Козаци

Козаците (руски: каза́ки; украински: козаки́) се традиционална заедница на луѓе кои главно ги населуваат Украина и јужна Русија. Познати се како големи воини и јавачи на коњи. Живееле во специфични населби познати како станици.

Repin Cossacks
Запорошците му пишуваат писмо на турскиот султан од Илја Репин (1880-91)
Kozaci-parada.jpg&filetimestamp=20061006074634&
Козачки единици маршираат на парадата на победата над фашизмот во Москва, 1945

Кратка историја

Создавање

Козаците биле селани кои побегнале од спахиското угнетување во јужните краеви на Украина и Русија, со цел таму да живеат како слободни луѓе. Всушност, самиот збор „Козак“ значи „слободен човек“. Тие се занимавале со лов, риболов и со војување, а најчесто војувале против Турците и против Татарите од Крим. Главниот центар на козаците била Запорошка Сеча на островот Хортица, на реката Днепр. Подоцна, околу ова бунтовно јадро се собрала поголема маса украински селани кои во текот на 16 и 17 век постојано кревале востанија против полската власт.[1]

За прв пат во историјата Козаците се среќаваат во XVII век во украинската буна против унијата Полска-Литванија, во која тие одиграле значајна улога. Со цел да создадат специјални јуришни одреди а и штитеници на границите на Руското Царство, царот ги ослободил Козаците, со што ги задолжил да му служат. Така всушност и биле создадени Козаците. Тие имале свои примања за разлика од другите т.н. закрепостени селани. Поради тоа, многу селани пребегувале во козачките населби и се бореле за царот за да уживаат во некаква слобода, па нивните броеви многу пораснале во наредните два века. Но цената на слободата била да се наоѓаат во првите борбени редови во воените походи, а и да ја штитат границата на Русија. Така, тие живееле специфични војнички животи, со генерации. Затоа и се одликуваат со храброст, воинственост, лојалност, култ кон семејството итн. Нивните познавања во областа на јавањето биле огромни, така што се сметаат за едни од најдобрите јавачи во светот.

Учество во војни

Во XIX век тие станале препознатлив знак за руската армија. Во секоја битка најголем проблем на противникот им претставувале брзите коњаници кои безглаво јуришале директно кон нив. Учествувале во многу од војните во XVIII и XIX век. За време на граѓанската војна, голем број се бореле на страната на белогардејците, зашто се сметале за должни кон царот, но имало и такви кои се бореле за Црвената армија.

Козаците од Донската област биле главните противници на болшевиците и главно оружје на белогардејците.

За време на Втората светска војна, голем број на Козаци се бореле на фронтот на страната на советските сили. Но значајно е тоа што во германската СС имало и козачки одред составен од Козаци кои се бореле против комунистичките војски, на страна на оската. Поради тоа, а и поради историското противење на комунизмот, Козаците биле угнетувани од страна на Сталин.

Наводи

  1. Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, Мртве душе (поема). Београд: Просвета, 1966, стр. XXVII.
Јужна Осетија

Република Јужна Осетија (осетски: Республикæ Хуссар Ирыстон; руски: Республика Южная Осетия) е самопрогласена република, формално припаѓа на Грузија. Нејзината независност е призната само од Русија и Никарагва и Венецуела.

Грузија на секаков начин се противи да ја признае автономијата на овој регион и да го вметне во официјалните документи називот "Јужна Осетија". Грузиските власти го користат називот "Самачабло" (по фамилијата на кнез Мачабели, кој го управувал тој регион во Средновековието), воведено во употреба од Звијад Гамсахурдија. Во последно време грузиските власти Јужна Осетија ја нарекуваат "Цхинвалски регион" (по името на главниот град Цхинвали). Во административната употреба на поштата цела Јужна Осетија формално влегува во составот на грузиската област Внатрешна Картли.

Битка кај Хотин (1621)

Битката кај Хотин е битка меѓу војските на Полско-литванската унија и Отоманската империја која се одвила во периодот од 2 септември до 9 октомври 1621 година кај Хотин, денешна Украина.

Во 1621 година армија од 200.000 до 250 000 турски ветерани заминала од Едрене кон границата со Полска. Османлиите по победата кај Цецора имале голем потенцијал во војната посакувајќи целосно да ја уништат Полска и да излезат до Балтичко Море. Полскиот командант Јан Керол Ходкевич имал армија од околу 35.000 војници заедно со своите Козаци.

Во 1621 година влегле во Хотинската тврдина. Битката кај Хотин траела речиси цел месец кога Османлиите решиле да ја напуштат опсадата. Во оваа битка Осман II загубил околу 40.000 војници што го принудило на преговори. Така бил потпишан Хотинскиот договор според кој Полско-литванскиот комонвелт бил обврзан да не се меша во внатрешните работи на Молдавија а границите останале исти. Од друга страна било решено Козаците и Татарите да не влегуваат во двете земји и да вршат напади врз населението. По крајот на битката Осман II ги обвинил јаничарите за поразот и сакал да ги трансформира, но бил убиен.

Богдан Хмелницки

Богдан Хмелницки (украински: Богдан Зиновій Михайлович Хмельницький, руски: Богда́н Хмельни́цкий, полски: Bohdan Zenobi Chmielnicki) — хетман (гетьман) на запорошките Козаци. (роден во 1595 — починал на 6 август 1657). Цел во животот му била да создаде независна Козачка држава. Во 1654 година потпишал договор со Царска Русија. Според договорот, Украина станала дел од Русија.Во Украина Хмелницки се смета за национален херој, татко на нацијата. Неговиот лик е претставен на банкнотите.

Постои и критичко мислење за историската улога на Хмелницки. По независноста на Украина, голем број луѓе кажуваат дека сојузот со Русија бил голема грешка.

Голема северна војна

Големата северна војна се водела помеѓу Шведска и Отоманската империја од една страна и Данска, Русија и Полско-литванската унија од друга страна. Војната започнала во 1699 година а завршила во 1721 година со потпишување на шведско-руски договор. Крајот на војната го означува крајот на доминацијата на Шведска во регионот и значително територијално проширување на Русија на Балтикот.

Голема турска војна

Големата турска војна била војна која се водела меѓу Османлиската Империја и европските сојузници обединети во т.н. Света лига. Оваа војна траела од 1683 до 1699 година, а како резултат на неа биле ослободени голем дел од Централна Европа од Османлиите.

Дон (река)

Дон (руски: Дон) — една од главните реки во европскиот дел на Русија. Извира кај градот Новомосковск, а се влева во Азовското Море (Таганрошки Залив). Должината на реката изнесува 1.950 км. На реката Дон се наоѓа големото вештачко Цимљанско Езеро (2.700 км², 23,9 км³).

Најголеми градови на реката Дон се Воронеж и Ростов.

Илја Репин

Илја Ефимович Репин (руски: Илья́ Ефимович Репин; 5 август 1844 (јулијански календар: 24 јули) – 29 септември 1930) — водечки руски сликар и вајар од уметничката школа Передвижники. Неговите реалистички дела често пати се остра критика на постоечкиот општествен систем.

Репин е роден во Чугуев близу Харков (денес во Украина). Татко му бил воен офицер. Во 1866 тој отишол во Санкт Петербург и таму бил примен во Империјалната Уметничка Академија како студент. Репин отседнал во Италија и Париз со пари дадени од Академијата од 1873 до 1876. Тој сликал многу селани, рибарки и сцени од животот на трговците.

Репин се зачленил во Друштвото на Передвижнички Уметници во 1878. Од 1882 живеел во Санкт Петербург, но често патувал во странство. Инспириран од Рембрантовите портрети на старци, тој насликал многу познати сонародници како Лав Толстој, Димитриј Менделеев, Константин Победоносцев и Модест Мусоргски. Во 1903 Репин примил нарачка за слика од руската влада, за да ја наслика церемонијалната седница на Врховниот Таен Совет на Руската империја кое е неговото најграндиозно дело, платно со димензии 400 x 877 см.

По Октомвриската револуција од 1917 год., неговиот дом северно од Санкт Петербург, бил приклучен кон Финска. Репин бил поканет од Ленин да се врати во Русија, но тој бил премногу стар за да патува. Умрел во Куокала, Финска (денешно Репино, Ленинградска област) во 1930. Неговиот имот се смета за светско културно богатство и е заштитен од УНЕСКО.

Најпознатите слики на Репин се Иван Грозни го убива својот син (1885), Бурлаци на Волга (1870-73) и Одговорот на запорожските козаци на турскиот султан Мехмед IV (1880-91).

Ориенталната рапсодија, Оп. 29 од Александар Глазунов (1889) е посветена на Илја Репин.

Кавкаски народи

Кавкасци се луѓе кои потекнуваат или живеат во Кавкаскиот регион. Во регионот има над 50 различни етнички групи.

Кримски поход

Кримската кампања од 1687 и 1689 година е назив за два руски походи кои биле превземени за време на Руско-турската војна од 1686-1700 година, на Кримското ханство. Ова бил првиот обид на руските војски да дојдат во близина на Крим по 1569 година, Русите сепак не успеале, главно поради лошата организација.

По потпишувањето на мировен договор со Полска во 1686 година, Русија станала член на анти-османлиската коалиција заедно со Светата лига во која влегувале Австрија, Венеција и Полска. Целта на унијата била да се протерат Отоманците на југ по нивната неуспешна опсада на Виена во 1683 година. Вториот поход кон Крим започнал во 1689 година. Во овој поход учествувале околу 120.000 војници и 350 топови. кон нив се придружиле и околу 40.000 Козаци. И покрај големата армија, главно поради немањето на храна и вода, Русите биле принудени да се повлечат.

Лав Николаевич Толстој

Лав Толстој, целосно Лав Николаевич Толстој (руски: Лев Николаевич Толстой), (9 септември 1828 (28 август, Јулијански календар) 20 ноември 1828 (7 ноември по Јулијански календар) 1910), бил руски писател, најпознат по неговите романи и новели, богати со психолошка анализа и морално-филозофски белези.

Толстој се смета за еден од најголемите романописци на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати дела, Војна и мир, историска и реална реконструкција на наполенските војни и кримската војна и Ана Каренина, трагична љубовна приказна. Како морален филозоф, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело Царството Божје е во тебе. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Роман Роланд и Мартин Лутер Кинг. Покрај писател, Толстој е познат и како морален мислител и реформатор, кој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед било создадено Толстојското општествено движење, а самиот Толстој, иако бил воодушевен од создавањето на вакво движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат кон него, сметајќи дека секој треба да има своја свест.

Мустафа I

Мустафа I бил петнаесетиот султан на Отоманската империја наследувајќи го својот брат Ахмед I. Бил син на Мехмед III и како султан владеел два пати, од 1617 до 1618 и од 1622 до 1623 година.

Тој бил душевно болен. Слабоумниот брат на султанот Ахмед I поминал 14 години во затвор но бил почитуван како свет човек, бидејќи муслиманите имале света почит кон лудите. Во затворот тој наместо да фрла трошки од леб, на рибите во Босфорот им фрлал златници. Владеењето на Мустафа било препуштено на неговата мајка Хандан султан. Во договор меѓу Муфитјата Есад и кајмакамот Софи Мехмед паша бил свикан диванот на кој било одлучено Мустафа да биде симнат од власт а на негово место да биде поставен најстариот син на Ахмед, Осман II а тој повторно бил затворен. Ова се случило на 26 февруари 1618 година.

Конфликтот меѓу јаничарите и Осман II довеле до убивање на Осман а Мустафа бил повторно качен на султанскиот престол на кој владеел уште една година. Мустафа верувал дека неговиот внук е сѐ уште жив и често бил забележуван како го бара во палатата, тропајќи по вратите и плачејќи за неговиот внук од кого барал да го ослободи од неговиот товар. Освен тоа, дошло до незадоволство во редовите на војската.„ Веќе има три дена како светиот падишах се затворил во една соба каде што постојано се моли и плаче а со никого не зборува “. После прославата на Бајрам ја забранил употребата на виното. Дошло до нова побуна на спахиите кои барале смена на великиот везир Мер Хусеин. Нов велик везир станал грузиецот Мехмед. Тој решил да направи ред во империјата. Дошло до смена на повеќе функционери. Оние спахии кои биле успешни добиле управителски функции. Тоа довело до незадоволство кај останатите спахии. По именувањето на Дервиш паша за намесник на Будим тоа предизвикало незадоволство кај приврзаниците на неговиот претходник. Во овој период Козаците започнале со напади на црноморското крајбрежје. Против нив бил испратен Реџеп паша кој што успеал да ги порази Козаците и да зароби околу 500 Козаци.

Во почетокот на 1623 година дошло до нови побуни на спахиите. Јаничарите ја опколиле Средната џамија. Диванот донел одлука за ликвидација на Даут паша кој бил виновен за убиството на султанот Осман II. Зад оваа акција стоел Мер Хусеин кој бил противник на великиот везир Мехмед паша. Мехмед паша бил протеран во Бурса, а Халил паша во Малхара. Започнале преговори за мир со Полска. Мер Хусеин кој што станал велик везир им ветил на Полјаците данок од 100000 златници. Наскоро бил задушен бунтот на спахиите. Јаничарите побарале смена на султанот Мустафа. На 20 август 1623 година султанот Мустафа под притисок на јаничарите донел одлука да се повлече. На негово место дошол најстариот син на Ахмед, Мурат IV.

Пугачово востание

Пугачово востание – е последната селанска буна во руската историја. Востанието почнало во 1773 година и траело до 1775 кога било задушено. Името го добило по својот водач, донскиот козак Емељан Пугачов.

Руска Империја

Руската империја (тогашен руски: Pоссiйская Имперiя) била држава која постоела од 1721, па сѐ додека не била прогласена за република во август 1917.

Руска граѓанска војна

Руската граѓанска војна се водела во периодот од 1917 до 1923 година. По успехот во Октомвриската револуција, новата руска болшевичка влада решила да воспостави мир со Германија, како што му ветила на рускиот народ пред револуцијата. Брест-Литовскиот договор бил подпишан на 6 март 1918 година. Мирот бил единствен избор за болшевиците, бидејќи руската армија била во хаос кога Германците напредувале во февруари 1918 година.

Поголемиот дел од војната завршил во 1920 година, но значајни конфликти продолжиле до 1922 година.

Руско-турска војна (1768-1774)

Руско-турската војна (1768–1774) била една од клучните војни помеѓу Руската империја и Османлиската империја. Целта на Руската Империја била да излезе на Црно Море, и поради ова руската дипломатија тргнала во подготовка низ европските земји и успеала да ги потикне грчките, романските и црногорските народи за учество. Распрстати на повеќе фронтови, Османлиите во оваа војна излегле како поразена земја.

Оваа војна довела до знаитено слабеење на Османлиската Империја. Русија кон својата територија ги присоединила јужна Украина, северен Кавказ и Крим како и право да се меша во внатрешната политика на Османлиите во прашањето за заштита на христијанското население.

Станица (Козаци)

Станица или јурт (руски: Стани́ца, Юрт; украински: станиця) – политички и стопански центар на козачки групи, главно на југ на Руската Империја. Станиците имале статус на рурални општини и во нивниот состав имало едно или повеќе козачки населби. Во состав на станиците се наоѓале не само централните делови на населбите, туку и целокупното околно земјиште кое им припаѓало на козачките семејства. Со станиците управувале избрани козачки атамани кои биле бирани од козачките семејства, а целото земјиште кое се наоѓало во границите на една станица било во заедничка сопственост на сите козачки семејства кои живееле во неа. Сличен демократски систем на распределба на власта и добрата постоел уште само на подрачјето на Новгородската Република во текот на среден вексредниот век. „Системот на станици“ доживеал целосен колапс после Руската револуција кога уследила општа колективизација.

Станиците имале статус на воени населби и секоја станица имала обврска во воените козачки одреди, во зависност од потребите, да испрати еден ескадрон војници (од 65 до 75 војници). Куќите во станиците главно биле изградени од дрва, а во средиштето на секоја станица се наоѓала православна црква, училиште и пазар (мајдан, рус. и укр. майдан). Бидејќи работоспособните мажи во станиците биле предодредени за воена служба, најголемиот дел стопански активности ги вршеле жени. Во секоја станица се наоѓала мелница, а на рабовите и гробишта. Станиците неретко биле опкружени со дрвени бедеми кои ги штителе од непријателски напади. Атаманот кој управувал со станицата рамноправно им ја делел земјата на козачките семејства кои живееле во неа, а сите најважни одлуки кои се однесувале на сите жители на станицата се носеле со учество на сите полнолетни мажи, односно претставници на сите семејства.

Станицата како вид на рурална населба се одржала до денешни дни во јужните делови на Русија − Адигеја, Волгоградска Област, Дагестан, Ингушетија, Кабардино-Балкарија, Карачаево-Черкесија, Краснодарски Крај, Ростовска Област, Северна Осетија, Ставрополски Крај и Чеченија.

По бројот на жители станиците често ги надминуваат и помалите градови, така денес најголеми станици во Русија се Каневскаја (44.000) и Лењинградскаја (37.000) кои воедно се и најголеми селски населби во земјата.

Черкаси

Черкаси (украински: Черкаси) е град на реката Днепар во централниот дел на Украина. Тој е административен центар на Черкаската област и административен центар на околниот Черкаски реон, во рамките на област. Градот бил основан уште во 13. век, и одиграл важна културно-општествена улога во историјата на Украина. Во тоа време, градот бил претежно населен со Козаци.

Неговата местоположба е отприлика 200 километри јужно од главниот украински град Киев. Бројноста на населението, според последниот попис од 2011 год. е 288 илјади жители. Во месец јуни 2011, Черкаси го прославил својот јубилеен 725 роденден.

Климата во градот е умерено-континентална, со благи зими и жешки лета. Просечната температура во градот на годишно ниво е 7,7 °C. Во јануарскиот период просечната температура на воздухот е -6 °C, додека во лето таа изнесува +20 °C. Најниската измерена температура била -25 °C (што е ретко се случува), додека пак највисоката била +35 °C, забележана во месец јули.

Бројот на население бил најголем во 1990 год. кога Черкаси имал речиси 300 илјади мештани. Оттогаш па наваму, тој број е во постојано опаѓање, што најмногу се должи на високата смртност кај месното население, социо-економската состојба и наглиот процес на урбанизација на местото. Денес, градот има точно 286.037 жители. Најголем дел од населението се Украинци, но исто така се застапени и руското и еврејско малцинство. Според половата припадност, 46,4% се мажи, додека останатите 53,6% се жени. Објавени се и податоци за старосната структура на населението, од кое 19% се лица-пензионери, додека само 15% се деца под 14 години. Овие бројки говорат за нерамномерната застапеност на возрасните групи.

Чеченија

Чеченија (рус: Чеченская Республика, чеченски: Нохчийн Республика) е автономна република во составот на Руската Федерација. Главен град е Грозни.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.