Камено време

Камено време или камена доба — најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува по тоа. Каменото време, пак, од своја страна се дели на старо камено време или палеолит и ново камено време или неолит.

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време
Arrowhead
Глава на стрела од Обсидијан.

Палеолитот се карактеризира со користење на груби камени орудија од страна на човекот, а во неолитот тој изработувал поусовршени камени орудија со брусење и стругање. Освен употребата на поусовршени камени орудија, во неолитот луѓето започнале да се занимаваат и со разновидни дејности - од лов и риболов до земјоделство и сточарство.

Старо камено време (палеолит)

Во старото камено време луѓето ја ja започнале најраната борба за искористување на природата со употреба на готови или грубо или вештачки обработени камени орудија.

Со усовршувањето на орудијата, човекот полесно се снаоѓал во природата. Со орудието во својата рака, човекот можел полесно да го победи крволочникот или животното. А со стапот си ја издолжил раката, задавајќи силни удари.

Долго време луѓето не ја познавале употребата на огнот. Дури подоцна научиле да го добиваат со удирање камен од камен или со триење на две суви дрвца, а освен за приготвување храна, започнале да го употребуваат и за затоплување на отворен простор или во пештерите, за осветлување и гонење на животните во ловот.

Покрај огнот, значајна пресвртница во животот на луѓето во старото камено време претставувала и појавата на говорот. Тој се појавил како неопходност во меѓусебните "взаемни односи" за соопштување или пренесување на мислите.

Во периодов, луѓето започнале да се занимаваат и со риболов, а постепено дошло и до првата полово - возрасна поделба на трудот - жените и децата главно збирале храна од природните плодови, а мажите воглавно се занимавале со лов и риболов.

Ново камено време (неолит)

Луѓето постојано ги усовршувале своите орудија. Во неолитот, каменот и натаму останал главен материјал за изработка на орудија, но тој бил обработуван и со брусење, стругање и дупчење. Во својата разновидна дејност, луѓето започнале да изработуваат и дрвени садови, корпи од прачки и убиствени копја, а се појавила и употребата на лакот и стрелата, кои ќе останат главно оружје на човекот до пред околу 700 години.

Со копјето, лакот и стрелата, луѓето полесно ловеле од далечина и така ловот и риболовот им станале главни занимања. Ловот и риболовот ги навеле луѓето да се населуваат покрај реките и езерата. Додека мажите оделе на лов и риболов, жените и понатаму се занимавале со собирачка дејност на плодови во природата. Се претпоставува дека жените први го забележале никнењето на семето и започнале да се занимаваат со примитивно земјоделство. Тоа бил почетокот на човековата производствена дејност, со која подоцна ќе започнат да се занимаваат и мажите. Усовршените орудија за лов и занимавањето со земјоделство овозможувале поголемо изобилство на храна, па помалите животни ги чувале како залиха. Но, со текот на времето, тие се привикнувале едни на други и така започнало припитомувањето на дивите животни. Прво било припитомено кучето, а потоа и овцата, козата, кравата и коњот. Со тоа започнало времето на сточарството, како и употребата на домашните животни, во прв ред коњите и говедата за влеча.

Каменото време како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Ромеовци од каменото време“ (Stoneage Romeos) - албум на австралиската рок-група „Худу Гурус“ (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[1]

Наводи

  1. YouTube, Hoodoo Gurus (1984) Stoneage Romeos (пристапено на 15.12.2017)
VIII милениум п.н.е.

VIII милениум п.н.е. — илјадалетен период од историјата на светот кој се карактеризира распространувањето на земјоделство на целата Плодната Полумесечина и Анадолија.

Грнчарството станува сеприсутно (независно развиено и во Средна Америка), а сточарството се проширува во Африка и Евроазија. Светското население брои околу 5 милиони луѓе.

Јачмен

Јачменот (науч. Hordeum vulgare) се смета за еден од најстарите житарки во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели.

Јачменот се дели на три врсти:

дворедни (-{Hordeum distichum}-), кои најмногу служат за производство на пиво

повеќередни (-{Hordeum polystichum}- и -{Hordeum vulgare}-);

преодни (-{Hordeum intermedium}-)

Археолошко наоѓалиште

Археолошко наоѓалиште или археолошки локалитет — место на кое се откриени на археолошки остатоци од човекови дејности во минатото. Стручно утврдените и заведени наоѓалишта обично се сметаат за културно-историско наследство. За дејноста на местото сведочи присуството на артефакти, структурни елементи, употреба на земјиштето и други отстапувања од природната околина. Остатоците можат да се пронајдат со набљудување на земјиштето или пак, ако местото е закопано, со подземно испитување.

Многу наоѓалишта се откриваат случајно. Најчесто првите откривачи се земјоделците, орајќи по нивите. На второ место се земјишните зафати при изградба или други предвидени дејности во месности кои се веќе познати како историски значајни. При наидувањето на наоѓалиштето, местото најпрвин се документира, а ископувања се отпочнуваат ако се располага со средства и време. Во случај на градежни работи, истражувачките работи треба да се предвидени во рамките на севкупните вложени средства.

Брањате

Брањате или Брајнат (грчки: Νέα Νικομήδεια, Неа Никомидија, до 1953 г. Μπρανιάται, Брањатe, Μπρανιάτας, Брањатас) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Селото е познато по блиската населба од младото камено време — една од најстарите во Европа.

Железно време

Како хронолошка одредница за почетокот на железното време се земаат последните векови од вториот милениум пне., те. околу 1200 г. пне. Оваа дата е во врска со значајните претумбации кои во тој период го потресле поголемиот дел од медитеранскиот простор т.н. егејски преселби. Поместувањето трае отприлика се до VIII век пне. кога настанува дефинитивно стабилизирање на племињата во географски аспект.

Историја

Историја е поим што означува сознанија за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Македонија во младото камено време

Најраните траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат уште од далечното младо камено време (неолитот). Според археолошките наоди во овој период луѓето веќе имале постојани живеалишта и се занимавале со примитивно земјоделство проширено од анадолското подрачје кон Балканот, а се среќава и почетно сточарство. Изработувале примитивни домашни ракотворби и се занимавале со грнчарство. Тоа било време кога овие пражители на Македонија го напуштале дивјаштвото и навлегле во поразвиениот период на варварството.

Најпознато наоѓалиште од овој период е Вршник кај с. Таринци, (Штипско). Тие луѓе главно се занимавале со земјоделство, а користеле мазнети камени секири и праќа, од која исфрлале јајчести камени топки од глина. Користеле и глинени садови со повеќе ногалки.

Неолитот во Пелагонија е познат по повеќе наоѓалишта од Велушко - породинската група, која се одликува со камени, коскени орудија и глинени предмети, од груба до орнаментирана керамика и садови жртвеници сврзани за култот и религиозните верувања. Слични наоѓалишта откриени се и во Охридско.

Кога Македонија ја зафатиле миграциите од среднојадранските области, тоа довело до формирањето на таканаречената Трнска група во Пелагонија, според наодите во Трн, каде е пронајдена разновидна орнаментирана керамика.

А од преодниот период меѓу неолитот (младо камено време) и бронзеното време (од метално време) во Пелагонија се наодите во Шуплевац - Бакарно Гумно. Во тој период започнале продирањата на индоевропските племиња од руските степи (Карпатските области) преку Поморавјето до Македонија. Во повеќе бранови тие продреле и во Пелагонија, од кое време се наодите во Карамани, Црнобуки, Висок Рид (кај Букри) и Висои (кај Ново Змирнево).

Младо камено време

Младо камено време (ново камено време или неолит) — поим со кој Џон Лубок во 1865 ја означил епохата карактеризирана со појавата на првите праисториски заедници чијшто опстанок се базирал производството на храна, која како доминантна стратегија на опстанокот, може да се смета како карактеристика на младото камено време.

Во науката е познато дека младото камено време е првата најзначајна и по својот карактер најреволуционерна етапа од културно-историскиот развиток на човештвото. Со појавата на земјоделствотото и припитомувањето, настанале наполно нови промени во изборот на животната средина, начинот на живеење, стопанисувањето, материјалната култура и во општественото уредување. Човекот во овој период сите живеалишта и населби ги подигал на терени богати со плодна земја, вода, пасишта и шуми, во средини со оптимални услови за земјоделство и сточарство, т.е. за организирано стопанисување.

Внатрешните односи подредени на општите интереси за благосостојба и опстанок, се со посебен углед и општествен статус кои ги стекнала жената. Како родилка и мајка таа е носител на биолошката репродукција, одржувањето на семејството и определувањето на потомството. Затоа нејзината функција била поистоветена со функцијата на култот на плодноста, култот на Големата Мајка богинка, на што укажуваат фигурите од печена земја, чија иконографија привлекува посебно внимание.

Во рамките на домот отпочнало ракотворењето на предмети за секојдневни потреби, кое постепено прераснало во занаетчиство (ткаење, плетење, обработка на кожа, орудија и слично). Најразвиено било производството на керамиката т.е. грнчарството. Предметите говорат за голема продукција, совршена технолошка обработка, разновидни облици како и орнаментика со уметнички вредности. Садовите биле правени од печена земја, рачно без грнчарско колце, во облици и димензии зависно од намената. Едни биле за чување на храна, други за готвење на јадење, пиење итн. а постоеле и садови за религиозни обредни цели.

Од досега евидентираните неолитски населби чија концентрација е понагласена во котлинските предели, таа бројка е необичо голема за овој период во Македонија. Таа упатува на густа населеност која најверојатно произлегувала од динамичните општествени промени и се поголемиот наталитет на населението. Според стратиграфските податоци и наодите, откриени со скромните и невоедначени истражувања, сите населби се повеќе слојни. Живеалиштата биле обновувани по два или повеќе пати, едни врз други, во хронолошки континуитет.

Неолитска архитектура

Неолитската архитектура е архитектонски стил од периодот на неолитот. Во југозападна Азија, неолитската култура се појавила уште во 10000 п.н.е. пред се во Левант од каде започнала и источната односно западната култура. Веќе во околу 8000 п.н.е. раната неолитска култура се појавила и во југоисточна Анадолија, Сирија, денешен Ирак. Во југоисточна Европа оваа култура се појавила во околу 7000 п.н.е., и во централна Европа во 5500 п.н.е. Во западна Европа како една од најпознатите градби од оваа епоха е Стоунхенџ во Англија.

Овие мегалити и храмови во ногу случаи во неолитот се користеле како гробници или религиозни објекти. Најстариот мегалитски храм во историјата е Гантија на малтешкиот остров Гоцо. Неолитските Stilt домови се среќаваат во денешните држави Шведска и Австрија.

Народот којшто живеал на просториите на Левант главно како градежен материјал за изградба на куќи или некои објекти ја користеле глината. На некои куќи имало обичаи да се наслика некое животно или човек.

Најдобри примери за неолитската архитектура се:

Ерихон во Палестина, кој датира од 8350 п.н.е.

Чатал Хејук во Турција, која датира од 7500 п.н.е.

Мехгарх во Јужна Азија, која датира од 7000 п.н.е.

Гёбекли Тепе во Турција, која датира од 9000 п.н.е.

Невали Кори во Турција, која датира од 8000 п.н.е.

Плеистоцен

Плеистоценот е епоха која на геолошката скала го опфаќа периодот од 1.808.000 до 11.550 година пред денешно време. Плеистоценот треба да ја опфати најблиската ера пропратена со низа глацијални промени. Името плеистоцен потекнува од грчките зборови πλεῖστος (плеистос „најмногу“) и καινός (каинос „ново“).

Плеистоценот се надоврзува на плиоценот и е претходник на холоценската епоха. Плеистоценот е третиот период во неогенот, односно шестиот во кенозојската ера. Крајот на плеистоценот се поистоветува со крајот на палеолитската доба во археолошки рамки.

Порече

Порече (Поречие, Поречје) — етногеографска област во западниот дел на Македонија, долж течението и целата долина на реката Треска од двете нејзини страни.

На север областа се граничи со Скопската Котлина,

на исток со областа Азот и поширокиот велешки регион,

на југоисток со Прилепското Поле,

на југ со Крушевско,

на југозапад со Кичевско и областа Копачка, а

на северозапад се граничи со Полошката Котлина односно со Гостиварско и Тетовско.Од сите страни областа е заградена со планини и тоа,

на север со Сува Планина (1.964 м),

на запад со планините Сува Гора (1.857 м), Челоица (2.061 м) и Песјак (1.917 м),

на југ со Бушева Планина (1.788 м) на која се наоѓа превалецот Барбарас кој ги двои Поречието и Прилепското Поле, а

на исток е оградена со масивот на Мокра Планина (Солунска Глава) односно планините Даутица (2.178 м) и Караџица (2.473 м).Релјефно, целата област е котлина, односно ја опфаќа долината на реката Треска.

Административно целата област е во составот на Општина Македонски Брод (од 1996 до 2004 година беше поделена помеѓу општините Македонски Брод и Самоков).

Праисторија

Праисторија претставува временски период кој трае од појавата на човекот до појавата на некои од првите писма.

Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, енеолитот бронзеното и железното доба.

Сумер во Месопотамија, долината на Инд и древниот Египет биле првите цивилизации кои развиле свои писма и ги зачувале историските записи. Ова се случило веќе во младото бронзено доба. Првите што следеле биле соседните цивилизации. Повеќето други цивилизации го достигнале крајот на праисторијата во железното време. Трипериодниот систем на праисторијата (камено време, бронзеното време и железното време), останува да се применува за голем дел од Евроазија и Северна Африка, но не се применува во оние делови од светот како што се Америка, Океанија, Австралија и поголемиот дел од Субсахарска Африка каде што изработката на тешките метали пристигнала нагло при контакти со евроазиските култури.

Овие области, освен некои случаи кај предколумбовските цивилизации во Америка, не развиле комплексни системи за пишување пред доаѓањето на Евроазијците, а нивната праисторија достигнува во релативно понови периоди.Периодот кога културата е напишана од други, но не развила свое пишување, честопати е позната како протоисторија на културата. По дефиниција, од човековата праисторија нема пишани документи, па од суштинско значење е датирањето на праисториските материјали. Техниките за датирање не биле добро развиени до 19-тиот век.

Протоисторија

Протоисторија е геолошки период кој се однесува на епохата распространета меѓу праисторијата и историјата, во текот на кој култура или цивилизација која сѐ уште нема развиено посебно писмо, но за која е забележано дека постои во пишувањата на други култури. На пример, во Европа, Келтите и германските племиња стануваат протоисториски во мигот кога почнуваат да се појавуваат во записите на Грците и Римјаните.

Ран палеолит

Наоѓалиштата од раниот палеолит (пред 2,6/2,3 милиони до 128.000 години) потекнуваат од крајот на терцијерот (плиоцен) и периодот на долниот и средниот плеистоцен. Најстаријте орудија за работна и друга намена припаѓаат на културата ОБИНТАКА (пред 2,6/2,3 милиони до 700.000 години) и потекнуваат од локалитети долж јужно афричката пукнатина ( Хадар, Олдувај, Мелка-Кунтуре). Фосилни остатоци на австралопитек, хомохабилис и првиот хомоеректус, исто така потекнуваат од оваа област, па затоа таа се смета за колевка на човештвото.

Средно камено време

Средно камено време или мезолит — поим со кој Х.М. Веструп во 1872 г. го означил периодот на ловечко-собирачките заедници и нивната материјална култура од крајот на леденото доба или плеистоценот (10 000 год. п.н.е.), до појавата на земјоделството, т.е. младото камено време (неолит), во раниот и среден холоцен. Овој период понекогаш се означува и со поимитеепипалеолит и протонеолит.

Ги вклучува сите културите коишто хронолошки може да се сместат помеѓу културите на доцниот палеолит и неолитот. Истражувањата вршени во последните дваесеттина години го покажуваат тоа дека мезолитот и не мора да биде општо прифатена етапа во развитокот на човештвото. Мезолитната етапа пред се се однесува за Северна и Средна Европа. Долната граница која се определува со геоклиматски критериуми е поврзана со границата плеистоцен/холоцен, додека горната граница на мезолитот се определува со економскиот репер - појавата на производствена економика во следната етапа од праисторијата – неолитот.

Самото стопанство во мезолитот претставува веќе познат начин на економија, како што е присвојувањето, со една мала разлика, што тука ловот, собирањето и риболовот се поврзани пред се со експлоатација на шумските ресурси и водените басени. Тоа доведува и до промена во начинот на ловење, па оттука и до промена на големината на орудијата и начинот на нивното добивање.

Технолошките иновации во материјалната култура се состојат во целосна или делумна микролитизација и геометризација на големиот број камени делкани индустрии, што се огледува во појавата на нови типови на камено и коскено оружје и орудија од рог (секири, мотики, српови, јадици, мрежи, стапици), садови, (керамика), транспорт (скии, [[Санка|санки]).Меѓу другото исто така почнува и масовно да се употребува и лакот.

Почнуваат да се појавуваат и некои облици на култивирање и доместикација на одредени растителни (цералии) и животински врсти (куче). Ваквите заедници понекогаш се нарекуваат и протонеолитски заради карактеристиките кои подоцна ќе се исполат.

Сега веќе времето на големите ловечки заедници од старото камено време (палеолит) е поминато. Во мезолитот ловот се распаѓа кога одделни ловци ловеле на начин којшто е поблизок до тој на американските трапери. Мезолитот е сврзан и со обидите на палеолитските групи од Северна и Средна Европа да се приспособат кон новите услови на живот што настапиле со затоплувањето на климата кон крајот на плеистоценот и почетокот на холоценот. Тоа биле групи кои пред се биле доста конзервативни во својот развиток и живееле претежно во шумска средина.

Во некои делови од Европскиот континент коишто не биле зафатени со последното заледување, не постојат големи климатски промени помеѓу плеистоценоти холоценот, па следствено на тоа се случува да одделни палеолитски групи опстанат како такви се до неолитот.

Во мезолитот на Европа воглавном преовладуваат две култури именувани по епонимните локалитети во Франција, а тоа се тарденоазиен и кастелновиен. Тарденуазиенот е мезолитска култура која се развива од средината на бореалот до средината на атлантикот (~средина на 7 до средина на 6 милениум пред н.е.) опфаќајќи го пред се регионот на континентална Европа. Тука спаѓаат Франција, Белгија, Холандија, Швајцарија, Германија и Шведска, каде тој се јавува во повеќе регионални фациеси и представува супстрат на повеќето доцнопалеолитски култури во регионот на западна и средна Европа.

Старо камено време

Старо камено време или палеолит е термин со кој Л. Лубок во 1865 година ја означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Материјалната култура на овој период ја оствариле мали човечки заедници (едно или неколку семејства), чиj опстанок се базирал на ловечко - собирачки начин на живеење. Мобилноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во Пештерапештерите, поткарпите, или на отворен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Со оглед на геолошката старост на слоевите во кои таквите остатоци се најдени, како и на технолошкиот начин на изработка на орудијата од делкани, најчесто силикатни карпи и минерали, животински коски и рогови, изведена е традиционална поделба на палеолитот на ран, среден и доцен палеолит.

Трипериоден систем

Трипериодниот систем е израз што го објаснува начинот на кој се врши периодизацијата на човечката праисторија - во три различни периоди, наречени според името на материјалот кој имал доминанта употреба во соодветната епоха:

Камено доба

Бронзено доба

Железно добаСистемот е најдобар при опишувањето на развитокот на европските култури, иако исто така се користи и при објаснувањето на историјата на останатите континенти. Сепак, системот е и доста критизиран, поради тоа што е премногу технолошки детерминиран.

Холоцен

Холоценската епоха е геолошки период, кој започнува приближно 11.550 календарски години пред денешно време, односно околу 9600 п.н.е.) и истата продолжува до денес. Холоценот е дел од неогените и квартерни периоди. Неговото име доаѓа од грчките зборови ὅλος (холос, сосема или потполно) и καινός (каинос, ново), со комбинирано значење „сосема блиско, ново“.

Холоценот уште го носи и името „алувиумска епоха“, но ова име е веќе подзаборавено.

Човек

Кончести Човек (множина: луѓе) е вид на животно кое систематски е познато како Homo sapiens (латински: свесен човек), и е единствениот преживеан член на родот Homo од двоножните примати во Hominidae, фамилијата на големи човеколики мајмуни. Сепак, во некои случаи, зборот „човек“ се користи за означување на било кој член од родот Homo.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.