  • Markova, Alla (2008) Beginner's Ladino with 2 Audio CDs. New York: Hippocrene Books ISBN 0-7818-1225-9
  • Markus, Shimon (1965) Ha-safa ha-sefaradit-yehudit (The Judeo-Spanish language, in Hebrew). Jerusalem
  • Molho, Michael (1950) Usos y costumbres de los judíos de Salónica
  • Varol, Marie-Christine (2004) Manuel de Judéo-Espagnol, langue et culture (book & CD, in French), Paris: L'Asiathèque ISBN 2-911053-86-9

Поврзано

Надворешни врски

Јазици во Македонија

Јазиците во Македонија е поим којшто ги опфаќа јазици кои се зборуваат на територијата на Македонија. Официјален, национален и најголем јазик во државата е македонскиот јазик, кој е мајчин јазик за две третини од населениети и втор јазик за сите народности кои живеат во државата. Покрај македонскиот, во државата се зборуваат и уште неколку јазици кои сочинуваат една третина од населението.

Јидиш

Јидиш (ייִדיש јидиш или אידיש идиш, букв. „еврејски“) — горногермански јазик на ашкенашките Евреи во разни делови од светот. Се развил како спој од разни германски дијалекти со примеси од хебрејскиот, арамејскиот и словенскиот лексикон и извесни траги од романските јазици. Јазикот се пишува со хебрејска азбука.

Потекнува од ашкенашката култура што се развила во X век во Рајнската област и потоа се проширила низ Средна и Источна Европа, па подоцна и на други континенти. Во најраните записи, јазикот се нарекува לשון־אַשכּנז (лошн-ашкнез = „ашкенски јазик“) и טײַטש (тајч, варијанта на тиуч, тогашен назив за јазикот што се говорел во подрачјето, денес наречен средногорногермански). Меѓу народот се нарекувал מאַמע־לשון (маме-лошн, „мачин јазик“), разликувајќи го од хебрејскиот и арамејскиот, кои збирно се нарекуваат לשון־קודש (лошн-којдеш, „свет јазик“). Поимот „јидиш“ почнал пошироко да се користи во XVIII век, со исклучок на периодот од крајот на XIX и почетокот на XX век, кога јазикот се нарекувал „еврејски“.

Во значаел дел од неговата историја, јидиш бил главниот говорен јазик на Евреите-Ашкенази, и некогаш сочинувал широк дијалектен континуум од западното наречје до трите големи групи на источното наречје: литвиските, полските и украинските говори. Источното наречје е карактеристично по големиот број на зборови од словенско потекло. Западното наречје денес има малкумина говорници, за разлика од источното, кое и понатаму е во широка употреба.

Јидиш е мајчин јазик на голем број ортодоксни еврејски заедници ширум светот, иако постојат и такви што не го познаваат (како да речеме македонските Евреи, чиј јазик е ладино, т.е. јудеошпански). Ова е јазик и на хасидите во домот, училиштето и во општествениот живот, но и во вишето образование во места како литванските богословски школи (јешиви).

Јудеопортугалски јазик

Јудеопортугалски јазик — исчезнат еврејски јазик кој бил користен од португалските Евреи во Португалија.

Аврам Садикарио

Аврам Јусеф Садикарио (ладино: Avram Jusef Sadikario; 14 мај 1919 - август 2007) — македонски поет со еврејско потекло.

Роден е на 14 мај 1919 година во Битола. Завршил Медицински факултет во Софија и работел како доктор специјалист во Скопје. Член на ДПМ од 1973 година.

Бил женет со истакнатата партизанка, писателка и профеорка, Жамила Колономос. Починал во август 2007 г.

Болцано

Болцано или Боцен (италијански: Bolzano; германски: Bozen; ладино: Balsan или Bulsan; латински: Bauzanum) — главен град на покраината Јужен Тирол во северниот дел на Италија. Таа е една од само пет општини со мнозинство италијанско население во Јужен Тирол.

Во Болцано се наоѓа Слободниот универзитет Боцен-Болцано, каде наставата се одржува на англиски, германски и италијански јазик. Градот е исто така дом на Високата команда на Алпини на италијанската армија.

Википедија на ладино јазик

Википедија на ладино јазик е издание на Википедија на ладино јазик.

Западноиталски јазици

Западноиталски јазици (нарчени и „итало-западни“) — најголема подгрупа на романските јазик. Оваа група се состои од две подгрупи: итало-далматски јазици и западноромански јазици.

Италодалматските заедно со италијански јазик, неаполски јазик, сицилиски јазик, истриотски јазик, јудео-италијански јазик и исчезнатиот далматски јазик.

Западноромански јазици:Пиринејски мозарапски јазици со: арагонски јазик и мозарапски јазик

Галоиберски јазици:

Галоромански јазици:

Окситанско-романски јазици заедно со каталонски јазик и со окситански јазик.

Галоиталски јазици заедно со пиемонтски јазик, лигурски јазик, западен ломбардски јазик, источен ломбардски јазик, емилијанскоромањолски јазик и венециски јазик.

Реторомански јазик заедно со реторомански јазик и фурлански јазик.

Оилски јазик (вклучувајќи го и француски јазик) и останати помали јазици од Франција.

Ибероромански јазик:

Западноиберски јазици: шпански јазик, португалски јазик, галициски јазик, ладино, леонски јазик итн.

Источни иберски јазици : каталонски јазик

Западноромански јазици

Западноромански јазици — крупна гранка на романските јазици во која спаѓаат галороманските и иберороманските јазици. Поделбата главно се заснова на употребата на „s“ за означување на множина. Категоризацијата е мошне проблематична, бидејќи оваа поткатегорија ги опфаќа шпанскиот и фрнацускиот, но не и италијанскиот јазик, иако италијанскиот има многу поголема лексичка сличност и францускиот и морфолошкака сличност со шпанскиот.

Според заеморазбирливоста, Далби набројува дузина јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, гаскоњски, провансалски, галовалонски, француски, франкопровансалски, реторомански и ладински (не е исто што и ладино). Овој начин на поделба е проблематичен, поради значително поголемата заеморазбирливост меѓу италските и ибериските (пиринејски) јазици, отколку меѓу нив и галороманските.Некои стручњаци ги вклучаваат и италодалматинските јазици (кладот западноиталски романски јазици, а други нив ги ставаат во источнороманските.

Сардинскиот јазик не спаѓа ни во источната, ни во западната гранка. Се претпоставува дека се одвоил уште пред да се случи оваа поделба.

Денес најзборувани западноромански јазици се шпанскиот (410 матични говорници), португалскиот (220 милиони матични говорници, и уште 45 милиони како втор јазик, претежно во Африка), францускиот (75 милиони матични говорници и уште 70 милиони како втор јазик, претежно во франкофонска Африка) и каталонскиот (7,2 милиони матични говорници). Шпанскиот и францускиот имаат доста говорници и во земјите каде тие јазици вообичаено не се говорат, или пак каде важат за лингва франка (на пр. францускиот во Западна Африка).

Ибероромански јазици

Ибероромански јазици или ибериски јазици — група романски јазици со потекло од Пиринејскиот Полуостров или Иберија (денешна Шпанија, Португалија, Гибралтар и Андора) и јужна Франција.

Најзастапени ибероромански јазици се шпанскиот, португалскиот, каталонскиот и галицискиот — секој од нив со своите дијалекти и месни говори. Според заеморазбирливоста, Далби вбројува седум јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, провансалски и гаскоњски.

Израел

Израел (хебрејски: מְדִינַת יִשְׂרָאֵל, Мединат Јисраел) — независна држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток (површина 20.770 km², 6.199.008 жители). Од некои историско-културни причини се смета за дел и од Европа. Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на Средоземно, Црвено и Мртво море. Главен град е Ерусалим. Други градови: Тел Авив (тука се повеќето амбасади), Ако, Вер Сава, Елат, Назарет, Тиберија и Хаифа.

Историја на Евреите во Македонија

Историјата на Евреите во Македонија започнува уште од Римското царство, кога Евреите за прв пат дошле во регионот во IV век п.н.е. Денес, во Македонија има само 183 Евреи и скоро сите живеат во Скопје.

Истриотски јазик

Истриотски е романски јазик кој се зборува во Хрватска, поточно на полуостровот Истра.

Говорниците на овој јазик не го нарекуваат јазикот истриотски, туку го нарекуваат со шест посебни називи, обично според градот каде се зборува јазикот. Денес има околу 1.000 говорници.

Караимски јазик

Караимскиот јазик е туркиски јазик со големо хебрејско влијание на сличен начин како со јидиш и ладино. Се зборува од кримските Караими — етнички еврејски староседелци на Крим, Литванија, Полска и западна Украина. Има малку активни говорници. Поделен е на три дијалекти: кримски, тракајско-вилнушки и лутско-халички.

Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија (ладино: Sentro Memorial del Holokausto de los Djudios de la Makedonia; англиски: Holocaust Memorial Center for the Jews of Macedonia) — центар посветен на настраданите 7.148 Евреи од Македонија за време на холокаустот и историјата на Евреите на Балканот. Центарот се наоѓа во Скопје и е сместен на местото на некогашното Еврејско маало. Меморијалниот центар на холокаустот претставува мултимедијален центар, составен од неколку делови, кои биле поединечно отворани.

Олга Бити

Олга Бити (Солун, 1883 – Кибуц Гат, Израел, 1970) била писателка и ционистичка активистка. Била најактивен член на Светската женска ционистичка организација WIZO во Скопје до 1941 година. Го организирала целокупниот културен живот на младината во рамките на кенот на младинската организација „Хашомер Хацаир“. По нејзини драмски текстови, напишани на ладино, се изведувале бројни претстави, на кои таа била режисер, сценограф, свирела на клавир и била суфлер и костимограф.

Синагога „Бет Јаков“ (Скопје)

Синагога „Бет Јаков“ — единствена преостаната синагога во Скопје. Во минатото се наоѓала во скопското Еврејско маало. Денес е повторно активна по повторното отворање во 2000 година. Оваа синагога денес се наоѓа во просториите на Еврејската заедница во Македонија.

Хебрејска азбука

Хебрејска азбука или хебрејско писмо (алеф-бет, на хебрејски: אָלֶף-בֵּית עִבְרִי‎, алефбет 'иври) — азбука од 22 букви и се користи за пишување на хебрејскиот јазик. Пет од овие букви имаат различна форма кога се појавуваат на крај од зборот. Хебрејските букви се користат за пишување и на неколку хебрејски јазици во дијаспората како на пример јидиш, ладино и јудеоарапските јазици. Писмото се пишува од десно кон лево.

Хебрејскиот збор за „азбука“ е אלפבית (alephbet), именуван според називот на првите две букви од азбуката. Оваа азбука е абџадска, што значи користи симболи само за согласки, но подоцна се создале средства за означување на самогласките со додавање на посебен самогласен знак наречен никуд.

Бројот на букви, редоследот на буквите и фонетичката вредност на буквите од хебрејскиот јазик се горе долу исто со арамејскиот јазик, бидејќи двата јазика го превзеле феникиското писмо за пишување.

Според современите лингвисти, модерното писмо (наречено и како квадратесто писмо или блоковно писмо) еволуирало во 3 милениум п.н.е. од арамејското писмо кои се користело од евреите за пишување на нивниот јазик од VI век п.н.е. Пред тоа, евреите користеле писмо настанато од феникиското писмо и тоа писмо се користи и денес самариќаните го користат тоа писмо за религиски потреби.

Хебрејски јазик

Хебрејски јазик (עִבְרִית, ivrit) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот. Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах. Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е. Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха. Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите. Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.

Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Евреите го именуваат јазикот и како „свет јазик“.

Шалом (весник)

Шалом (турски: Şalom, хебрејски: שָׁלוֹם, „Мир“) — седмичен еврејски весник кој излегува во Истанбул, Турција. Весникот за прв пат бил отпечатен на 29 октомври 1947 од страна на турскиот новинар со еврејско потекло Аврам Лејон. Содржината во весникот е на турски јазик, освен една страница која е на ладино. Моментно, издавач на весникот е Иво Молинас и уредник е Јакуп Барокас, а според проценките весникот се печати со тираж од 5.000 примероци.

Грција Јазици во Грција
Службен јазик
Непризнаени малцински јазици

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.