Керамика

Керамиката е една од најстарите и најраспространетите уметности за украсување, која се состои од предмети (најчесто од оние за употреба, како садови,чинии и вази) направени од глина и зацврстени со печење.

Земјените садови се најстарите и наједноставните облици. Кинезите го почнале своето софистицирано производство на керамика во неолитот и правеле порцелан најрано во 17 век. Класичната грчка и исламска култура се, исто така, познати по своите уметнички и технички иновации во грнчарството.

Керамика-традиционално, предмети направени од природни материјали како што се глина и кварцен песок, кој се обликуваат и стврднуваат со печење на високи температури за предметот да биде поцврст, потврд, и помалку пропустлив на течност.

Главни керамични производи се садовите за употреба во домаќинството, садовите за јадење, тулите и плочки.

Ѓеросадојна (Долнени)

Ѓеросадојна — археолошки локалитет во прилепското село Долнени. Локалитетот поради неистраженоста највеворајтно претставува населба и гроб, чиј период не е датиран. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал крај патот Долнени-Браилово постоела древна населба која според искази на селаните била римска и истите на тие места откопувале стари бунари, а била пронаоѓана и покривна керамика. Тука бил ископан и гроб од самите мештани, чија внатрешност била обложена со керамика во облик на корито, која била долга 80, а широка 40 цм.

Јаричиште (Гостиражни)

Јаричиште — археолошки локалитет во прилепското село Гостиражни. Локалитетот претставува населба од непознат период. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на 1000 м југоисточно од селото се наоѓаат остатоци од населба во нивите, каде селаните при обработка на земјата пронаоѓале градежен материјал, гробови и керамика.

Бучалиште (Горно Село)

Бучалиште — археолошки локалитет во прилепското село Горно Село. Локалитетот претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа североисточно од селото, непосредно до црквата „Св. Богородица“, каде се среќаваат фрагменти од груба и фина керамика. Селаните нашле и сребрени монети.

Велушка Тумба

Велушка Тумба — археолошки локалитет во битолското село Велушина. Локалитетот претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во непосредната близина на селото Породин, на 400 m од неговата јужна страна и на околу 2 km источно од селото Велушина. Претставува височинка - вештачки подигната тумба што личи на пресечен конус, со елипсовидна основа, поставена во правец исток-запад. Нејзините димензии изнесуваат: 250 m во должина, 150 m во ширина и 0,70 до 5 m во височина. Околниот терен е зарамнет и лежи во југозападниот дел на Пелагониската Котлина. Со оглед на перманентните земјоделски работи, со кои на првите слоеви на тумбата им се нанесени оштетувања, а и заради научниот интерес, во 1971 година се преземени заштитни ископувања кои подоцна, со мали прекини до 1984 година, продолжуваат како систематски. Со овие работи, главно изведени во средиштето на тумбата, е констатиран културен слој од 4 m исполнет со остатоци од живеeње распоредени во четири хоризонта, издвоени еден од друг со танки слоеви од насипана земја, хронолошки и културно поврзани. Во сите овие хоризонти се откриени остатоци од урнатини (куќен лепеж) и подови од куќи правоаголни во основата, градени од материјали и на начини карактеристични за неолитските живеалишта, со таа разлика што дрвената граѓа била масивна, а плетот како и да не бил практикуван. Подовите во последните два хоризонта биле од набиена глина, а во првите имале дрвена супструкција. Врз основа на подвижните наоди, а посебно на типолошките карактеристики кај керамиката (облици, орнаментика, техники на украсување), а потоа и кај култната пластика, во хронолшка смисла населбата е сместена во времето на постариот неолит. Стратиграфски најстариот хоризонт (IV) - Велушка тумба V, е од крајот на раниот неолит, хоризонтот III - Велушка тумба II, претставува преодна фаза, додека хоризонтите II и I, односно Велушка тумба III-IV, се од средниот неолит.

Во Велушка тумба I грубата керамика е украсувана со барботин-лепенки и повлекувања со прсти, а фината со орнаменти од бела боја (точки, триаголници, полумесечинки, „сигми“ и стрелки) насликани врз сјајна црвена основа. Од култните предмети се среќаваат стилизирани женски статуетки и отворени жртвеници на четири ногалки со апликации во вид на еленска глава.

Во Велушка тумба II грубата керамика продолжува со истите облици и орнаменти, а се појавуваат организираниот барботин и украсувањето во импресо-техника. Незначителни се промените и кај фината керамика, со тоа што меѓу старите орнаменти насликани со бела боја се среќаваат уште брановидни ленти, скалесто поставени ленти и неопределени геометриски мотиви. Антропоморфната пластика исто така продолжува, особено отворените жртвеници што асоцираат на куќа со покрив на две води и оние со животински апликации.

Велушка тумба III и IV, како среднонеолитски, ги имаат речиси истите карактеристики, како во керамиката така и во култната пластика, со таа разлика што орнаментите во т.н. организиран барботин доминираат, а кај сликаната керамика развлечените триаголници и нејасните геометриски мотиви, додека сигмата и орнаментот во облик на буквата З постепено исчезнуваат. Овде, меѓу култната палстика, како замена за отворените жртвеници се појавуваат жртвениците - модели на куќа со покрив на две води и антропоморфен цилиндар. Наодите од овие два хоризонта наполно се идентични со оние од населбата Тумба што се наоѓа на околу 1 km од Породин. Врз основа на резултатите од оваа населба, предложена е нова хронолошка поделба за неолитот во Пелагонија и со оглед на неговите специфичности во материјалната култура е издвоен во посебна културна група наречена велушко-породинска.

Градиште (Кошино)

Градиште — археолошки локалитет во прилепското село Кошино. Локалитетот поради неистраженоста не е датиран и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека југозападно од селото во истоимениот потес селаните откопувале градежен материјал и керамика.

Грашиште (Кутлешево)

Грашиште — археолошки локалитет во прилепското село Кутлешево. Локалитетот поради неистраженоста не е датиран и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на зарамнето плато под селото во нивите селабите пронаоѓале керамика и остатоци од темели.

Дурбачица (Бело Поле)

Дурбачица — археолошки локалитет во прилепското село Бело Поле. Локалитетот поради неистраженоста не е датиран и преставува локалитет од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека во истоимениот селски потес биле забележани темели на градби како и керамика.

Лавци (Житоше)

Лавци — археолошки локалитет во прилепското село Житоше. Локалитетот поради неистраженоста највеворајтно претставува населба, чиј период не е датиран. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека помеѓу селата Житоше и Лажани на големи површини, селаните при орање откривале керамика, ќупови и темели на објекти.. Според локални кажувања, во минатото во христијанско време тука имало голема населба со преку 500 куќи.

Миов Даб (Локвени)

Миов Даб — археолошки локалитет во прилепското село Локвени. Локалитетот поради неистраженоста не е датиран и е од непознат тип. Во периодот 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на 500 метри од селото селаните пронаоѓале на мноштво од градежен материјал, керамика, мермерни стели и сл.

Падарчица (Сарандиново)

Падарчица — археолошки локалитет во прилепското село Сарандиново. Локалитетот поради неистраженоста не е утврден и не е датиран. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека јужно од селото, локалното население при обработување на нивите пронаоѓале градежен материјал и керамика.

Питос

Питос е голем складишен сад кој бил вкопан во подовите така што единствено устието на садот било видливо на површината. Бројот на питоси во една куќа е значајно мерило за богатсвото на едно семејство. Се користеле за чување на храна и житарици.

Рамниште (Десово)

Рамниште — археолошки локалитет во прилепското село Десово. Локалитетот претставува фурна од римско време. Се наоѓа на растојание од околу 3 км североисточно од селото, покрај патот Дупјачани-Габровник, каде е откриена добро зачувана фурна за печење на градежна керамика, градена од тули, камен и кал, со две огништа во долниот дел.

Ризоец (Горно Село)

Ризоец — археолошки локалитет во прилепското село Горно Село. Локалитетот претставува некропола од римско време. Се наоѓа на околу 300 м северно од селото, каде е откриен гроб со богати прилози (садови од керамика и бронза) кои се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Стари Лозја (Вранче)

Стари Лозја — археолошки локалитет во прилепското село Вранче. Локалитетот претставува населба од римско и енеолитско време. Се наоѓа на околу 600 м западно од селото, каде на една поголема површина се среќаваат фрагменти од енеолитска керамика, како и фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, тули и парчиња згура од топена руда од римското време.

Старо Гостиражни

Старо Гостиражни — археолошки локалитет во прилепското село Гостиражни. Локалитетот претставува населба од непознат период. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на 1000 м југоисточно од селото се наоѓаат остатоци од населба во нивите, каде селаните при обработка на земјата пронаоѓале градежен материјал, гробови и керамика.

Тумба (Сарандиново)

Тумба — археолошки локалитет во прилепското село Сарандиново. Локалитетот поради неистраженоста не е утврден и не е датиран. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека крај патот за Браилово, локалното население при обработување на нивите пронаоѓале градежен материјал и керамика.

Цврста состојба на материјата

Цврста состојба — една од четирите фундаментални состојби на материјата (другите се течност, гас, и плазма). Таа се карактеризира со структурни цврстина и отпорност на промена на формата или волумен. За разлика од течноста, цврст објект не тече за да го исполни обликот на својот сад, ниту пак се шири за да го пополни целиот обем на располагање на него како што прави гасот . Атомите кај цврстите материи се цврсто сврзани едни со други, исто така и тие се и во редовни геометриски решетки (кристални материи, кои вклучуваатметали и обичните мраз) или нередовно (аморфни цврсти материи како што е прозорското стакло).

Гранката на физиката која се занимава со цврстите материи се нарекува физика на цврстата состојба, и таа е главна гранка на кондензираната материја во физиката (која исто така вклучува и течности). Науката за цврстата состојба првенствено се занимава со физички и хемиски својства на цврстите материи. Хемијата за цврстата состојба посебно се занимава со синтеза на нови материјали, како и науката за идентификација и хемиски состав.

Чука (Средорек)

Чука — археолошки локалитет во прилепското село Средорек. Локалитетот поради неистраженоста не е определен и не е датиран. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека источно од селото, локалните селани често ископувале керамика.

’Рвеница (Локвени)

’Рвеница — археолошки локалитет во прилепското село Локвени. Локалитетот поради неистраженоста не е датиран и е од непознат тип. Во периодот 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на 500 метри од селото селаните пронаоѓале на мноштво од градежен материјал, керамика, мермерни стели и сл.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.