Каталонски јазик

Каталонски се изговара (català МФА: [kətəˈla] or [kataˈla]) е романски јазик и национален јазик на Андора и на Балеарските Острови, Каталонија, Валенсија и во италијанскиот град Алгуер. Исто така е зборуван во Арагон и Мурсија во Шпанија и во регионот Русилион во јужна Франција. Каталонскиот јазик се пишува со латиничната каталонска азбука која е многу слична на шпанската, со елементи од француската.

Каталонски јазик
Català
Застапен воШпанија
Франција
Италија
Андора
ПодрачјеВо Шпанија:
Балеарски Острови, Каталонија, Валенсија, Арагон, Мурсија
Во Франција:
Северна Каталонија
Во Италија:
градот Алгуер
Во Андора
Говорници9,1 милиони  
Јазично семејство
Италско
Статус
Службен воВо Шпанија:
Каталонија, Валенсија, Балеарски Острови
Во Италија:
Алгуер
Во Андора
Регулативен органInstitut d'Estudis Catalans
Acadèmia Valenciana de la Llengua
Јазични кодови
ISO 639-1ca
ISO 639-2cat
ISO 639-3cat — опсежен код
Поединечен код:
cat — Каталонски
{{{mapalt}}}
Каталонски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Tots els éssers humans neixen lliures i iguals en dignitat i en drets. Són dotats de raó i de consciència, i han de comportar-se fraternalment els uns amb els altres.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Поврзано

Јазици во Андора

Јазиците во Андора е поим со кој се опфаќаат јазиците кои се зборуваат на територијата на државата. Андора, официјално е еднојазична држава.

Јазици во Европа

Поврзано: Јазици на Европската Унија

Повеќето од јазиците во Европа се од индоевропско потекло. Тие се поделени во голем број на подгрупи, вклучувајќи ги романската, германската, балтословенската, грчката и други. Уралските јазици исто така имаат присуство во Европа, вклучувајќи ги националните јазици унгарски, фински и естонски. Турската и Монголската група исто така имаат неколку европски членови, додека севернокавкаската и картвелската група се важни за југоисточните делови на географска Европа. Баскискиот јазик на западните Пиринеи е изолиран јазик неповрзан со никоја друга група, додека малтешкиот е единствениот семитски во Европа со национален јазичен статус.

Барселона

Барселона (каталонски и шпански: Barcelona) — главен и најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000. 4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона. Ареа Метрополитана Барселона (АМБ) е составена од соседни градови и општини со население од 3.186 461 на простор од 636 km² (со густина на населеност 5010 жители на km²).

Таа се наоѓа на средоземниот брег (41°23′N 2°11′E) во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки).

Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија. Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што често пати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главна туристичка дестинација со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните Олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Сојузот на средоземните краушта е сместено во Барселона.

Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.

Википедија на каталонски јазик

Каталонска Википедија е издание на Википедија на каталонски јазик, дел од Викимедија Фондација.

Викицитат

Викицитат (англиски: Wikiquote) е збратимен проект на Википедија кој го користи истиот МедиаВики софтвер. Целта на проектот е да собере што е можно повеќе цитати од познати личности, книги, како и поговрки и да даде детали за истите.

Оригинално, проектот е направен на англиски, но од јули 2004, додадени се и нови јазици.

Големиот Карло Велики

Големиот Карло Велики (каталонски: El Gran Carlemany) е националната химна на Андора. Текстот на химната е напишан од страна на Енрик Марфани Бонс, додека композитор на музиката е Хуан Белоч и Виво. Официјално, химната била усвоена во 1921 година.

Европска повелба за регионални и малцински јазици

Европската повелба за регионални јазици и јазици на малцинствата е меѓународна конвенција која се занимава со заштита на јазичните права на традиционалните културни заедници на Европа.

Повелбата била усвоена од страна на Советот на Европа во 1992 година, а стапила во сила на 1 март 1998 година. Денес повелба е ратификувана од страна на 25 земји-членки на Советот на Европа (Велика Британија, Лихтенштајн, Луксембург, Романија, Словачка, Украина, Швајцарија, Австрија, Босна и Херцеговина, Данска, Ерменија, Кипар, Унгарија, Германија, Норвешка, Полска, Словенија, Србија, Финска, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешката Република, Шведска, Шпанија) и уште 8 држави потпишале и се очекува нивна ратификација.

Србија ја ратификувала Повелбата на 15 февруари 2006 година. Како малцински јазици од страна на Србија биле препознаени: албански, хрватски, влашки, босански, бугарски, унгарски, романски, руски, ромски, словачки и украински јазик.

Западноиталски јазици

Западноиталски јазици (нарчени и „итало-западни“) — најголема подгрупа на романските јазик. Оваа група се состои од две подгрупи: итало-далматски јазици и западноромански јазици.

Италодалматските заедно со италијански јазик, неаполски јазик, сицилиски јазик, истриотски јазик, јудео-италијански јазик и исчезнатиот далматски јазик.

Западноромански јазици:Пиринејски мозарапски јазици со: арагонски јазик и мозарапски јазик

Галоиберски јазици:

Галоромански јазици:

Окситанско-романски јазици заедно со каталонски јазик и со окситански јазик.

Галоиталски јазици заедно со пиемонтски јазик, лигурски јазик, западен ломбардски јазик, источен ломбардски јазик, емилијанскоромањолски јазик и венециски јазик.

Реторомански јазик заедно со реторомански јазик и фурлански јазик.

Оилски јазик (вклучувајќи го и француски јазик) и останати помали јазици од Франција.

Ибероромански јазик:

Западноиберски јазици: шпански јазик, португалски јазик, галициски јазик, ладино, леонски јазик итн.

Источни иберски јазици : каталонски јазик

Ибероромански јазици

Ибероромански јазици или ибериски јазици — група романски јазици со потекло од Пиринејскиот Полуостров или Иберија (денешна Шпанија, Португалија, Гибралтар и Андора) и јужна Франција.

Најзастапени ибероромански јазици се шпанскиот, португалскиот, каталонскиот и галицискиот — секој од нив со своите дијалекти и месни говори. Според заеморазбирливоста, Далби вбројува седум јазици: португалски, шпански, астурлеонски, арагонски, каталонски, провансалски и гаскоњски.

Ибица

Ибица (каталонски: Eivissa) — шпански остров во Средоземното Море на источниот брег на Шпанија. Ибица е на 150 километри од градот Валенсија. Островот е трет по големина во Балеарските Острови. Нејзините најголеми населби се Ибица, Санта Еулалија дел Рио и Сан Антонио Абад. Неговата највисока точка, наречена Са Талаија е 475 метри надморска височина.

Ибица станала позната по својата поврзаност со ноќниот живот, електронската танцова музика која потекнува од островот и летната клубска сцена, кои привлекуваат голем број туристи. Неколку години пред 2010 година, владата на островот и Шпанското туристичко биро работеле на промоција на семејниот ориентиран туризам, при што полицијата ги затворила клубовите што свиреа музика во доцните ноќни часови, но до 2010 година оваа политика била укинета, за да во 2015 година биде повторно продолжена..

Ибица е вклучена во списокот на Светско културно наследство на УНЕСКО.

Каталонија

Каталонија (каталонски: Catalunya; окситански: Catalonha; шпански: Cataluña; изворно изговарана како Каталуња) е автономна заедница на Шпанија и е службено признаена како народност. Каталонија е составена од четири покраини: Барселона, Жирона, Љејда и Тарагона. Главен и најголем град е Барселона, втор најголем град во Шпанија и средиште на една од најголемите метрополитенски области во Европа. Ја содржи најголемиот дел од територијата на поранешното кнежевство Каталонија, додека остатокот сега се наоѓа во Франција. Каталонија се граничи со Франција и Андора на север, Средоземното Море на исток и шпанските региони Арагон и Валенсија на запад и на југ соодветно. Службени јазици се каталонски, шпански и арански (окситански дијалект).Во 10 век, источните грофства на Шпанската марка станале независни од Франките, обединувајќи се како вазали на Барселона. Во 1137, Барселона и Арагон ја создале Арагонската Круна и Каталонија станала седиште на арагонската поморска моќ во Средоземното Море. Во тоа време процветала средновековната каталонска литература. Помеѓу 1469 и 1516, круните на Арагон и Кастиља се обединиле и го создале Кралството Шпанија, меѓутоа ги задржале нивните различни институции. Во текот на Сегадорското востание (1640–52), Каталонија се спротивставила против Шпанија, станувајќи република под француска заштита. Со одредбите од Пиринејскиот договор во 1659, со кој завршила Франко-шпанската војна, Франција ги повратила северните делови на Каталонија, главно приклучени во грофството на Русилон. Во текот на Војната за шпанското наследство (1701–14), Арагонската Круна застанала против Филип V од Шпанија, чија последователна победа довела до укинување на каталонските институции и конечно воведување на шпанскиот јазик во јавниот живот.И покрај репресијата и наполеонските и граѓанските војни, Каталонија доживеала економски раст и индустријализација. Во текот на втората половина на 19 век, областа имала културна ренесанса придружена со почетниот национализам, а воедно се појавиле и неколку работнички движења. Во 1913, четирите каталонски покраини создале Комонвелт и со појавувањето на демократијата во текот на Втората Шпанска Република (1931–39), бил повторно воспоставен Женералитатот на Каталонија. По Шпанската граѓанска војна, диктаторството на Франкова Шпанија донело репресивни мерки, укинувајќи ги каталонските институции и повторно забранувајќи го каталонскиот јазик. Во текот на 1950-тите и 1960-тите, Каталонија имала силен економски раст и станала важно туристичко одредиште, привлекувајќи многу работници од цела Шпанија и правејќи ја Барселона една од најголемите индустриски метрополитенски области во Европа. Од воведувањето на повторна демократија во Шпанија (1975–82) Каталонија добила политичка и културна автономија и сега е една од економски најразвиените региони на Шпанија. Каталонската влада ја објавила намерата да одржи референдум за можна независност од Шпанија во 2014.

Каталонска азбука

Како и другите романски јазици, азбуката и правописот на каталонскиот јазик е прилагодена варијанта на латиницата, врз основа на фонологијата на каталонскиот јазик.

Каталонски Земји

Каталонски Земји (каталонски: Els Països Catalans) — територии каде што каталонскиот јазик или некаков негов вид се зборува. Во нив се вбројуваат шпанските региони Каталонија, Валенсија, Балеарските Острови и делови од Арагон и Мурсија, како и областа Русијон во Франција, места во Кнежеството Андора и градот Алгеро во Сардинија (Италија). Во контекст на каталонскиот национализам, терминот понекогаш се користи на поограничен начин за да се однесува само на Каталонија, Валенсија и Балеарските Острови. Каталонските Земји не наликуваат со ниту една сегашна или мината политичка или административна единица, иако најголем дел од областите припаѓале на Арагонската Круна во средниот век. Делови од Валенсија (шпански) и Каталонија (окситански) не зборуваат на каталонски јазик.

Каталонските Земји се наоѓаат во центарот на културни и политички проекти од крајот на 19 век. Нивната главна културна димензија станала сè повеќе политички обвинета на крајот на 1960-тите и во почетокот на 1970-тите, кога Франкоизмот почнал да умира во Шпанија, и она што било културен термин ограничен за познавачите на каталонската филологија станало проблематика во периодот на шпанската транзиција во демократија, особено во Валенсија во текот на 1980-тите. Дел од современите лингвистички и културни проекти се Институтот Рамон Љуљ и Фондацијата Рамон Љуљ, кои ги водат владите на Балеарските Острови, Каталонија и Андора, Генералниот совет на Источните Пиренеи, градскиот совет на Алгеро и мрежата на градови во Валенсија. Политички, овој концепт вклучува пан-националистички проект за обединување на териториите на Шпанија и Франција, кои зборуваат каталонски, често во контекст на независноста на Каталонија. Политичкиот проект не ужива широка поддршка, особено надвор од Каталонија, каде што се смета за израз на каталонски експанзионизам. Терминот Каталонски Земји сам по себе е контроверзен, а валенциските националисти избегнуваат да го користат.

Романски јазици

Романските јазици, поретко именувани како латински, сочинуваат подгрупа на италските јазици од семејството на индоевропски јазици. Овие јазици настанале од народниот (вулгарен) латински јазик.

Романските јазици се развиле од латинскиот во периодот од шестиот до деветиот век. Денес има над 800 милиони говорници на романските јазици, воглавно во Европа и Америка, но и во останатиот дел од светот каде се зборуваат јазиците. Бидејќи е многу тешко да се одреди што е романски јазик а што романски дијалект, не е можно да се каже точниот број на романски јазици. Сепак, ако се земат во предвид стандардните јазици, тие се 25 на број. Сепак и овој број не ги опфаќа сите стандарди бидејќи има романски јазици кои се изумрени. Така, порталот за јазици Ethnologue, дава дека има 47 романски јазици.

Според податоците за 2007 година, најголем романски јазик е шпанскиот со 385 милиони говорници, а потоа следат португалскиот со 210 милиони, францускиот со 75 милиони, италијанскиот со 60 милиони и романскиот со 23 милиони. Голем број од овие јазици имаат говорници на кои јазикот не им е мајчин, особено за францускиот јазик бидејќи тој е официјален и национален во голем број африкански држави.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.