Зелка

Зелка е ливкасто зелено или виолетово двегодишно растение, растено како едногодишно растение за своите глави со густи листови. Има потекло од дивата зелка, Brassica oleracea, и е тесно поврзана со брокулата и карфиолот. Зелките генерално тежат од 0,5 до 4 килограми, и можат да бидат зелени, виолетови и бели. Во услови на долги сончеви денови, како во високи северни предели во лето, зелките можат да растат многу поголеми.

Зелката најверјоатно била доместицирана некаде во Европа пред 1000 година пред нашата ера. До Средните векови, зелката станала важен дел од Европска кујна. Зелките генерално се берени во првата година од животниот циклус на растението, но растенија наменети за добивање на семиња се дозволени да растат до втората година, и мора да се чуваат одвоени од други растенија од истата сортна група, за да не се случи накрсно опрашување.

Зелка
Cabbage and cross section on white
Бела зелка, цела и во надолжен пресек
ВидBrassica oleracea
Сортна групаCapitata
ПотеклоЕвропа, пред 1000 година п.н.е.
Вељуса

Вељуса е село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Габа

Габа — еукариотски организам што ја дигестира храната екстерно и ги апсорбира хранливите молекули во нејзините клетки. Габите се многу значајни економски: квасецот е одговорен за ферментацијата на пивото и лебот и фармите со печурки се голема индустрија во некои земји. Габите се основни разградувачи на мртвите растенија и живата материја во многу екосистеми, и вообичаено можат да се видат во стар леб како мувла. Но, комплексната биологија на габите се проширува многу повеќе од ова вообичаено знаење за нив.

Зеленчук

Зеленчук — кулинарски поим за јадлив дел од некое растение. Оваа дефиниција се темели на обичај, а не на научни сознанија. Таа е донекаде произволна и субјективна, бидејќи поединечните култури имаат разни обичаи на исхрана и приготвување.

Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук.

Меѓутоа печурките, иако членови на царството на габите, сепак се општоприфатени во малопродажбата како зеленчук.

Оревите, семките, житарките и билките и зачините обично не се сметаат за зеленчук, со исклучок на пченката, иако сите тие се делови од растенија.

Општо земено, готвачите го употребуваат зеленчукот за солени јадења, иако постојат повеќе исклучоци како пита со тиква и колач од ревен.

Некои зеленчуци како морковот, пиперките и целерот се јадат или живи или зготвени; додека други како компирот се јадат само зготвени.

Зелки

Зелки или синапи (науч. Brassicaceae, syn. Cruciferae) — семејство со преку 330 родови и околу 3.700 видови (според податоците на Кралските ботанички градини во Кју). Името Brassicaceae е изведено од родот Brassica. Cruciferae е постаро име кое значи крстоцветни растенија, бидејќи четирите венечни ливчиња од цветот се распоредени во вид на крст. Меѓутоа, според МКБН, и двете имиња можат да се употребуваат.

Најголеми родови од ова семејство се Draba (365 видови), Cardamine (200 видови, но местото на овој род е нејасно), Erysimum (225 видови), Lepidium (230 видови) и Alyssum (195 видови).

Семејството ги содржи некои од добро познатите растенија, како Brassica oleracea (дива зелка), Brassica rapa (репка), Raphanus sativus (ротква), Cochlearia armoracia (рен), Brassica nigra (црн синап), Sinapis alba (бел синап), Arabidopsis thaliana (познат моделен организам во генетиката) и многу други. Зелкоцветните растенија се космополити, но сепак се концентрирани во северните умерени региони, а го достигнуваат своето максимално распространување по Средоземјето.

Зелковидни

Зелковидните (науч. Brassicales) се ред на цветни растенија од групата еврозиди II на дикотиледонските растенија според системот APG II. Заедничка особина на сите негови членови е тоа што прават соединенија на глукозинолат (синапово масло). Во некои класификации, редот се нарекува Capparales.Во редот спаѓаат следниве фамилии:

фамилија Akaniaceae

фамилија Bataceae - грмушки од Америка и Австралазија отпорни на сол

фамилија Brassicaceae (Зелки) - синап и зелка) (може да ги вклучува и Cleomaceae)

фамилија Capparaceae (лубеничарки, понекогаш во Brassicaceae)

фамилија Caricaceae (Папаи)

фамилија Gyrostemonaceae

фамилија Koeberliniaceae

фамилија Limnanthaceae

фамилија Moringaceae - тринаесет видови на дрва од Африка и Индија

фамилија Pentadiplandraceae

фамилија Resedaceae (Резеди)

фамилија Salvadoraceae

фамилија Setchellanthaceae

фамилија Tovariaceae

фамилија Tropaeolaceae (Латинки)Во постариот Кронквистов систем, Зелковидните се нарекувале Capparales и се вбројувале во „Dilleniidae“ и влегувале само фамилиите Brassicaceae и Capparaceae (како засебни фамилии), Tovariaceae, Resedaceae и Moringaceae. Другите таксони биле сместени во други редови.

Зелник

Зелник — традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со сирење, јајца, праз, киселец или мелено месо. Во текот на зимскиот период, зелникот може да биде исполнет со зелка или спанаќ. Зелникот обично се послужува топол и со јогурт.

Освен во македонската, зелникот се среќава и во кујните на другите балкански земји.

Карфиол

Карфиол (Brassica oleracea var. botrytis) - една од одгледуваните сорти на дива зелка. Името потекнува од италијанскиот збор cavoli fiori.

Кинеско зелје

Кинеско зелје (бок чој или пак чој, кинески: 上海青; науч. Brassica rapa subsp. chinensis) — сорта на репка мошне присутна во кинеската кујна. Не образува главичка и има мазни темнозелени листови набрани во сноп. Особено е застапена јужна Кина и Југоисточна Азија. Бидејќи е издржлива на студ, се одгледува и во северна Европа. Денес сочинува сортна група заедно со кинеската зелка, која порано се сметала за посебен вид под називот Brassica chinensis, даден од Карл Линеј.

Козјак (Мариово)

Ова е статија за планината во областа Мариово во Јужна Македонија. За планината во областа Козјачија во Северна Македонија, видете Козјак (Козјачија). За други значења на поимот „Козјак“, видете на појаснителната страница.Козјак — средновисока планина која се наоѓа во областа Мариово во јужниот дел на Македонија. Се наоѓа меѓу планините Ниџе и Кожуф, издигнувајќи се од левата страна на Рожденска Река и Блаштица, а се протега од Црна Река на север во меридијански правец сѐ до македонско-грчката граница на југ.

Поточно, таа се јавува како северно отклонување и огранка на целиот планински масив на Ниџе и Кожув и со своето протегање таа воедно ги дели прилепскиот и тиквешкиот (кавадаречкиот) дел на Мариово. Билото кое е голо и доста заоблено има меридијански правец на протегање од север кон југ, со највисок врв Балтова Чука (1.823 м). Северно веднаш до него се наоѓа нешто понискиот врв Перум (1.807 м), додека на север е појасно издадениот врв Перун (1.703 м), а во северниот дел се исто така и врвовите Дуров Камен (1.569 м), Мешник (1.470 м) и Зелка (1.426 м), додека на самата граница со Грција е врвот Голем Козјак (1.814 м).Самата планина има поголема разгранетост кон запад каде се наоѓа гребенот Скрка со врвот Панделе висок 1.344 метри. Меѓу превоите најзначаен е Трибор (1.406 м) преку кој комуницираат прилепскиот и кавадаречкиот дел на Мариово. Во тектонско-геолошки поглед претставува синклинала составена од гнајсеви, микашисти, со гранитоидни тела и мермери. Планината изобилува со многу шума каде што особено многу е застапен црниот бор.

Копар

{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Шаблон:Автотаксономија/Anethum|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} Копар (Anethum graveolens) — едногодишно растение со краткотраен живот, кое се користи како зачин и како дел од некои лекови. Уште Старите Римјани сметале дека коперот има мистериозна, чудесна моќ. Старите Грци ја гореле за да добијат ароматично масло од копра. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копра за да бидат силни и издржливи. Во древниот Вавилон коперот служел како лек. Голема популарност копарот добил во текот на 16 век во Фиренца и Болоња за време на Катарина Медичи. Копарот бил користен и како составен дел во подготовката на љубовен напиток, а исто така и во спречувањето на црна магија.

Свежиот копар има силна арома и слатка, зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички, стерилизирани краставици, таратор. Тој е погоден за зачинување на риба, јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка), на лиснати супи. За Швеѓаните, копарот е национален зачин.

Општина Струмица

Општина Струмица — општина во наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општина Босилово, на запад со Општина Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54 676 жители.

Подварок

Подварок — јадење од традиционалната македонска кујна, кое се прави од ситно сечкана поткиселена зелка (расол) и се пече односно запекува во тава. Може да се комбинира и пече и со парчиња месо како: свинска коленица, мисирка и др. Подварокот е јадење кое се прави во зимскиот период.

Расол

Расол или кисела зелка – прехранбен производ кој се добива од зелка со ферментација со разни бактерии, меѓу кои се Leuconostoc, Lactobacillus и Pediococcus..

Расолот има долг рок на траење и карактеристично кисел вкус кој доаѓа од млечната киселина настаната со бактериската ферментација на шеќерот во зелката.

Редосеалка

Редосеалка — земјоделска машина која се користи за сеење во изорани редови и леи како и за садење и пресадување садници во земја. Се користи за садење на груткасти и репкасти растенија (пр. компир), главчести (чешнести) растенија (пр. лале), семиња (зелка, целер, тутун, ориз) и садници на млади дрвја. Редосеалката е специјално дизајнирана и е опремена со цилиндри за производство на бразди, еден или повеќе (конусни или цилиндрични) полначи (комори) во кои стојат и од кои се испуштаат и посејуваат семенските материјали, како и со тркала, кои може да се од рапаво железо за дополнително да ја разронат земјата и затрупаат семето. Се прикачува и е влечена од трактор. Постојат повеќе видови на редосеалки во зависност од семето кое што се сее: редосеалка за жито - пченица и јачмен, редосеалка за ориз, редосеалка за пченка, редосеалка за ситни семиња итн. Употребата на редосеалката е многу важна и значајна бидејќи го намалува времето потребно за сеење зрна и садење на садници, во споредба со рачното сеење и пресадување, со што се овозможува повеќе време за берба. Исто така ја намалува употребата на рачна енергија, со што овозможува сеење на многу поголеми површини наеднаш и за пократко време.

Римска брокула

Римска брокула (римски карфиол) — прехранбен цвет на дивата зелка (Brassica oleracea) и сорта на карфиолот. Во историските документи за прв пат се среќава во XVI век во Италија како broccolo romanesco

Сарма

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења. Може да се подготви со зелка пресна или кисела, со лозов лист или листови од штавеј. Зборот Сарма има потекло од турскиот јазик и означува „да се свитка“.

Сегашно време во македонскиот јазик

Сегашното време во македонскиот јазик или поретко наречено со латинскиот назив презент е граматичко време кое се користи за искажување на сегашни дејства. Формите на сегашното време се образуваат со додавање соодветни наставки на основниот вокал на глаголот.

Скопска Котлина

Скопска Котлина или Скопско Поле — една од поголемите котлини во Македонија. Таа претставува втора котлина по течението на реката Вардар. Скопската Котлина е образувана од планините Жеден, Ивање (Матка) и Сува Гора на запад, Скопска Црна Гора на север, Градиштанска Планина (Ѓуриште) на исток и североисток, Голешница на југоисток и Китка, Караџица и Водно, односно масивот на Мокра Планина на југ.

Словенија

Словенија (словенечки: Slovenija), официјално: Република Словенија (Republika Slovenija) — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.

Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.

Главен град: Љубљана. Број на жители: 2. 053 488 (2009.). Површина: 20 273 км²

На Словенија припаѓа и многу мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.

Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.

Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенечко јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.