Лагуна

Лагуна е залив одвоен од морето со песочни наноси. Лагуна е плитко подрачје на солена или бочатна вода на морското крајбрежје кое е во помала или поглема мера затворено. Обично е оделено од отвореното море со нискиите песочни острови (лидо) или коралните превлаки. Лагуните најчесто се наоѓаат покрај ниските песочни морски крајбрежја, посебно на устијата на реките во морето.

Лагуните исто така се нарекуваат и канали помеѓу копната и коралните гребени, и водат кон атолите (видови на острви).

Познати лагуни на крајбрежјата се Венецијански залив, Балтичко море, Црно море и Мексикански залив.

Литература

  • Војна енциклопедија, Београд, 1973., књига пета. стр. 1.

Надворешни врски

Атол

Атол (од малајалски: അതൊലു, атолу = гребен) — корален остров кој содржи отворена или затворена лагуна.

Батангас

Барангас е провинција на Филипините која е сместена на југозападниот дел на островот Лузон во регионот Калабарзон. Главен град е Батангас Сити и се граничи со провинциите Кавите и Лагуна на север и Кезон на исток. На запад излегува на Јужнокинеското Море. Во Батангас се наоѓа и познатото езеро Таал.

Бог

Бог — еден од поимите со кои се опишува совршено, натчовечко и натприродно битие, за коешто луѓето кои веруваат во него, исто така веруваат и дека е создавател на универзумот.

Борн на Дарс

Борн на Дарс (германски: Born auf dem Darß) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Таа е дел од полуостровот Дарс, на кој исто така се наоѓаат селата Преров и Вик. Борн се наоѓа на јужниот брег на полуостровот Дарс на крајбрежната лагуна (долногермански: Bodden), помеѓу Вик и балтичкото приморско одморалиште Аренсхоп.

Бутринт

Бутринт (алб. Butrint) е древен град, чии останки биле откриени во јужните делови на Албанија, на околу 15 километри јужно од градот Саранда. Овој национален парк е вклучен во списокот на УНЕСКО.

Недалеку се наоѓа и Бутринтското Езеро, кое е всушност лагуна на Јонското Море.

Домашна овца

Овцата (Ovis aries) спаѓа во редот парнокопитни, и во фамилијата празнороги. Во светот постојат четириесетини раси на овци распространети низ целиот свет, освен на далечниот север. Голем број од овие раси произлегле од муфлонот. Ги има на ливадите и во прериите, на планинските пасишта и на фармите за добиток. Тежината и големината многу варираат од една од друга раса. Просечна овца е долга 1,50 метри и висока 90 см. Тежината и се движи од 90 до 150 килограми. Може да се размножува штом ќе наполни една и пол година. По 150 дена од спарувањето, женката обично раѓа едно јагне. Доењето трае 4 месеци. Овцата е тревопасен преживар: зиме останува во трлото и се храни со сено и со зрнеста храна од житни растенија, напролет се напасува на пасишта. Во планинските предели сè уште се практикува летна преселба на стадата од пониски предели на бачила.

Кавите

Кавите е провинција на Филипините која е сместена во јужниот дел на Манилскиот Залив во Колабарзон Регионот на островот Лузон. Се наоѓа на само 30 км јужно од Манила. Главен град е Tреке Мартирес. Кавите се граничи со Лагуна на исток и Батангас на југ. На исток излегува на Јужнокинеско Море.

Кезон

За други значења, види Кезон (појаснување).Кезон е покраина на Филипините која е сместена во Калабарзон Регионот на Лузон. Главен град е Лусена Сити. Големата метропола Кезон не е сместена во оваа покраина, туку во Метро Манила. Кезон се наоѓа јужно од Метро Манила и е обиколен од Аурора на север, Булакан, Ризал, Лагуна и Батангас на запад и Камаринес на исток.

Лагуна (маглина)

Лагуна (Месје 8, M8 или NGC 6523) — емисиона маглина во соѕвездието Стрела, која се наоѓа на списокот на Новиот општ каталог на објекти на длабокото небо. Објектот претставува Дрееров објект.

Објектот бил предмет и на други истражувања, па освен како NGC 6523 се споменува и како M 8, NGC 6533, LBN 25, Lagoon nebula.

Лагуна (покраина)

Лагуна е провинција на Филипините која е сместена во Калабарзон Регионот на островот Лузон. Главен град е Санта Круз. Провинцијата се наоѓа југоисточно од Метро Манила, јужно од Ризал, западно од Кезон, северно од Батангас и источно од Кавите. Лагуна е скоро целосно заобиколена од Лагуна Езерото, кое е најголемо ма Филипините. И самото име на провинцијата доаѓа од езерото, односно од шпанскиот збор lago, што значи езеро.

Мауро Каморанези

Мауро Каморанези (италијански: Mauro Germán Camoranesi Serra) е италијански фудбалер. Тој е роден на 12 ноември 1976 година во Тандил, Аргентина. Каморанези во момнетов е фудбалер на Расинг Клуб де Алвеланеда.

Ниигата (префектура)

Ниигата (јапонски:新潟県; Niigata-ken) е префектура во Јапонија која се наоѓа на островот Хоншу. Главен град е Ниигата. Во превод, името на градот значи „Нова лагуна“.

Ризал

Ризал е провинција на филипините која се наоѓа во Калабарзон Регионот на островот Лузон, само на 20 km источно од Манила. Провинцијата го добила името според националниот хериј Хозе Ризал. Главен град е Пасиг Сити, иако е сместен во Метро Манила.

Ризал се граничи со Метро Мнила на запад, Булакан на север, Кезон на исток и Лагуна на југ.

Роми

Роми — народ од индоеврoпско потекло. Тие се расселени насекаде низ светот и немаат своја матична држава. Нивниот број е околу 12 000 000 (некои тврдат дека толкава е бројката на Ромите само во Европа). Најмногу ги има во Турција (5 000 000), Романија (1 500 000), Шпанија (1 500 000), Унгарија (1 000 000), Бугарија (700 000), а ги има низ сите европски држави и во Америка.

Турци

Турците се туркиски народ генерално поврзан со Турција и со турскиот јазик. Турците настанале со мешање на туркиските племиња со индоевропските народи (Персијците, Ерменците, Грците, Курдите и Словените). Бројноста на Турците е околу 60 милиони луѓе од кои најголемиот дел живее во матичната земја Турција, а големи турски заедници има и во Германија (околу 1,5 милиони), Бугарија (588 илјади), Кипар (180 илјади или 18,3% од вкупното население, претежно населени во северниот дел), Грција, Белгија, Франција, САД и тн. Според пописот од 2002 година, во Република Македонија како Турци се изјасниле 77.959 луѓе. Според верската припадност, мнозинството Турци (околу 98%) му припаѓаат на сунитскиот ислам.

Фунафути

Фунафути (тувалски: Funafuti) — атол во Тувалу кој служи како главен град на државата. Фунафути е исто така еден од деветте окрузи во Тувалу. Фунафути, според пописот од 2002 година, имал население од 4,492 жители, што е најнаселен атол во земјата. Атолот е широк од 20 до 400 метри и во средината се наоѓа лагуна која има 188 километри должина, 14 километри широчина и има површина од 275 километри квадратни, што ја прави најголема лагуна во Тувалу. Вкупната површина на копното на Фунафути изнесува 2.4 km², што е помалку од еден процент од вкупната површина на земјата. На Фунафути има писта, хотел и административни згради, како и станбени објекти изградени на традицинален начин од палма или од цимент. Најистакнат објект на островот е Црквата во Тувалу.

Атолот е составен од неколку помали островчиња. Најголемо островче е Фонгафале, каде се наоѓаат четири села вклучувајќи го и Ваијаку кој е седиште на владата. На Фунафути има две основни училишта и едно средно училиште. Бидејќи Тувалу нема градови, целиот атол официјално се смета за главен град, но некогаш како главен град се смета Фонгафале или Ваијаку.

Хауленд (остров)

Хауленд (англиски: Howland Island) е ненаселен корален остров кој се наоѓа во Тихиот Океан. Островот е дел од Островите Феникс и истиот е дел од островските територии на САД. На островот нема лагуна, има вкупна површина од 1.8 километри квадратни и брег од 6.4 километри. На островот нема економска активност, на островот нема пристаниште и гребените околу островот се доста опасни.

Цар

Цар (бугарски: цар, руски: царь, украински: цар, хрватски: car, српски: цар/car, во научната транслитерација car) и повремено спелуван како csar или Tzar на англиски е термин со потекло од латинскиот термин Cæsar (цезар или кајзер) значи Император во европската средновековна смисла на зборот, т.е., владетел кој тврди дека го има истиот ранг како Римскиот император, со одобрение на друг император или врховен еклезијастички претставник (Папата или Екуменскиот Патријарх).

Пред да ја прифатат римските императори титулата Цезар или Кајзер, зборот “Кајзер/Kaisar", бил името што му е дадено на третиот крал од Медејците (денешните Курди), Кијаксар, 625-585 п.н.е. Од древни времиња, во курдскиот јазик, името Кијаксар имало различни значења и изговори, вклучувајќи го името Кеј-Касро, кое се користи од Курдите како име за личност. Тоа буквално значи „крал“, кој е автократ.

Наспроти соодветниот латински збор "imperator", византискиот грчки термин basileus беше користен различно во зависност од тековниот политички контекст или од историскиот или библискиот контекст. Во историјата на грчкиот јазик, зборот басилеус/василевс оригинално значеше нешто како „моќник“ (potentate = суверен, монарх) и постепено се доближи до значењето на зборот „крал“ во Хеленистичкиот период, па се користеше за да означи „император“ во почетокот на Римската Империја. Како последица на тоа, византиските извори продолжија да ги нарекуваат древните кралеви со "basileus", дури и во случаевите кога тој збор почна да значи „император“, зашто се однесуваше на современите монарси (додека не беше применет на западните европски кралеви, чија титула беше транслитерирана од латинското "rex" како ῥήξ, или на другите монарси чии именувања беа како архон/ ἄρχων "лидер", "главешина").

Повремено зборот се користи за да означи други, нехристијански, врховни владетели. Во Русија и Бугарија, империјалните придружни значења (т.е. конотации) во 19-тиот век добил значење еквивалентно на зборот крал.

Оваа титула на врховен владетел се користела во следните европски земји:

Бугарија во 913–1018, во 1185–1422 и во периодот 1908–1946

Србија во 1346–1371

Русија во 1547-1721 (заменета во 1721 со император, но остана во општа употреба се до 1917).Симеон Сакскобурготски, последниот Цар на Бугарија, е единствениот жив човек кој ја има словенската титула Цар.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.