Кало

Кало (шпански изговор: [kaˈlo]; каталонски изговор: [kəˈɫo]; галициски изговор: [kaˈlɔ]; португалски изговор: [kɐˈlɔ]) — јазик кој го зборуваат Ромите на Пиринејскиот Полуостров. Тој е мешан јазик, со иберороманска граматика и адстратум на ромски зборови како резултат на јазичната асимилација на ромската заедница, и во ромската лингвистика се среќава и како „пара-ромски јазик“. Кало често се користи како арго, таен јазик, на којшто општат Ромите на Пиринејскиот Полуостров. Каталонскиот, галицискиот, португалскиот и шпанскиот кало се слични варијанти кои имаат заднички корен.[2]

Шпанскиот кало, или шпанскиот ромски јазик, првобитно бил познат како „зинкало“; додека португалскиот кало, или португалскиот ромски јазик, е познат и како „лузитански ромски“.

Кало
Застапен воШпанија (пред сè Андалузија), Португалија, Франција, Бразил
Говорнициоколу 70.000[1]  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3rmq

Класификација

Movimiento gitano
Историско населување на Ромите во Европа

Кало претставува мешан јазик. Јазичарите пронашле околу 300 до 400 зборови со потекло од ромскиот јазик, при што во речникот на испитаните поединечни говорници биле забележани најмногу до 100 од овие зборови. Ромскиот дел од јазикот потекнува од јазикот на Калдерашите, кои главно се занимавале со бакарџиство и калајџиство. Преовладувачкиот преостанат дел од јазикот потекнува од романските јазици кои се зборуваат на Пиринејскиот Полуостров, каде што говорниците на кало живееле уште од 15. век. Врз основа на тоа, говорник на кало не би можел да се разбере на ромски јазик со Ром од Источна Европа поради тоа што кало се има премногу оддалечено од ромскиот јазик. Романското влијание врз јазикот главно потекнува од шпанскиот јазик, а особено од варијантите на јужниот андалузиски дијалект. Во различни региони на Пиринејскиот Полуостров, сепак, се зборуваат различни варијанти на кало, кои произлегле од соодветните локални ромски јазици. Постојат каталонски, галициски, португалски и шпански кало, додека во Новиот свет се среќава и бразилски кало. Во Баскија се зборува посебен ромски јазик наречен „Ероминчела“, којшто на шпански е познат и како „баскиски кало“ (шпански: Caló Vasco). Ероминчела всушност претставува мешан јазик меѓу ромски и баскиски и има само ограничен степен на ромски влијанија.[1][2]

Андалузискиот кало содржи бројни застарени форми во шпанскиот, како на пример „voseo“ (учтиво обраќање за „Вие“). Како и кај многу други јужношпански варијанти, во андалускиот кало отсуствува разликата меѓу „s“ [s] и „z“ [θ] којашто е карактеристична за шпанскиот јазик (позната како „цецео“ наспроти „сесео“).

Број на говорници

Кало е загрозен јазик, чиј број на говорници од генерација на генерација се намалува, при што младите Роми го прифаќаат јазикот на мнозинското население и познаваат саму некои зборови од кало. Во моментов, бројот на говорници на кало се проценува на околу 70.000, од кои 40.000 живеат во Шпанија и меѓусебно се поделени како говорници на шпански и каталонски кало. Во Франција живеат околу 15.000 говорници, кои зборуваат шпански или каталонски кало, вклучувајќи ги и тамошните говорници на Ероминчела. Во Португалија живеат околу 5.000 говорници на португалскиот кало, додека во Бразил нивниот број изнесува околу 10.000.

Позајмени зборови од кало

Во шпанскиот и каталонскиот јазик се имаат одомаќено многу зборови од кало, од кои некои станале дел од стандардниот јазик, а некои се употребуваат во жаргон. Примери се зборовите: gachó (со значење "човек"), chaval (со значење „момче“, „младич“ или првобитно „син“), parné (со значење „пари“), chorar (со значење „краде“), currelar или currar (со значење „работи“), fetén (со значење „одлично“, „супер“), molar (со значење „се допаѓа“), pinrel (со значење „стапало“), biruji (со значење „студено“), piltra (со значење „кревет“), churumbel (со значење „дете“, „бебе“), sacais (со значење „очи“), pitingo (со значење „вообразено“), camelar (со значење „сака“), chola (со значење „глава“), lache (со значење „одмазда“), galochi (со значење „срце“) и други.

Во каталонскиот јазик може да се сретнат следните зборови со потекло од кало: halar (со значење „јаде“), xaval (со значење „момче“, „младич“), dinyar(-la) или palmar(-la) (со значење „умира“), cangueli (со значење „се плаши“), paio (со значење „неромски“), calé (со значење „пари“), cangrí (со значење „затвор“), pispar или birlar (со значење „климнува со глава“), xorar или mangar (со значење „краде“), molar (со значење „сака“), pringar (со значење „надминува“), pirar(-se) (со значење „напушта“, „ретко се појавува“), sobar (со значење „спие“), privar (со значење „пие“), xusma (со значење „вулгарен човек“), laxe (со значење „срам“), catipén (со значење „смрди“), xaxi (со значење „одлично“, „супер“), xivar-se (со значење „некого советува“, „поткажува“), xivato (со значење „поткажувач“), xinar(-se) (со значење „се возбудува“), fer el llonguis (со значење „се прави глупав“), potra (со значење „среќа“) и други.

Кало во фламенкото

FlamencoSevilla
Фламенко во Севлија

Со својот речник и фразеологија, кало е еден од најважните извори на текстови за фламенко-песните. Овој музички стил којшто настанал во јужна Шпанија потекнува од Ромите на Пиринејскиот Полуостров и ширум светот е најпознат облик за претставување на нивната култура. Дека на фламенкото не се гледа само како на ромска музика, туку како дел од традиционалната јужношпанска народна музика на сите етнички заедници, сведочи и развојот на посебен фламенко-речник. Во него се среќаваат зборови и фрази, коишто не постојат во стандардниот шпански јазик, а сепак се дел од многу фламенко-текстови и во најголем број потекнуваат од кало, но делумно и од маврскиот арапски и јудеошпанскиот. Одредени зборови, кои во секојдневниот говор имаат потценувачко значење, во јазикот на фламенкото може да имаат поетско и емоционално, особено повикувачко значење. Така на пример, зборот camelar во фламенкото се користи за „љуби“, „обожува“ и „копнее“, а зборот mangar за „бара“ и „моли“.

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Informationen über Caló на Ethnologue.com
  2. 2,0 2,1 Adiego, I. Un vocabulario español-gitano del Marqués de Sentmenat (1697-1762) Ediciones Universitat de Barcelona (2002) ISBN 84-8338-333-0.

Надворешни врски

Јули

Шаблон:Јули 2019

Јули или Златец е седмиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.

Бакропис

Бакропис (француски: l'eau-forte, германски: radierung, англиски: etching) — графичка техника длабок печат, во која матрицата се подготвува за печатење со помош на хемиско нагризување.

Ернест Теодор Хофман

Ернест Теодор Амадеус Хофман (24 јануари 1776 - 26 јуни 1882) бил германски писател, композитор, цртач, судија и професор по музика. Во своите фантастични раскази, тој го сликал животот на соништата, хипнозата, телепатијата и стравот. Неговите дела влијаеле врз многу писатели, како што се: Балзак, Едгар Алан По, Франц Кафка и други.

Кало Обаси

Кало Обаси или Калјомбаси е село во Егејска Македонија, Република Грција.

Карло Ќелавиот

Карло Ќелавиот (13 јуни 823 – 6 октомври 877) — крал на Западна Франкија (843–77), крал на Италија (875–77) и цар на Светото Римско Царство (875–77, како Карло II). По низата граѓански војни за време на владеењето на неговиот татко, Лудвиг Побожниот, Карло според Вердунскиот договор (843) со што го стекнал во владение западниот дел од Франкиското Царство. Тој бил внук на Карло Велики и најмладиот син на Лудвиг Побожниот од неговата втора сопруга, Џудита.

Кожани (општина)

Кожани (грчки: Δήμος Κοζάνης, Димос Козанис) — општина во Кожанскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Кожани.

Кум (филм)

Оваа статија се однесува на филмот Кум, за други значења погледнете Кум (појаснување).

Кум (англиски: The Godfather) е американски филм од 1972 година, снимен според истоимената книга на Марио Пузо. Филмот е во режија на Фрaнсис Форд Копола, кој исто така е автор на сценариото, заедно со Марио Пузо. Главните улоги ги толкуваат: Марлон Брандо, Ал Пачино, Дајан Китон, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Ричард Кастелано, Џон Казале итн. Филмот имал голем успех кај филмската критика и вообичаено котира високо на многу списоци со најдобрите филмови на сите времиња: трето место според Американскиот Филмски Институт, второ место (со оцена 9.1 од 10) на списокот на „најдобри 250 филмови“ според ИМДБ итн. Во 1973 година, филмот имал 11 номинации, а освоил три награди „Оскар“, во категориите: најдобра фотографија, најдобар актер (Марлон Брандо) и најдобро адаптирано сценарио. Истата година, филмот освоил пет награди „Златен глобус“, една награда на БАФТА и една награда „Греми“ (Нино Рота, за најдобра музика). Вкупно, филмот освоил 26 награди.

Лорена

Лорена (француски: Lorraine) или Лотарингија (лоренски: Louréne; лоренски франконски: Lottringe; германски: Lothringen) е еден од 27-те региони на Франција. Тоа е административен регион со два града со еднакво значење, Мец и Нанси. Мец се смета за официјален главен град и во него се наоѓа регионалниот парламент. Името на регионот е дериват на средновековниот назив „Лотарингија“.

Регионот се состои од четири департмани: Мерт и Мозел, Меза, Мозел и Вогези и содржи 2.337 општини.

Мексико

Мексико, официјално Обединети Мексикански Држави ацтечки: Mexihco Tlacetililli Tlahtohcayotl шпански: ) — федеративна уставна република во Северна Америка. Државата на север се граничи со САД, на југ и на запад излегува на Тихиот Океан, на југоистокот се граничи со Гватемала, Белизе и Карипското Море, а на истокот излегува на Мексиканскиот Залив. Мексико се простира на површина од 2 милиони километри квадратни ( повеќе од 760.000 милји ) со што е петта држава по големина во Америка според вкупната површина и 14-тата најголема независна нација во светот. Со популација од 111 милиони граѓани го зазема 11-тото место според густината на населението во светот а тоа ја прави и најпопуларна Хиспанофонска држава. Мексико е федерација составена од 31 држава и еден Федерален округ, главниот град Мексико Сити.

Во Предколумбиска Мезоамерика (територијата на којашто денес се простира Мексиско) многу од тамошните култури прераснале во напредни цивилизации како што се: Олмеците, Толтеците, Теотиваканите, Запотеците, Маите и Ацтеките пред нивниот контакт со Европејците. Во 1521 година, Шпанија ја освоила и ја колонизирала територијата во Теночтитлан, којашто била сметана за Поткралство Нова Шпанија. Подоцна, истата територија била преименувана во Мексико веднаш по признавањето на независноста во 1821 година. Периодот по прогласувањето на независноста бил окарактеризиран со економска нестабилност, Мексиканско-американската војна, Обединетите Држави отстапиле дел од територијата на Мексико, потоа со, Граѓанската војна, со две кралства и една домашна диктатура. Домашната диктатура кулминирала со Мексиканската Револуција во 1910 година, а потоа и со продолжување на Уставот од 1917 година и откривање на тогашниот политички систем во државата. На изборите во 2000 година за првпат претседателството од Институционално-револуционерната партија го освои опозициската партија.

Мексико е еден од најголемите економски и регионални сили, од 1994 година е првата членка од Латинска Америка во Организацијата за економска соработка и развој(ОЕСР), и полека но сигурно го покачува приходот во државата . Мексико се смета за една од новите индустријализирани држави со големи потенцијали. Го зазема тринаесетото место според најголемиот номинален БДП и единаесетото место според најголемиот паритет на куповна моќ. Економијата е цврсто поврзана со партнерите на Северноамериканската зона на слободна трговија (НАФТА), а особено со Обединетите Нации. Мексико се рангира на петтото место во светот и на првото место во Америка во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО со 31 локација , а во 2007 година беше на 10-тото место според листата на најпосетени држави со 21,4 милиони меѓународни посети.

Ремедиос Варо

Ремедиос Варо Уранга (шпан. Remedios Varo Uranga, 16 декември 1908 - 8 октомври 1963) — шпанско-мексиканска надреалистичка сликарка. Родена е во Шпанија, 1908, умира од срцев удар во Мексико Сити во 1963. За време на Шпанската граѓанска војна пребегала во Париз, каде што била силно повлијаена од надреалистичките струи. За време на нацистичката окупација на Франција, се преселила во Мексико во 1941 година. Мексико го сметала за свое привремено засолниште, но и покрај тоа, останала таму до крајот на својот живот.

Во Мексико се запознала со месните творци Фрида Кало и Диего Ривера, но сепак нејзините најголеми врзувања ќе бидат со луѓе - протерани од сопствените земји и изгнаници , а особено ќе биде забележана нејзината блиска врска со Леонора Карингтон. Нејзината последна значајна врска ќе биде со Австриецот Валтер Груен,кој престојувал во некои концентрациони логори, и подоцна побегнал од Европа. Груен бескрајно и верувал на Варо и и давал безрезервна поддршка за да твори усилено.

Во делата на Ремедиос Варо, насликани после 1949, се гледа нејзиниот впечатлив и зрел стил, препознатлив и длабоко енигматичен. Често работела во маслена техника и масонитни плочи, кои ги подготвувала сама.

Умрела кога била на самиот врв на нејзината кариера.

Сува игла

Сува игла - (француски: pointe-sèche, германски: Kaltnadelradierung, англиски: dry point) - графичка техника од длабок печат, во која со механичка постапка директно се гравира во метална плоча, карактеристична е по своите раскошни и прецизни линии.

Триесетгодишна војна

Триесетгодишната војна претставува еден од најголемите воени конфликти од европската историја. Триесетгодишната војна била војна која траела од 1618 до 1648 година. Поголемиот тек од војната се водела на територијата на денешните држави Германија и Чешка. Во војната биле вклучени односно учествувале најголемите европски континентални сили. Иако во почетокот војната имала верски и религиозен карактер помеѓу Протестантите и Католиците, сепак ривалството помеѓу хабсбуршката династија и останатите сили имала централна улога, кое се гледа по влегувањето на Франција во војната и тоа на страната на Протестантите.Војната, која траела триесет години придонела до создавање на голем глад и болести помеѓу населението и намалување на населението на Германија, Ниските Земји и Италија. Оваа војна завршила со потпишувањето на Вестфалскиот договор, од кој Германија можеби најмногу пострадала, Шпанија ослабнала а Франција станала доминантна сила во Европа. По крајот на војната било ставено крај на подемот на хабсбуршката династија, зголемување на силата на Бурбонската династија и Шведската империја.

Фрида (филм)

Фрида (англиски: Frida) е филм во режија на Џули Тејмор, а со Сeлма Хаек и Алфред Молина во главните улоги.

Фрида Кало

Фрида Кало (шпански: Frida Kahlo), чие целосно име било Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон (Magdalena Carmen Frida Kahlo y Calderón; 6 јули 1907 – 13 јули 1954) — истакната мексиканска сликарка, најпозната по нејзините автопортрети.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.