Култура

Култура (латински: colere, „одгледува“) — општо земено, се однесува на човековата активност; различните објаснувања на поимот „култура“ се одраз на различните теории и критериуми на разбирање и оценување на човековата активност. Културата се зема традиционално како најстар човечка одлика, она што го одделува човекот од животните, иако најновите откритија ни кажуваат дека оваа линија на поделба и не е така остра. Културата го обезбедува опстанокот на цивилизацијата. Таа настанала кога настанал и човекот.

Културата ја сочинуваат две компоненти: традиционалните норми, верувања, вредности и однесувања, од една страна и поединецот, од друга, кој активно влијае врз измените на културните традиции и со својата интеракција станува основен двигател во промената на традиционалните елементи на културата. Со тоа може да се заклучи дека културата претставува збир од материјални и духовни вредности кои се под влијание на традиционалните рамки и на современите промени кои го формираат прифатливото однесување на членовите на едно општество. Карактеристичниот начин на однесување на поединецот не претставува културна вредност ако не е дел од обичаите и однесувањата на групата - општествените норми на однесување ги претставуваат правилата на однесување во една култура.

Историја на поимот култура

Зборот култура доаѓа од латинскиот збор „cultus“, што означува „нега, гаење на нешто“. Со понатамошниот развој на зборот се формира и поимот на културата. со текот на времето зборот култура добива метафоричка смисла и од одгледување на земја преминува во одгледување на духот т.е. од култура на земјата се пренесува на култура на духот.

Римскиот филозоф Кикерон (Цицерон) сметал дека како што земјата не може да даде плод без обработка така и духот не може без филозофијата. Според него, обработката на духот претставува всушност филозофијата.

Во Средниот век се сретнуваме со религиозното значење на културата во вид на религиски култ. Сепак, советскиот научник Арон Гуревичтврди дека црковно-христијанската култура се вкрстувала и испреплетувала со народната култура при што двете заеднички влијаеле врз формирањето на свеста на средновековните луѓе.[1] Во XV век, со појавата на Ренесансата, поимот култура се фокусира исклучиво на човековите активности. Познатиот германски научник Хердер, кој верувал во природната состојба на духот, инсистирал на тоа поимот култура да добие исклучиво социјално-историско одредување. Во XVIII век се појавува нов поим, поимот цивилизација и оттогаш овие два израза воспоставуваат различни семантички значења, односно се во опозитен однос. Во поглед на цивилизацијата, Западот ја гледа својата супериорност во техничкиот и технолошкиот развој со тенденција да ги издигне другите народи на нивото на цивилизација. Она мото Запад е цивилизацијата го симболизира Просветителството и просветлувањето наспроти мракот кој се врзува за Југот и Ориентот.

Сфаќања на поимот култура

Сфаќањето за термините култура и цивилизација не е исто кај различни народи во Европа.

За Французите и Англичаните поимот цивилизација претставува највисок степен на развојот, гордост на тие нации со напредокот што се издигнале на тоа ниво. Додека за Германците тоа претставува корисно-утилитарно , нешто од втор ранг. Гермаците поголемо значење и даваат на културата бидејќи сметаат дека цивилизацијата ја опфаќа само надворешната страна човекот и човековата егзистенција. Германското KULTUR се однесува пред се на духовните, религиските и уметничките факти со цел да се повлече јасна црта помеѓу фактите од овој вид на една страна и политичките и општествените факти на друга страна. токму затоа поимот култура не може да ги содржи елементите на универзалноста туку на една национална култура. Според нив секој култура е однапред определена како единствена и токму поради тоа има онтолошки статус, додека цивилизацијата има онтички(минлив). Со германското сфаќање на овој поим се отфрла Хегеловата идеја за постоењето на единствен светски дух на сите народи. Во секој народ постојат специфични системи на културата чии основи лежат во матрицата на тој народ.

Општи теории на културата и цивилизацијата

Во поглед на културата постојат две теории: 1.рационалистичка теорија 2.ирационалистичко-метафизичка теорија

1.Рационалистичка теорија Во рамките на рационалистичката теорија постојат две поттеории а)еволуционистичка б)функционалистичка Во рамките на еволуционистичката поттеорија најпознат претставник е англискиот антрополог Едвард Тејлор. Оваа поттеорија се потпира врз биолошката наука на тргнување од поедноставни кон посложени облици. Еволуционизмот во културата претставува дека животот на културата се развива преку растење и промена. Еволуционистите сметаат дека разликите помеѓу различни култури се само квантитативни, односно дека две култури се разликуваат само во степенот на развој. Тие имаат негативрн став кон митот и митското сознание бидејќи според нив митот е на понизок степен на развој во однос на научното сознание. Тие го потценуваат митот, а ја преценуваат науката. Познатиот американски антрополог Лесли Вајт ја унапредува еволуционистичката поттеорија и смета дека општествената група е таа која ја создава културата, а не поединецот. Најрепрезентативна личност на функционализмот, а воедно и негов основач е Бронислав Малиновски. Со текот на времето еволуционистичката поттеорија започнува да старее и уште во времето на Лесли Вајт се појавува нов поим поимот на функцијата. Овој поим пошироко е разработен од Малиновски. Имено, Малиновски го воведува поимот функција покрај битниот фенмен - човекот. Тој го поставува односот културна потреба <=> функција. На пример театарот е своевидна институција каде човекот може да задоволи една културна потреба. Од друга страна пак културната потреба за гледање филм останува иако институцијата кино гасне. Функционалистите го воведуваат и поимот традиција кој е важен за културата и човековото битие. 2. Метафизичко-ирационалистичка теорија а) теорија на животните циклуси б)психоаналитичка теорија на културата

Карактеристики на културата

  • вредности - претставуваат прифатени верувања за правилното однесување во рамките на една култура;
  • норми - пишани правила на однесување на членовите на општеството кои се во директна врска со наградите или санкциите;
  • обичаи и морал - непишани, но прифатени правила на однесување од мнозинството на припадници на една култура.

Исто така, едни од обележјата на културата се следниве:

1) културата е створена - тоа значи дека се ствара од меѓусебната врска на три независни системи: идеолошки, технолошки и организациски.

2) културата е адаптивен процес - таа се менува и процесот на промена се јавува како прилагодлив. Доколку тој процес не се одвива, општеството био било статична (неменлива) целост.

3) културата се пренесува - значи дека се пренесува од генерација на генерација по пат на социјализација (преку семејството, училиштето и верските институции).

4) културата е пријатна реакција - таа ги задоволува како биолошките, така и психолошките потреби на општеството, а кога ќе исчезнат тие потреби, тогаш истовремено исчезнуваат и елементите на културата.

5) културата е заедничка за сите припадници на одредено општество - таа е збирен феномен, ја делат припадниците на една заедница а ја одржуваат преку нормите и обичаите. Освен тоа, таа може да се пренесува и усвојува и во другите географски и културолошки оддалечени заедници.

6) културите се слични, но сепак различни - сличности: секоја култура има своја музика, образование, уметност, мода, ...; разликите се во начините и методите на донесување и користење на секој елемент кој ја чини културата. Токму тие разлики влијаат врз специфичното однесување на поединците припадници на различните култури.

7) културата е трајна и таа наградува - ги задоволува подеднакво и основните биолошки, како и научените потреби - ако тие се задоволуваат согласно нормите, однесувањето е наградено и тоа ги зајакнува веќе постоечките норми.

8) културата е прилагодлива категорија - значи дека се прилагодува на промените предизвикани од технологијата, иновациите, промените во средината итн. Културата го насочува однесувањето, но и промените во однесувањето ја менуваат културата.

9) културата е организирана и интегрирана - сите делови од културата преку меѓусебна интеракција се стремат кон усогласување со општите вредности, верувања и моралните основи на пошироката култура.

10) културата ги пропишува однесувањата - таа претпоставува идеални стандарди на однесување на своите припадници кои се наградуваат и со тоа се зајакнуваат. Од друга страна пак, казните им се закануваат на оние кои го нарушуваат пропишаното и посакувано однесување во една култура.

Промена на културните вредности

Три категории од културни вредности влијаат врз однесувањето и комуникацијата меѓу припадниците на едно општество:

1) вредности насочени кон другите - тие го одразуваат ставот на општеството за прифатливиот однос на поединецот кон групите во рамките на самото општество.

2) вредности насочени кон средината - тие го претставуваат односот кон технолошкото, природното и физичкото опкружување.

3) вредности насочени лично кон себе - тие ги претставуваат погледите на поединецот за тоа што е пожелно или непожелно однесување на него како поединец во рамките на одредена култура.

Промена на културните карактеристики

Постојат значителни разлики во следниве карактеристики на културата:

1) промена на вредностите - општествените вредности константно се менуваат. Постојат два феномени кои ја објаснуваат постојаноста и промената на вредностите: животниот циклус (вредностите кои денес ги имаат младите со текот на нивното стареење ќе станат слични на оние кои ги има постариот општествен сегмент, а вредностите на иднината ќе бидат слични на вредностите кои ги имаат денешните млади луѓе) и феноменот на смената на генерации (постепено ќе дојде до смена на актуелните вредности со вредностите на младите луѓе).

2) промена на односот работа - забава - се јавува се поголема желба за слободно време.

3) намалено влијание на семејството - семејството како клучен медиум во генерацискиот пренос на темелните општествени вредности почнува да го губи своето традиционално значење. На пример, поради вработеноста на двата родители децата ги одгледуваат образовните институции, а освен тоа една од карактеристиките на современото општество е високиот процент на разведени лица.

4) изменето влијание на религијата - намалувањето на влијанието на верските институции доведува до измена на општествените вредности.

5) промена на образовните институции - позитивни промени: постојат два тренда - сѐ повеќе млади ги посетуваат вискообразовните инстутуции (значи сѐ пообразувана работна сила), изменета методологија односно нов пристап кон образованието.

Културата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Култура“ - песна на македонската група „ПМГ Колектив“ од 2015 година.[2]

Наводи

  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987.
  2. www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
20 век

20 век започнува на 1 јануари 1901 г. и завршува на 31 декември 2000 г.

Англија

Англија (англ. England) е најголемата земја во рамките на Обединетото Кралство. Во неа живеат повеќе од 83% од популацијата на Обединетото Кралство, и го зафаќа поголемиот дел од островот и ја дели земјената граница со Шкотска на север и Велс на запад.

Библија

Библијата (од грчки (τα) βιβλια, ’книги’, множина од βιβλιον, ’книга’, оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење ’папирус’ од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување), е зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето Писмо.

Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов Завет. Стариот Завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот Завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје).

Византиски календар

Византискиот календар бил во официјална употреба во Византија (односно во Источна Римска Империја) од 988 година кога владеел Василиј II, сѐ до падот на империјата во 1453 година. Овој календар се користел и во земјите кои биле во византиската сфера на влијание.

Календарот бил идентична на Јулијанскиот календар, со таа разлика што називите на месецте биле преведени од латински на грчки. Првиот ден од годината бил 1 септември, а за почетна година се сметала 5509 (или 5508) година пред новата ера - односно кога според Библијата бил создаден светот. Значи за да преминеме од современиот календар во византискиот на тековната година треба да додадеме 5508, а за деновите од 1 јануари до 31 август и 5509 за останатите денови од годината.

Викрам самват

Викрам самват ( Бикрам самват или Викрамова ера; деванагари: विक्रम सम्वत्) (со кратенка В.С. или Б.С.) — календар кој бил воспоставен од страна на императорот Викрамадитја. Овој календар се состои од месечеви месеци и сончева ѕвездена година. Станува збор за официјалниот календар на Непал, кои се нарекува и Бикрам самват, но се пресметува со употреба на тропската година.

За Викрама самават се вели дека бил создаден од императорот Викрамадитја од Уџајин по неговата победа над Саките во 56 година п.н.е., најчесто ( но погрешно ) се поврзува со наредниот крал Чандрагупта Викрамадитја. Станува збор за месечев календар заснован на хиндуистичката традиција (Погледајте хиндуистички календар и Ведското сметање на времето). Викрам самват е 56,7 години понапред во броењето на времето во споредба со сончевиот Грегоријански календар. На пример, годината 2056 БС започнала во 1999 а завршила во 2000 година. Новата година започнува со првиот ден по младата месечина, со месецот чаитра, чаитра шуда 1 или чаитра шукла пакша пратама, што обично се паѓа во март-април во Грегоријанскиот календар. Деветодневниот фестивал Наваратри започнува на овој ден, достигнувајќи го максималното славје на денот рам навми. Во Непал, започнува во средината на април и го одбележува почетокот на новата сончева година.

Во Индија, се користи обновениот Сака календар, во хиндуистичката верзија на преамбулата при создавањето на уставот на Индија, датумот на прифаќањето на уставот 26 ноември 1949 година е запишан со употреба на Викрам самват (магшерш шукла саптами самват 2006). Постојат барања за замена на индискиот национален календар со Викрам самват.

Град

Градовите се компактно изградени поголеми населби, во кои населението се занимава со повеќе дејности, при што доминираат секундарните и терцијарните, односно најголем дел од населението се занимава со неземјоделски дејности.

За дефинирање на градот се доминантни три обележја:

Популациско-демографски

Функционални

Морфолошки

Евреи

Зборот Евреин се користи за различни намени, но најчесто се однесува на следбеник на еврејската религија, дете на еврејска мајка, или некој со еврејско потекло кој е поврзан со еврејската култура или народност.

Повеќето Евреи се сметаат себеси за народ, припадници на нација, која потекнува од античките Израелити и од оние кои ја прифатиле нивната религија на различни места и во различни времиња. Изразот „Евреин“ настанал кога древното Израелско кралство било поделено на северното Кралство Израел и јужното Кралство Јудеја. Израелитите (кои подоцна ќе бидат уништени од Асирците) биле припадниците на северното кралство, додека Евреите (оние кои преживеале) биле припадниците на јужното кралство. Со текот на времето, зборот Евреин повеќе се однесувал на оние со Еврејска вера, одошто на оние кои буквално потекнуваат од Јудеја. Модерната употреба на зборот Евреин се однесува и на оние кои активно го практикуваат јудаизмот, и на оние Евреи, кои иако не го практикуваат јудаизмот како религија, сѐ уште се идентификуваат себеси како Евреи поради традицијата на нивните еврејски семејства, како и поради лична културна идентификација.

Ерменски календар

Ерменски календар или староерменски календар — традиционален календар во Ерменија кој се користи и денес во Ерменската апостолска и Ерменската католичка црква.

Календар се заснова на неменливата година од 365 дена. Поради тоа, со време почнал постепено да се разидува со сончевиот и јулијанскиот календар, претекнувајќи го јулијанскиот за една година на секоја 1.461 календарски година. Затоа, првиот целосен циклус е исполнет во ерменската година 1461 (грегоријанска 2010/2011 г.).

Ерменската година 1 започнала на 11 јули 552 г. од јулијанскиот календар, а ерменската година 1462 започнала на 11 јули 2012 г. од истиот, што се совпаѓа со 24 јули 2012 г. од грегоријанскиот календар.

Календарот аналитички се преставува со древното и христијанското име на денот во седмицата, името на денот во месецот, датумот, месецот и годината по 552 г. како и верските празници.

Ерменскиот календар е поделен на 12 месеци од по 30 дена, и уште пет престапни дена наречени авелјац („излишни“).

Годините обично се претставуваат со ерменски бројки (кои се букви од ерменската азбука), пред кои стои скратеницата ԹՎ (тв, скрат. од т’вин) со значење „во годината“. На пример, 1455 г. се преставува како ԹՎ ՌՆԾԵ.

Ирански календар

Ирански календар (персиски: سالنمای هجری خورشیدی), познат и како Персиски или Џалалов календар, соларен календар кој денес се користи во Иран и во Авганистан. Почнува секоја година на пролетна рамнодневница прецизно одрена со астрономски набљудувања од Техеран (околу 52,5° ИГД, по кој е определено и Иранското стандардно време) и на Кабул, што го прави попрецизен од грегоријанскиот календар, но и потешко е да се определи кога ќе биде некој одреден датум.

Календарот е воведен во селџучкиот султан Џалал ел Дин Малик шах I на 15 март 1079 година, врз основа на препорака од комитетот на астрономи, помеѓу кои бил и Омар Хајам, во царската опсерваторија во приестолнината Исфахан. Календарот поседувал најпрецизно пресметана соларна година во тоа време, пресметувања на месеците се базирале врз поминувањето на Сонцето низ хороскопот, со што се интегрирани идеите од Сурија сидханта (Индија од 4 век од н. е.). Од 1258 година биле вклучени и некои идеи од Кинеско-ујгурскиот календар. Календарот бил во употреба осум векови во непроменета состојба, се додека не е ревидиран во 1925 година, со повелбата на иранскиот Меџлис за да би имал поправилни должини на месеците.

Континент

Континент (на латински continere, „да држи заедно“) е голема непрекината маса земја.

Иако постојат 6 геолошки препознатливи континентални платоа, постојат различни дефиниции на одделните континенти. Обично се бројат 7 различни континенти:

Европа

Азија

Африка

Северна Америка

Јужна Америка

Антарктик

Австралија

Корејски календар

Традиционалниот Kорејски календар е лунисоларниот календар, како и традиционалните календари на другите источно-азиски земји. Датуми се пресметуваат од Корејскиот меридијан (135-ти меридијан исток во денешно време за Јужна Кореја), а празниците и фестивалите се базирани во корејската култура.

Нирвана

Нирва́на (санскрит: निर्वाण, nirvāṇa) или ниба́на (пали: निब्बान, nibbāna, пракрит: णिव्वाण) е поим кои го користат џаинистите и будистите да ја опишат блажената состојба на конечното ослободување од овоземски страсти и вечниот круг на преродба (самсара).

Октомври

Шаблон:Октомври 2019

Октомври или Листопад е десеттиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.

Севернокорејски календар

Севернокорејски календар или џуче-календар — систем за одбројување на годините кој се користи во Демократска Народна Република Кореја (Северна Кореја).

Соединети Американски Држави

Соединети Американски Држави или САД (англиски: United States of America, USA) — федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и Вашингтон, се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во средниот Тихи Океан. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски подрачја во Карибикот и Тихиот Океан.

Тајландски сончев календар

Тајландски сончев календар (тајландски: ปฏิทินสุริยคติ, мак. тр. патитин суријакати, „сончев календар“) — календар усвоен од кралот Чулалонгкорн (Рама V) in 1888 г. н.е. како сијамска (тајландска) варијанта на грегоријанскиот календар. Воведен е како замена за дотогашниот тајландски месечев календар како службен во државата, иако стариот и понатаму се употребува за верските и народните празници. Годините денес се сметаат по будистичката ера (б.е.) พุทธศักราช, พ.ศ., (путасакарат), кој е 543 години понапред од нашата ера (по Христа).

Турци

Турците се туркиски народ генерално поврзан со Турција и со турскиот јазик. Турците настанале со мешање на туркиските племиња со индоевропските народи (Персијците, Ерменците, Грците, Курдите и Словените). Бројноста на Турците е околу 60 милиони луѓе од кои најголемиот дел живее во матичната земја Турција, а големи турски заедници има и во Германија (околу 1,5 милиони), Бугарија (588 илјади), Кипар (180 илјади или 18,3% од вкупното население, претежно населени во северниот дел), Грција, Белгија, Франција, САД и тн. Според пописот од 2002 година, во Република Македонија како Турци се изјасниле 77.959 луѓе. Според верската припадност, мнозинството Турци (околу 98%) му припаѓаат на сунитскиот ислам.

Унгарија

Унгарија (унгарски: Magyarország [ˈmɒɟɒrorsaːɡ] ( слушнете)) е држава во Средна Европа, што се граничи со Австрија, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка. Локално е позната како Земја на Унгарците. Главен град на Унгарија е Будимпешта. Химна на Унгарија е Isten, áldd meg a magyart (Боже, благослови го Унгарецот). Во Унгарија живеат околу 10.241.000 жители на територија од околу 93.000 км2.

Холандија

Холандија (холандски: Nederland) — европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.

Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.

Црква

Црква — заедница од луѓе кои исповедаат (веруваат во) ист Бог. Поимот се употребува и за објект за јавна религиозна служба во христијанството.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.