Источноромански јазици

Источноромански јазици или познати како влашки јазици се група на романски јазици кои се развиле во југоисточна Европа, како првични варијанти на латинскиот јазик.

Источноромански јазици
Географска
распространетост:
Источна Европа (Балкан)
Класификација:индоевропски
Гранки:
Map-balkans-vlachs

Карта на Балканот населен со Романци/Власи.

Јазици

Истроромански јазик

Истроромански е источноромански јазик што е зборуван од неколку жители на две села на полуостровот Истра во Хрватска. Порано се зборувал на поголема територија на североисточно. Луѓето се нарекуваат себеси Vlahi, Rumeni, Rumêri или Rumâri но денес исто така се нарекуваат и според околните планини па така имаме Ćići (Ќиќи) и Ćiribiri (Ќирибири). Тие се поделени во две групи и тоа: Ќиќи околу Жејане и Влахи околу Шушњевица.

Мегленоромански јазик

Мегленороманскиот (локално познат и како Vlăheşte ) е романски јазик кој е сличен со аромански јазик и со романски јазик. Често се смета за дијалект на романскиот јазик. Јазикот се зборува во неколку села во мегленско во Егејска Македонија и во Македонија, но и во Турција и Романија. Јазикот се смета за загрозен јазик.

Молдавски јазик

Молдавскиот јазик (limba moldovenească, лимба молдовеняскэ) е името на официјалниот јазик во Молдавија , кој според најголем број лингвисти е дел од романскиот јазик. Молдавскиот јазик е сличен со североисточните дијалекти во Романија и двете земји имаат ист правопис. За време на СССР, молдавскиот се пишувал со кирилица, која денес не е во уптреба, освен во Приднестровие. Молдавската кирилица била различна од романската кирилица бидејќи првата се базирала на руската азбука.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.