Конфучиј

Конфучиј (кин. 孔子 „Кунг фу-це‘“, лат. Confucius; (28 септември 551 - 479 п.н.е.) — прочуен кинески филозоф, основач на конфучијанството. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по своето учење во која основна црта е „жен“ (човечност). Роден е во Ќуфу, во тогашната држава Лу.

Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката филозофија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се „Зборови и мисли“ на Лун-ји, „Златна средина“, „Возвишена наука“ итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.

Confucius Tang Dynasty
Портрет на Конфучиј од Ву Даоце (680–740)
Роден(а)551 BC
Цоу, Лу
Починал(а)479 п.н.е.
(возраст: 71-72 г.)
Лу
НационалностКинез
Периоддревна филозофија
ПодрачјеКинеска филозофија
Школаосновач на конфучијанството
Претежна дејност
морална филозофија, социјална филозофија, етика
Значајни идеи
конфучијанство

Име

Во Кина, Конфучиј обично се именува како Учител Кунг (孔子, пинјин: Kǒng Zǐ или 孔夫子, пинјин: Kǒng Fū Zǐ).

Неговото презиме било Кунг (孔, пинјин: Kǒng), лично име Чију (丘, пинјин: Qiū, во буквален превод брег), а прекар Џунг-ни (仲尼, пинјин: Zhòngní).

Некои од неговите постхумни имиња се Врховен учител и мудрец (至聖先師, пинјин: Zhìshèng xiānshī), Господар пропагатор на културата, врховен мудрец и голем остварувач (大成至聖文宣王, пинјин: Dàchéng zhìshèng wénxuān wáng) и Примерен учител на десет илјади генерации (万世师表, пинјин: Wànshì shībiǎo).

Македонската транскрипција на Конфучиј или потекнува од латинската транскрипција на неговото име, Confucius, која ја направиле Исусовците во XVI век.

Биографија

Според традиционалното верување, Конфучиј се родил на 28 септември 551 г.п.н.е. во местото Ќуфу (曲阜, пинјин: Qūfù) во државата Лу (鲁, пинјин: Lǔ), во денешната провинција Шандунг.

Неговиот татко, војсководецот Шулианг Хе (叔梁纥, пинјин: Shūliáng Hé) потекнувал од благородно семејство од државата Сунг, кое по распадот на државата се преселило во државата Лу. Војсководецот Шулианг имал 66 години кога се родил Конфучиј, а неговата мајка само 15. Овој брак не бил според обредните прописи од тоа време, според кои маж постар од 63 години не смеел да стапува во брак. Кога татко му починал, Конфучиј имал само 3 години, па самохраната мајка го одгледала во сиромаштија.

Кога имал 19 години, Конфучиј се оженил со Чи Гуанше (亓官氏, Qí Guānshì) и со неа имал син, на кој му го дал името Ли (鲤, Lǐ, во буквален превод крап) и прекарот Боји (伯鱼, Bóyú). Конфучиј работел како чиновник во државата Лу, како надозрник на царското богатство и како надзорник на магацинот со царската стока. Одредено време работел и како министер за правда, односно врховен судија на државата Лу. Функцијата министер ја напуштил поради несогласувањата со владетелот и поради тоа што подоцна не можел да напредува во државната служба. Во педесеттата година од животот, поради нови проблеи со царскиот двор, ја напиштил држаната служба во целост и заминал на пат низ кинеските држави, подучувајќи ги обичните држави и владетелите. Во доцните години, се вратил во државата Лу, каде продолжил да учителствува. Починал на 4 март 479 г.п.н.е.

Учење

Rongo Analects 02
Аналекти

Во збирката со афоризми Лун-ји (Конфучијанско читање), Конфучиј вели дека тој е само пренесувач и толкувач на старите знаења. Во времето на распадот на робовладетелското општество, многубројните војни и создавањето на феудализмот во Кина, тој како своја должност ја земал реафирмацијата ан старите општествени и морални вредности. Сепак, тој не мкже да се смета за конзервативен учител, бидејќи низ своите толкувања на старите записи, често давал сопствени идеи за политиката и моралот, кои биле нови и оригинални.

Исто така, и покрај тоа што Кинезите често се придржуваат кон конфучијанските обичаи на религиозен начин, конфучијанството не се смета како религија, бидејќи речиси воопшто и да не е засегнато со теолошките и духовните прашања, како оние за Бог, за задгробниот живот и слично.

Етика

Конфучијанската етика е строго рационална, јасна и бескомпромисна во поглед на разликите меѓу легалното и моралното. Неговата етика претставува директен претходник на Кантовиот категорички императив и ја содржи истата максима во своето објаснување. Етиката се заснова на три концепти: обреди, правилност и човекољубие.

Confucious temple Nagasaki
Конфучијански храм во Нагасаки

Според Конфучиј, суштината на секој чоек е човекољубие, односно жен (仁, пинјин: rén). Човекољубието е материјална суштина на човечката должност кон другите и се манифестира преку совесноста кон другите, преку верноста (忠, zhōng, џунг) или преку човекољубието, односно обѕирот (恕, shù, шу). Единствено човекот кој се придржува кон човекољубието може правилно и во целост да ги извршува своите должности он другите.

Аксиомата на совесноста кон другите гласи:

Ако сакаш себеси да се воздигнеш, воздигни ги другите.[а][1]

Аксиомата на човекољубието гласи:

Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе.[б][2]

Овие две начела, во Кина се познати како начекло на применување на правилото, каде човекот се користи самиот себеси како единствено мерило за регулирање на сопственото однесување.

Најдобар и најморален човек е онојчовек оној кој постапува од човекољубието, врз основа на исправност (义, yì, „ји“). Морално правилна постапка (според Кант морална) е онаа која е направена од чиста моралност и должност, како единствен мотив. Секоја друга постапка, која е направена од корсит (利, lì, ли) може вредносно да се одреди како добра или како лоша, но не е суштински морална (според Кант легална). Разликувајќи ги овие две постапки, Конфучиј рекол:

Благородниот човек ја разбира правилноста, а малиот човек ја разбира користа.[в][3]

Обредите (礼, lǐ, ли) се материјален израз, односно очигледен вид на човекољубието. Иако неговата манифестација е ограничена со обредите, човекољубието не ги отфрла обредите, туку наоѓа соодветен начин за да се искаже.

Политика

Конфучиевите мисли се темелат на неговата етика и идејата за општествените односи, земајќи го примерот на Војводата од Џоу како совршено доблесен владетел.

Конфучиј, општествените односи ги поделил на пет главни, под кои може да се сврстат сите останати. Тоа се односите меѓу владетелот и поданиците, меѓу таткото и синот, мажот и жената, постариот и помладиот брат и односот меѓу пријателите. Првите четири се карактеризираат со праведност и добронамерност во управувањето и искреност и правилност во однесувањето. Односот меѓу пријателите треба да се карактеризира со меѓусебно унапредување и рутина. Со тоа, многу е важно влијанието и примерот на владетелот. Соодветниот однос кон родителите, постарите е претпоставените е наречен синовска благочестивост (孝, xiào, „сјао“)

Во склад со ова, одново се протолкувал и односот кон претолкуваното је и однос кон мандатот на Небото, односно потеклото и суштината на царската власт. Конфучиј ја подржувал идејата за царски апсолутизам, но вовел и разни формални ограничувања но владетелското самоволие. Меѓу другото, се сметало дека во рамките на почитувањето на надредениот, подредениот има обврска да го посоветува, доколку овој не постапува правилно.

Конфучиевиот ученик Менг-це од овие мисли ја извел својата политичка теорија, според која владетелот кој не се однесува како што му доликува, според неговата положба, тој може да го изгуби мандатот од Небото и да биде симнат од престолот. На тој начин се оправдува убиството на тиранот и овозможен е формален легитимитет на смена на династијата.

Во II век п.н.е., научникот и државник Дунг Џунг-шу (董仲舒, Dǒng Zhòngshū) од државата Чин го институционализирал конфучијанството како државна идеологија и вовел систем на државни испити за идните чиновници. Ова, со мали измени се задржало, сè до прогласувањето на републиката во 1911 година, а конфучијанството е интегрален дел од кинеските мисли, вклучени во современиот социјализам со кинески карактеристики.

Ученици и потомци

Confuciustombqufu
Гробот на Конфучиј во Ќуфу

Конфучиевото учење продолжиле да го предваат и шират неговите ученици и потомци. Најзначајни меѓу нив биле неговиот внук Циси (子思, пинјин: Zǐsī), Менг-це (孟子, Mèng Zǐ, Менг-ци), Сјин-це (荀子, Xún Zǐ) и Јен Хуеј (颜回, Yán Huí).

За време на целото владеење на династиите, Конфучиевите потомци биле третирани со најголеми почести и одликувани со титули од страна на владетелите. Титулата војвода со врвна светост (衍圣公, Yǎnshèng gōng, Јен-шенг гунг) била давана на најстариот член на секоја генерација. Последниот Конфучиев потомок, кој бил одликуван со титулата беше Кунг Деченг(孔德成, Kǒng Déchéng; 1920-2008), кој беше од 77-мо пооколение и работел како професор на Народниот универзитет на Тајван.

Конфучиевото семејство, денес го има најдолгото сочувано педигре во светот. Најмладата генерација на директни потомци на Конфучиј, сметајќи се по неговата смрт, денес е 83. по ред[4]. Според Комисијата за Конфучиевото родословие, денес Конфучиј има преку 2 милиони, а можеби и 3 милиони потомци.[5] Од овие, неколку десетици илјади живеат надвор од Кина.[5] Во 1300-тите, негов потомок се преселил во Кореја, каде што денес живеат околу 34,000 потомци.[5] Потомците од една од главните негови лози се преселиле од Ќуфу во Тајван, за време на Кинеската граѓанска војна во 1940-тите.[6] .......................

Познати изјави

Конфучиј го опишал својот живот на следниот начин:

На петнаесет години започнав да учам, на триесет одев со цврсти чекори по патот на знаењето, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ги познавав само законите на небото, во шеесеттите разбирав сѐ што ќе слушнеше моето уво, во седумдесеттите, следејќи ги желбите на моето срце, не прекршив ниедно правило.

Поврзано

Белешки

  • а Во оригинал, со употреба на кинески знаци, оваа аксиома гласи: 己欲立, 而立人 ( Jǐ yù lì, ér lì rén).
  • б Во оригинал: 己所不欲, 勿施于人 (Jǐ suǒ bú yù, wù shī yú rén)
  • в Во оригинал: 君子喻于义, 小人喻于利 (Jūnzǐ yù yú yì, xiǎorén yù yú lì)

Наводи

  1. Лун-ји, 6:30
  2. Лун-ји, 2:2
  3. Лун-ји, 4:16
  4. Confucius family tree revision ends with 2 mln descendants
  5. 5,0 5,1 5,2 Updated Confucius family tree has two million members
  6. Kong Demao, The House of Confucius (London: Hodder & Stoughton, 1988).
1

1 (I) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1. година од новата ера, 1. од првиот милениум, 1. од 1 век и прва од 0-тите.

18 октомври

Шаблон:Октомври 2019

18 октомври е 291-иот ден во годината според григоријанскиот календар

(292-и во престапна година).

Остануваат 74 денови до крајот на годината.

Настани:

1998 - Во Република Македонија се одржува првиот круг од третите парламентарни избори.Родени:

1925 - Рамиз Алија, албаски политички лидер

1929 - Виолета Чаморо, никарагвански претседател

1956 - Мартина Навратилова, американска тенисерка

1959 - Милчо Манчевски, македонски режисер и сценаристПочинале:

Празници

Ден на Алјаска

Европски ден за борба против трговија со луѓе

18 октомври (родени)

Поврзани статии: родени на: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31 октомври

Поврзани категории: родени на: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31 октомври

28 септември (родени)

Поврзани статии: родени на: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31 септември

Поврзани категории: родени на: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31 септември

6 век п.н.е.

6 век п.н.е. започнува на 1 јануари 600 п.н.е., а завршува на 31 декември 501 пред нашата ера.

Овој век претставува врв на период во човековата историја популарно познат како Осево време. Во овој период се појавуваат пет главни мисловни струи кои извираат од пет големи мислители во различни делови на светот: Буда и Махавира во Индија, Заратустра во Персија, Питагора во Грција и Конфучиј во Кина.

Панини, во Индија, ја составува граматиката за Санскрит во овој век. Таа претставува најстара позната граматика на било кој јазик.

Во Западна Азија, првата половина на овој век беше доминирана од страна на Неовавилонската или Халдејската империја, која се здоби со моќ при крајот на претходниот век, по успешен бунт против асирската власт. Јудејското Кралство пропадна во 586 п.н.е., кога вавилонските сили под водство на Навохудонозор II го заробиле Ерусалим и го прогониле поголемиот дел од населението. Кир Велики ѝ стави крај на вавилонската власт во 540-те и ја основал Персиската империја на нејзино место. Персиската империја продолжи да се шири и прерасна во најголемата империја во светот во тоа време.

Во Европа во железната доба експанзијата на Келтите била во тек. Кина била во периодот на Пролет и Есен.

Медитеран: почетокот на старогрчката филозофија, која процветува во текот на 5 век п.н.е.

Период на доцната Халштатска култура во Источна Европа и Централна Европа, крајот на бронзеното време во Северна Европа

Југоисточна Азија: периодот на Пролет и Есен. Конфучијанството, легализмот и моизмот процветуваат. Лао-це го основа таоизмот

Западна Азија: за време на Персиската империја, Заратустра го основа зороастризмот, дуалистичка филозофија. Ова беше исто така времето на вавилонското заробеништво на древните Евреи.

Древна Индија: Буда и Махавира ги основаат Будизмот и Џаинизамот

Падот на Олмечката цивилизација во Централна Америка

Гаутама Буда

Буда (буквално „разбуден“, од санскрит "budh" - се будам, будење) се нарекува човек кој до ослободување дошол преку самсара.

Сидарта Гаутама Буда е мудрец од Индија и живеел во Северна Индија во текот на 6 век п.н.е., но се прославил во Кина. Татко му, Судходана, бил владетел на царството на Шакиите (во денешен Непал, во тоа време територија на Индија). Мајка му била царицата Маја. Според традициите на тогашното време, принцот се оженил многу млад, на 16 години за една прекрасна и млада принцеза на име Јашодхара.

Младиот принц живеел во својот дворец, разполагајќи со сите удобства. Но истовремено,соочувајќи се со реалноста во тогашно време, со неизбежната смрт и страданието на своето население, тој решил дека е потребно да се пронајде решение. И затоа на 29 години, тој го напуштил своето царство барајќи решение и излез од ваквата состојба на народот.

Една вечер, седејќи под едно дрво (познато като Бодхи или дрвото Бо, „Дрвото на Мудроста”), на брегот на реката Неранџара при Бодхгаја, на 35-годишна возраст Готама постигнал Просветление, со кое станал познат како Буда „Просветлениот”.

Буда го презел учењето за реинкарнација од Ведите, а за Бог ништо не кажувал.

Тој сметал дека патот на Хинду е премногу тежок, и советувал поумерени подвизи.

„Целта на животот е целосен мир, нирвана.

Главното учење според Буда е:

- За да има радост мора да има болка. Само откажување од задоволствата води во целосен мир;

Во почетокот будизмот бил сфаќан само како обична филозофија, но преминала во религија.

Слично е и со останатите филозофи од Кина, Конфучиј и Лао Це, како и индиските мудреци и богови.

Народот после повеќе векови започнал да ги обожува овие мудреци, да им се моли, да им прави кипови и слично.

Во текот на 45 години од своето работење и проповедање, тој ги учел на сите класи, мажи и жени, царови и селани, трговци и просјаци, светци и крадци – без да прави и најмала разлика помеѓу нив. Тој не ги признавал различностите по социјалната состојба или според класата на народот, и патот, кој тој го проповедал, бил отворен за сите луѓе, кои се биле способни да го разберат и следат.

Буда починал на осумдесетгодишна возраст во градот Кушинара во Индија.

Кинеска книжевност

Кинеската литература е многу стара - уште од пред 2000 год. п.н.е. таа имала разни верски песни и записи, но правата литература започнува од VI век п.н.е., кога Лао-це ја реформирал старата вера и проповедал таоизам (вид на мистичниот пантеизам),а Конфучиј ја систематизирал целата верска и литературна оставнина во 5 канонски книги (зборници): „Ше-џинг“, „Шу-џинг“, „И-ѓинг“, „Ли-џи“ и „Чун-циу“. Ше-џинг е „книгата на песните“ (305 песни од 1050 до 700 п.н.е.), една од најубавите збирки на поезија,

воопшто. Како што самиот Конфучиј е целосна спротивност на мистичниот и занесен Лао-це, така и нивните сфаќања често се разликувале: Конфучиевиот внук Цесе и другите писатели залудно се обидувале да ги усогласат. Тоа го навело Менг-це (372-289 п.н.е.) да го изгради првиот поголем филозофски систем, но брзо по неговата смрт филозофијата опаѓа, а се развива песништвото. Притоа се истакнуваат Киих-Јиан (332-295 п.н.е.) и Сунг-Ји (290?-222? п.н.е.) и со нив се завршува класичниот период.

Кинеска филозофија

Кинеска филозофија — сè до најновите времиња, на Кинезите не им бил познат терминот филозофија во модерната смисла на зборот. Владеело општо сфаќање дека старите мудреци веќе ја пронашле вистината и затоа кинескиот човек сметал дека не му е потребно ништо друго освен да ги усвои резултатите до кои дошле древните мудреци.

Со запознавањето на европската и кинеската култура, филозофијата на кинеското тло почнала да се развива онаква каква што ја знаеме денес. Новите кинески историчари на филозофијата Вулианг и Ху Ша разликуваат три главни епохи на кинеската филозофија. Првата епоха ја сочинуваат најстарите времиња до крајот на владеењето на династијата Чин, од 2500 до 206 год. п.н.е. Тоа е славното време на кинеската филозофија. Од оваа епоха потекнуваат пет канонски книги, кои во исто време се и најстарите литературни споменици на човештвото. Тогаш настанале и најразлични системи кои взаемно се натпреваруваат за првенство. Најмногу се истакнуваат политичките филозофи и три школи кои ги основале Конфучиј, Лао-це и Мо-це. Втората епоха ја сочинува средниот период, од 206 п.н.е. до 960 п.н.е., а третата ја сочинува новото време, од 960 година до денес.

Книга на песните

Ши Џинг или Книгата на песните е третата и за литературата најважна канонска книга кај Кинезите. Таа содржи 350 песни од разните области на старото феудално царство на династијата Џоу, напишани помеѓу 1050 и 700 година п.н.е., кои даваат реална слика на стариот кинески живот и обичаи. Песните се најмногу наивно-народни или дворско-свечени, а ги систематизирал Конфучиј околу 500 год. п.н.е. Првиот точен превод го дал англискиот синолог Џејмс Леџ.

Конфучијанство

Конфучијанство (кин. 儒学) — религија што ја основал кинескиот филозоф Конфучиј (551 - 479 п.н.е.) во кинеската покраина Шангтунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Земји и култури кои се под силно влијание на конфучијанството се Кина, Јапонија, Кореја, Тајван, Сингапур и Виетнам.

Конфучијанството не се заснова врз верата во некој бог, туку врз следење на „Тао“ (патот), и учи дека мудроста на живеењето се состои од урамнотежениот живот, кој е во склад со природата. Значително место зазема култот кон предците и верата во духови.

Лао-це

Лао-це (кинески: 老子 — важна фигура во кинеската филозофија, чие историско постоење е под знак прашање. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е., но многу модерни историчари тврдат дека тој можеби живеел приближно во 4 век п.н.е., за време на Стоте Школи на Мислата и Периодот на Завојувани Држави. На него му се припишува најважното таоистичко дело, Тао Те Чинг ((道德經)), и тој претставува популарно божество во таоизмот (една од трите најголеми модерни религии во Кина)

Почесното име на Лао-це е стариот мајстор. Во својата книга Тао Те Чинг тој говори за принципот тао (што е апсолутен владетел на светот и животот). Проповедал дека секоја активност треба да биде во склад со принципот тао ако сака да биде успешна. Тоа се однесува на животот во семејството и во државата. Говорел дека сѐ во светот вечно кружи помеѓу јин и јанг - двете фундаментални спротивности.

За него почетокот на светот е ништото. Меѓутоа, за него тоа не е празнина, туку неодредено нешто, што чека осуштествување. Неопходен е човечкиот ум за тоа да се одреди и да се размножи. Значи, само во првата фаза тао е ништо, како неподвижен, а подоцна тоа е принцип на неподвижно движење.

Менг-це

Менг-це (кин. 孟子, наречен и Менциј, најприфатено: 372 – 289 п.н.е.; можеби: 385 – 303 п.н.е./302 п.н.е.) — кинески филозоф, најславниот конфучијанец по самиот Конфучиј.

Религија

Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии.

може да се дефинира и као друшвена појава која подлежи на некои одредени закони,и може да се согледа како духовна поврзаност на една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество.

Сјин-це

Сјин-це (кинески: 荀子, пинјин: Xúnzǐ, ~ 312–230 п.н.е.) — кинески конфучијански филозоф од периодот на завојуваните држави и претставник на една од „стоте школи“. Сметал дека човекот има непожелни природни склоности, кои мора да се држат на прав пат со воспитание и образование (напспроти тврдењето на Менг-це дека луѓето се природно добри). Сјин-це смета дека општествените норми се создадени токму како одговор на овој проблем во човечкиот карактер.

Неговата мисла се поврзува со конфучијанството, иако таа е доста прагматична во споредба со оптимизмот на Конфучиј. Некои сметаат дека ова е одлика на времето во кое живеел.Сјин-це бил еден од најдлабоките мислители на своето време и учител на истакнатите мислители Ли Се и Хан Феј.

Таоизам

Таоизмот е популарна вера кај Кинезите. Се претпоставува дека негов основоположник е Лао Це. Всушност, таоизмот претставува еден вид на мистичен пантеизам. Во таоизмот сè потекнува од тао (кинескиот прав пат) и сè ќе се врати таму со текот на времето. Во таоизмот се негуваат култот кон духовите, природата и претците. Оваа филозофија е фантастична и нејасна, наспроти трезвеното конфучијанско учење.

Хан (народ)

Хан (Хан-Кинези или Ханци; кинески: 漢族, пинјин: Hànzú или 漢人, пинјин: Hànrén) — најбројниот народ во светот. Припаѓаат на жолтата раса, на монголската група на народи. Кинезите, во поширока смисла, зборуваат на кинески јазик, кој во припаѓа на поголемата група наречена синотибетски јазици, но се состои од мандарински, кантонски и други јазици групирани во поширокиот поим.


Статии од категоријата

Кинеска култура

Yin yang

 
Основи

Тао • Те
Луопан
Јин и јанг
Пет елементи

Текстови

Дао де ѓинг
Умешноста на војувањето
И Чинг • Ши Џинг

Личности

Лао Це • Сун Це
Жолт цар • Шеннунг
Тројца возвишени и пет цареви
Конфучиј
Лу Бан • Менг-це

Учења

Фенг шуи
Таоизам
Конфучијанство


На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.