Западна Европа

Западна Европа е еден од регионите на Европа. Овој регион граничи со Јужна Европа на југ, Средна Европа на исток, Северна Европа на север и со Атлантскиот Океан на запад. Западна Европа, главно, ги опфаќа териториите што излегуваат на Атланскиот Океан. Поради тоа таа се нарекува и Атлантска Европа.Дел од неа е на европското копно, а дел се островски територии. Непосредниот излез на море на државите од Западна Европа им овозможува широка и слободна комуникација со светот. Каналот Ла Манш(меѓу Франција и Велика Британија) е мошне важен за морскиот сообраќај на западноевропските држави со другите држави од светот. Големите реки со својата пловност овозможуваат комуникација длабоко во внатрешноста на државите. Движењето на Голфската морска струја покрај бреговите на Западна Европа придонесува за формирање на мошне пријатно климатско поднебје. Природните погодности во Западна Европа овозможиле висока стопанска развиеност, така што сите држави се одкликуваат како високоразвиени индустриски земји кои влијаат и врз развојот на другите делови од светот. Една од причините за тоа е фактот што, покрај Шпанија и Португалија, скоро сите држави од Западна Европа формирале големи колонијални поседи по светот. Таму се користеле и се користат големи природни богатства и суровини. Погодните природни и создадените услови во Западна Европа се главна одредница за нивната географска положба. Спред тоа, се констатира дека Западна Европа се одликува со мошне поволна географска положба.

Political map of Western Europe mk
Државите на Западна Европа.
Political map of Western Europe according UN mk
Државите на Западна Европа според ООН.

Политичка поделба

Политички, Западна Европа ги вклучува:

Држави во Западна Европа

Територијата на Западна Европа е поделена на седум држави, од кои: Велика Британија и Ирска се островски држави, Холандија, Белгија, Франција и Монако излегуваат на море, а само Луксембург е континентална држава. Поради блиската меѓусебна соработка, земјите Белгија, Холандија и Луксембург со заедничко име се нарекуваат Бенелукс.

Држава Главен град Површина кm² Население (ООН, 2009)
 Белгија Брисел 30 528 10 741 000
 Ирска Даблин 70 286 4 517 800
 Луксембург Луксембург 2 586 491 700
 Монако Монако-Вил 2 33 000
 Обединето Кралство Лондон 244 110 61 612 300
 Холандија Амстердам 41 526 16 517 532
 Франција Париз 543 965 65 073 482

Државно уредување на земјите од Западна Европа

Кралстовото Белгија е парламентарна монархија каде што на чело на државата е крал, а законодавната влас им припаѓа на кралот и на парламентот.

Република Франција е република на чело со претседател, кој има широки овластувања

Република Ирска е парламентарна република со претседател, а законодавен орган е парламентот

Големото Војводство Луксембург е уставна наследна монархија на чело со големиот војвода на Луксембург и со законодавна власт - Домот на пратениците

Кралството Холандија е уставна монархија на чело со кралица. Законодавната влас е во надлежност на кралицата и на парламентот.

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е парламентарна монархија на чело со кралица и со законодавен парламент. Во рамките на Кралството се наоѓаат Англија, Велс со национално собрание, Шкотска со посебен парламент и Северна Ирска со свое регионално собрание.

Монако е уставна монархија, кнежевство. На чело на државата има кнез, законодавната влас е во надлежност на кнезот и националниот совет.

Релјеф

Поголемиот дел на територијата на Западна Европа се одликува со едноличен низински релјеф. Во него се издвојуваат територии под типични низни и поголеми котлини во широките речни долини. Најкарактеристична низинска земја е Холандија. Нејзината територија, поради погодните услови, е најнаселена и со најразвиено стопанство. Старите ниски зарамнети планини се претежно со мали релативни височини до околу 500 м. Поретки се планините што се издигаат на 1.000 м. Такви се планините во Велика Британија, Ардените во Белгија и Централниот Масив во Франција. Сите овие планини со своите рудни богатства се основата за појавата и развојот на првата индустрија во светот, така што во нивна непосредна влизина се развиени поголем број рударски и индустриски населби. Младите набрани планини во Западна Европа се незначително застапени. Опфаќаат делови од Пиринеите и од Француските Алпи. Тие се одликуваат со типичен високопланински релјеф чии врвови се под постојан снег и мраз, со присуство на глечери. Меѓу Франција и Италија се наоѓа Монблан (4.810 м), највисокиот врв во Европа. Остатоци од глацијалните периоди има и на некои од планините во Шкотска.

Клима

Климата во Западна Европа, е главно, под влијание на Атланскиот Океан и на западните ветрови кои од Океанот дуваат кон копното. Големо влијание има топлата Гофска Струја, која покрај бреговите на Западна Европа се движи од појужните кон посеверните мориња. Оиве фактори условуваат меѓу зимскити и летните периоди во Западна Европа да има мали температурни разлики. Тие се движат од 0°С во јануари до околу 15°С во јули. Токму затоа во лето преовладуваат облачни денови со чести врнежи и магии. Заота климата во Западна Европа се именува како атанско поднебје за кое се карактеристични благи зими и умерено топли лета. Во некои региони климата се одликува со одредени модификации, но тие, главно, не зафркаваат поголеми територии. Станува збор за присуство на медитеранска клима на југот на Франција, типична планинска клима на Француските Алпи и на Пиринеите и значително поврнежливо време во западните делови на Ирска и Велика Британија. Благопријатната клима и релативно големите количества врнежи, кои имаат прилично правилен распоред преку годината, овозможуваат развиток на бујни, претежно тревни растителни видови наместа прекинати со помали површини од листопадни шумски растенија. Сето таа територија на Западна Европа ја прави зелена, поради што Западна Европа често се нарекува и Зелена Европа.

Население

Територијата на Западна Европа е мошне густо населена. Но, густината на населеност е нерамномерна. Најугсто населени Холандија и Белгија, северните делови на Франција и јужните делови на Велика Британија. Другите делови, како што се јужните делови на Франција и Ирска, се со поретка густина на населеност. Населението во Западна Европа, главно, припаѓа на две групи народи: на германската и на италската група. Поголемиот дел и припаѓа на германската група. Во неа спаѓаат: Англичаните, Холанѓаните и Фламанците во Белгија. Во романската група народи спаѓаат: Французите и Вавилонците во Белгија. Карактеристично за Западна Европа е тоа што во Ирска, во Северна Шкотска, во Велс и на францускот полуостров Бретања живеат потомци на Келтите, кои зборуваат на свои посебни јазици. Меѓутоа, главни јазици се: Англискиот во Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и во поголем дел на Ирска; Францускиот во Франција и во Белгија; Холандскиот во Холандија и скоро половина Белгија; Германскиот во делови од Белгија, од Луксембург и од Франција. Помалку застапени се: Баскискиот - во југозападните делови на Франција; Католонскиот во јужните делови на Франција; Корзиканскиот на сотровот Корзика. Според религиската припадност, населението во Западна Европа главно припаѓа на христијанската религија, во: Франција, Ирска и Белгија се негува католичката вероисповед, а во Велика Британија и во делови од Холандија населението е со протенстанската вероисповед. Четири држав: Велика Британија, Франција, Холандија и Белгија се познати како колонијални сили со колонии низ целиот свет, осовено во минатото. Еден дел од нивното население во даден временски период по разни основи емигрирало во колониите. Типичен пример е Ирска. Но, по подолготрајните комуникации се колониите, дел од населението на колониите дошло во земјите на Западна Европа. Денес тоа е мошне карактеристично: за Франција, каде што голем дел на населението по потекло е од Алжир, од Мароко и од други земји; за Велика Британија, каде што голем број жители по потекло се од Индија и од некои африкански земји. Во контекст на виталноста, населението во Западна Европа се одликува со стабилен природен прираст, кој се движи до околу 10 промили. Културата на земјите од Западна Европа денес скоро во целост е пренесена на северноамериканиот континент, во Австралија и длеумно во Африка и Азија.

Стопанство

Стопанството во Западна Европа е високоразвиено и тесно специјализирано. Тоа се однесува и на примарните и на секундарните, како и на останатите дејности. Во областа на примарните дејности се развиени и полјоделството и сточарството. Најзастапени полјоделски култури се житните растенија (особено пченицата), шеќерната репка, компирот, виновата лоза и фуражните растенија. Од сточарските гранки најразвиени се говедарството и овчарството. Овчарството е карактеристично за помалку развиените предели на Шкотска, за Ирска и за повисоките простори на Франција. Посебна одлика на Франција е произведено на пченица, на вино и на сирење, а во холандија на цвеќарството. Прозиводството со примена на современа механизација и квалитетни ѓубривае високопродуктивно и мошне обемо, така што голем дел од него се извезува во земјите во Европа и во светот.

Индустрија

Индустриското производство во Западна Европа почнало да се развива во 19век. На почетокот, низ мануфактурно производство се создавале разни артикли во мали работилници. Поради богатството со железо и јаглен, најпрво во Велика Британија се развиле првите индустриски претпријатија, кои потоа се прошириле во другите држави од Западна Европа. Најзастапени биле металургијата и текстилната индустрија. Големиот дел од прозиводите се извезувале во целиот свет, а оттаму се увезувале суровини. Во втората половина на 20век, заради заштита на околината, дел од рударството и металургијата во земјите од Западна Европа се напуштија. Суровините од овие дејности се увезуваат од странство. Проблемот со невработеноста се надминува со пренасочување кон развој на нови индустриски гранки, ориентирани кон финално производство и производство за широка потрошувачка. Така се развиени автомобилската индустрија, индустријата за летала, електроиндустријата, хемиската и во најново време индустријата за високи технологии во сферата на информатиката, медицинската опрема, разни електронски апарати и друго. Поголемиот дел од работата се врши со роботи. Главни индустриски центри се поголемите градови, како, на пример: Глазгов, Манчестер, Ливерпул, Бирмингем, Лондон и други во Велика Британија, Даблин во Ирска, Амстердам и Гронинген во Холандија, Брисел во Белгија, потоа Париз, Лион, Гренобл, Марсеј, ТУлуз, Бордо и други во Франција.

Енергија

Соврмениот начин на живеење бара големи количества енергија. Земјите од Западна Европа, во недостиг на хидро и термоенергија, енергијата ја обезбедуваат од атомски централи, од ветерници и од нафтоводи и гасоводи, кои од Северното Море се поврзани со велика Британија, Холандија и Белгија. Франција е посебна во енергетското производство. Во неа 78% од енергијата се добива во атомски централи. Големата разлика на приливот одливот на брегот на Атланскиот Океан е искористена за централи базирани на таквото движење на морските води.

Карти за Западна Европа

Regions of Europe mk

Политичка карта на регионите во Европа.

Zapadna Evropa

Западна Европа.

Regioni na Evropa

Западна Европа со останатите региони на Европа.

Iron Curtain Final

Државите на Западна Европа по политичката поделба во минатиот век.

Поврзано

Југозападна Азија

Западна Азија, Северозападна Азија, или Југозападна Азија се термини коишто го опишуваат најзападниот дел од Азија. Овој термин е сличен со Блискиот Исток којшто ја опишува географската локација во однос на Западна Европа наместо со вистинската локација во Азија. Заради овој Евроцентризам, меѓународните организации како Обединетите Нации, го заменија терминот Блиски Исток со Западна Азија.

Андора

Андора или Кнежество Андора (каталонски: Principat d'Andorra, француски: Andorre, шпански: Principado de Andorra) е парламентарно кнежество во југозападна Европа. Малата држава која што се наоѓа на источниот дел од Пиринеите, се граничи на север и на исток со Франција, а на запад и на југ со Шпанија. Со вкупна површина од само 468 км², Андора е една од најмалите држави во светот. Главен град е Андора ла Велја.

Белгија

Кралство Белгија (холандски: Koninkrijk België, француски: Royaume de Belgique, германски: Königreich Belgien) — земја во западна Европа, која граничи со Холандија, Германија, Луксембург, Франција и Северно Море.

Белгија е културен крстопат меѓу германска и романска Европа. Во Белгија се зборуваат холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток. Оваа културна и јазична разновидност се забележува и во комплицираните белгиски институции, како и во политичката историја на земјата. Бројот на жители во Белгија изнесува 10.309.725.

Друмски велосипедизам

Друмски велосипедизам — велосипедски спорт кој се одржува на поплочени патишта. Терминот „друмски велосипедизам“ обично се применува за настани каде настапуваат возачи кои стартуваат истовремено и каде победник е оној, кој прв ја минува линијата на крајот на патеката (индивидуалните и екипните хронометри се друга форма на велосипедско тркање на патиштата).

Историски, земји со најдолга традиција во овој спорт и со најмногу натпреварувачи биле Белгија, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија. Меѓутоа, на спортот му се зголемува популарноста и во земји како што Австралија, Венецуела, Русија, Словачка, Јужна Африка, Нов Зеланд, Норвешка, Велика Британија, Ирска, Полска и САД.

Друмскиот велосипедизам започнал како организиран спорт во 1868. Првото светско првенство било во 1893 и велосипедизмот станал дел од модерните Олимписки игри по нивното отпочнување во Атина во 1896.

Друмскиот велосипедизам во неговата современа форма потекнува од крајот на 19 век. Спортот бил популарен во земјите од Западна Европа, Франција, Шпанија, Белгија и Италија. Некои од најраните друмски велосипедски трки во Европа станале едни од најголемите спортски настани. Овие почетни трки биле Лиеж-Бастон-Лиеж (основана 1892), Париз-Рубе (1896), Тур де Франс (1903), Милано-Сан Ремо и Џиро ди Ломбардија (1905), Џиро д’Италија (1909) и Трка околу Фландрија (1913). Тие обезбедиле шаблон за другите трки низ целиот свет. Додека спортот се ширел низ светот, овие историски трки останале најпрестижни за секој велосипедист да ги освои.

Европа

Европа — еден од седумте светски континенти. Името Европа потекнува од асирскиот збор Ереб (заоѓање на Сонцето, запад), со кој Феничаните и Асировавилонците ги означувале териториите на запад. Подоцна тоа име се проширило за целиот западен дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија, Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро, областа Кавказ и со Црното Море на југоисток. Европа на север е обиколена со Северниот Леден Океан и други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море и со други водни патишта на југоисток. Сепак границите на Европа - концепт кој датира уште од антиката-се произволни, бидејќи самиот поим континент може да има културно или политичко значење или пак физиогеографско.

Европа е вториот најмал континент во светот според површина, опфаќајќи 10.180.000 км² или 2% од целокупната површина на Земјата или околу 6.8% од земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ Европа и низ Азија), додека Ватикан е најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка, со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.

Европа, особено Cтара Грција, е родно место на западната култура. Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI. век па натаму, особено по почетокот на колонизацијата. Помеѓу XVI. и XX. век, европски нации ги имаат контролирано Америка, најголем дел од Африка, Океанија и големи делови од Азија. Двете светски војни во најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири настанати во средината на XX. век помеѓу САД и Советскиот Сојуз. За време на студената војна, Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на запад и Варшавскиот пакт на исток. Европската интеграција доведува до создавање на Советот на Европа и Европската Унија во Западна Европа, кои се прошируваат источно по падот на Советскиот Сојуз во 1991.

Женева

Женева (се изговара /dʒɨˈniːvə/; фр.: Genève ИПА: [ʒənɛv], гер: Genf [gɛnf], ит.: Ginevra [dʒiˈneːvra], Реторомански: Genevra) е втор град по популарноста во Швајцарија (после Цирих). Се наоѓа на југоисточниот дел од државата. Претежно е населено со французи и се наоѓа блиску француската граница. Во близината на тој град се наоѓа Женевското езеро кое важи за едно од поубавите езера во Западна Европа.

Во Женева се наоѓа и едно од седиштата на Обединетите Нации, во зданието наречено „Палата на нациите“.

Ирска

Ова е статија за западноевропска држава. За други значења на поимот, видете Ирска (појаснување)

Република Ирска (ирски: Poblacht nah Éireann, англиски:Republic of Ireland) е официјалниот „опис“ (како што е дефинирано со ирскиот закон) на независната држава што покрива приближно пет шестини од островот Ирска кој се наоѓа релативно блиску до северозападниот брег на Европа. Република Ирска е најзападната држава на Европската Унија и има развиена економија и население од приближно четири милиони жители. Според ирскиот устав, официјалното име на земјата е едноставно Ирска (на ирски: Éire, на англиски: Ireland). Главен град на Ирска е Даблин.

Останата шестина од островот Ирска е позната како Северна Ирска и претставува дел на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ирска е парламентарна република која своја основа наоѓа во Уставот кој бил усвоен во 1937 година.

Парламентот (Oireachtas) е формиран од Претседателот и од два Дома: Дом на пратеници (Dail Eireann) и Сенат (Seanad Eirann).

Претседателот (Uachtaran na hEireann) управува со државата 7 години додека двата Дома можат да бидат избрани најдолго 5 години.

Ирскиот народ потекнува од келтските племиња кои се населиле на островот уште од древни времиња и успеале да дадат отпор против туѓите напади.

Италијанци

Италијанците (на италијански: Italiani) се етничка група кој во глобала најмногу е населена во Италија (родната земја), но и во останатиот дел од Западна Европа како и Јужна и Северна Америка. Во Италија денеска не рачунајќи ги останатите народи има повеќе од 22 милиони Италијанци. Според ОН во Италија живеат околу 65 нации, а Италијанците се присутни дури во 61 држава.

Кирилица

Кирилицата е писмо кое се користи за различни азбуки низ Евроазија (посебно во Источна Европа, Кавказ, Централна Азија и Северна Азија). Таа е заснована на старата кирилица развиена во текот на 9век од н.е. во Преславската книжевна школа за време на Првото бугарско царство. Таа е основата на азбуките кои се користат за разни јазици, особено оние од православно словенско потекло и несловенски јазици кои биле под влијание на рускиот јазик. Во 2011 околу 252 милиони луѓе во Евроазија ја користеле како официјална азбука на нивните национални јазици, со што пола од нив се во Русија. Со влегувањето на Бугарија во Европската Унија на 1 јануари 2007 година, кирилицата стана третото официјално писмо на Европската Унија, по латиничното писмо и грчкото писмо.Кирилицата е изведена од грчкото унцијално писмо потпомогнато од буквите од постарата глаголичка азбука, вклучувајќи и некои лигатури. Овие дополнителни букви биле користени за старословенските звуци кои не постоеле на грчки. Писмото е именувано во чест на браќата Свети Кирил и Методиј кои ја создале глаголицата. Современите научници веруваат дека кирилицата била развиена и формализирана од првите ученици на Кирил и Методиј.

На почетокот на 18 век, кирилицата користена во Русија во голема мера била реформирана од страна на Петар Велики по неговото враќање од неговата Голема амбасада во западна Европа. Новата форма на писмото беше послична на латиницата, неколку архаични букви биле отстранети и неколку букви биле лично креирани од страна на Петар Велики (како што е Я која беше инспирирана од латиничната R). Типографската култура на западна Европа исто така беше усвоена.

Крстоносни војни

Крстоносните војни претставуваат серија од воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против Евреите, руските и грчките православни христијани, Монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против Арапите, Маврите, Турците - Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Господ така сака“.

Во текот на Крстоносните војни, самите крстоносци се соочиле со големи внатрешни политички, економски и социјални судири. Поради овие конфликти помеѓу христијанските кралства и политичките сили, некои од крстоносните походи завршиле со голем неуспех за крстоносците. Така на пример, целта на четвртата крстоносна војна била освојување на Константинопол, но дошло до противење кое довело до одложување на истото за неколку години (1204).Во крстоносните војни учествувале мноштво претставници на витешки редови како што биле Витезите-Болничари, Витезите-Темплари, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонските витези, Малтешкиот ред и тн.

Точниот број на крстоносните походи сѐ уште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле спроведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична од онаа во текот на Средниот век.

Луксембург

Големо Војводство Луксембург (луксембуршки: Groussherzogtum Lëtzebuerg, француски: Grand-Duché de Luxembourg, германски: Großherzogtum Luxemburg) — мала држава во Западна Европа. Се граничи со Белгија, Германија и Франција. Членка е на Бенелукс. Оваа држава е најмалата земја-членка во Европската Унија. Главен град е истоимениот град Луксембург.

Луксембург за прв пат се појавува на географските карти во 963 година. Една од неговите најзначајни карактеристики е тријазичноста: денес во Големото Војводство Луксембург официјално се зборуваат три јазици: луксембуршкиот, генерално во секојдневна говорна употреба, француски и германски, кои главно се употребуваат во писмен облик за општење со луѓето кои не се од Луксембург, како јазици на културата, администрацијата и бизнисот.

Луксембург од крајот на 19 век станува земја на имигрант и поради големата потреба од работна рака која се бележи во рударската индустрија, Луксембург во последните децении бележи длабоки структурални и општествени промени кои направија оваа држава да стане вистински бизнис-центар на меѓународно ниво.

Единствената способност на културна интеграција која ја покажал луксембуршкиот народ била нашироко призната така што во 1995 година Градот Луксембург бил прогласен за европски град на културата.

Обединето Кралство

Оваа статија се однесува на политичката заедница Велика Британија, за островот видете Велика Британија (остров)

Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (англиски: United Kingdom of Great Britain and Northern Ireland) — островска држава во северозападна Европа. Главен град е Лондон. Обединетото Кралство, составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Ирска, е уставна монархија чиј владетел е воедно владетел на државата и шеф на владата. Власта е поделена меѓу Парламентот кој ја има законодавната власт, Кабинетот на Министрите (составен од 20 министри и премиерот) кој ја има извршната власт и судското тело.

Среден век

Среден век или средновековен период — дел од европската историјa кој траел од V до XV век. Пропаѓањето на Западното Римско Царство го означува почетокот на Средниот век, а потоа следуваат ренесансата и големите географски откритија. Средниот век е средниот период од традиционалната поделба на западната историја на класични, средновековни и модерни периоди. Периодот е поделен на ран среден век, развиен среден век и доцен среден век.

Депопулацијата, деурбанизацијата и варварските напади коишто започнале во Доцната антика продолжиле и во Раниот среден век. Варварските освојувачи формирале нови царства на урнатините од Западното римско царство.

Во 7-от век, наследниците на Мухамед, ги освоиле Северна Африка и Блискиот Исток коишто некогаш биле дел од Источното римско царство (Византија), и ги присвоиле кон Исламското царство. И покрај тоа што имало значителни промени во општеството и политичките структури и прекинот со Антиката не бил целосен, сепак тоа не ја спречило големото Византиско царство да опстане и да остане голема сила. Јустинијановиот Кодекс, којшто воедно бил и кодекс на закони на царството, бил ценет и пошироко. На запад повеќето царства ги вклучиле постоечките римски институции во својот состав, додека пак, ширењето на христијанството во Западна Европа предизвикало зголемување на бројот на манастири. Франките предводени од династијата на Каролинзите создале царство којашто го зафаќала поголемиот дел од Западна Европа. Империјата на Каролинзите се распаднала во 9-ти век кога им подлегнала на притисоците од инвазијата на Викинзите од север, Маѓарите од исток и Сарацените од југ.

За време на Развиениот среден век, којшто започнал по 1000-тата година од н.е. бројот на населението во Европа се зголемил, во голема мера тоа се должело на технолошките и земјоделските новитети коишто овозможиле развивање на трговијата и зголемување на доходите. Два од начините на коишто општеството било организирано во Развиениот среден век се, тимаро-спахискиот систем којшто претставува организација на граѓаните од селата коишто биле потчинети од благородниците и феудализмот- политички состав каде што витезите и понискиот слој на благородници биле обврзани да извршуваат воена служба кај нивните господари во замена за изнајмување на земјиште и чифлизи. Крстоносните војни, коишто за прв пат се случиле во 1095 година, претставувале воени обиди од страна на западно-европските христијани,чијашто цел била да се поврати контролата над Светата земја од Блискиот Исток којашто била одземена од муслиманите. Кралевите станале шефови на централизирани држави, го намалиле криминалот и насилството но со тоа идеалот за обединување на христијанскиот народ бил се подалечен. Схоластиката, филозофијата коишто во прв план го ставиле здружувањето на верата со разумот и основањето на универзитети, претставувале обележје на интелектуалниот живот. Филозофијата на Тома Аквински, сликите на Џото, поезијата на Данте и Чосер, патувањата на Марко Поло и архитектурата на готските катедрали како Шартр се дел од извонредните достигнувања од овој период.

Тешкотиите и несреќите меѓу кои гладот, чумата и војната се сметаат за обележје на Доцниот среден век се, а воедно тие довеле и до намалувањето на популацијата во Западна Европа. Во периодот од 1347 година до1350 година , Црната Смрт понела со себе околу една третина од Европската популација. Паралелно со војувањето меѓу државите, граѓанската војна и селанските буни имало и контроверзии, ерес и раскол во Црквата и сите заедно ја отсликувале состојбата во царствата. Културните и технолошките достигнувања му дале нов лик на Европското општество а со тоа го означиле крајот на Доцниот среден век и почетокот на Раниот модерен период.

Стара Грција

Поимот стара Грција се однесува на делот од грчката историја кој траел од грчкото темно доба (околу 1100 п.н.е.) и инвазијата на Дорците, до 146 п.н.е. и римското освојување на Грција по Битката кај Коринт. Општоприфатено е дека старогрчката култура ја претставува самата основа на културите на западните цивилизации. Грчката култура имала големо влијание над Римската Империја, која пренела различни верзии од неа во многу делови од Европа. Цивилизацијата на старите Грци извршила големо влијание на јазикот, политиката, образовните системи, филозофијата, науката и уметностите, учествувајќи во подемот на Ренесансата во Западна Европа, и во различните неокласични оживувања во XVIII и XIX век, во Европа и Америка.

Франција

Француска Република или Франција (француски: République française или France) ( /ˈfræns/ — демократска држава чиј главен дел од територијата (метрополитенскиот дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површина е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (метрополитенскиот дел) со 62.448.977 жители (1 јануари 2009), во чиј состав влегуваат прекуморски домени и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти, па вкупната површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население од 65.073.482 жители (1 јануари 2009).

Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски домени и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.

Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009). Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.

Главен а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз.

Официјален јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.

Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители, по Демократска Република Конго со околу 67 милиони.

Главна религија во Франција е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани.

Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.

Таа припаѓа на Еврозоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE).

Како воена сила, ја поседува главната војска во Европската Унија и е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.

Шеф на државата е претседателот Емануел Макрон (2017-), а актуелен премиер е Едуар Филип.

Холандија

Холандија (холандски: Nederland) — европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.

Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.

Христо Зарезанков

Христо Зарезанков (Велес, 1 јануари 1890 - Минусинск, 4 мај 1938) бил македонски револуционер, анархокомунист. По избувнувањето на Октомвриската револуција во 1917 година заминува за Русија и зема учество во револуционерните борби. Настрадува за време на Сталиновите чистки.

Шпанци

Шпанците (на шпански: Españoles) се европска нација и етничка група, која потекнува од Шпанија, држава сместена на Пиринејскиот полуостров, во југо-западна Европа. Шпанската националност во суштина се состои и од регионални националности, поради комплексната историја на Шпанија. Шпанија, во нејзините сегашни граници, била формирана од голем број на претходнички кралства во доцниот 15 век, како резултат на реосвојувањето и војната на Кастилијанците.

Официјалниот јазик на Шпанија е шпанскиот јазик (español или castellano), со тоа што книжевниот шпански е базиран на средновековните дијалекти на Кастилијанците од централна Шпанија. Со исклучок на баскискиот, јазици кои се домородни на Шпанија спаѓаат во категоријата на романски јазици.

Според пописот од 2010, денеска во Шпанија има околу 41,242,592 Шпанци. Население со шпанско потекло денеска постои скоро насекаде низ светот, поради многувековните окупации и колонии кои Шпанија ги имала во текот на владеењето низ историјата. Денеска во Америка (јужна и северна) околу 60.1% од населението има шпанско потекло. Во останатиот дел од светот процентот на шпанско население е околу 3%.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.